|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кравјо млеко
26.10.2010 23:58:56   
Maca25
Јас изгледа имав среќа со прифаќање на кравјото млеко. Целиот процес на преминување од адаптирано на кравјо траеше околу 10 дена. Нина имаше 11 месеци и 2-3 недели кога почнав да пробувам. И давав Хипп 2, но кога ќе станеше од спиење и беше сонлива и жедна и давав кравјо ( од тоа за варење). Првиот пат плукаше, па секој ден зголемувавме по 10-20 гр. Па пак еден ден плукаше, па пак друг пиеше. Но еден ден (мислам дека веќе имаше наполнето 1 година) се разбуди и јас одма шишето млеко, не загреано, на собна температура и го дадов и цело го испи. Од тој ден па навака пие само кравјо млеко (веднаш до фрлив адаптираното).
Пие 2 пати дневно, кога ќе стане пие околу 120 гр. ( што е малку) и навечер околу 180 до 200 гр, и плус еден млечен оброк дневно или пак чаша јогурт. Спиред мене пие малку млеко, но не ја терам со сила за повеќе.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Кравјо млеко
27.10.2010 0:09:01   
Џесика
Значи не сум единствена што си има мака со тоа млеко...Борјан не сакаше ни адаптирано млеко да проба! И цела година бев страшно упорна, што све не ставив во млекото, не шеќер, не какао, не Б-комплекс гранули, не сака и не сака... точно си знае, во шишето пие сок и чај, во чашка со клунче пие вода, и се што е поинаку од тоа не го сака... млеко со бисквити сака, со лажичка чисто млеко не сум пробала, година и пол навечер само имаме јогурт попара или палента со кисело млеко, само заради внесот на млечен производ... самиот момент на пиење од шише го асоцира на сок и не сака да прифати друг вкус освен тој, неколку пати и ми поврати од млекото... едно време страшно се нервирав, ама од друга страна и слушнав дека млекото е поздраво ако се јаде во комбинација (бисквити, леб) отколку чисто да се пие... можда нема врска, ама мене ми паше user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Кравјо млеко
3.11.2010 22:58:32   
lukas
nie sme 8 meseci nekni bev na vakcina i prasuvav za toa koga da go vovedam kravsko,sega sme na adaptirano aptamil,i so deka ke mu davam do godinata aptamil neli e podobro za bebeto,so poveke zelezo,poveke vitamini,sto ako prodolzam so apamil?si go saka skoka koga ke go vide siseto,i samo koga e najaden so aptamil e mi se cini najzadovolen...pozz
pa kazete mi sto mislite?


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Кравјо млеко
3.11.2010 23:15:49   
Anushka
Лукас, приказната е иста и кај нас: Мојата М. има 16 месеци и сеуште пие Аптамил 3. а на самата кутија убаво си пишува за деца до ТРИ години!
Првите две (што од незнаење, што од немаштија) ги хранев со кравјо млеко веќе од 4 месеци, Еве, сега се момци големи-фала Богу, не дека им фали нешто, ама кога си го враќам филмот, си велам: „ех, да бев погрижна мајка, веројатно ќе беа уште поздрави...“
Сметам дека Аптамилот им го обезбедува непходното количество калории, протреини, течности,витамини, минерали, но и имунитет на младиот организам.
Кравјо млеко додавам по потреба, како јогурт или мпрсно, по малку во овошните илизеленчуковите јадења.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Кравјо млеко
3.11.2010 23:28:53   
lukas
anushka fala ti mnogu za najiskrenito odgovor mislam deka ova mi trebase da go slusnam sega definitivno prodolzuvam so aptamil se dodeka e lukas od toa zadovolen,pozz i najmnogu blagodaram...

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 11:36:44   
tea
Ние за пиење користиме аптамил и ќе го користиме сигурно до 1 година а за после ке видиме. На 8 месеци пробав во кашичките да ставам кравјо млеко, разредено 2/3 млеко и 1/3 вода ама бебушка имаше проблеми со стомачето па прекинав. Сега ке пробам пак во кашичките ама ке го сменам и млекото.

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 11:41:42   
Octavia
Пробај пола-пола млеко со вода и од млекото за варење (не тетрапак). Ние дури после 18 месеци почнавме да го прифаќаме млекото.

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 12:12:07   
nadica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Пие 2 пати дневно, кога ќе стане пие околу 120 гр. ( што е малку) и навечер околу 180 до 200 гр, и плус еден млечен оброк дневно или пак чаша јогурт. Спиред мене пие малку млеко, но не ја терам со сила за повеќе.


јас мислам дека тоа е доволно, па надица кај мене не пие воопшто млеко само со млечен оброк и ретко јогурт.Само кога несмее тогаш сака, на пример минатата недела додека имаше пролив бараше обично млеко инаку не можам да ја убедам ни 50мл да испиеuser posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 13:23:58   
Isabella
Ah, sto pravat toa reklamite... Pa se cudam kako moze vestacko mleko da e podobro od kravjo mleko. Prvoto e vestacki prasaci, a vtoroto e prirodno (mislam navistina na prirodno mleko, ne tetrapak). Vestackoto mleko imalo vitamini i sve sto mu e potrebno na deteto za zdrav rast i razvoj user posted image user posted image user posted image ? Toa mi e ista sporedba kako vitamin C od tabletki ili edno kivi/limon. No sekoja majka si e vozrasna i sama ke si resi sto e najdobro za nejzinoto dete. Pozdrav

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 14:57:08   
tea
Isabella, adaptiranoto mleko e vsusnost kravjo mleko adaptirano da nalikuva sto poveke na majcinoto i po sostav i po vkus. Bidejki za covekot najdobro e majcinoto mleko, toa mleko coveckiot organizam najdobro go iskoristuva i najmnogu mu odgovara po sostav i vkus. A od site drugi mleka najblisku po sostav na majcinoto e kravjoto. 

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 16:40:29   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

Првите две (што од незнаење, што од немаштија) ги хранев со кравјо млеко веќе од 4 месеци, Еве, сега се момци големи-фала Богу, не дека им фали нешто, ама кога си го враќам филмот, си велам: „ех, да бев погрижна мајка, веројатно ќе беа уште поздрави...“



Анушка, мислам дека ова не ти е на место. Немој погрешно да ме сфатиш, ама дали јас сум негрижна мајка што на моето бебе му дадов кравјо млеко пред да наполни 5 месеци? Не е така. Секој гледа како знае и умее најдобро и најгрижливо да го израсне своето бебе.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 18:05:15   
Isabella
ИЗВОРНА ПОРАКА: tea

Isabella, adaptiranoto mleko e vsusnost kravjo mleko adaptirano da nalikuva sto poveke na majcinoto i po sostav i po vkus. Bidejki za covekot najdobro e majcinoto mleko, toa mleko coveckiot organizam najdobro go iskoristuva i najmnogu mu odgovara po sostav i vkus. A od site drugi mleka najblisku po sostav na majcinoto e kravjoto. 


Tea, vestackoto mleko ne e kravjo mleko, tuku e formula koja e sozdadena po pat na hemija. Na decata posle edna godina, kako i na nas vozrasnite ni e potrebno mleko, kalcium, masti  i site drugi sostojki sto gi sodrzi kravjoto mleko za pravilen rast i razvoj. Vestackoto mleko e alternativa, no nikako ne moze da se ramni nitu so majcinoto, a nitu so kravjoto mleko.

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Кравјо млеко
4.11.2010 22:26:17   
Палешка РР
И двете не сте во право.
Адаптираното млеко е адаптирано кравјо млеко, низ хемиски процеси прилагодено за да може бебешкиот организам полесно да го свари. Кравјото млеко е милиони светлосни години далеку полошо од мајчиното и не може да се споредува.
Значи адаптираното млеко не е вештачка творевина добиена низ хемија туку е кравјо млеко на кое му се извадени штетните состојки како на пример огромните протеински молекули и бактериите.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Кравјо млеко
5.11.2010 7:53:45   
tea


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea

Isabella, adaptiranoto mleko e vsusnost kravjo mleko adaptirano da nalikuva sto poveke na majcinoto i po sostav i po vkus. Bidejki za covekot najdobro e majcinoto mleko, toa mleko coveckiot organizam najdobro go iskoristuva i najmnogu mu odgovara po sostav i vkus. A od site drugi mleka najblisku po sostav na majcinoto e kravjoto. 


Палешка, колку што гледам истото  е напишано горе само со малку подруги  зборови.

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Кравјо млеко
5.11.2010 8:07:59   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: tea

A od site drugi mleka najblisku po sostav na majcinoto e kravjoto. 


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Кравјото млеко е милиони светлосни години далеку полошо од мајчиното и не може да се споредува.



На ова мислев теа. Инаку во право си за останатото.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Кравјо млеко
5.11.2010 10:11:32   
tea
Taka e, nitu kravjoto nitu bilo koe drugo mleko  e blisku do majcinoto. Odnosno majcinoto e najdobro za lugjeto, kravjoto si e najdobro za kravite, kozjoto za kozite itn. Megjutoa, po sotavot, krvjoto od site drugi mleka e najblisku do majcinoto, a daleku od toa deka e isto taka dobro i kvalitetno. Odnosno koga lugjeto od bilo koja pricina ne moze da konzumiraat majcino mleko, ( dali majkata nema dovolno ili sme vozrasni pa nemoze da konzumirame majcino) kako "posoodvetna" zamena  e kravjoto zarazlika od kozjo, ovco ili bilo koe drugo za nas vozrasnite, a za bebinjata normalno adaptiranoto kravjo odnosno formulite.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Кравјо млеко
5.11.2010 16:09:48   
Isabella
Tea i Paleska, jas se slozvam so Vas od pogore kazanoto, samo sakam da kazam deka jas vo prviot post na ovaa tema komentirav sto mislam deka e podobro mleko za "dete" posle edna godina, ne za bebe. Za bebe (do edna godina) se slozuvam deka posle majcinoto mleko (neosporno deka e najdobrooooo) e vestackoto (ili adaptirano, ili formula, ili Folgemilch, koj sakate izraz prifatete go). No spored mene, posle godinka, da mu se dava na dete vestacko mleko, a ne kravjo, za mene e neprifatlivo. A toa za reklamite,propagandata, navistina imaat golem udel vo formiranjeto na svesta na roditelite. Toa mi bese muabetot. Pozdrav

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Кравјо млеко
6.11.2010 22:36:30   
tea
i jas se soglasuvam isabella, do godina dena majcino ili formula, a polse toa kravjo. jas uste od sega bebuska ja ucam na kravjo, t. e stavam vo kasicki. ama ima deca koi i posle godina dena voopsto ne go prifakaat kravjoto mleko. Na pr. vnuka mi, vo nikoj slucaj ne prifati kravjo mleko, od nitu eden prozvoditel, nitu razblazeno, nitu zasladeno, nikakvo. Pa do 3 godini piese aptamil 3, a sega nikakvo.

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Кравјо млеко
7.11.2010 0:14:38   
lukas
i jas do godinata posle ke mu dadam kravjo ama sekoj den si velam aj denes aj utre ke mu napravam kasicka so kravjo i samo poturnuvam..hah,pozz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот tea)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Кравјо млеко
9.11.2010 16:22:54   
AnnaMolly RR
Филип има 4 месеци и 3 недели и веќе цела недела пие кравјо млеко.
Одлично го прифати и немаше никакви реакции.
Знам дека ќе наидам на осудување и критики од повеќето членови, но така решив јас.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Кравјо млеко
9.11.2010 16:46:28   
Палешка РР
Зошто би те осудувале АнаМоли, тоа е твое дете?
Тука се истакнати советите на стручните лица и педијатрите, но штом така си одлучила продолжи си, твое дете-твоја одговорност.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Кравјо млеко
6.12.2010 23:25:30   
baby mama
Poleka i pominuva alergijata na kerka mi koja ja pokazuvase na konzervansite vo mlecnite proizvodi. Od mlekata ne pokazuva nikakva reakcija na Sarplaninsko mleko za varenje za razlika od drugite svezi mleka i na Moja kravica 0,5. Na site drugi pokazuva blaga reakcija. Ama ova moevo kako dupnato e za mleko.A bre po cel den si pie mlekceuser posted image

_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Кравјо млеко
7.12.2010 9:53:16   
Lokica1
Jana cicase do 1godina a kravjo mleko pocnav da i voveduvam od 8meseci..prvo vo kasicki i piese so mala maslenost, potoa zja zgolemuvav maslenosta postepeno, koga trgnav na rabota si piese kravjo mleko bez problem, kaga bev doma samo cicase, eve veke 1.5mesec ne cica a kravjo mleko pie od 800ml do 1l dnevno. a da kezaboravev pie sekakvo i tetrapak i mleko za varenje( ni go donasa covek doma).

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Кравјо млеко
7.12.2010 11:06:40   
***Lide***
AnnaMolly
Филип има 4 месеци и 3 недели и веќе цела недела пие кравјо млеко.
Одлично го прифати и немаше никакви реакции.
Знам дека ќе наидам на осудување и критики од повеќето членови, но така решив јас.
[/q
i jas AnnaMolly na Angel mu davam kravjo mleko uste od 5 meseci nemase nikakvi reakcii i toa ne cisto tuku so biskviti plazma vednas go prifati i nemame problem kako ke si resis ti taka nema sto da te zagrizuvaat kritikite

(Одговор на членот Lokica1)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Кравјо млеко
7.12.2010 11:13:35   
lukas
jas pred nekoj mesec bev na pedijatar i ja prasav za vnesvanjeto na kravjo,i mi rece ako imas pari v dgeb kupuvaj mu i ponatamu aptamil bilo podobro,kazuvam kako so mi rece taa, a kasickite mozis so kravjo da mu gi prajs mu imam napraveno nekolku kasicki so kravjo razredeno,nemase nikakva reakcija i ne ni se gnasese i si jadese normalno,ama sega nekolku nedeli ne mu imam dadeno,jas ne pijam kravjo mleko mislam pijam ama ako voopsto ne se oseka deka go pijam user posted image ,pred godinkata imam vo plan da mu go vnesam ama iskreno nezz koga,zadovolen e koga ke go vide siseto celiot skoka,si go saka,zosto da mu go skratam...drugo se si jade...pozz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

edukativen dneven prestoj
oddelenski nastavni

zdravo povituvani majki i takovci!Dali bi go zapisale vaset_o dete vo edukativen dneven prestoj doklku nemozete od bilo kakvi pricini (rabota vo smeni) koj raboti do 00-00h

da (60%)

mozebi (6%)

ne (12%)

zavisi od ulovite (21%)


Број на сите гласови: 48

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!