|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.6.2010 10:54:17   
zaklina
se obidov i taka so pernice ne uspea.mislev deka ne saka da spie vo krevetceto preku den pa go stavav i na spalna ili vo druga soba.ama bezuspesno.ne znam od kade mu e ovaa ideja da spie vaka ama se nadevam ke se promeni naskoro

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Kolku spie vaseto bebe?
2.6.2010 11:21:04   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: zaklina

sin mi ima 3 mes i otkako se rodi pa do denes preku den mi spie vo race.ili taka ili nikako.se obidov da go uspijam i da go istavam vo krevetceto ama se budi max za 2 min.ne znam kako  moze da se probudi duri i koga e cvrsto zaspan.navecer zaspiva posle banjanje i se budi samo ednas za cicanje.cela vecer spie sam vo krevetceto.grbot, r`betot i polovinata ne si gi cuvstvuvam veke.i sekoj den se nadevam deka ke se smeni


Мислам дека е време да го научиш да заспива во креветчето. Буден ставај го во креветче и седни покрај него, гали го по стомачето и пеј му или зборувај му тивко. Првите денови ќе се буни и ќе плаче, но биди упорна. Потоа намалувај го галењето се додека не научи да заспива без да го допираш. Ова вака сега може да ти изгледа сурово но подобро е сега да го научиш отколку да чекаш да порасне. Бидејќи поголем ќе биде многу поповрзан со тебе и нема да сака да се одвои ни ноќе, да не зборуваме дека ќе биде и потежок па држењето во раце воопшто нема да биде лесно.
Јас ја имав направено грешката да ја нишкам ќерка ми да заспие и потоа така се успивавме до скоро две години и еве и ден денес таа незнае сама да заспие постојано ме бара да седам покрај неа, некогаш бара и да ја нишкам, ноќе ако се разбуди ме бара да ја гушкам дури не заспие, а веќе има три и кусур години.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот zaklina)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.6.2010 11:57:35   
Maca25
Ееее и јас како ники направив страшна решка со успивањето. Како многу мало бебе ептен ми беше мерак да ја гледам и ја ставав да спие во дневна, а јас бев цело време до неа. Кога ќе пробаше некој да ја успие, а она ќе закенкаше јас одма ја земав и затоа сега заспива само со мене и со никој друг. Ептен ако е уморна, а јас не сум тами, ќе се изналаче по мене и ќе заспие - ама пак во раце.
Порасна, еве сега има 1 година и скоро 4 месеци и пак преку ден ја успивам во раце, а за навечер ја легнувам до мене на спална и и зборам, ама зборење без прекин, 300 приказни во едно, а со рака да држам за стомачето и така заспива. Знае да се разбуди кога ја ставам во креветче, ја земам во раце, ја нишкам и заспива пак.
Јас направив голема грешка што од мала не ја научив да си заспива сама. СО мм еднап одлучивме да ја оставуме да плаче и да се умори и мислевме ќе заспие, ама НЕ, само температура качи. На секое нејзино мрдање јас рипав, на секое нејзино плачење ја земав во раце и така спиевме. Да видите како си заспива сама во градинка. Ја ставаат во креветче, и даваат малце сокче или цуцла и она си запива. А дома знае дека може да не малтретираuser posted image !
Затоа мамички, совет од паталец - оставете го бебето да си заспива само во креветче. Бидете до него, галете го, зборувајте му, ама не го успивајте во раце.

< Поракaта ја уредил Maca25 -- 2.6.2010 11:58:02 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Колку спие вашето бебе?
7.6.2010 12:09:07   
Vanessa Parizov
Oooo nisto strasno moeto bebence na 2 meseci starost spiese samo po ednas dnevno po 45 minuti a navecer recisi i da ne spieseuser posted image no sega veke e 3 meseci i imame red postaveno spie i preku den pocesto a navecer samo za cicanje stanuva.Ne se sekiraj ke si postavite red i vie so vaseto bebe.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Колку спие вашето бебе?
7.6.2010 12:32:28   
***Lide***
i mojot Angel sega uste 2 dena ke pravi 2 meseci i ne spija mnogu dolgo denski poveke pati predremuva po 30 min nekogas saat i ako posakam i jas da se podomoram nema sansi samo sto sum zadremala toj se razbuduva i veke ne se ni obiduvam da zaspijamuser posted image a na vecer si legnuva najdocna vo 21.30 i se razbuduva za cicanje na 3 saati pa i jas se podnaspivam

(Одговор на членот Vanessa Parizov)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Колку спие вашето бебе?
28.6.2010 12:15:14   
Felly RR
ние кога бевме помали си спиевме по 6-7 саати без разбудување, дури и ми беше чудно, и на докторката и кажував, бебе 2 месеци, ама ако не ја разбудам јас за доење, таа си спие и не се разбудува по 6 саати. А докторката ми велеше „па кога си спие ти нема да ја разбудуваш“. И ја оставав, па некогаш се случуваше и по 7-8 саати да спие, па да се разбуди, да јаде, па пак да спие, значи навечер по 12 саати. А денски уште и е ист ритамот си дремнува по пола саат неколку пати. АМ навечер сега веќе се буди на три саати, а кога беше пожешко (не знам дали од жешкото време) на саат се разбудуваше, па некогаш чајче, па некогаш нишкање в раце. И дури ми е чудно, кога беше мала колку убаво си спиеше навечер а сега како се разбудува.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Колку спие вашето бебе?
28.6.2010 22:42:01   
Snowhite RR
Колку сон му треба на вашето бебе?

Малите бебиња секој миг додека се разбудени го поминуваат во истражување на сè што ги опкружува. Како последица на тоа им е потребен многу одмор. Додека спијат нивните мали тела се одмараат, а нивниот мозок се обидува да најде смисла на сè она што го доживеале додека биле разбудени.


Колку сон му е потребен на вашето малечко зависи од неговата возраст.
Секое бебе е различно и си има свои потреби. Некои имаат потреба да спијат повеќе од други, но најчесто за вашите најмили важат следните податоци.

НОВОРОДЕНЧИЊА

Бебињата се раѓаат без смисла за време и спијат кога се уморни, а се будат кога се гладни. Тие спијат околу 15 до 18 часа дневно, но во кратки периоди од 2-4 часа. Предвреме родените бебиња спијат повеќе, а бебињата кои имаат колики помалку.

Интервалите кога спијат бебињата, кои се хранат со мајчино млеко, се пократки (2-3 часа), затоа што бебињата побрзо го дигестираат ова млеко. Бебињата кои се хранат со адаптирано млеко, спијат во подолги интервали (3-4 часа).

Новороденчињата спијат и дење и ноќе. Не следат определен шаблон и се многу непредвидливи. Вие мора да се придржувате кон нивниот ритам и да правите тоа што му е удобно на вашето бебе.

1-4 МЕСЕЦИ

Во овој период вашето бебенце спие 14 ½ -15 ½ часа.

1-2 месец. Во овој период можете да забележите некаков шаблон кој го следи вашето бебе, кога станува збор за спиењето. Најдолгиот период во кој тоа спие е од 4-6 часа и најчесто се случува во текот на ноќта.

Вашето бебе најдолго може да остане будно 2 часа, затоа овозможете му услови да заспие ако измине тој период. Препознајте кога на вашето бебе му се спие. Ако забележите знаци како триење на очите и тргање на ушите, однесете го во креветчето на мирно место за да може да заспие. Сега веќе е чувствително на светлина или звуци, затоа оставајте го да спие во мирна и темна соба.

3-4 месец. Вашето бебенце спие повеќе во текот на ноќта (60%), отколку дење. Како што расте, сè повеќе е свесно за околината и треба да спие во потемна и помирна соба. Сега веќе се социјализира (се смее, гуга) и затоа може да сака да поминува повеќе време со вас. Но, не му го скратувајте сонот, бидејќи може да се преумори.

4-12 МЕСЕЦИ

Иако во идеален случај треба да спијат најмногу до 15 часа, најголем дел од бебињата, кои се на возраст до 11 месеци, спијат 12 ½ часа. Најважно во овој период е да се воспостават здрави навики за спиење.

Плачењето кога го ставате во креветчето или кога ќе се разбуди навечер само ќе се влоши, ако веднаш дотрчувате до него. Освен ако не е гладно или болно, не одете веднаш до него. Треба да бидете упорни, за да му создадете навика за спиење.

Кога е на возраст до 9 месеци, вашето бебе најверојатно ќе се буди во 5 часот наутро и веднаш ќе презаспие, или ќе стане во 7 и ќе го започне денот. Бебињата обично спијат 3 пати дневно, до 6 месечна возраст. После шестиот месец, бебето веќе спие само по два пати дневно и нема потреба да јаде навечер.

1-3 ГОДИНИ

Во овој период вашето малечко е многу активно и сè уште му е потребен многу одмор. Иако во идеален случај треба да спие најмногу до 14 часа дневно, вашето детенце спие околу 10 ½. Во текот на денот има потреба да спие само еднаш.

Многу важно е да ги одржувате воспоставените навики за спиење. Вашето најмило најверојатно си легнува од 19-21 часот и се биди кај 6-8 наутро.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Колку спие вашето бебе?
29.6.2010 16:02:27   
Snowhite RR
Удобен и безбеден сон за вашето бебенце

Како мајка, сигурно постојано се прашувате дали на вашето бебенце му е удобно додека спие, дали му е доволно топло, дали може слободно да дише... Нормално е да ви се вртат сите тие прашања, затоа што сакате вашето најмило да е безбедно и удобно да патува во светот на слатките соништа.


Вашето најмило треба да спие во темна соба, во која не се пуши и на температура еднаква или пониска од 19°C.
Ако ги следите следните 10 правила, можете да бидете сигурни дека вашето бебе ќе спие мирно, безбедно и удобно.

Не го легнувајте на стомак. Порано се препорачуваше оваа положба, но сега сите експерти препорачуваат да го легнувате бебето да спие на грб. Така го намалувате ризикот од синдромот на ненадејна смрт на новороденче (SIDS). Бебето нема сила да мрда ако е поставено на стомак и може да се задуши. Ако го оставите вашето бебенце да спие на грб, тоа може слободно да дише. Откако ќе достигне шестмесечна возраст, бебето веќе може да спие во било која позиција.
Креветчето треба да има преграда или решетки додека бебето не наполни 2 години. Ако креветчето на вашето најмило има решетки, проверете дали растојанието помеѓу нив е доволно мало, т.е. не треба да биде поголемо од 6cm. Така бебето нема да може да ја провне главата меѓу нив.
Изберете дрвено креветче. Тоа ќе ја намали веројатноста од респираторни алергии.
Душекот треба да биде тврд и идеално да одговара на креветчето. Ако душекот е помал, ќе останува празен простор во кој може да падне вашето бебе.
Ставете го веднаш до вашиот кревет. Во првите неколку недели, сигурно ќе ви биде страв да го оставите бебето само, па затоа можете да го ставите креветчето или лулката веднаш до вашиот кревет.
Не ставајте перници и повеќе ќебенца во креветчето. Бебињата лесно можат да се задушат со перничињата или да се затрупаат под ќебињата и да не можат да се ослободат.
Додека е мало, повивајте го во ќебенце. Во првите три месеци, повивајте го бебето во ќебенце. Така ќе се чувствува како да е во утробата и ќе му биде топло.
Одржувајте ја температурата во собата еднаква или пониска од 19 °C. Ако е премногу топло, ќе се покачи телесната температура на бебето, а тоа може да биде штетно. Проверувајте ја температурата во собата со термометар.
Не пушете во куќата. Пасивното пушење е многу штетно за здравјето на новороденчето, затоа што може да се појават респираторни проблеми во текот на ноќта.
Одржувајте ја собата темна. Додека се многу мали бебињата не прават многу разлика дали е светло или темно и спијат без разлика на светлината. Но, како што растат светлината започнува да е проблем. Ако имате проблеми со спиењето на вашето бебе, осигурете се дека тоа спие во максимално темна соба. Можеби тоа е причината за непреспаните ноќи.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 11:51:40   
emma1
me interesira edna rbota (kako prvpat majka) od iskustvo na drugi majki. sekade po spisanie i internet stranici pisuva deka treba da go ostavite bebeto da se uspie samo, odnosno da go stavite vo krevetce dodeka ne e skroz zaspano za da si stvori navika samo da se uspiva. isto taka koga ke se podrazbudi da ne se strcuvate odma da go smirite taka pocesto ke se budi i slicni vakvi soveti.
dali na nekoj mu uspevaat ovie raboti vo praksa, moeto since navecer vo princip zaspiva pri cicanje i koga ke go stavam posle vo krevetce nekogas se slucuva da se razbudi 1,2 za nekoi 10min. pa prvo probuvam da go tapkam po gazeto ili galam po grbceto da prodolzi megutoa ako ne uspee, t.e pocne poveke da place moram da go zemam da go poniskam da se uspie. isto i koga se budi posle nekolku saati, mozebi ne e gladno megutoa koga ke go zemam da go smiram odma pocnuva da bara da cica. sega ima polni 3 meseci i 2 nedeli i pocna nekako pocesto da mi se budi navecer. nekogas od premor go zimam kaj mene vo kreveto okolu 3-4 casot za da mozam da pospijam poveke zatoa sto i on taka pomirno spie. samo se plasam da ne mu stane toa navika, obicno sekoe utro go zimam kaj mene okolu 6, toa go pravam recisi od prviot den megutoa poslednive nedela dena bidejki pocna ponemirno da spie na 2 pati go zemav kaj mene okolu 3 :(.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 13:16:42   
Палешка РР
Здраво emma. Од искуство можам да ти кажам дека теоријата тешко се поклопува со праксата и не само што се сите деца различни туку различно е и самото дете во различни периоди. Ќерка ми до 4 месеци беше ужас со заспивањето, нишкање в раце, пеење, шетање низ сова и ќе заспиеше дури кога јас ќе омалаксав. Некаде после 4 месеци почна да заспива на цицање или сама, од лежење, пресреќна бев! Но и тоа се промени на шестиот месец, сега повторно сака нишкање и пеење. Би те советувала да ги следиш неговите потреби и своите инстикти, а не теоријата user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 1.7.2010 13:17:51 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 15:06:54   
Slagjana
Ема јас исто би те советувала како Палешка. Што ако го оставиш в креветче, а тоа почнува уште посилно да плаче? Кај нас имаше период (негде на 3 месеци) кога вриштеше пред спиење. Само на града заспиваше. И сега се случува истото понекогаш. А за в кревет и јас понекогаш си ја земам после 6 саатот, а не се навикна на тоа. Негде прочитав дека дете до 6 месеци не може да се разгали. Прави како што бара детето.

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 16:38:38   
elle
моментално сака само гушкање( 5 минути) за да заспие, но тоа уште утре може да се промениuser posted image

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 18:54:53   
emma1
fala mnogu :). ma ne ni pravam toa sto go citam nasekade samo me interesirase vase iskustvo i mislenje vo vrska  so ova. a za menuvanje mislam deka sekj den nesto novo izmisluva :)

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Колку спие вашето бебе?
1.7.2010 23:50:43   
Snowhite RR
Моето баш така заспиаваше, го ставав в креветче и сам заспиваше, а сега последниве 2 недели, додека не се изнишаме убаво в раце, да ги прошетаме сите соби, па малку во релаксатор, малку в количка, па пак в раце, нема шанси да заспие, но и во овие вечери има некоја кога заспива како порано, значи сам, а наредната со нишање, бебињата секој ден менуваат. И моето спие в креветче, но кога ќе се разбуди за цицање, во 3,4, некогаш во 5, а некогаш и во 2, тогаш го земам кај мене и тука спие. А кога ќе се разбуди ноќе, како можам да не се стрчам кога вришти на цел глас за цицање. Следи го твојот инстинкт и потребите на детето

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Колку спие вашето бебе?
2.7.2010 9:46:35   
emma1
nemam srce da go ostavam da place, moze i ne treba da ripam kako poparena ama navecer vo poluson koga ke go slusnam ne da ripam :))). maz mi izlaga vlaga vo soba nitu go slusam nitu se budam ama bebeto malku da mrdne odma se budam, cudna rabota bil majcinskiot instinkt.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Колку спие вашето бебе?
11.7.2010 20:53:15   
biljance_bie
здраво на сите,јас морам да се пофалам и да кажам дека го имам најмирното бебе од кога се роди дента може два до три саата да спие а нокта од 22 часот до сабајле до 5 6 некогаш 7 часот не фака,и супер си напреднува веке е 5 месеци не го послушав докторот кога кажа да ја будам на 2 саатаи сега за сега е се добро поздрав

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Колку спие вашето бебе?
11.7.2010 21:13:29   
Палешка РР
Блазесити билјанче_биеuser posted image Миа моја е ноќна птица, еве шест месеци во 2-3 наутро заспива user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот biljance_bie)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Колку спие вашето бебе?
11.7.2010 22:37:35   
Тања РР
Леле Палешка необична е сличноста меѓу моите и твоите макиuser posted image . На неколку места сум се пронашла во твој пост.
Еве, и мојата вувузела заспива најрано во 2. Денес ја успав во 21:30 ама еве ја се буди веќеuser posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Колку спие вашето бебе?
11.7.2010 22:40:22   
elle
ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

моментално сака само гушкање( 5 минути) за да заспие, но тоа уште утре може да се промениuser posted image

сега заспива само цицајки, каква промена за 10 дена откако е објавен постот


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Колку спие вашето бебе?
12.7.2010 15:55:11   
emma1
a kako vi spijat bebcinjata preku den? moeto vo posledno vreme spie po 2-3 pati od koi ednas podolgo okolu 2 saati ama nikako bez da se razbudi nekolku pati i toa nekogas so vristenje. i sekogas razlicno vreme, ke spie nekolku dena skoro vo isto vreme pa posle ke smeni i se taka. isto taka nekogas poubavo spie preku den vo kolicka, nekogas na spalna nekogas vo krevetce, kako ke mu tekne.
od kolku meseci vasite bebinja si fatija nekoj red vo smisla na dnevno spienje i mesto na spienje preku den???

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Колку спие вашето бебе?
17.7.2010 23:50:50   
Maca25
Да ја пофалам нина, денес спиеше од 13 до 16.20 кај моите. се изначудив. во градинка ми викаат дека најголема спанка е. а зошто само дома спие по 40 минути?!?!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот emma1)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Колку спие вашето бебе?
18.7.2010 0:18:59   
Палешка РР
Спие од 2:30 - 11:30 со два пати будење за цицање. И толку.
После треба да ја успивам 3 x пола саат за да поспие 15 мин. Пукнав user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Колку спие вашето бебе?
20.7.2010 16:44:21   
AnnaMolly RR
Јас не знам каде да го поставам моево прашање, па решив тука зашто е поврзано со спиењето.
Филип има 6 недели и нема проблем со спиење. Понекогаш се случува по цел ден само 2-3 саати вкупно да спие, ама мирен си е. Навечер пу пу да не го урочам :) немаме проблем, само за јадење станува и веднаш потоа си заспива.
Само приметив дека понекогаш во спиење е многу немирен, но не се буди. Само се тегне, па се склопчува целиот и прави фаци, дури се вцрвенува во лицето како да кака, мислиш ќе пукне, ама не кака. И испушта некои звуци мене што ми личат како кога некој си го прочистува грлото. Тетка ми ми кажа дека е можно да има киселини од млекото, зашто сме исклучиво на адаптирано млеко. Ќерка и исто така правела и на лекар и рекле дека се киселини од млекото. И таа и даваше само адаптирано млеко.
Па викам ај и тука да ве прашам, може некој има слично искуство.
Може и не му е ништо, ама јас прв пат мајка па немам многу искуство, а вашите совети тука премногу ми помагаат, се што ми треба си читам.
Има ли некој што знае од што може да му е така?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Колку спие вашето бебе?
20.7.2010 16:59:05   
Albi
Anna i ovoj mojot dur ne napolni 2 i pol meseci preku den ne mi spiese tolku da ne recam ic da sobiras od 12 sati den za nego samo 2 sati son prasav i pediatarot mi rece deka takov temperamnt ima i toa ne se menuva dur ne saka toj i eve kako napolni 3 meseci mnogu poveke spie preku den pak ne kolku treba ama sto vikas i ti PU PU da ne gi urocime dvajcata pa navecer trupcee duri i sega i poretko pie pa se cudam koga mi vikat nema son navecer user posted image  a za drugoto za glasovite sto vikas dali go krevas da zdrigne posto e na adaptirano mleko znam deka posto spie mnogu potesko ide barem kaj nas taka bese neke pa neke ako samo drzi go neka spie ispraven kaj tebe na ramo i namesto da go udiras po grbot cesaj go malku pojako gore dolu po grbot kaj nas ovaa najmnogu pali mnogu pobrzo zdrignuva

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Колку спие вашето бебе?
20.7.2010 17:18:02   
AnnaMolly RR
Обавезно чекам да ждригне. Некогаш и по 20 минути го држам. И пак прави така. Некогаш и по тие 20 минути не ждрига и го ставам да спие.
Ќе пробам и така по грпчето, може ќе ждригне полесно.

(Одговор на членот Albi)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?