Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 10:23:34
Julie1
Има ли денови кога прегледувате некои прастари фотографии и кога во рака ви доаѓа слика на некоја драга личност што сте ја изгубиле, и плачете, плачете.... Иако таа личност ви била се и знаете дека ве сакала најмногу на свет, секогаш била со вас, сега остануваат само споменити со неа зашто таа личност веќе некој период живее само во вашето срце и мисли... Отишла брзо и не ви дала време да сватите дека веќе никогаш повеќе нема да ја почуствувате топлината што таа ви ја даваше. Отишла а вие не сте успеале да и кажете дека ЈА САКАТЕ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ
Ве повлекува ли минатото понекогаш? Имате ли некој после кого е останата прегратка на тага без збoрови, некој на кого сте имале толку многу да му кажете, а не сте стигнале, зашто животот ве изиграл?
< Поракaта ја уредил Julie -- 24.4.2009 10:25:06 >
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 10:33:14
mami
lele kaj ti tekna sega volku tazna tema...jas si imam edno nesto sto nikogas nema da si go prostam- dedo mi pocina edna nedela pred mojata svadba, i ne mi dadoa nitu da otidam na pogreb, nitu da ja otkazam svadbata i dodeka ne pomina edna godina ne mi dadoa da se priblizam do grobista i segasi cuvstvuvam nekoja vina, taga, mi nedostiga, ne uspeav da si se pozdravam so nego, zgora na se i svadba pravev...eh da mozam da go vratam vremeto
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 10:52:38
Katuska
Леле се наежив...Немој да чувствуваш вина сигурна сум дека и дедоти не би сакал да ја откажеш свадбата...Битно е тоа дека ти е во срцето и мислите и верувај дека не си направила ништо лошо, едноставно така требало да биде..поздравче
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 10:56:26
mami
fala na utehata katushka...macno e epten, ama toa e life goes on...znam deka ne sakal, ama znaes ona glupavo cuvstvo na vina sto si go nosime...toa jade od vnatre, aj belki so tek na vreme ke se namali
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 11:01:48
Julie1
Иако бев малечка кога почина дедо ми, како во сон сеуште се сеќавам на неговиот топол и мил поглед. Кога ќе добиев 5 на училиште мајка ми често знаеше да рече, ах да беше жив дедо ти ќе се радуваше како мало дете. Секогаш бил горд кога на родителска ќе му ги кажеле добрите оценки на мајка ми и сестрите и велел јас сум најбогат на цел свет со вакви ќерки. Остануваат само прераскажувањата на мајка ми и ситните нешта на кои се сеќавам... Често посакувам да го почуствувам тој мил и топол поглед барем за миг и да му кажам дека ГО САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ....
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 11:08:28
Еца
Што да кажам освен дека сите ние во срцето некаде сокриено имаме дел исполнет со тага и желба дека некому нешто е недоречено...Никогаш немав прилика да го запознаам лично Тоше Проевски,никогаш не си ги кубев косите по него како што имаше девојчиња,но секогаш имав желба да го запознаам и да му кажам дека има мила ѕвезда но не успеав...Затоа во секоја прилика и секаде го спомнувам зошто е една мила ѕвезда која секоја вечер сјае на небото.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 11:13:23
mami
toshe bese poseben, ednas bev na koncert i si pominav najprekrasno na svet, imase harizma nevidena, duri od sto go slusav postojano dodeka bev bremena, Luka sega se vrti na negovite pesni koga ke gi cue :)
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 24.4.2009 11:51:03
Julie1
Како Тоше немаше и нема да има... Ги сакаше многу децата и им помагаше, се радуваше на секој миг со семејството, сакаше да биде родител еден ден.... Се согласуваме дека и сите деца го сакаа него, многу дечиња единствено со музиката на Тоше се смируваат од плачот кога ќе слушнат негова песна... Би можеле во иднина ние како Рингераја семејство да направиме нешто за нашиот Тоше, една почит кон него... еве ке отворам тема нова за Тоше на Рингераја, па може и добри идеи ќе дојдат како на некој начин Рингераја да му се оддолжи на Тоше за тоа што тој го правеше за нас...
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 19.6.2009 15:07:20
mami
за некои луѓе едноставно несакам да поверувам дека ги нема веќе, се си мислам дека кај и да е ке се појават од некоја страна, дека сето тоа плачење и тажење по нив било ссамо грд сон...
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 19.6.2009 15:45:16
Боцко
токму за да немам вакви моменти во животот, на сите драги луѓе се обидувам да им кажам и покажам дека ги сакам. тешко ми е без некои луѓе, односно моите две баби кои ги знаев добро. дедовците за жал беа починати пред да се родам. понекогаш ми е криво што поради тие обичаи и бабини деветини и пазење на погреб да не „направиш грешка“ често не успеваш милиот човек да си го испратиш онака како што би сакал. ако животот и смртта се надополнуваат, ако после смртта има живот, тогаш зошто да не се оди на погреби, гробишта итн. сето тоа е толку 1 природен процес.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 19.6.2009 16:03:42
katence
Jas mislam sekoj si ima po nekoj takov moment ponekogas. Jas imam nekolku dragi luge sto si zaminaa i poradi tie obicai sto BadBaby gi napomena nemav sansa da si se pozdravam za posleden pat i sega koga ke pomislam i zaplacam kolku bi sakala da go vratam vremeto nazad.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 19.6.2009 16:21:39
Палешка РР
Татко ми знаеше колку го сакам, беше во состојба да направи се за мене, а и јас за него. Ми беше најголемата поткрепа во животот, советник во тешките мигови, со него ги делев моментите на најголемите радости. Сега не е тука, но верувам дека однекаде ме гледа дека сум среќна... И мислам дека не е случајно...Неговата неверојатна енергија не умре...знам !
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 19.6.2009 20:42:56
mami
ах тие обичаи колку ги мразам...да не може човек на раат да си се исплаче и зошто, зошто била трудна или незнам што, па баш затоа што не ме пуштија да си се поздравамј ас се нервирав многу повеќе отколку што ке се нервирав да бев таму...
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 15.7.2009 14:52:20
mami
Никогаш не те запознав а го носам твоето име, знам се за тебе и твојот живот, од мала слушав за се она низ што си поминала и колку бил тежок твојот живот..имам само две фотографии од тебе а се чувствувам како да те знам, како постојано да си со мене, да го следиш секој мој чекор. И знам дека ме гледаш од горе некаде и знам дека гледаш како расте Лука и дека не чуваш...не те запознав а ми недостигаш ужасно што не си тука...мислам на тебе секој ден
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 30.7.2009 21:59:32
Mama20
Растев во фамилија во која дедо ми беше држечкиот столб. Беше одличен адвокат, и буквално се што сакаше во животот беше некој да го наследи. Мајка ми и тетка ми не завршија факултет, единствено јас завршив правен и почнав да работам во неговата канцеларија. Бевме на судење, се вративме во 19 часот, и утрото ми јави мајка ми во 04 часот дека починал. Инфаркт. Немаше никаков проблем со здравјето. Не можам да поверувам дека го нема, ама знам дека е тука некаде до мене и ми е движечка сила. Го испратив до неговиот вечен дом и му ветив дека ќе бидам неговата гордост.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 7.8.2009 1:15:34
Лејди
Колку тажни постови
Можеби за некого ќе биде глупаво и смешно ова што сега ќе го напишам. Ама морам бидејќи чувствувам дека треба да го пишам. Мене ужасно многу ми недостига мојот миленик. Чував куче 11 години (пола мој живот) Откако знам за себе знам и за неа.. Воопшто дома не беше третирана како животно, таа беше член на нашето семејство. Смртта нејзина страшно многу ме погоди. Никогаш нема да ја заборавам, премногу ми недостига што незнам како да си помогнам кога ќе почувствувам болка во градите секојпат кога ќе помислам на неа.
За првпат чувствувам ваква поврзаност меѓу човек-животно. Поради тоа се чувствувам богата затоа што ретко кој знае за оваа љубов.
Незнаете колку е сиромав оној кој не ја доживеал оваа љубов.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 7.8.2009 2:03:06
nadica
kade vi tekna taznava tema tose proeski e edna licnost koja mnogu mi nedostiga imav cest da se sretneme nekolku pati i znam deka ke pomine mnogu vreme za da se pomiram so toa deka go nema sekogas koga ke cuam negova pesna solzi mi naviraat na ocite mnogu zalam sto ne bev na posledniot negov koncert
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 7.8.2009 10:44:40
Tanja K.
Mnogu,mnogu,ama stvarno mnogu mi nedostiga mojot tatko.Nekoj pat koga si placam ,toa e za nego.Vo ovie momenti mnogu mi fali.A posle koga ke se porodam i koga ke si dojdam,mislam deka togas ke mi bide najtesko.Bidejki toj bese i prv sto dozna i prv sto dojde koga se rodi Ena.A sega???
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 7.8.2009 10:49:32
Палешка РР
Tanja, ме расплака. И јас многу често плачам за татко ми, ми недостасува и ми треба. Тој прв го држеше Марио в раце, а сега го нема да му кажам дека сум бремена.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 10.9.2009 11:00:19
mami
денес ти е роденден...се секавам на нервозната насмевка кога во болница ти носевме торта и на среката на твоето лице кога им кажуваше на сестрите дека се сетиле на твојот роденден и сите ги частеше со парче торта...А денес? кому денес да однесам торта?нема кој да се насмее...мислам на тебе
RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... 18.9.2009 13:39:48
Палешка РР
........ дека страшно ми недостасуваш. Само еден разговор со тебе знаеше да ми даде сила за следните десет години. Сеуште тешко доаѓам до вистинските одлуки без тебе, тато.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.