|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Беби рецепти
2.9.2009 12:10:51   
mami
http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0_%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%B1%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%BE/m_3435/tm.htm

еве овде имаме кој како воведувал во исхраната а набрзо ке дојде и планот за исхрана

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Беби рецепти
2.9.2009 12:39:09   
mother 29
.За дете од 6 – 8 месеци се препорачува да се даде ужина од пире, вариво, сирење, двопек, банана или попара. За дете од 9 – 12 месеци се дава варен зеленчук, сецкано овошје, јаболка, крушка, праска, компот или пире од овошје, ќофте од мелено месо, риба или ситно сецкано пилешко или говедско месо. За дете постаро од година и половина, може да се дава се што е погоре наведено, а може плус и житарици со млеко, разни сендвичи или пире од банана или тиква.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Беби рецепти
2.9.2009 12:40:12   
mother 29
На бебињата помали од 8 месеци можете да им дадете добро созреано овошје, излупено и испасирано, во мали количини. Јогурти и млади сирења можете да им давате по 8-иот месец, но овие млечни продукти малку засладете ги.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Беби рецепти
2.9.2009 12:51:32   
mami
во оваа тема разговараме за беби рецепти- оносно запишуваме рецепти а за тоа што и како се додава во исхраната на линкот што и го пишав на Маца25 малку погоре...Сепак да ги запазиме темите. Благодарам

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Беби рецепти
17.10.2009 12:47:19   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

    Од 7 месеци  Чорба од ориз и карфиол  
Потребно е: 100 гр.карфиол, 1 Морков 1 лажичка ориз, еден лист магдонос и путер. Исчистете го и исецкајте го зеленчукот и варете го со оризот со малку вода, а пред крајот додадете лажичка путер и варете го уште малку. Потоа сето тое се блендира или со лажичк испасирете го ако е детето големо.
                                                   
Од 7 месеци Пире од цвекло,компир и морков  
Потребно е: 50 гр. цвекло, 1 среден компир i 1 морков. Исчистете го и исецкајте го зеленчукот,па варете го во мала количина вода. Кога ќе омекне пасирајте го и додадете лажичка путер и повторно варете уште 5 минути.
 
За деца постари од 12 месеци   Овошно фрапе
Потребно е: 200 мл. млеко, една жолчка,овошен сок по избор или свежо овошје уште подобро(банана,кајсија, цреше,слива...)по ваш избор. Во млекото ставете ја жолчката и матете со миксер додека смесата не стане пенеста. Потоа дотурете овошен сок или овошје кое сте го одбрале и матете уште малку.      


< Поракaта ја уредил mis. -- 17.10.2009 13:06:34 >

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Беби рецепти
17.10.2009 12:48:51   
BEBICA
Izvinete sto e na srpski no ova e samo mal del od mojata kniga koja ja objaviv na srpski jazik a vo Makedonija ne mi dozvolija i mnogu mi e zal za toa.Se nadevam deka ne se lutite i deka razbirate.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Беби рецепти
17.10.2009 16:08:04   
nutelizza
BEBICA зошто не ти дозволија
Затропа ли упорно на сите врати?

Пробај стави ја книгата електронски, многу мамички сакаат да учат рецепти преку интернет

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Беби рецепти
30.11.2009 15:16:42   
profesorica


Пире од зеленчук со жолчка

Потребни состојки:
  • 80 грама Моркови
  • малку   Магдонос
  • 100 грама Домат
  • 50 грама Сирење
  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

  •  За дете после 1-на година.

  • Подготвување: Доматот се мие со топла вода, за полесно да се ислупи и да се пасира.

    Морковот се вари, се пасира и се додава на доматот.

    Потоа се додава и варената жолчка и младото сирење.

    На крај се зачинува со ситно сечкан магдонос, и се заедно убаво се промешува.

    < Поракaта ја уредил profesorica -- 30.11.2009 15:17:40 >


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот nutelizza)
  • Непосредна врска до пораките: 83
       RE: Беби рецепти
    16.2.2010 11:20:43   
    HristinAntonio
    profesorice pisi gi i salatite od vcera-tie dietalnite:)

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 84
       RE: Беби рецепти
    16.2.2010 11:22:36   
    profesorica
    ауууу тие не се бебешки чек во рецепти ќе ги пишам- ти се допаднаа а???user posted image user posted image user posted image

    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот HristinAntonio)
    Непосредна врска до пораките: 85
       RE: Беби рецепти
    5.6.2010 16:41:56   
    Rossana
    Сок од јаболко Јаболкото го миете и ја отстранувате лушпата. Се сече на парчиња и се става да се цеди во соковник. Ако немате соковник, тогаш јаболкото изрендајте го, се остава да отстои малку и се цеди низ чиста газа. Влијание на столицата: ја омекнува.

    Сок од морков Морковот темелно се мие, се става во соковник и се цеди. Може да се дава и во комбинација со сок од јаболко. Влијание на столицата: ја стврднува.

    Сок од круша Крушата се мие и лупи, се цеди во соковник. Може да се дава и во комбинација со морков и јаболко. Влијание на столицата: ја омекнува.

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 86
       RE: Беби рецепти
    5.6.2010 16:42:48   
    Rossana
    Сок од  кајсија, праска Овошјето се мие и лупи. Се отстранува семката, се става во соковник и се цеди. Може да се дава во комбинација со претходно воведените овошја. Влијание на столицата ја омекнува.

    Сок од цреши, вишни, сливи Овошјето се мие, се вадат семките и се цеди во соковник.
    Кога се воведуваат во исхраната се даваат поединечни, а подоцна може и да се комбинираат со другите воведени овошја. Влијание на столицата: ја омекнува. Сок од цвекло Цвеклото се мие, се лупи  и се цеди во соковник. На почеток давајте го резреден со превриена вода и тоа само неколку лажички. Подоцна количината зголемете ја  околу 50-100мл. Давајте го само или во комбинација со морков и јаболко.

    Сок од  боровинки, јагоди, киви, ананас Овошјето се мие, лупи и се цеди во соковник. При воведувањето се подготвува поединечно, а подоцна во комбинација со другите воведени овошја. Сок од  малини Овошјето измијте го под млаз вода. Ставете го во чинија и врз него ставете една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои. Вака приготвено пушта повеќе сок. Малината нека одстои десетина минути.  Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко.

    Сок од  капини Капината измијте ја под млаз вода. Се реди во чинија и  ставете една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои. Вака приготвена капината пушта повеќе сок. Капината нека одстои 30-тина минути минути. Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко.

    Сок од  рибизли Овошјето измијте го под млаз вода. Ставете го во чинија и зашеќерете со една мала лажичка шеќер (жолт). Оставете да одстои дваесетина минути.  Се пасира и цеди. На почеток се дава поединечно, а подоцна може да се комбинира со цеден сок од јаболко.

    Сок од лимон Лимонот се мие, се лупи, се сече на парчиња и се цеди во соковник. Ако користите цедалка за таа немена, лимонот пресечете го на половина. Додадете малку мед или шеќер (жолт или кафен).

    Сок од портокал, мандарина, грејпфрут Овошјето се мие, се лупи, се сече и се цеди во соковник, или во цедалка.
    На почеток дадете го поединечно, а подоцна во комбинација со друго овошје. Сок од грозје Измијте го грозјето и оставете да отстои во вода 20-30 мин. Се вадат зрната и се цеди во соковник. При воведувањето давајте го поединечно и разреден со превриена вода, а потоа неразредено и во комбинација со други воведени овошја.

    Сок од лубеница Лубеницата се мие, се одстранува кората , се вадат семките и се цеди во соковник.

    Сок од дуња Дуњата се мие, лупи и се сецка на парчиња. Варете ја дуњата во 250-300мл. вода на умерена температура, а кога ќе омекне  се процедува. Сварената дуња се пасира, се зашеќерува со една мала лажичка шеќер (жолт) или мед и се меша со течноста во која се вареше. Оставете да се олади.  Додадете една мала лажичка лимон. Послужете.

    Сок од домати Доматот се мие, му се одстранува лушпата и се цеди во соковник. Се дава поединечно, разреден со превриена вода, а подоцна неразреден.

    (Одговор на членот Rossana)
    Непосредна врска до пораките: 87
       RE: Беби рецепти
    5.6.2010 16:44:09   
    Rossana
    Ovie gi imam memorirano vo kompjuter, imam i ovosni i zelencukovi kasicki. i mlecni i zitni user posted image Samo Sara neka raste, mama se ke i prigotvuva, edvaj cekam

    (Одговор на членот Rossana)
    Непосредна врска до пораките: 88
       RE: Беби рецепти
    6.6.2010 14:12:45   
    brineta88
    [color=#000000 size=3]Пилешки џигер (oд осми месец)
    Потребни состојки:
    - Свеж пилешки џигер;  1шоља (за кафе) ориз;  1морков;  1 шоља грашок; малку путер

    [color=#000000 size=3]Припрема
    1. Џигерот издинстајте го на малку масло. Додајте пола чаша вода, и така нека проврие 10ина минути. Испасирајте и оставете да се олади.
    2. Во меѓувреме сварете ги оризот, грашакот и морковот во малку солена вода. Пота исцедете ги и испасирајте ги.
    3. Помешајте го џигерот со зеленчукот, додадете малку путер и добро измешајте.


    _____________________________

    Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

    (Одговор на членот Rossana)
    Непосредна врска до пораките: 89
       RE: Беби рецепти
    6.6.2010 15:00:05   
    Maca25
    Вчера правев пилешки џигер за ручек и и дадов на Нина - не сакаше ни да го помириса, а камо ли да го проба! 

    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот brineta88)
    Непосредна врска до пораките: 90
       RE: Беби рецепти
    6.6.2010 18:11:49   
    brineta88
    Јас уште не сум му дала џигер но деновиве ќе пробам па ќе видиме. Веќе немам идеја што да му давам за јадење, ај кажете нешто

    _____________________________

    Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

    (Одговор на членот brineta88)
    Непосредна врска до пораките: 91
       RE: Беби рецепти
    2.7.2010 14:30:27   
    Палешка РР
    И јас веќе немам идеи, ограничено е сепак, без млеко и месо, зеленчук не јаде баш и се се сведува на овошје и јогурт

    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот brineta88)
    Непосредна врска до пораките: 92
       RE: Беби рецепти
    6.7.2010 23:51:17   
    Felly RR
    Јас денес и приготвив зеленчукова супа т.е. кашичка, и за разлика од другите кашички од зеленчук поубаво си изеде.
    Рендани компир и морков да се сварат, па потоа додадов и фиде, и откако се свари сето тоа го изблендирав заедно со малку путер.
    Фидето беше од пченкарен гриз и вода направено, па затоа мислам дека може да го јаде од 6 месеци.

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 93
       RE: Беби рецепти
    7.7.2010 9:17:21   
    melody
    Eve od mene edna recepta za eden dosta kaloricen dorucekuser posted image
    7-8 biskviti vo adaptirano ili obicno kravjo mleko zavisi od vozrasta na bebeto, samo sto ako upotrebuvate obicno  kravjo mleko toa da bide svareno.Potoa se dodava vo mlekoto i biskvitite malku mlado sirenje ili pak zolcka od jajce,a moze i ednoto i drugoto.Dodadok na ova moze da bide i malku ovosje(banana,sliva,jabolko,krusa,praska,kajsija)ili pak lazice med za bebinja posle edna godina.Smesata se miksa se duri ne se dobie kasa. So ova se dobiva nekoj neutralen vkus poveke blag odosto solen koj sto bebinjata go sakaatuser posted image . Inaku ova e recepta za pojadok prepisana od pedijatar.



    Supa od jogurt


    1 kompir
    1 golema lazica oriz
    malku maslinovo maslo ili puter
    sol i zacini zavisi od vozrasta na bebeto.Do godina bez nikakvi dodatoci posle godina malku susen magdonos i sol.


    Kompirot se secka na sitni parcinja i se vari zaedno so orizot,maslinovoto maslo ili puterot . 2- 3 lazici jogurt se dodavaat pri krajot koga veke kompirot i orizot se omeknati.



    Supa od crvena leka


    cetrvt kromid
    cetrvt kompir
    eden mal morkov
    pola solja za kafe leka
    maslinovo maslo
    sol i zacini posle edna godina

    Kromidot se secka i se proprzuva so malku maslinovo maslo.potoa se dodavaat dve casi voda lekata,iseckaniot kompir na mnogu sitni parcinja i morkovot isto taka iseckan na sitni parcinja.Se ostava da se vari od koga ke zovrie uste edno 5-10 min.
    Istava recepta za vozrasni od koga ke zovrie lekata se proprzuva malku puter so brasno i se dodava vo nea i se vari uste edno 5-10 min.Vkusot e odlicen i jas ja obozavam supava.user posted image

    (Одговор на членот Felly RR)
    Непосредна врска до пораките: 94
       RE: Беби рецепти
    8.7.2010 17:16:02   
    Палешка РР
    Од Миа омилените user posted image

    2 кајсии
    2 лажички ориз
    1/2 лажиче шеќер

    Сето се вари заедно, околу пола час. Се вади лушпата од кајсијата и се блендира.
    Треба да добие густина на желе.
    __________________________________

    1 печено јаболко
    2 лажички мелен ориз

    Јаболкото се печи, оризот се вари во 50 мл вода. Се блендира.
    _______________________________________________________

    1/2 круша, варена
    1/4 банана
    2 бисквити

    Мелените бисквити се потопуваат во водата од крушата и сите состојки се блендираат.
    ________________________________________________________

    1/2 варен компир
    50 мл јогурт
    5 квики рипчиња

    Компирот се пасира и се меша со јогуртот и толчените квики
    ___________________________________________________

    1 праска, 1 кајсија, варени
    1/4 банана
    2 бисквити

    Бисквитата се потопува во водата каде се вареше овошјето и сето се блендира


    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот melody)
    Непосредна врска до пораките: 95
       RE: Беби рецепти
    9.7.2010 14:32:52   
    Felly RR
    од која возраст може да се дава диња и лубеница?

    _____________________________

    Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

    (Одговор на членот Rossana)
    Непосредна врска до пораките: 96
       RE: Беби рецепти
    15.7.2010 19:52:01   
    Тања РР
    Засега омилено јадење на мојата принцеза и е јаболко со ориз по рецептот на Палешка user posted image

    < Поракaта ја уредил Тања -- 15.7.2010 19:54:09 >


    _____________________________

    There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

    (Одговор на членот Felly RR)
    Непосредна врска до пораките: 97
       RE: Беби рецепти
    15.7.2010 23:47:23   
    Палешка РР
    Еве уште еден, ммммм, многу ми се допадна кашичката

    Вакво јаболко
    user posted image

    варено, со бисквити...мммммм, Миа сега се изнајаде.


    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот Тања РР)
    Непосредна врска до пораките: 98
       RE: Беби рецепти
    15.7.2010 23:51:39   
    Тања РР
    Баш такви јаболка имаме во моментот ама не сме пробале бисквитиuser posted image
    Денес ми рекоа почни се да и даваш, секаков зеленчук, па и месо после 2 недели. Јас си премолчав.
    Истата приказна и со педијатарот. И велам па зар и глутенска храна да и давам а она ме гледа зачудено и вика „А зашто да не?“user posted image user posted image user posted image


    _____________________________

    There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 99
       RE: Беби рецепти
    15.7.2010 23:57:47   
    Палешка РР
    Ајде уште еден месец, па и на глутен ќе преминетеuser posted image

    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот Тања РР)
    Непосредна врска до пораките: 100
    Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
    Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    Цртани филмови.
    пеперутка16

    Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?