|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Интервју :)
25.6.2010 9:42:56   
Палешка РР
Што си по професија?
Дали го посетуваш Велешкиот театар?
Дали си ја гледала претставата Железно пиле?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 651
   RE: Интервју :)
25.6.2010 9:47:20   
betpet
-Nade-
мислам сега нема да згрешам,

Здраво колешке .. здравоооооооооооооо

-што работиш?
советник по правни работи на Градоначалникот и Советот на општината.

-успеваш ли да најдеш време за се??
да, по природа сум многу брза, решителна и добар организатор и успевам да си ги организирам работите и да стигнам се, но потоа малку ми чури главата.

поздрав
фала, ок


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 652
   RE: Интервју :)
25.6.2010 9:52:09   
betpet
-Палешка-

Што си по професија?
-дипломиран правник.

Дали го посетуваш Велешкиот театар?
да, сега малку го запоставив поради обврските со Теодора.

Дали си ја гледала претставата Железно пиле? [/quote]
не.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 653
   RE: Интервју :)
25.6.2010 9:53:25   
Nade
ееееее ептен сме колешки и јас сум во општина , и претходно бев во правен сектор user posted image

-те исполнува работата????
-што најмногу те вади од кожа на работа????
поздрав


_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 654
   RE: Интервју :)
25.6.2010 10:21:40   
betpet
-Nade-

те исполнува работата????
да многу.

-што најмногу те вади од кожа на работа????
-многу работи, користењето на нечиј труд кој некој луѓе си го препишуваат за свој и се фалат дека они ја завршиле работата.Непознавањето на работи кои им се во тесна надлежност.неорганизираност, доцнење и др.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Nade)
Непосредна врска до пораките: 655
   RE: Интервју :)
25.6.2010 12:51:36   
Gari68
Еве некор прашање и од мене:
1.Омилено јадење(солено и благо)?
2.Повеќе сакаш да готвиш или да конзумираш?
3.Која држава и град би сакала да ги посетиш?
4.Дали уште сега кроиш планови за Теодора што ќе биде кога ќе порасне,или ќе ја оставиш сама да си одлучува за својата иднина?
5.Дали би и дозволила да се омажи и отсели во друга држава?
6.Дали можеш да живееш во некоја прекуокеанска земја или си носталгична ?
7.Дали си задоволна од тоа колку твојот сопруг ти помага околу Теодора?
8.Што најмногу обожаваш кај Теодора?

Ај доста од мене,да не речеш штом многу прашува ќе го седнам него на ова столче user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 656
   RE: Интервју :)
25.6.2010 13:36:41   
betpet
-Gari68-

1.Омилено јадење(солено и благо)?
се јадам, ама без благо не можам.

2.Повеќе сакаш да готвиш или да конзумираш?
да готвам.

3.Која држава и град би сакала да ги посетиш?
Италија и Софија.

4.Дали уште сега кроиш планови за Теодора што ќе биде кога ќе порасне,или ќе ја оставиш сама да си одлучува за својата иднина?
кога и зборувам и викам, ти ќе бидеш на мама тоа и тоа......, но мислам дека за тоа што сака да биде ќе оставам сама да си одлучи кога ќе порасне.

5.Дали би и дозволила да се омажи и отсели во друга држава?
ако биде среќна, сакана и тоа ја исполнува "да", но признавам со тешко срце.

6.Дали можеш да живееш во некоја прекуокеанска земја или си носталгична ?
да сум носталгична и мислам дека не можам да живеам, но да ја прошетам со задоволство.

7.Дали си задоволна од тоа колку твојот сопруг ти помага околу Теодора?
да.

8.Што најмногу обожаваш кај Теодора?
се,се,се,се па таа е мое бисерче.

Ај доста од мене,да не речеш штом многу прашува ќе го седнам него на ова столче
за ова ќе размислам????


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 657
   RE: Интервју :)
25.6.2010 15:19:20   
Bitolcanka
Бетпет,

Што те вади од такт?
Дали по природа си толерантна, колку толерираш?
Како разрешуваш некој чест конфликт?
Дали на луѓето директно им кажуваш што ти смета кај нив или често премолчуваш?
Дали брзо избувнуваш? Колку те држи лутината? Што те смирува?
Колку беше во врска со мт пред бракот? Што беше пресудно за да се решиш да преминеш кон следниот чекор - брак? Те притискаа за тоа?
Дали те исполнува работата? Таа била твоја животна желба?
Во заедница со свекорот и свекрвата сте? Какви се вашите односи? Колку ти помагаат? Дали им се обраќаш со мама и тато?
Што/кој најмногу ти даваше сила да се бориш за user posted image ?
Дали си суеверна?
Дали имаш слободно време и како го поминуваш? Што те исполнува?
Кое е твоето мото во животот?

Доволно се, можеби и премногу user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 658
   RE: Интервју :)
25.6.2010 15:38:15   
Тања РР
Бетпет

Што помисли кога прв пат ја виде Теодора?
Кога ја гледаш сега, ти надоаѓаат ли солзи радосници понекогаш?
Ја оставаш ли сама да си игра понекогаш додека работиш нешто друго или постојано си со неа?
Која е твојата најголема желба?
А најголем страв?
Оптимист или песимист по природа?
Колку тоа ти помага/отежнува во животот?



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 659
   RE: Интервју :)
25.6.2010 16:39:44   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Бетпет,

Што те вади од такт?
нечистотија,несреденост.

Дали по природа си толерантна, колку толерираш?
да, и многу толерирам и затоа многу се мразам, понекогаш за мир во куќа, а и пред се за сопствен мир многу толерирам.

Како разрешуваш некој чест конфликт?
на мирен начин, со седнување на маса и разговор.

Дали на луѓето директно им кажуваш што ти смета кај нив или често премолчуваш?
тоа што ми смета директно му го кажувам само на сопругот, можеби и за тоа многу добро се рабираме, а што се однесува спрема другите обично премолчувам. Додека друг би го советувала да не молчи туку директно да му каже.

Дали брзо избувнуваш? Колку те држи лутината? Што те смирува?
да, правам брза реакција. ме држи многу малку.тогаш веднаш се пуштам во извршување на некоја работа и ми е многу убаво.

Колку беше во врска со мт пред бракот?  една година и еден месец .

Што беше пресудно за да се решиш да преминеш кон следниот чекор - брак? Те притискаа за тоа?
Пресудно, па како викаат кој чека ќе дочека, така и јас сметав дека ја најдов вистинската личност што поседуваше се она што мене ми значеше. Никој не ме притискаше, дури не можеа и да ме натераат, ајде ајде, време ти и дури и премногу ти е, ми велеа тетките.

Дали те исполнува работата? Таа била твоја животна желба?
ме исполнува многу, сопругот мисли и дека претерувам, желба -да, кога студирав и патував со воз секој пат поминував покрај зградата во која сега работам и постојано си велев, ах некој бел ден и јас да работам ваму. По завршувањето на студиите, по некое време и тоа ми се исполни.

Во заедница со свекорот и свекрвата сте? Свекор ми е починат кога мм имал 10 години, а сега сме во зедница со свекрвата. мм е најмалото па мора да биде со мама.user posted image user posted image user posted image ,

Какви се вашите односи? па она по природа е малку и повеќе од тоа лутка, се лути за се и не можеш многу да и сугерираш, ја знаеш онаа"јас се си знам" и "јас ова најубаво го правам",тешко прифаќа промени и по некогаш ни е лута по 3 дена ако нешто смениме по дома или направиме нешто ново. Јас сакам беспрекорно чисто, а тоа со неа тешко ми оди, и ми вика "ајдеде да не не се направи пак бербат", тешко оди ама јас попуштам и преќутувам и си ја терам работата. Но има и една позитивна страна сака многу да ни го приготвува јанењето и во тоа ужива, па јас ти моменти и го препуштам, а потоа по неа чистам, за на крај да го пофалиме јадењето или да изедеме за она биде среќна.

Колку ти помагаат? Дали им се обраќаш со мама и тато?Помага кога имам некоја работа ја чува Теодора, и како што кажав погоре она е главната за јадењето, за тоа второто"мама", тешко ми оди и не викам, ама на сабајле редовно си пиеме кафенце заедно user posted image
Што/кој најмногу ти даваше сила да се бориш за user posted image ? срцето, знаев дека можам да имамuser posted image , но прашање беше само времето.

Дали си суеверна?
да

Дали имаш слободно време и како го поминуваш? Што те исполнува?
сега помалку, но кога имам читам закони кој редовно се менуваат, а мора да бидам во тек со се често.
Ме исполнува работата, но и онаа во кујна, нешто да направам мјам, мјам.


Кое е твоето мото во животот?
можам и морам
Доволно се, можеби и премногу user posted image
никошаш не е премногу


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 660
   RE: Интервју :)
25.6.2010 17:05:44   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Бетпет

Што помисли кога прв пат ја виде Теодора?
па дали од ова детуле ќе биде човече.

Кога ја гледаш сега, ти надоаѓаат ли солзи радосници понекогаш?
многу често, само кога ќе помислам колку мала беше и што се не поминавме.

Ја оставаш ли сама да си игра понекогаш додека работиш нешто друго или постојано си со неа?
ретко, некој мора да е до неа

Која е твојата најголема желба?
најголемата желба веќе ми се исполни-Теодора, а сега не е лошо да падне некоја 7 на лото.

А најголем страв?
од умирање

Оптимист или песимист по природа?
оптимист
Колку тоа ти помага/отежнува во животот? многу, полесно ги исполнувам идеите или немерите во животот




_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 661
   RE: Интервју :)
25.6.2010 22:27:15   
niki
Не останало прашање за мене бреuser posted image

Која книга ја читаш во моментот, а која би ја препорачала за читање?
Играш ли лото?
Дали размислуваш кога ќе потпорасне Теодора да го зголемите семејството со едно милениче и што би било тоа?
Ќе останете на 1 дете или има план за повеќе?
Што сметаш дека е неизоставно и под морање да ја научиш ќеркичката, како лекција пренесена од  мајка на ќерка?
Какви родители сте или ќе бидете: традиционални, авторитетни или либерални и модерни?

Ај доста еuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 662
   RE: Интервју :)
25.6.2010 23:35:11   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Не останало прашање за мене бреuser posted image
има,има...

Која книга ја читаш во моментот, а која би ја препорачала за читање?
во моментот ја читам "Светите вистини" од м-р Константин Кајшаров, а за читање би Ви ја препорачала "Клавирска придружба" од Нина Берберова и "Неподносливата леснотија на постоењето" од Милан Кундера.
 
Играш ли лото?
за жал не

Дали размислуваш кога ќе потпорасне Теодора да го зголемите семејството со едно милениче и што би било тоа?
Не сум размислувала на таа тема, а доколку се случи мислам дека ќе биде некое мало пудличе.

Ќе останете на 1 дете или има план за повеќе?
Искрено се плашам, но би сакала уште едно, за да не биде сама.
 
Што сметаш дека е неизоставно и под морање да ја научиш ќеркичката, како лекција пренесена од  мајка на ќерка?
да се почитува себеси и верува во себе, зошто така и другите ќе ја почитуваат.Искрено да посакува, зошто само на тој начин ќе го добие она за кое се стреми. И да се бори, а она тоа веќе го научи и потврди, зошто почна со битки и победи.
 
Какви родители сте или ќе бидете: традиционални, авторитетни или либерални и модерни?
либерални и модерни

Ај доста еuser posted image
тамам ме загреа, по толкава временска паузаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 663
   RE: Интервју :)
25.6.2010 23:53:08   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: betpet


Ај доста еuser posted image
тамам ме загреа, по толкава временска паузаuser posted image user posted image user posted image



Ааааааааа штом така, апел! Жени, мажи ајде овде прашања!user posted image

Каква музика слушаш и омилена песна?
Би можела ли да живееш во облакодер во Њујорк и на кој кат?
Што значи бетпет?
Сопругот пишува ли на РР?
Со што планираш да се занимаваш кога ќе се пензионираш?

user posted image ајде луѓе навалете прашања


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 664
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:00:19   
Viktori
Како планираш да ти се падне 7ка ако не играш лото??? user posted image

Веруваш ли во моќ на мислите?

Си посакала ли некогаш нешто тооолку силно што си помислила дека некако со нешто си придонела тркалото да се придвижи нанапред?


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 665
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:01:47   
Bitolcanka
Имаше среќа Бетпет, денес некако петочно - одмараат сите од прашања user posted image

Што си во хороскоп?
Опиши се со 3 зборови.
Кога би била невидлива ...
Омилена дестинација ?
Дали си се занимавала некогаш со спорт?
Што те нервира кај мт?
Дали си задоволна со себе и тоа што го имаш?
Што ти фали од моминскиот период?
Каква свадба имавте?
Најдобар совет што од некого си го добила ?

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 666
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:11:47   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Како планираш да ти се падне 7ка ако не играш лото??? user posted image




е то да видиш, и јас така се обидувам, сега од бетпет рецепт ќе земамuser posted image со нетрпение чекам одговорuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 667
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:16:28   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: betpet


Ај доста еuser posted image
тамам ме загреа, по толкава временска паузаuser posted image user posted image user posted image



Ааааааааа штом така, апел! Жени, мажи ајде овде прашања!user posted image
Ники сите спијат , а ние сме сами................

Каква музика слушаш и омилена песна?
од се по нешто, песна-Балада од Желко Јоксимовиќ

Би можела ли да живееш во облакодер во Њујорк и на кој кат?
да, дури и на најгорниот.

Што значи бетпет?
скатеница од моето кратко име и претходното презиме.

Сопругот пишува ли на РР?
понекогаш

Со што планираш да се занимаваш кога ќе се пензионираш?
со пишување на некоја книга, и чување на внуци да даде Господ, само да здравје
user posted image ајде луѓе навалете прашања
побрзајте немате време.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 668
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:25:23   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Како планираш да ти се падне 7ка ако не играш лото??? user posted image
засега е мала добивката, чекам да се зголеми.

Веруваш ли во моќ на мислите?
да

Си посакала ли некогаш нешто тооолку силно што си помислила дека некако со нешто си придонела тркалото да се придвижи нанапред?
да,



_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 669
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:27:59   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Како планираш да ти се падне 7ка ако не играш лото??? user posted image




е то да видиш, и јас така се обидувам, сега од бетпет рецепт ќе земамuser posted image со нетрпение чекам одговорuser posted image

иииииииииииииииииииииииии........ дали ти помогнав............................


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 670
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:45:11   
betpet
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Имаше среќа Бетпет, денес некако петочно - одмараат сите од прашања user posted image
ова не важи, времето измина user posted image user posted image user posted image user posted image

Што си во хороскоп?
скорпија.

Опиши се со 3 зборови.
упорна, ненаметлива,перфекционист

Кога би била невидлива ...
се би следела во позадина.

Омилена дестинација ?
Италија.

Дали си се занимавала некогаш со спорт?
само 10 години, активно за Велешки Борец(кошарка и ракомет)

Што те нервира кај мт?
кога има некоја работа недовршено, а тој седи пред компјутерот и си ги тренира играчите од своите тимови.

Дали си задоволна со себе и тоа што го имаш?
не во целина, може и подобро кон кое се стремам.

Што ти фали од моминскиот период?
ноќните шетања и забави во другите градови.

Каква свадба имавте?
многу весела и онаа стандардна,по 100 гости од секоја страна

Најдобар совет што од некого си го добила ?
немој никогаш да му се докажуваш на народот, зошто тоа и никогаш не можеш да го докажеш, се што ќе направиш тоа да го направиш за себе и како што ти сакаш.и со камења да фрлаш по народот, за да докажеш, пак нема да докажеш оти нема и толку камења.



_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 671
   RE: Интервју :)
26.6.2010 0:52:52   
betpet
Ви благодарам за поставените прашања,


Следен на жешкото столче за денес е:

amelbebe,

ајде повели........................


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 672
   RE: Интервју :)
26.6.2010 9:32:13   
penelopa
Некое прашањце за Амелбебе:

  • Колку дечиња имаш?
  • Како се запознавте со сопругот?
  • Имаш ли слободно време за себе?
  • Гледаш ли шпански серии и која ти е омилена?
  • Имаш ли роднини во странство?


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 673
   RE: Интервју :)
26.6.2010 9:47:09   
betpet
дали си задоволна од животот?
дали имаш време за себе, покрај толку големи обврски со децата?
на која возраст се дечињата?
дали живеете во зедница или сами и каде?
што работиш ти и мм?
што мислиш за рр?



_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 674
   RE: Интервју :)
26.6.2010 11:19:48   
arh_diz
SE spremi li za svadba ?
Sto pravis vo slobodno vreme ?
Dali cesto odis na gosti ?


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 675
Страница:   <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?