|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 9:37:30   
topce
блазе вас нас пак ни се јави проблемот со месото и на година и пол дете пак почнав да и го правам кашичка user posted image

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 9:37:47   
caci20
I Petar, rucekot mu e najomilen. Samo da e zelencuk, a moze i mevce. Ovosnite mu se radi reda, ko desert

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 10:24:25   
melody
Jas i predhodno imam napomenato deka ne koristam kasicki.Iako bez uslovi sama i prigotvuvam i isto i kerka mi obozava zelencuk,sokovi ne pie voopsto,ovosje jade i toa vo raka da i se dade parce pa taa si gricka,mevce si saka znaci od toj aspekt sum srekna.Megutoa vo hotelov ni se pojavi truenje od hrana mnogu luge bea bolni i sega kupuvam samo od tie kasicki so meso vnatre na HIPP imame tuka normalno milupa ama i Hero na ulker i Bebelac isto mislam ulker.Pedijatarot e isto protiv kasicki, no so ogled na uslovite sto gi imam ni preporaca deka ovie ulker sto gi proizveduva se potpolno bezbedni.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 10:46:11   
Еца
На Мила претежно и правам јас, но бидејќи сега нема модри сливи и круши такви кашички и давам готови.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 15:14:30   
Mila na mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: melody

na HIPP imame tuka normalno milupa ama i Hero na ulker i Bebelac isto mislam ulker.Pedijatarot e isto protiv kasicki, no so ogled na uslovite sto gi imam ni preporaca deka ovie ulker sto gi proizveduva se potpolno bezbedni.


Забележав дека во Турција се многу скапи кашичките на хипп и многу ретко ги имаше едвај во 2 аптеки за разлика од Македонија. А тие на милупа овочните имаа додаток на шеќер што баш и не ми се допадна,а  и не ми е јасно зошто го додаваат. 

_____________________________

love u all

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 15:25:13   
pacuvce
Речиси 95% од кашичките ги спремам дома т.е јадеме свежи кашички и тоа еден ден чисто зеленчукова,еден ден овошна,а еден ден зеленчукова со месо(телечко или пилешко)...Оние 5% се најчесто кога одиме некаде или сме излезени,па купуваме затоа што така ми е најсоодветно...Е сега ,повеќе ги преферира благите,ама сепак јас инсистирам и на зеленчуковите...Е,ама затоа ова мое дете се гади од оризuser posted image и палентаuser posted image ...Пробав со најразлични комбинации,ама ништо не ми успева...user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: свежо или кашичка?
15.4.2010 15:47:29   
melody
Da cudno so kasickite tuka vo Turcija ne gi imaat bas site vidovi duri jas sto procitav od nekogo tuka sto imase napisano post za noknata kasicka na HIPP so cokolado ja barav specijalno i ne ja najdov pa si rekov ete od ljubopitnost na sestra mi da ja donese od Skopje da ja probameuser posted image I mnogu drugi raboti nemaat kako palenta ne ni znaat sto e toa ili pak kacamak.Se utepav barajki da najdam melen oriz,a za griz nemaat bebeski pa koristime od obicniotuser posted image Mislam deka  e toa taka zatoa sto pedijatrite tuka sovetuvaat da ne se koristat mnogu mnogu kasickite zatoa sto se premnogu slatki i podocna go iskrivuvaat cuvstvoto na vkus za domasno napravena hrana za deteto,a i stvaraat odredena zavisnost barem pedijatarot nas taka ni kaza kolku e tocno toa neznamuser posted image A i gledam deka navistina ete barem jas sto gi znam lugeto ama voopsto ne im davaat kasicki na nivnite deca.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: свежо или кашичка?
15.5.2010 19:24:44   
Палешка РР
Ете ме мене и мојата хопохондрија. Денес купив кашичка од HIPP заради тегличката и не и ја дадов, Марио си ја изеде user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: свежо или кашичка?
16.5.2010 0:50:01   
baby mama
На ќерка ми и давам и домашни и купени кашички, но почесто од домашните а и нив повеќе ги сака.Е сега кај јаболкото забележав дека кога е печено е поблагичко, за разлика од тоа кога е варено. Мајка ми не обезбеди со компот од праски,кајсии,сливи.Сливите дури и ги сушеше па и си варам од нив. И така сите овие продукти си ги комбинирам наизменично, задолжително со печено јаболче user posted image


_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: свежо или кашичка?
16.5.2010 1:55:31   
Maca25
На Нина претежно и правев домашни кашички, но и купував. Кога немаше да најдам убаво овошје, тогаш земав готова кашичка. А и зеленчуковите кашички кои јас и го правев не ги сакаше, па така морав да купувам. Од време на време, кога сме излезени некаде или пак не можам да носам триста овошја со мене, купувам кашичка, најчесто ХИП, и тоа од оние со овошје и житарици. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: свежо или кашичка?
28.6.2010 22:12:35   
Snowhite RR
Како да направите домашна бебешка храна?

Иако денес постојат многу фирми кои произведуваат бебешка храна, сепак многу мајки одбираат да ги хранат своите бебиња со домашно приготвена храна. Подготвувањето на бебешка храна не е толку тешко. Најубавото со употребата на таа храна е тоа што знаете точно со што го храните вашето бебе.


За приготвување на домашна бебешка храна употребувајте само органски зеленчуци и овошје.
Ако и вие се одлучите да користите домашна бебешка храна, еве неколку совети кои би ви биле од голема корист:

Користете органски зеленчуци и овошја. Тие се одгледувани на природен начин без употреба на хемикалии. Затоа се најдобри за зачувување на здравјето на бебето. Некои зеленчуци како брокули, зелка, моркови, спанаќ и цвекло не треба да се консумираат од бебињата во поголеми количини од една до две лажици на едно хранење.
Отстранете ги сите семки и лушпата. Пред да започнете да го варите или пасирате овошјето, осигурајте се дека ги имате отстрането сите семки и лушпата.
Не ги чувајте остатоците од оброкот. Откако ќе го нахраните вашето бебе, остатоците исфрлете ги. Бебињата додека јадат оставаат плунка во храната и со тоа им помагаат на бактериите да се размножуваат.
За да омекне зеленчукот или овошјето, гответе ги во вода. Пред да направите пире овошјето и зеленчукот можете да ги варите во вода. Така тие ќе станат помеки. Водата во која сте ги вареле можете да ја користите да го разредите пирето за да не биде премногу густо.
Ако сте направиле поголемо количество – замрзнете го. Храната што ја приготвивте можете да ја замрзнете во форма на коцки (исто како што правите коцки мраз). Задолжително покриете ја со фолија. Кога ќе сакате да ја употребите замрзната храна, најдобро е да ја ставите во фрижидер околу 4 часа. Потоа, за да ја затоплите ставете ја во тавче на рингла. Мешајте внимателно и постојано проверувајте ја нејзината температура.
Не користете микробранова печка за да ја затоплите храната. Топлењето на храната во микробранова печка може да создаде жешки џебови, кои возможно е да не ги забележите. За да избегнете таква грешка со која може да го повредите вашето бебе, секогаш тестирајте ја храната за да се уверите дека е на умерена температура.
Кажете ѝ „не“ на тврдата храна. Не користете тврда храна за вашето бебе. Тоа најрано можете да го правите кога вашето бебе е на 4 месеци. Но, најдобро е да започнете со потврда храна кога бебето е на возраст 5-7 месеци. Дигестивниот систем на бебето пред да наврши 5 месеци не може да се справи со тврдата храна.
Не додавајте сол, шеќер, маргарин, путер или зачини во бебешката храна. Дигестивниот систем на бебето пред да наврши една година не е подготвен за овие додатоци во храната. Откако бебето ќе наполни една година, можете да започнете да ги користите зачините, но сепак умерено.
Ако ги следите овие совети, можете да бидете сигурни дека го храните вашето бебе на здрав и безбеден начин.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: свежо или кашичка?
28.6.2010 22:34:57   
Тања РР
Фала Snowhiteuser posted image user posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: свежо или кашичка?
29.6.2010 17:45:24   
Maria
Андреј не ги јаде кашичките од продавница,сака свежо овошје.Паметен е тој,знае што е убаво.user posted image Му давам кашичќки и сокчиња од свежо овошје, но повеќе го сака млекцето на мама.user posted image Исто како бато.user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: свежо или кашичка?
29.6.2010 17:57:28   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maria

Андреј не ги јаде кашичките од продавница,сака свежо овошје.Паметен е тој,знае што е убаво.user posted image Му давам кашички и сокчиња од свежо овошје, но повеќе го сака млекцето на мама.user posted image Исто како бато.user posted image


И Миа е иста, паметна на мама user posted image , но  не е како бато, тој сакаше се' купечко user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: свежо или кашичка?
30.6.2010 17:15:36   
Martins mom
Комбинираме и готови кашички и правени, ама морам да се пофалам дека повеќе ми го бендисува готвењето user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: свежо или кашичка?
30.6.2010 17:21:48   
Палешка РР
user posted image




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 13:20:50   
Палешка РР
Јас денес и направив компот од повеќе овошја, круша, кајсија, слива, јаболко, планирав да и направам кашичка само од кајсијата и крушата, но ми текна да и ја дадам водичката каде се вареше овошјето, лелееееееее цело шишенце испи, ми беше жал да и го земам. Пробајте user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 22:44:08   
lukas
denes mu napraviv na moeto sokce od praska pomesano so malku destilirana voda go neki se gnasi prv pat mu davam domasno,a koga mu dadov kupecko cisto od jabolko go piese akasickite pocna da si gi jade kupeckite pred 1 nedela mu dadov cisto od jabolko ovie dva dena mu davav jabolko i praska i si gi jadi mi e strav mislam nema da mi gi jadi domasnite a eden kup sega imam vo friziderot site so ideja mi nosea...hehehhe..pozz..a e 4 meseci i 1 nedela deteto...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 22:47:20   
Martins mom
абе давајте им домашни правени, бидете упорни и ќе се навикнат...
денес на Мартин му направив кашичка од ориз и јаболко...мммм....како се напапаuser posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 22:55:06   
lukas
a be ne e za uporni i jas sum za domasnite ama sega eksperimentiram oti uste go dojam i na vestacko aptamil mi e...pred da naprajme 4 meseci bez nekoj den bev kaj maticnata pedijatar i mu kazav deka edna kasicka od jabolko mu ja davav tri dena i sokce tri dena mu davav mi rece cekaj so brzas rano ti e onamu posle 5 ti mesec ke mu dajs ...ama jas si sakam da pocnam da mu davam da ne mu davam od ova vestackoto...imam vo friziderot 10 tina kaj mi noseja rodninite i tie si vikam da gi istrosam i da mu davam domasni taman ke prpni i za zelencukovi...ama denes me cudi sokceto so ne mi go piese od praska so voda...ama mozi deka prvpat ...pojma nemam...a i matins mom,sokceto denes za rucek so go naprajv utre mozam da mu go dam pak ili druga da napravam...pozz

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 22:55:26   
baby mama
Јана моја воопшто не ги сака купените каши, и приготвувам јас од свежи продукти. А и поубаво мирисаат домашните каши. Ретко кога јаде купена каша и тоа само крушка.


_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: свежо или кашичка?
4.7.2010 22:56:26   
lukas
moeto e malo uste e samo 4 mes i 1 nedela...sega pocnuvam jas...

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: свежо или кашичка?
5.7.2010 10:22:10   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

...a i matins mom,sokceto denes za rucek so go naprajv utre mozam da mu go dam pak ili druga da napravam...pozz


Јас ти предлагам ново да му направиш. Она што ќе ти остане од приготвената кашичка, сок, фрлај...Нека консумира само свежо направено


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: свежо или кашичка?
5.7.2010 10:54:58   
Палешка РР
Да ја дополнам Мартинс мам..не фрлај, ти дојади ги user posted image но никако не му ги давај на бебето утре.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: свежо или кашичка?
11.7.2010 16:03:06   
Тања РР
Жалам што морам да постирам една таква вест.


Овошни кашички на Фрутек повлечени од продажба

недела, 11 јули 2010, 11:15
Словенечката фирма Фруктал од превентивни причини од продажба повлече четири видови детски овошни кашички Фрутек, произведени од 25 мај до 24 јуни 2010 година.

Тоа се производи со вкус на кајсија и крушка, слива, праска и ориз, како и јаболко, во пакувања од 120 грама.

Фруктал бил известан дека за време на производството на стаклената амбалажа на хрватската фирма Ветропак страж дошло до отстапување на производствената линија поради што се можни оштетувања на внатрешноста на стаклените теглички.

Претседателот на Управата на Фруктал Драго Кавшек потенцира дека сите останати кашички и сокови на Фрутек се целосно сигурни.

Фруктал ги повикува сите потрошувачи кои ги купиле овие кашички од превентивни причини да не ги користат и да ги вратат во продавниците каде ќе им бидат вратени парите.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?