Палешка РР
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1 Не знам дали има нешто слично на оваа тема, релативно сум нова на форумот и досега немам сретнато. Ме интересира од оние поискусни мајки кои доеле, ама мислам на доење без дохрана со адаптирано млеко, како поминавте со тргање на работа. Бебуш има 5.5м имам усте некои 3 месеци до крај на породилно и веќе ме фака уплав. Од почеток е само на цицање, последниве месец дена почнав помалку со кашички и досега е само со 2 дневно, мислам дека му е рано за повеќе, а адаптирано млеко пробав неколку пати (бидејќи му требаше малку дохрана) но нејќе да слушне. Знам дека тогаш веќе ќе има скоро 9 месеци и ќе биде повеќе на кашички ама сепак се плашам како ке поминам со цицањето, особено што барем за сега најмногу се смирува со цицање кога е вознемирен. Ве молам напишете го вашето искуство во врска со ова, како се снаогавте. Дали им беше доволно цицање само приквечер и евентуално рано наутро. ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Ема, Јас тргнав на работа кога моите деца имаа 6 месеци. Поради ова (знаев дека ќе мора да одам на работа толку рано) уште од многу мали со сите сили се трудев да им воспоставам ред на спиење и јадење. Они јадеа (цицаа) 4 пати во 24 саати. На сабајле, некаде околу 12:30, околу 17:30 и навечер пред легнување. Кога направија 4 ипол месеци почнав со сокче и полека, на некаде 5 ипол месеци им го исфрлив доењето на пладне и сосема им го заменив со зеленчукова каша. Тие ден, два малку ми беа преполнети градите бидејќи го прескокнавме тоа доење, ама малку со измолзување (немој многу оти така ќе стимулираш пак производство на млеко) колку да се намали притисокот, се регулираше тоа. После пред да тргнам на работа таа недела го откачивме и доењето наутро бидјечи сфатив дека ќе нема како да ги дојам (они се будеа околу 7:30 - 8:00 а циаа по пола саат секоја). Тоа ми беше најтешко, се осеќав како лоша мајка, дека непто многу важно им ускратувам...ММ многу ми помогна па некако сфатив дека тоа е тоа, мора така да биде, небав друг избор...Тоа доење беше со адаптирано млеко, значи добиваа шишенце. Ако твоетео не сака адаптирано ќе можеш да почнеш и кравјо да му даваш на таа возраст 2/3 кравјо млеко 1/3 вода. Пак го имав истиот проблем со градите, па ист начин се среди. Значи од 6 месеци они беа само на 2 доењеа, едно во 17:30 - 18:00 кога ќе дојдев од равота и едно вечер. После месец ипол видов дека и тоа во 18:00 не им доволно да им замени оброк, па го исфрливме и им дававме вештачко млеко, а од 8 месеци кисело млеко со интегрално лепче (тоа им беше најомилена вечера и суште го сакаат). На 9 месеци сами се одбија и од тоа вечерно цицање... мислам дека нема да ти биде проблем, зошто на таа возраст веќе цицањето не им задоволува ниеден оброк, повеќе е за близина со мајката и ете за имунитет ко што викаат, мада мислам дека ако требало да го стекнат ќе го стекнеле имунитетот и 6 месеци да ги доиш. Јас да не се одбиеа моиве сами, секако ќе ги одбиев на 9-10 месеци, стварно не ја гледам потребата за повеќе доење, ем заби имаат па гризаат, ем ќе почнат да трчаат - големи се, а ти ги држиш во скут да циаат, ем навистина веќе мајчиното млеко не ги најадува ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка Еве и јас прв ден на работа, па си појдов дома на пола саат за доење. Не планирам да и ги скратувам оброците, туку со сите сили ќе барам да идам двократно на работа. ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1 prv den uf kojznae kakvo e cuvstvoto posle tolku vreme. jas nema da mozam da doagam do doma za doenje mnogu mi e daleku a i ne vozam :((. blue blue ti zaviduvam na upornosto, ne sum tolku silna, moevo zverce edvaj 2-2.5 saati izdrzuva bez cicanje za sega. ama sigurno so bliznaci e mnogu potesko i moras dobro da se izorganiziras, plus si trgnala od 6 m na rabota i toa e pricina poveke. zdravje ke vidime kako ke bide ИЗВОРНА ПОРАКА: emma1 fala mnogu
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|