|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:16:28   
big_mama817
жаклина нормална реакција е од вакцината немој да се грижиш повеќето деца го поминуваат тоа user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 326
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:21:27   
zaklina
vi blagodaram sto me ohrabruvate user posted image znam deka e normalno no me plasi toa sto celo sabajle e postojano 37.5. ne e visoka no ne se ni namaluva.ne znam dali da go zatoplam ubavo so kebence za da se ispoti ili da go ostavam samo po pantalonki? 

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 327
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:27:48   
Nade
Подобро да не го затоплуваш, во суштина скоро секогаш се препорачува при температура полесно да биде облечено подобро ке се чуствува и ке му дадеш DALERON  да му се намали температурата и да не се нервира поради болката и се ке помине се е тоа нормално поздравuser posted image

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот zaklina)
Непосредна врска до пораките: 328
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:32:22   
Nade
Жаклина, мој совет немој веке никогаш да го масираш малиот со ракија, воопшто не се препорачува, ракијата грее а плус преку порите му навлегува во организмот, да го разголиш или да го избањкаш поефикасно е заедно со сирупчето

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот zaklina)
Непосредна врска до пораките: 329
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:41:50   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: zaklina

vi blagodaram sto me ohrabruvate user posted image znam deka e normalno no me plasi toa sto celo sabajle e postojano 37.5. ne e visoka no ne se ni namaluva.ne znam dali da go zatoplam ubavo so kebence za da se ispoti ili da go ostavam samo po pantalonki? 


Жаклина, нормална реакција од вакцината. Не е страшно, само далерон и толку.
И чим цица нормално, се е во ред.
Тоа што спие познато ми е, децата мои се утепуваа спиење после вакцина и педијатарот ми кажа дека тоа е нормално, вакцината ги успива.

Инаку совет за нареден пат, јас вака правев: штом се вратите од вакцина, одма една лажичка парацетамотл. Не чекај да дигне. Барем парацетамолот не е толку токсичен и не го нарушува имунитетот, па еднаш месечно ако му дадеш една лажичка за да не качи температура не е толку страшно. Матичната ми кажа дека не мора така да правам, дека температурата е нормална, ама дека нема ништо лошо така што сум направила, а мене ми беше шубе  да знам дека сепак ќе качи, јас да можам да спречам, а да не спречувам.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот zaklina)
Непосредна врска до пораките: 330
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 9:45:50   
Палешка РР
Кај нас препорачуваат и докторките и сестрите кај вакцината да се дава Далерон на четири часа, но само 24 часа, повеќе не. Значи ако е висока температурата и ако не се симнува можеш и на 4 часа, не мораш да чекаш 6 - проверено.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 331
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 22:20:44   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Жаклина, нормална реакција од вакцината. Не е страшно, само далерон и толку.
И чим цица нормално, се е во ред.
Тоа што спие познато ми е, децата мои се утепуваа спиење после вакцина и педијатарот ми кажа дека тоа е нормално, вакцината ги успива.

Инаку совет за нареден пат, јас вака правев: штом се вратите од вакцина, одма една лажичка парацетамотл. Не чекај да дигне. Барем парацетамолот не е толку токсичен и не го нарушува имунитетот, па еднаш месечно ако му дадеш една лажичка за да не качи температура не е толку страшно. Матичната ми кажа дека не мора така да правам, дека температурата е нормална, ама дека нема ништо лошо така што сум направила, а мене ми беше шубе  да знам дека сепак ќе качи, јас да можам да спречам, а да не спречувам.



Виктори има сега некои најнови истражувања за тоа дали парацетамолот е оправдано да се дава рутински после вакцинација. Се смета, но не е целосно потврдено, дека можно е таквата практика да го намали ефектот на вакцината. Имено, температурата по вакцинација децата ја креваат како одговор на нивниот имун систем врз примените антигени (во случајот вакцините), a парацетамолот ја намалува способноста на организмот да продуцита потполн имун одговор на вакцината.
Не ми е целта да те исплашам, сакам само да те информирам тебе и другите мамички дека ако нема потреба подобро е да го избегнат парацетамолот веднаш по имунизацијата.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 332
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 23:20:11   
Viktori
Не велам дека си или не во право, ама муабетот околу вакцините може да се прошири до бескрај.
Инаку компликациите (во некои) случаи се многу пострашни, од тоа дали таа вакцина во тој момент ќе биде успешна или не. На бебе од 3 месеци јас не би ризикувала висока температура, кога истата таа вакцина се прима и на 4 и на 5 и уште не знам колку пати до 7 години.
Не знам сега што истражуваат и што откриле, моето искуство беше добро, за децата мои.
А се сметаат сега да, кога испадна дека пола вакцини, или барем оние што доаѓаат во земја како нашата се неквалитетни, не доволно прочистени па ако нема на кого вината префрли ја на мајката.
Инаку како понаку да се објасни вакво „истражување„ кога испаѓа дека ако детето крене температура после пола саат ти не смееш да му дадеш парацетамол?
Педијатарот ми кажа дека 1 саат после вакцина детето или бебето не треба да цица или јаде, за да не ја поврати таа што се дава во капки, ништо повеќе.
И не се секирај, не ме исплаши  user posted image и  онака не верувам на недокажани истражувања.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 333
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 23:22:36   
Viktori
а и уште нешто, парацетамолот нема дејство да сопре воспаление, (да ги уништи полумртвите клетки) туку само ја намалува телесната температура.
Такво својство има ибупрофенот.
(од тоа што имам читано)


< Поракaта ја уредил виктори -- 2.6.2010 23:23:47 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 334
   RE: Температура кај децата
2.6.2010 23:25:41   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

а и уште нешто, парацетамолот нема дејство да намали воспалителен процес, (да ги уништи полумртвите клетки) туку само ја намалува телесната температура.
Такво својство има ибупрофенот.
(од тоа што имам читано)



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 335
   RE: Температура кај децата
27.6.2010 20:42:19   
Maca25
И еве пак се бориме со висока температура. Качи во средата, па чет. не ја пратив во градинка, па и се симна, па 2 дена ништо и еве денес изгоре цел ден. Антибиотик не е препорачливо да пие, само што заврши со терапија Панцеф, сега ја фати пролив и темп. и се лечиме само со туширање и парацетамол. Еве веќе 2 дена ништо нема јадено, за среќа пие многу течности. Денес цел ден е качи-спушти со темп, веќе ќе полудам. Сега последно и измерив 39,3 и одма под туш, неколку минутки ја туширав, ја облеков и дадов одма сирупче за тепм, и одма заспа. Сирото дете цел ден се мачи. ЗНам дека не треба да ја оставам да спие кога има темп, ама ете ја сама си заспа и жал ми беше да ја будам.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 336
   RE: Температура кај децата
27.6.2010 20:48:18   
nadica
ах маце мила нина најверојатно тешко ја поднесува промената домашно чување/градинкаuser posted image
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за нина побрзо да оздрави и бакнежи од надица

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 337
   RE: Температура кај децата
27.6.2010 20:54:07   
Maca25
Фала ти многу мила. не знам веќе што да правам, 5 дена оди во градинка, 2 недели болна дома. Стварно не знам што и е. Толку ли и е слаб имунитетот?!?! До пред да тргне во градинка (значи до пред 2 месеци) се немаше разболено или пак качено температура (освен од заби). Сега секоја 3 недела е болна. Ми се вришти, ми се плаче. Подобро јас да сум болна него ли таа. Срце какво ми е омалаксано, ослабено, без енергија..user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 338
   RE: Температура кај децата
27.6.2010 22:38:40   
Martins mom
ај нека оздрави побрзо, да не биде мама толку загрижена и рает да оди на работа...
ама и времево е лудо...неизбежно е да се разболиш на вакво време...ние попуштаме, а не пак дечињата...
user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 339
   RE: Температура кај децата
27.6.2010 22:42:12   
Палешка РР
Ох злато мало user posted image Јас не би ја носела повеќе во градинка Маца, најди жена да ја чува или барај друго решение, како баба-ситерка ако си во можност. Само и пренесуваат, загревотка user posted image
Ајде со лесно да и помине!


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 340
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 9:03:33   
big_mama817
маца25 со помин само нека е се сложувам  со Палешка може е најдобро извесен период да најдеш жена да ја чува додека малку и ојача имунитетот и малку да потпорасне поздрав user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 341
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 9:16:57   
beki RR
Маца , пробај да му даваш имунобор кидс, опдличен е за јакнење на имунитетот.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 342
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 10:21:13   
Viktori
Јас не мислам дека жена е решение на проблемот. Прво, нема секој да плаќа пари за жена, и второ, како ќе и зајакне имунитетот ако не се сретнува со бактерии и вируси? И да ја чива сега жена дома 1 месец, после тоа кога ќе појде во градинка ќе биде исто.
Мислам дека наместо да ја трујат докторите, треба да најдат од што уствари се разболува точно.
Инаку, на син ми му давав Саносвит, мислам дека се викаше. Супер сируп, мултивитамински, а има и + железо. Пред 5-6 години, кога моите беа бебиња, беше најдобар сируп (германски) Околу 400 ден мислам дека бешеuser posted image . Ама сега не сум му дала одамна...

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 343
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 10:27:53   
Палешка РР
Јас зборувам од искуство. Не знам дали некое дете повеќе се разболувало од Марио, јас бев на работ на нервен слом со таа градинка. Откако решив дома да го чува девојка, почнав да му давам и средства за јакнење на имунитетот и беше многу подобро. И јас мислев дека има некое жариште што толку се разболува и направивме секакви испитувања и ништо...сите доктори советуваа извесно време да биде во изолација од вируси.  Организмот му зајакна и кога тргна на училиште многу поретко се разболуваше.
Но еве да не сугерирам, секоја мајка најдобро си знае..овде само разменуваме искуства со цел да помогнеме.

< Поракaта ја уредил Палешка -- 28.6.2010 10:28:57 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 344
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 10:33:38   
Viktori
Рзлични искуства имаме user posted image
Не се натегам. Син ми беше нонстоп болен, со клинички инекции во домашни услови, оти веќе не сакав во болница да лежи. Имал атипична алергија затоа не му ја откриле им беше објаснувањето. Види молим те.... Инаку го носев во градинка. Во еден месец, една недела. Предлог за решение на проблемот: Др. Хаус да го поканиме во Македонија  user posted image user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 345
   RE: Температура кај децата
28.6.2010 10:49:06   
nadica
Др. Хаус да го поканиме во Македонија


прекрасно решение на проблемите user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 346
   RE: Температура кај децата
1.7.2010 9:46:24   
elle
Леле веќе четврти ден сме со температураuser posted image
До 38,5 качува најмногу. Дење нема а околу 19-20ч. ќе качи. Примаше првите два дена инекции, денес бевме на доктор пак, леукоцитите се во ред, според докторката изгледа ќе излезе првото запче. Но од запчето ни трага ни глас... Какво е вашето искуство со растењето на запче и температурата, за колку време да чекам да излезе запчето? И зарем не е многу 4 дена со температура, др. вика да и давам парацетамол, но не сакам да го ''трујам'' веќе детето, но не сакам ни да се мачи со Т. Кое е помало зло во случајов?


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 347
   RE: Температура кај децата
1.7.2010 10:11:37   
melody
Elle i kerka mi bese od prilika 4 dena so temperatura do 38 stepeni pred da i izleze vtoroto zapce,a za paracetamolot sto znam sto da ti kazam jas mislam deka samo ednas i dadov na kerka mi posle toa vidov deka dobro ja podesuvase temperaturata bez placki bez ocinjata da i zacrvenat i ne i dadov povtorno iako maz mi mi vikase daj i. Ne se sekiraj ke pomine i posle koga ke se nasmee i koga ke zableska zapceto ke vidis kakvo cuvstvo ke te oblee na sreka.Ajde samo so lesuser posted image

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 348
   RE: Температура кај децата
1.7.2010 10:30:32   
big_mama817
елле ние сите запчиња значи од првото до последното ги извадивме со температура и тоа од 2-3 дена значи додека не избие и верувај секогаш кога му растеше запчиња мене косата ми се креваше нагоре но се надевам дека кај вас нема да биде така ај со лесно и со помин user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 349
   RE: Температура кај децата
23.7.2010 14:20:03   
anedespo
Температуратата не е толку опасна колку што е причината од која се појавува. Бактерија од која може да се добие сепса и други оштетувања. Таа е само полезна за организмот за да се избори против бактеријата. Јас до 39 не давам никаква терапија само над. И не ме плаши зашто организмот си има термостат кој ја држи до еден максимум. До МАЦА25 еден совет: јас го имав истиот проблем што она го има со своето дете. Секој месец фаќаше септични гнојни ангини кои и со Панцеф тешко му поминуваа. Дојдовме и до операција која за среќа во тој момент бидејќи беше под вирус ја одложија. Во меѓувреме го изолиравме од две деца во кои се сомневавмедетето на брат ми и золва ми), а играше со сите останати и одеше во градинка. Од тогаш ниту еднаш не е разболен, освен лесни вируси со течење нос. А ние ќе му ги извадевме крајниците. Значи некој мора да му ја пренесува бактеријата. Па испитајте. Зашто моето фати и триста компликации: косопаст, хенох пурпура, мегалобластна анемија.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 350
Страница:   <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?