|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што ако полот не е тој?
6.12.2009 21:47:37   
mami
Дали сте размислувале на оваа тема? Еве докторот ви кажува дека е машко/женско, цела бременост така и на крај кога ке се породите излегува дека згрешиле и полот е другиот...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што ако полот не е тој?
6.12.2009 22:01:48   
Maria
Леле мами јас цело време мислам и потајно се надевам дека згрешил.Имам син и сега ми кажа дека е пак машко,а веке сум осми месец.Да се породам и да излезе дека е девојче незнам што би направила,би викала и плачела од среќа.user posted image Но,не ,не верувам,пак е машкоuser posted image но нека е здраво и живо,а ако излезе спротивното...user posted image user posted image user posted image user posted image ќе дојдам дури до Скопје да ве частамuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што ако полот не е тој?
6.12.2009 22:37:25   
Весна
Уф, пу пу пу скраја да е, особено кога сега се’ е спремно како за девојче. Но, сигурни сме дека е Јана, си имаме и зумирано, јасно сликиче со двете линиички. user posted image
Туку, ако се случи тоа, како што немам доверба во луѓето, сигурно би помислила дека ми го замениле детето, и тоа намерно user posted image

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што ако полот не е тој?
6.12.2009 22:44:05   
Mila na mama
Јас едноставно претчувствував дека е девојче, а и лекарката беше 100% сигурна. Е ама имаше еден период кога си велев а што ако биде машко? И баш во тој период купувам боди а продавачката ми вели абе некупувај во боја купи си бело за секој случај да не излезе машко па да треба да носи розево оти испрани не ги заменуваме. Јас се позамислив и ништо не купив ама по некој ден пак ги купив розевите.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што ако полот не е тој?
6.12.2009 22:48:02   
pacuvce
Lele,mene mi se sluci nesto mnogu smesno na ovaa tema.Cela bremenost mi vikaat nosis masko.I jas dobro.Mene ne mi ni bese vazno sto e samo da e zivo i zdravo.E sega doaga momentot da se poragam.Jas cel den so bolki,na nikogo ne kazuvam se do vecerta vo 20 h.mu vikam na mm ajde da odime jas ke se poragam.Stignuvame vo Re-medika,den nedela,dezurna Dr.Sopova so akuserka Biljana.I akuserkava me stavi na CTG i mi vika Dr.e na vizita,ke dojde pa ke te pregleda.Arno ama jas pocnav da se poragam.I akuserkata koga se ispanici,Jas vikam kolku me drzi glas,taa ja bara doktorkata,totalen haos.Jas od bolki ne mozam na boks da se kacam,zivi smeski.I od sto site se ispanicija,koga izleze bebto,akuserkata mi vika"Aj cestito kerka".I jas vo toj moment si vika-ej,majkata,pa neli masko bese.Ama si vikam zensko,zensko,samo da e zivo i zdravo.Vo toj moment doaga Dr.Pedijatar-Neonatolog Haxi-Manceva,go pregleduva bebeto i mi veli:Neka e ziv i zdrav sin ti,tolku i tolku e tezok i sl.raboti...Jas user posted image ...Posle koga ne fati edno smeenje.Jas de placam,de se smeam...Akuserkata mi vika:Ti sto ne se pobuni,sto kutis? Zivi smeski...Ete ja mojata prikazna...
Na kraj mozam samo edno da kazam:jas imam dva sina i mislam deka voopsto ne e biten polot.Bitno e deteto da e zivo i zdravo,a za vo zivotot sekoe so svojata sreka...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што ако полот не е тој?
6.12.2009 23:01:46   
Maria
Мислам дека лекарите(барем тие што имаат поново ехо)ретко грешат.Мене и првата бременост ми ја водеше овој лекар,можеби некој го знае или има слушнато за него д-р Гетов во Валандово,тој скоро никогаш не греши.Многу добар доктор.И за првото уште 18 недела ми кажа машко и тоа и излезе.Ајде нека се живи и здрави,а вие мамички што имате ќерки кога ќе решиме да одиме на трето,мора да ми дадете рецепт.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 0:26:27   
alex_mo
    Во првата бременост не сакав да го знам полот и така остана до крај ,ама некако одвнатре знаев дека е машко.Сега уште веднаш почнавме да го испрашуваме др какво е .Од почеток кажуваше женско со мала резерва,а сега 100% е сигурен дека е девојче.ММ и син ми некако беа убедени дека ќе биде женско,а јас имав желба ама некако бев на две оти ка ММ во фамилија немаат ни едно девојче.........
А да ви кажам за едни наши пријатели имаа голема желба за машко.Тие живеат ви Грција и кога беа тука др им кажа женско ама околу 16 недела,потоа сите прегледи во Грција - женско и се им беше спремно.Се јавуваат еден ден и кажуваат дека им се родил син ,сите изненадени,сепак желбата се исполни,а фамилијата запрепастена.Бабата се враќа и кажува дека ден пред да оди за Грција купила златни обретки,вечерта се вратила кај златарот и ги заменила за бразлетна...како да знаеле..замислете го ова....

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:34:16   
mami
Воденешно време се е можно..имам пријатели на кои цела бременост им викаа дека е машко и на крај излезе девојче- објаснувањето на докторот- па изгледа папочната врвца му била незгодно наместена затоа така се покажувало...
а ја започнав темата баш од таа причина што сите порано спремаме и боја и се- кај мене бидејќи не сакавме д знаеме беше се во бело сина комбинација или зелено жолта, немаше розево зошто си реков- и да биде девојче во розево - никако

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:43:46   
ripce
Нам гинекологот многу рано ни го кажа полот, а и некако од самиот почеток на бременоста претчувствував дека е машко, и цело време се потпирав на мојата интуиција која ретко знае да ме изневери. Како одевме на наредни прегледи д-р потврдуваше дека е машко, дури на еден од прегледите и самите се уверивме зашто на ехото јасно се гледаше дека станува збор за машкоuser posted image user posted image user posted image Но иако бевме речиси 100% сигурни за полот купувањето на облека, количка, релаксатор... го оставивме за 3-4 недели пред породувањето. мм и ден ден не признава дека пред даго дознаеме полот некако беше замислен што ќе биде, а откако ни го кажаа вика не е битно само да е живо и здраво, значи го забележав дека потајно се радува дека е машко, мене навистина не ми беше битно секое дете е подеднаква радост за мајката.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:45:46   
tereza
Ова е многу интересно зашто такви случки за погрешен пол на детето има многуuser posted image другарка ми од Америка мажена во Охрид остана бремена и во Ох ја гледаа на ехо и вика докторот девојче е,човекот убеден,а тие сакаа машко,и нема врска добро.Одат во Америка и тамошната докторка ја гледа на ехо во 7ипол месеци веке и им вели сакате да знаете за полот,и овие знаеме женско е ни кажаа во Македонијаuser posted image и докторката не е женско момче е,демек 100% сигурна женатаuser posted image
и маж и целиот среќен и рекол на докторката абе јас нема шанса да утнавuser posted image user posted image user posted image  

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:47:50   
profesorica
и нам кога ни кажаа дека е машко само ми се потврди тоа што го мислев, посакував и очекував.а потоа и сами се уверивме на ехото. доколку ми кажеше дека е женско пак ќе се израдував, бидејќи пред да останам бремена посакував женско.

мислам дека ова прашање би било поинтересно за оние кои носат второ дете.нели доколку имаат син/ќерка а следното испадне од ист пол?како би се осеќале?дали ви е битно да биде едно девојче а едно машко?

или еве некои рр-јки кои имаат две деца нека го опишат чувствтото кога има кажале кој е полот на детето и што си помислиле доколку полот не е тој очекуваниот?


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:49:21   
Палешка РР
аааа...не играме вака user posted image  user posted image  user posted image

Па ништо..нека е живо и здраво, мое си е user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:52:22   
big_mama817
искрено потајно посакував да е женско но уште од првиот момент кога дознав дека сум бремена знаев дека е машко не е битен полот битно е да е здрав и жив

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 9:53:57   
arh_diz
Vazno e da bide zdravo i zivo polot e najmalku vazen

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Што ако полот не е тој?
7.12.2009 10:08:50   
zami
Mene rano mi kazaa deka e masko, ama do posleden den se nadevav na zensko, ama koga mi go dadoa bebeto svativ deka voopsto ne e vazno sto e samo da e zivo i zdravo.

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Што ако полот не е тој?
12.12.2009 9:23:31   
bileg
i mene mi rekoa deka e zensko za prviot sin a jas od pregolema zelba za kerka sve rozevo kupiv i na kraj se poragam mi go pokazaa ja abe trebase da bide masko i site me gledaatuser posted image user posted image user posted image ama zdravje samo si vikam aj treto kerka

_____________________________

иван и јане се мојот живот

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Што ако полот не е тој?
12.12.2009 9:35:48   
biljana16
Мене полот ми го кажаа уште во 12та недела така да немав време да размислувам дали сакам да  биде машко или женско. Откако ни кажаа дека е машко мм од преголема желба за женско рече дека др. греши. После тоа кога 100% кажаа дека е мажко се помири со тоа и веќе не размислува на тоа. Едвај го чекаме да се роди.

(Одговор на членот bileg)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Што ако полот не е тој?
12.12.2009 11:16:33   
majka 79
jas imam dve sincinja, a cel zivot sum sakala samo zenski. koga se rodi prvoto masko mi bese seedno, mislev deka sekako vtoroto ke bide zensko. vtorata bremenost koga mi kazaa deka nosam masko cel svet mi se srusi. no koga se rodi edno srcence masko sto zivotot mi go razveseli ne bi go menuvala ni za 10 zenski. sto znaci polot nema vrska. detence koga e tvoe tolku e milo sto ne e bitno dali e masko ili zensko.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Што ако полот не е тој?
19.12.2009 1:02:24   
Еца
Првата бременост кога докторот ми кажа дека е женско не верував, бидејќи бев силно уверена дека носам машко. Не дека сакав машко, туку нешто одвантре ме тераше така да си мислам. Но она што постојано си велев само нека е живо и здраво, наше си е. Вториот пат бев 100% сигурна дека е машко и сакав да биде машко, ете за промена, ама мм навиваше пак за женско, ми вика абе поубаво женско, помило. А јас му викам не, не машко носам. И на почетокот не сакав да знам, ама со време почна да ме копка и на еден преглед му викам на др. дај кажете ми што носам. И тој се смее и вика не можеш ти да издржиш и ми кажа женско, ја му викам грешка сте, он еве ти слика носи на мм да ја види керка сиuser posted image не бев разочарана, зошто се беше во ред со бебулето, а тоа е најважно. И така сега си имам две златни ќеркички. А докторот на еден преглед на мм му вика за третото мора да направиме да биде машко. ММ му вика не сум јас расположен за машко, а докторот упорен ама мора, толку сте позитвни ви треба и машко, за промена. И ми кажа дека постои начин преку пресметување некакво, нешто околу овилацијата ми спомна, немам поима да се одреди полот на детето. Баш деновиве ќе одам и ќе го прашам да ми кажеuser posted image Не не мислам да одам на третоuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Што ако полот не е тој?
19.12.2009 10:34:39   
Mila na mama
Табела за пресметување на полот на бебето.

КЛИК ТУКА

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Што ако полот не е тој?
19.12.2009 21:36:22   
mis.
Табелата на мене ми погоди.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Што ако полот не е тој?
20.12.2009 14:08:01   
alex_mo
    Мене табелата не  ми погоди.Пресметував и за син ми според неговиот роденден и тоа не ми беше точно.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Што ако полот не е тој?
25.12.2009 19:09:03   
Maria
Voopsto ne veruvam vo ovie tabeli.Gi ima mnogu i nitu edna ne e tocna.Barem vo mojot slucaj.Za vtorovo,postojano mi izleguva deka e devojce.user posted image A doktorot veli deka e masko.Taman rabota da gresi,veke sum 9ti mesec.user posted image Mozebi na nekoj mu pogodila,no po cista slucajnost.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Што ако полот не е тој?
26.12.2009 2:19:01   
alex_mo
  Мене некои од табеливе што се наоѓаат на нет ми погодија,оваа не ,а онаа што ја има мојот матичен гинеколог ми погоди.Се борев едно 10-тина месеци да останам бремена и кога се случи др ми вади една табела и ми вика сигурно ке биде женско.Јас сум скептик за такви надрилекарски работи ,ама ете се погоди ,дали случаност или вистина..Тој вика дека 80% е точна..

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Што ако полот не е тој?
19.8.2010 16:21:18   
vezilka RR
Ние толку се навикнавме со идеата дека ќе биде машко што ако се случи женско мислам дека малку ќе не збуни..Не дека женско не сакаме туку ептен се внесовме во филмот машко, и по име веќе го викаме..Здравје, само нека се роди живо и здраво.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?