Bitolcanka
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка Битолчанкааа, ни недостигаше Како си помина на одмор, што има ново кај тебе, ајде кажуваај И вие мене, премногу Можеи зашто не застанав да здивнам, не ме надвладеа тоа, но чувствував голема празнина ... Очите ме болат, ако верувате ни едно кафе немам испиено онака, лежерно, да одморам тело и очи. Пауза од компјутер со кафе, но со книга в рака. Навистина се зазедов овој пат за зацртаното, навлегов како дете во бајките Цело лето по малку работев, повеќе одмарав, но овие 15-тина дена турбо - без минимален одмор (освен спиењето ако го сметам). Пред некој ден ми беше зацрвенето окото, омалаксана бев (претходно од носот крв ми течеше - мајка ми вели ќе ми ослабела крвта, не сум јадела ), легнав 15-тина минути и тоа беше. Вчера цел ден тренинг на очите, ни 1 минута немам легнато, во 5ч.изутринава само кафе се напив, едно чоколадно бонбонче и вода и тоа беше. Во 7ч. излегов од дома, со едно долго тесно фустанче, на високи штикли - одев и ми се чинеше - ќе се струполам на пат За среќа не се случи тоа, во тој миг душманите беа спроти мене, ќе се кикотеа - не им го направив тоа задоволство. Со крената глававо нови походи БТВ - денес, конечно, го предадов теорискиот дел од трудот (120 страни - како нечиј цел магистерски), денес имам некоја обврска за други, а од утре со материјалот - рачно - нема лабаво Мислев се шегува дм кога рече 450 страни ќе ми зафати, но како што ми се гледа - така ќе е Значи нема нешто во што не претерувам Друго - ослабена сум уште 1 кг Се навикнав на минимална храна, кафиња постојано и вода ... Кај тебе Палешке што има ново? Како е Миа? Марио се подготвува за во средно? Другите што ќе се пофалите/пожалите? Како си го минувате летово? Му се ближи крајот ...
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|