Felly RR
|
И јас се согласувам дека може да има некоја разлика во мерките, но мала, да не биде драстична - а мене токму тоа ми се случи на последниот преглед. Не сум го пишала ова на форумов - но последната недела матичната ми даде упат за на болница, демек да се договорам за породување. Д-рката која ме следеше си замина на одмор, др д-р кој ми беше како опција исто на одмор, и кога појдов ајде пак се погоди д-рка која беше фалена од мои пријатели, па си реков ок, ајде кај неа. Мереше, мереше, и бебето го измери за месец помало, тежина 2700, и дури ми вели, да не не ти е точен терминов. Јас и ги дадов сликчињата од претходните еха, еве велам видете мерки од претходно, бебето цело време си одговараше за неделите, терминот е тој, а таа ми вели - ништо, врати се по две недели. Јас појдов пак кај матичната - таа го виде бебето, и измери килажа 3700, мерки точно за неделите (тоа беше еден ден пред термин) и дури и плодова вода заматена и намалена - останати биле само џебови од плодова вода (што оваа на болница не виде). Препораката беше или индуцирано породување, или следење секој ден на ЦТГ бидејќи плодовата вода нба ехо не може да се види дали е заматена што не би било добро за бебето. И во таков случај, со сите случки што ги имав последните месеци и стравувања за предвремено породување, да чекам природни болки ми беше како ризик,, и во недостиг на д-ри на болница (повеќето знаат дека не сум од СК) се одлучив за приватна болница, и д-р на кој му верувам. се роди 3700 точно како што кажа матичната, не згреши ни за М - кажа 3500, се роди 3550. Толкава разлика прифаќам, 50 гр, ама ова што ми го кажа докторката на болница, стварно беше страшна разлика и каков и да е апаратот, не требаше да напарави таква грешка искусна докторка. Матичната како што ми рече - не и треба ни ехо, нека ти го види стомакот колкав ти е, а ти си слабичка, одма се знае дека бебето е големо.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
|