Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: што правите за "своја душа"? 14.10.2009 11:51:08
mother 29
ee исто и кај мене,ама сега за празникот го пратив Марко кај моите и......цел ден само за мене.се потсетив како ....... ама по некое време почна да ми фали Марко......
RE: што правите за "своја душа"? 14.10.2009 11:52:54
Enika
si se razubavuvam, maski, krema, i si praam mal shopping...zavisi kolku pari iam vo momentot ama si prisutuvam neso...moze i sitnurii ama ke me napravat srekna
RE: што правите за "своја душа"? 14.10.2009 13:26:45
Весна
Ех, подетски нешто здравје... ќе си легнам во спалната и ќе си го пуштам цртанот Хортон (аууу блесав цртан) и по неколку минутки веќе сум заспана А исто уживкам и да си ги средувам веѓите, па многу често се заборавам и потоа следува поговорката: двапати мери, еднаш сечи
RE: што правите за "своја душа"? 16.10.2009 13:14:36
Anushka
леле, девојки страшни сте со пеглањето за своја душа... ха, ха, ха. Во се` човек може да биде креативен. А кеативноста е работа која се прави за своја душа. ЈАС СИ ОДАМ НА РИНГЕРАЈА ЗА СВОЈА ДУША!
RE: што правите за "своја душа"? 1.7.2010 23:11:55
niki
наутро си правам едно големо кафе за своја душа, член сум на РР за своја душа, купувам, читам и собирам списанија за декорирање ентериери за своја душа, одгледувам саксиски цвеќиња за своја душа, почнав да учам француски пред неколку месеци за своја душа имам уште многу работи кои повремено ги правам за своја душа, но ако се набројам ќе излезе само за моја душа дека живеам, а тоа во реалноста не е баш така, немам секогаш време за се.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: што правите за "своја душа"? 9.11.2010 13:00:39
majka 79
vi se veruva deka doma nisto ne pravam za svoja dusa, nemozam da stignam. bi lezela vo kada za svoja dusa, a jas se zadovoluvam so edno brzinsko tusiranje. bi piela raat kafe, ama koj ke te ostavi, se nekoj nesto bara od mene. bi gledala dobar film ili bi citala dobra kniga pred spienje, ama ne uspevam zaspivam vo prvite 5 min.
e na rabota skubnuvam nekoja minuta na rr, za svoja dusa i povremeno cesam krasta na shoping ili kafe so drugarka, za svoja dusa
RE: што правите за "своја душа"? 9.11.2010 14:32:51
Martins mom
Порано се’ што правев си го правев за своја душа, максимално си бев посветена на себе, а сега немам време. За своја душа за мене е фантазија сега за сега...се надевам нема да трае вечно
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: што правите за "своја душа"? 9.11.2010 14:52:39
AnnaMolly RR
Кога ми треба барем 5 минути опуштање, ја читам The raven од Edgar Allan Poe (оригиналот на англиски) и се чувствувам преродено! Неверојатно е колку успева да ме релаксира.
RE: што правите за "своја душа"? 9.11.2010 15:06:39
Палешка РР
Кога ќе заврши денот лежам на грб 5 минути со отворени очи (иако сум отепана за спиење), па потоа заспивам. Така надокнадувам за сето пропуштено лежење во текот на денот
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.