Snowhite RR
|
Јас не кажував почетокот ми беше незгодно, затоа што само по еден месец откако се вработив забременив, ама потоа поминуваше времето, мене првиот договор ми беше на 4 месеци, морав некако да му кажам на директорот за да ми го продолжи за да имам право на породилно, арно ама не знаев како да му кажам, прво ми беше срам, второ тој многу, многу не се врткаше в канцеларија, а кога ќе дојдеше што побрзо да му кажам, дали битни работи во врска со работата, дали за бременоста. Интересно беше, тоа што прво и кажав само на една колешка, а чистачката не знам како, ама ме сети сама и еден ден, чистеше нешто кај нас в канцеларија и нешто за јадења зборувавме и таа ми вели „да не ти остани во мисла“, јас се изненадив од каде сега ова, се погледнавме само со колешката и таа се изненади. До ден денес не сум ја прашала како ме сети. Како и да е, на тој начин најверојатно се раширила веста и директорот еден ден дојде и ми вели, абе како да те прашам сега, срам не срам, ти бремена си, така зборуваат жениве? Јас, да, му викам И така, потоа ми рече распрашај се, се што треба, како е најдобро за да земаш породилно, така ќе направиме, фер беше. А пред тоа, јас и кажав и на другата колешка, таа се изненади, па уште кога и реков дека веќе сум 4 месеци, зашто стомакот ич не ми се познаваше, а после разговорот со директорот, правевме попис во ресторан и куварката од нигде никаде, што се вели, ми вика, бремена си? те познав по очите. Ме познала по очите, како не, сигурна сум дека знаеше од пред тоа А директорот не ја пропушти шансата да ме пецни као ете се вработи и одма забремени
< Поракaта ја уредил Snowhite -- 10.4.2011 17:59:19 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|