|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Често поставувани прашања во бременоста
7.6.2010 17:25:35   
Rossana
Дали се менува кожата за време на бременоста и како да се негува?

Во текот на бременоста можат да се јават промени на кожата. Може да стане посува или помасна, па средствата за нега на вашиот тип кожа што дотогаш сте ги користеле морате да ги замените со такви што ќе одговараат со типот на кожата во тој момент. Многу жени имаат навика проблемот со акните да го ублажуваат со користење на медицински креми и масти, а многу често и без да се консултираат со доктор. За време на бременоста тоа во никој случај не смеете да го направите. Имено, тие препарати содржат состојки кои можат да бидат штетни за плодот. Младежите и пегите во текот на бременоста можат да потемнат, а овие промени се поизразени кај црномурестите жени.. Неретко се случува  челото, носот, и брадата да потемнат за разлика од остатокот од лицето. Оваа промена се нарекува “маска на бременоста’, и иако се работи за промени за кои не треба да се секирате и кои после породувањето ќе исчезнат, немојте да се изложувате на сонце затоа што разликата помеѓу темните и светлите делови од лицето ќе бидат поизразени. Ако е неизбежно излегувањето на сонце, без исклучок користете крема со висок заштитен фактор. Имајте на ум дека и “зимското“ сонце може да биде исто толку “опасно“ како и “летното“.
Најдобро е да одберете крема за нега на лице и тело направена од природни, билни препарати, без конзерванси. На тој начин ризикот од појава на алергиски реакции и други несакани дејства се сведува на минимум. Благи ароматични масла, со додаток на витамини, минерали и природни ексфолианти како јагода, треба да бидат составен дел од тие препарати. На тој начин вашата кожа ќе биде нахранета, затегната и негувана.


Дали за време на бременоста може да се депилира?
Препорачливо е во текот на деветте месеци несаканите влакна да се отстранат  исклучиво со восочна депилација, а не со хемиски препарати.


Дали е дозволено поправање на забите?
Посетите на стоматологот се неопходни, а потрбата за негата на забите и устата  двојно поголема. Отечени и поцрвенети непца, кои се исклучително осетливи и лесно прокрваруваат,  не е нешто невообичаено за време на бременоста. Прв чекор за ублажување на овие непријатности е правилната хигиена на устата. Потребно е да посветите поголемо внимание од вообичаено. Најмалку двапати дневно детално мијте ги забите, а еднаш дневно користете конец за заби. Устата плакнете ја со соодветни раствори или наједноставно со топла солена вода. За време на бременоста препорачливо е барем двапати да се посети стоматологот. Доколку се појави  некој проблем, неговото решавање не го одлагајте за после породувањето, делувајте веднаш. Исто така може да се одстрани кариесот под локална анестезија. Доколку морате да превземете посериозни зафати после кои е потребно примање на антибиотици, задолжително консултирајте го вашиот гинеколог.


Дали може да се избегне појавата на стрии?
На некои жени после породувањето не им се појавува ниту една стрија, но на повеќето кожата во текот на бременоста  драстично се менува. За жал ниту еден препарат не дава стопроцентна гаранција дека стриите нема да се појават. Во секој случај внимавајте да не ја зголемите телесната тежина прекумерно, да не се изложувате на сонце, критичните зони морате да ги мачкате со неутрални креми со цел кожата да биде помека и поеластична. Кремите кои содржат витамин Е, бадемово и друго природно ароматично масло се идаелни во бременоста. Нивниот нежен мирис не им смета на трудниците кои не можат да поднесат силни мириси, а се исклучително хранливи и благопријатно делуваат на кожата.


Дали може да се оди на масажа?
Секако, а Вашиот сопруг научете го да Ви ги масира рамениците и долниот дел на грбот. Тоа секако ќе ви годи и ќе ја намали болката во грбот, кои се поинтензивни во подоцнежните месеци од бременоста. Сепак треба да се обрати внимание на неколку работи: користете мешавина на природни масла од невен, ленено семе, бадем, витамин Е. Избегнувајте масажа со масла со силен мирис затоа што можат да Ви пречат (рузмарин, мајоран, босилек). Одлучете се за мешавина со благ мирис на лимон или портокал. Масирајте се легнати на страна, затоа што на грб ќе ви биде тешко, а на стомак не смеете.

Како да го избегнам паѓањето на косата по бременоста?
За време на бременоста косата не паѓа премногу, што не е случај после породувањето. Но не кревајте паника. Тоа се влакна кои би паднале во претходните месеци, доколку не би биле бремени. Да потсетиме дека не смеете да ја миете косата подвиткани над кадата затоа што така ги оптеретувате вратот и грбот, и го притискате стомакот.

Дали смее да се сонча во солариум?
Нема конкретни научни студии кои го испитувале директниот ефект на изложувањето на ултравиолетовите зраци за време на бременоста, но имајќи го во предвид податокот кој укажува на лошото влијание на солариумот врз организмот - препорачливо е да го избегнувате одењето во солариум барем тие девет месеци.



Дали може да се бањам во жешка вода? Жешките бањи, исто како и сауната, ја зголемува телесната температура, а тоа може да го загрози бебето. Најголемиот ризик  е во првото тромесечје кога на удар е главата и ’рбетниот столб на бебето. Значи, сауна никако, а избегнувајте и седење во топла вода. Сепак, доколку се одлучите да се бањате а не да се туширате, рацете и градниот кош мора да бидат надвор од водата.



Електричната струја е опасна за неродените бебиња Со електричната струја секогаш мора да бидете претпазливи но за време на бременоста мора да сте посебно внимателни.
Додека работите со апарати на струја можно е да добиете мали струјни удари. Овие мали удари можат да предизвикаат аритмија која вашето срце може лесно да ги издржи, но вашиот фетус,чие што срце е многу младо, може нема да биде во состојба да ја издржи аритмијата предизвикана од наизглед малиот струен удар. Поради ова многу е важно да избегнувате ситуации во кои може да добиете мал струен удар. Примери од секојдневниот живот: не се бањајте со вклучен бојлер, внимавајте на исправноста на домашните кујнски апарати, внимавајте при промена на прегорена сјалица, проверете ја исправноста на струјните прекинувачи. Најдобро е во периодот на бременост друг да ги врши работите кај кои постои ризик од мал струен удар.

Извор:deca.com.mk


< Поракaта ја уредил Палешка -- 7.6.2010 18:51:24 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Често поставувани прашања во бременоста
9.6.2010 1:22:38   
Rossana
Во бременоста не мора да јадете за двајца - Експертите велат дека многу поважно е што јадете. Познато е дека само урамнотежена и разновидна исхрана ги обезбедува неопходните витамини и минерални соли. Затоа јадете само кога чувствувате глад, но никогаш не јадете за двајца. На вашето бебе му требаат белковини и јаглени хидрати. Ако не сакате да се здебелите, намалете го количеството брзи шеќери и заменете ги со лесни шеќери. Мастите не треба да се изостават. Зачинувајте ги јадењата со маслиново масло, бидејќи е потребно за развој на мозокот и нервниот систем на детето. Пијте млеко заради калциумот, јадете растителни влакна за да го поттикнете варењето на храната.

Кои намирници треба да се избегнуваат? - Се што може да биде токсично - сирова риба, школки, изнутрици, чадено месо. Избегнувајте да јадете неизмиени овошје и зеленчук и сирово недоволно печено месо, бидејќи може да добиете токсоплазмоза. Солта не треба да се избегнува, но не ги пресолувајте јадењата.

Дали треба да се занимавате со спорт? - Можете да спортувате, но умерено - не подолго од десет минути дневно. Најдобро е да се одлучите за прошетка, пливање и за лесна гимнастика. Дозволено е и возење велосипед, но само на рамен терен.

Дали се дозволени сексуални односи? - Ако бременоста се одвива нормално, не постои никаков ризик за детето. Но во почетокот и на крајот од бременоста желбата за сексуални односи може да биде намалена. Кога постои опасност од предвремено породување (контракции на матката,) мора да прекинете со сексуални контакти.

Дали е пушењето забрането?
- Пушењето се забранува во време на бременоста, бидејќи влијае токсично на детето. Може да предизвика предвремено породување, мала тежина на детето, неправилно породување.

Дали смее да се пие алкохол? - Тотална апстиненција не е задолжителна. Треба да се одбегнуваат жестоки пијалаци. Но малку црно квалитетно вино нема да ви наштети.


Дали може да се извади заб? - Иако не постојат контраиндикации, избегнувајте да вадите заб кога сте бремени.

Може ли да се користи локална анестезија? - Да. Ако сте во почеток на бременоста, предупредете го стоматологот за вашата состојба. Тој треба да употреби анестетик без адреналин, бидејќи хормонот може да го зголеми притисокот кај трудници склони кон хипертензија.

Дали треба да се прават операции? - Експертите велат ако операцијата е итна, не треба да чекате. Ако не е, треба да се изврши процена и операцијата да се одложи. За илустрација, операција на слепо црево може да предизвика тешки последици и да се прекине бременоста.

Дали е ризична тоталната анестезија?
- Се смета дека не предизвикува никакви последици по здравјето на детето, но треба да се води сметка операцијата да трае пократко време.

Колку ехографии се потребни?
- Три ако бременоста се одвива нормално. Првите пред крајот на третиот месец (12 недели по престанокот на менструалниот циклус), втората меѓу 20 и 22-рата недела, а третата во 32-тата недела (во текот на осмиот месец).

Во случај на ризична бременост, потребни се редовни ехографски прегледи.

Дали е радиографијата опасна? - Ако не е неопходна, радиографија на стомакот не се прави пред петтиот месец поради евентуалните деформации. Но ако сте направиле радиографија во тој период, немојте да се тревожите бидејќи зрачењето е многу слабо. Пред крајот на бременоста може да биде препорачана радиографија - во последниот стадиум на бременост таа не е воопшто опасна.

Може ли да се пијат лекови?
- Пред да посегнете по лек (колку да ви се чини дека лекот е безопасен), посоветувајте се со лекар дали тој лек може да предизвика последици. Треба да избегнувате лекови што се нови на пазарот, бидејќи се уште не се познати ефектите од нивното подолготрајно користење.

Дали смее да се дава инсулин? - Ако сте дијабетичар зависен од инсулин, мора да продолжите со терапијата, која треба да се прилагодува во текот на бременоста. Постојано треба да бидете под лекарска контрола.

Дали се дозволени кортикостероиди? - За тоа мора да одлучи вашиот лекар - мали дози се безопасни, но големите може да предизвикаат тешки последици за здравјето на детето. Некои од кортикостероидите може да го забават развојот на бебето и да "предизвикаат" проблематично породување.

Izvor:


(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 2
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?