|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Во форма после породувањето
31.7.2009 14:15:19   
Еца
Иако новите мајки се фокусирани кон водењето грижа за своите новороденчиња, многу од нив едвај чекаат да се ослободат од вишокот килограми кои ги добиле во текот на бременоста.
Пред да започнете било каква програма со вежби, или пак слабеење, најпрво треба да се консултирате со својот доктор.

Еве неколку предлози кои ќе ви помогнат да започнете со вежбање после породувањето:

-    Започнете да вежбате во бавно темпо, посебно ако не сте вежбале многу во текот на бременоста
-    Секогаш започнете ги вежбите откако ќе се загреете и завршете ги со период на успорување
-    Вежбајте со спортски градник
-    Започнете со редовно пешачење. Може да го земете и бебето со вас
-    Од пешачење префрлете се на потешки вежби
-    Размислете да започнете со часови по вежбање креирани за нови мајки
-    Побарајте програми за вежбање во некој фитнес центар

Јас дефинитивно ќе вежбам, само малку да се опоравам и најпрво ќе почнам со симнување и качување по скали, бидејќи живеам на 9 кат. Ајде мамички вие кои веќе имате бебиња, дали практикувате некои вежви, справи во домот... Мислам дека сме млади и дека треба да си посветиме и внимание и на самите нас, за да се чувствуваме убаво.А воедно да поработиме и на нашето тело и здравиот дух.user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Во форма после породувањето
31.7.2009 14:18:00   
mami
јас имам редовна вежба дома- живееме во куќа на 2 спрата и на горниот се сите работи кои ми требаа за Лука така што дневно и незнам колку пати ги качувам и симнувам..а инаку реодвна ни е нокна прошетка пред спиење која трае по 1-2 часа и сега за сега ми е доволно. А инаку имам дома топка за вежбање ама никако да почнам, се некако сум уморна

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Во форма после породувањето
31.7.2009 14:24:28   
ripce
воопшто не сум во форма, треба да симнам 5-6 кг, ама постојано се уморна, се ме боли, немам време... надеж ми е постот што следи од 14-27 август за Богородица планирам и се имам заречено да постам, се надевам ќе симнам некое кг, инаку лесно симнувам, тешко е да се решам на тоаuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Во форма после породувањето
31.7.2009 19:23:27   
Еца
Ајде мили за сите нас кои сакаме да изгледаме и подобро и малку да се размрдаме 10 минути можеме да одвоиме, ќе ве молам без изговориuser posted image user posted image user posted image 10 минути секој може да одвои ако сака, затоа во акција жени:
Секој од нас има делови од телото со кои си има одредени проблеми и кои не се решаваат со никакви напори за губење на тежината.
Ако се работи за стомачни мускули, не се работи само за квантитетот на вежбите кои ги правите, туку на самиот квалитет.

Неколку совети за тоа како да постигнете рамен стомак за кратко време.

- Легнете на подот со свиткани нозе, ставете ги вашите палци на долниот дел од ребрата а вашиот мал прст на колковите. Потоа почнете да го кревате горниот дел од телото, но водејќи со градната коска, а не главата, брадата, или носот). Допрете до колената и полека спуштете се.

Движењето треба да биде долго и во двата правци.

- За да се израмни долниот дел од стомакот, застанете на колената и потпрете се со рацете на подот, кревајќи го папокот нагоре колку што можете повеќе, воедно стегајќи ги мускулите. Ако го направите тоа со опуштени мускули ќе забележите дека губите рамнотежа.

- Рамен стомак без болки во вратот. Легнете на грбот и кренете ги нозете и рацете од подот, вашите колена свиткани над колковите а рацете директно над рамената со дланките нагоре. Останете мирни колку што можете повеќе и цврсто повлечете ги абдоминалните мускули кон рбетот. Останете во таа положба двапати, броејќи до 8.

- Спуштете го вашето десно стапало до подот и удрете со петата 4 пати, без да го виткате грбот. Со контракции на абдоменот кренете го десното стапало, а потоа повторете ја постапката со левото.user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Во форма после породувањето
2.8.2009 9:47:07   
mimicka
Elena toa e toa sto mi treba malku da se dovedam vo forma. Navistina moze da se odvojat 10 minuti za malku vezbanje user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Во форма после породувањето
2.8.2009 21:17:31   
Еца
Пред да почнете со вежбите потребно е да се консултирате со вашиот лекар - дали постојат некои контраиндикации. Тоа е особено важно за младите мајки кои неодмна се породиле. Ако породувањето поминало без компликацииможе да почнете со вежбање по 4-6 недели, а по царски рез можете да почнете по 6-8 недели.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Во форма после породувањето
10.8.2009 0:13:25   
Twins
  Елена, вежбите што ги имаш напишано ,  дали ти се испробани? има ефект? оти стомаков ми е за никадеuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Во форма после породувањето
10.8.2009 0:35:24   
Еца
Да, Твинс, има ефект, јас имам уште вежби, но тие ги гледам од слики па ако успеам убаво да ги прилагодам и објаснам ке ви ги напишам, инаку навистина со малку труд и воља, и секојдневно вежбање макар и по 15 минути се доага до резултатиuser posted image user posted image user posted image Од искуство кажувамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Во форма после породувањето
10.8.2009 0:41:26   
Twins
  Фала Еленче , ке ги пробам па можи малку ке го намалам мешкотоuser posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Во форма после породувањето
10.8.2009 0:49:03   
Еца
Еве уште некоја вежбаuser posted image
Цврст стомак: за оваа вежба може да се седи и пред телевизор –легнете на стомак, а потпрете се на лактите. Подигнете го горниот дел од телото и задржете се така 20-50 секунди, па вратете се во првобитната состојба. Добро би било вежбата да ја повторите барем 10-тина пати, за почеток, а понатаму може и повеќе.

Цврст и подигнат задник: ова е баш невидлива вежба – застанете исправено, стегнете ги мускулите на задникот и задржете се така 5 секунди. Ако сте во можност, повторете ја вежбате 20-30 пати.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Во форма после породувањето
10.8.2009 0:59:41   
Еца
Еве преубави вежби за рамен стомак, ги имам правено и навистина се топ.А додека ги правите баш ќе им биде забавно на малите покрај вас, па уште и некое пријатно музиче и супер услови за вежбање.user posted image

http://www.youtube.com/watch?v=F9bs13e39f0


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Во форма после породувањето
16.8.2009 0:12:36   
Еца
Леле луѓе едвај чекам да помине уште некоја недела и да почнам да вежбам.Воопшто не сум задоволна од изгледот.Мислам знам дека родив пред само 24 дена, но сакам да си ја вратам линијата.Кој е со мене нека ми се придружи со вежбањето за две до три недели, добро да ми зарасне раната.Инаку еве уште вежби(се подготвувам на големо(и планирам да се сликам пред да почнам да вежбам и пак пока ке ја добијам посакуваната линијаuser posted image ),а во продолежение што друго, ако не ВЕЖБИ:

1. Странични спуштања (нозе): Ставете ги рацете на половината и застанете со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, главата и торзото исправени. Од оваа позиција, со десната нога зачекорете странично во десно, најмногу што можете без да ја поместите левата нога. Потоа, свиткајте ја ногата во агол од 90 степени. Останете така 2 секунди и вратете се во првобитната позиција. Повторете го истото со левата нога.

2. Клекнувања (нозе): Ставете ги рацете на половината или прекрстете ги на градите. Како што стоите со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, полека клекнувајте така што нозете ќе прават агол од 90 степени. Како што клекнувате, држете го долниот дел од грбот малку свиен, а главата исправена.
Туркајте го задникот назад како да се подготвувате да седнете на стол. Исто така внимавајте колената да не Ви одат многу напред. Доколку не се во иста вертикала со ножните прсти, значи дека не го туркате задникот наназад при спуштањето онолку колку што треба. Штом стигнете до 90 степенскиот агол на нозете, полека вратете се во стоечката позиција и повторете.

3. Обратни поткревања (рамена): Ставете ги нозете на стол, а рацете пред себе паралелно со широчината на рамената. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени, а лицето паралелно со подот. Потоа, полека спуштајте се така што рацете ќе прават агли од 90 степени и повторете.

4. Поткревања (гради): Со лицето кон подот, поставете ги рацете малку пошироко од рамената. Нозете и стапалата треба да Ви бидат споени, а ножните палци свиени кон подот. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени. Потоа полека спуштајте се додека градите не го допрат подот. Кога се спуштате, концентријате се на истегањето на градите, а потоа полека подигнете се.

5. Поткревања со споени дланки (трицепс): Оваа вежба е иста како поткревањата освен што сега Вашите дланки треба да ги поставите поблиску така што палците и показалците ќе формираат тријаголник под градите. Како што се спуштате, лактите одат нанадвор. Штом градите ќе ги допрат рацете, полека подигнете се и повторете.

6. Поткревања на торзото (грб): Легнете на стомак и поставете ги рацете позади на вратот. Полека кревајте го горниот дел на телото така што градите ќе Ви се оддалечат од подот. Би требало да ги почувствувате контракциите на мостулите од долниот дел на грбот. Останете во таа позиција 2 секунди и пополека спуштете се. Повторете.

7. Стомачни: Легнете на грб со колената свиткани и нозете на подот. Ставете ги рацете зад главата и не се поткревајте со нив. Кренете се со телото со стегнати стомачни мускули, останете горе 2 секунди и потоа полека спуштете се. Не останувајте долу повеќе од една секунда.
И да- не забушавајте ако сакате резултати!user posted image user posted image




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Во форма после породувањето
17.8.2009 15:35:07   
lili26
za da se vratite pobzo vo forma posle poroduvanjeto preporaclivo e da piete mnogu prirodni sokovi,ili barem mnogu voda.Toa osven so ke vi pomogne porgu da se oporavite ke vlijae pozitivno i na mlekoto.Jas taka navistina brzo zakrepnav.(nemojte da se plasite deka od tecnosti ke vi ostane golem stomakot,nitu da se prejaduvate za da imate mleko,samo pijte tecnosti)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Во форма после породувањето
17.8.2009 21:15:43   
Еца
Не знам дали овој текст веќе сте го прочитале, но вреди!

http://www.ringeraja.mk/vezhbanje-posle-poroduvanje-majkata-i-bebeto-vezhbaat-zaedno_278.html


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Во форма после породувањето
17.8.2009 21:27:43   
Еца
И уште нешто многу важно што морам да им го кажам на сите оние кои ќе решат да вежбаат. Поради зголемено оптеретување млекото може да ви се скисели. Затоа подобро е да го измолзете или да го нацицате бебето пред да вежбате или веднаш по вежбањето. Обично содржината на млечните киселини во млекото се номализираат за еден час. Освен тоа, вежбите за зајакнување на мускулите на горните екстремитети и грбот, може да предизвикаат доток на млеко и не треба да се вознемирувате, тоа е нормално.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Во форма после породувањето
17.8.2009 22:25:55   
Natasha5
леле Елена и јас секој ден се спремам да почнам со вежби но никако да поцнам.Уште ми е страв за ранава ама кај и да е ке почнам и јас не сум задоволна од изгледов.Стомак немам ама бутовите ми се .....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Во форма после породувањето
18.8.2009 8:00:11   
profesorica
jas otkako se porodiv imav nekoe stomace ama koga mu pocnaa grcevite(koliki) na damjan sekoj den trcav so nego vo race zosto samo taka se smiruvase, natamu navamu vo sobata me terase da trcam i taka ke zaspiese i taka si oslabev haha.ne stvarno nemam problemi so kilazata duri nekoi mi vikaat:abe ti rodi dete ili ne uste poslaba mi izgledas.sekako toa ne e taka samo im se cini, iako se mi e tocno od obleka od prethodno :)

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 10:37:37   
mami
е да ви кажам вчера јас и лука вежбавме- т.е. јас вежбав он уживаше
бевме до центар да се прошетаме и назад додека го возев во количка почна да се буни дека сака да стане. е неможам да го носам него в рацеи количка да буткам по угорница па почнав да му правам филмче дека се тркаме и почнав да трчам и така на рамно трчав а на угорница одев брзо што не му му се виде доста забавно а мене доста заморно зошто уште ме болат нозе. Ама мамички еве ви како да си го прошетате малото и да вежбате- џогирајте додека е тоа во количка- и мускулите на рацете така си ги зајакнувате

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 10:45:17   
big_mama817
ova na nas ni e vobicaen trening user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 10:53:43   
mami
незнам за вас, ама јас досега не сум трчала со него во количка- ем количкана тешка а и он си има 10-12 килца и плус товарени од продавница- не беше лесно- уште ме болат нозе, ке мора ова да почнам редовно па да си се стегнам како што си бевuser posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 10:59:41   
happy mommy
vo bremenost mackanje so losioni i kremi za da se izbegnat striite, posle poragaj nikako golema kolicina na bilo koja tecnost da se pie zasto stomakot ostanuva kako da ste bremeni i ponatamu , a za posle toa samo jaka volja da se vrati linijata i bilo koj nacin i da se odbere si zavisi od licnosta sali ke bide nekoja dieta ili vezbi seedno.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 11:02:18   
mami
за течностите мислам дека не е многу издржано бидејќи јас после порагај кога се освестив во соба прво нешто испив скоро пола литро сок на екс од што бев жедна и цело време ко на течности да живеев и пак за 10 дена имав рамен стомак како да не сум родила

(Одговор на членот happy mommy)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 11:19:31   
profesorica
Јас исто пиев многу течности и бев во форма за 20 дена после пороѓај.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Во форма после породувањето
10.9.2009 15:12:19   
jovanka
Posle 10 meseci od poroduvanjeto se vrativ vo recisi idealnata linija iako se zdebeliv celi 25 kg. So pomos na sekojdnevno pesacenje so kolicka i aktivnostite okolu domot bez nikakva dieta se vrativ mi falat onie uste3-4kg da gi namalam kade sto teloto kompletno ke se zategne.Da ne ja zaboravime genetikata.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Во форма после породувањето
26.9.2009 10:05:53   
Палешка РР
user posted image
Многу е нормално по породувањето да паднете во депресија поради својот изглед. Не потресувајте се, тоа е добар знак дека сте се соочиле со фактот и дека е време да направите нешто за себе. Најкритични делови се олабавените гради и половината. А бидејќи сега сте ограничени со времето, и 5 минути во денот се доволни за почеток. Тешко ви е да се одделите од вашето малечко, па правете го тоа заедно. Освен што ќе се чувствувате подобро, многу повеќе ќе се зближите со своето дете.

Пуштете музика.
Бебињата уживаат да слушаат музика уште додека се во утробата. Затоа слободно навикнувајте го да слуша музика, а вие кренете ги рацете и слободно играјте. Преку танцувањето ќе ги раздвижите своите мускули и циркулацијата.

Пешачење.
Доколку надвор времето е убаво, искористете го. Земете ја количката и шетајте со своето дете. Пешачењето, особено ако брзо одите, многу ќе ви помогне во губењето на калориите.

Купете видео.
Денес можете да најдете видеа за вежбање наменети за мајки и деца. Доколку немате од каде да купите, побарајте на интернет. Вие ќе слабеете, а вашето малечко ќе се забавува пред ТВ.

Користете го времето за спиење.
Времето додека детето спие посветете си го себеси. Правете вежби за загревање, трчање во место, стомачни и др. Придржувањето до ова правило, иако трае кратко,  ако го почитувате секојдневно, ќе ви донесе резултат.

Направете игра од вежбањето.
Ако вашето дете е малку поголемо, вашиот процес на вежбање направете го игра за него. Покажувајте му ги вежбите, а тоа нека ги повторува по вас. Забавувајте се.

Извор : notformen


< Поракaта ја уредил Палешка -- 26.9.2009 10:06:53 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?