Snowhite RR
|
Палешка среќно со тетките, навистина не е лесно да оставиш дете на непознат човек, ама кога немаме друг избор, Фели фала ти за честитките. А јас еве не знам што ќе правам, ако мојата работа биде само за 1 месец, ниту ми се исплаќа во градинка да го пуштам, ниту жена да барам, а ваму ниту едната, ниту другата баба не се нафаќаат да го вардат, зафатени се, вчера се испокаравме со мм, тие викаат ако сакаме да ни го вардат да го носам кај нив, дека немало да идат тие кај нас, и сега ќе треба да го рзсносувам наваму натаму, со такси, дома така ќе оставиме се, ниту оган запалено, ниту ручек направено, јас дали да трчам по домашните обврски, ќе треба и детево да го разносувам, хаос, ум немам во глава како ќе биде. Ваму директорот и тој некои фикс идеи ми кажува, или ме враќаш на работа или не. За еден месец се ќе тргне, мислам ќе расцветаме, не знам што да велам веќе, тој ме убедува цело време дека сака да ми помогне, дека прави колку што може за мене, мислам, учев факултет, башка тоа, откако завршив, за разлика од мои колеги и колешки, кои после факс се вработија по колонијали или кинески продавници, јас продолжив и понатаму да се надоградувам, да вложувам во себе, од областа на компјутери, јазици, книговодство и сега дојде ред на неполни 30 години, некој мене технолошки вишок да ме прогласува. Е стварно се нервирам...туку ај да не ве гушам вас со моите проблеми Мама26 ќе се послужам едно кафе, дури и цигара ми иде да запалам, иако две и кусур години не пушам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|