|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 13:01:21   
stojanoskad
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn

Мислам дека хормоните се само дел од приказната за постпородилната депресија. Сепак мајчинството одеднаш носи таква вртоглава промена во животот, целосно како да ни се менува сопствениот идентитет. Центарот на светот веќе не сме си самите туку (барем во тој првичен период... море и за понатаму user posted image ) ни е детето. Ни се менувааат и телото и навиките и начинот на размислување. Размислете во колкава мера времето што до тогаш сте го користеле за себе и своите потреби е сега посветено на детето, на мајчинството. Ми се чини дека психолошки е навистина огромна промена, не само хормонално, паѓање на естроген и слично. Посебно што почетокот е навистина тежок, болки при доењето, неспиење, немање време за себе (некои дури ни до WC не можат да отидат на почетокот) особено е тешко за тие што немаат помош. Болки од царски рез, од епизиотомија ... И не само животот туку и ние сме се смениле толку многу за толку кратко време, значи веднаш штом се роди детето, нема време за подготовка. Менталниот склоп кај голем дел од мајките не е подготвен за толку краток период да ја прифати таа промена на идентитетот така глатко. Мислам дека во денешно време тоа е многу поизразено бидејќи нашите мајки, баби, прабаби некако од многу помали ги имале усвоено тие работи, она што ги чека како мајка. Животот на жената се вртел околу домот (не дека сега сме многу далеку од тоа, но сепак имаме кариери, време за себе, за дружби, социјален живот). Одеднаж сме ние од вработени жени на 9 месеци (не сум да се скрати породилното отсуство, да не ме сфатите погрешно) дома на породилно со сосема нови обврски и нов живот. Затоа ми се чини дека во денешно време е потешко и поголеми се шансите за постпородилна депресија, токму поради наглото менување на идентитетот.
И се согласувам со сите горенаведени постови.

ПОТПИШУВАМ!
ама, сметам дека кај нас за постпородилната депресија е најмногу виновна традицијата: 40 дена, поделбата на женски и машки работи, па да се слуша свекрвата/мајката, па моралу ручек на маса да се има...


poslednite redovi posebno mi se dopagaat.Vo celost se slozuvam.
So prvoto dete dobro go osetiv seto toa na svoja koza kako zeze.
I bidejki dobro se izgorev za vtoriot sin na igrav isto.
Najprvin pocnav od tie glupavi 40 dena i ne gi sedev doma,tuku gi pominav nadvor setajki go maloto.E sega neli imase dodatni komentari sto neli znaat deka taka ne treba ama i jas "vtor pat mlada nevesta"pa znam kako treba pa ne samo za toa i za se drugo.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 14:02:02   
ananikol


Eve skoro 8 meseci kako se porodiv i moeto iskustvo mi govori deka pricina za depresija se hormonite i panikata.
Nie 10-tiot den veke pocnavme redovno da izleguvame,majsko bebe ubavo vreme greota da sedis doma.Poseti imavme sekoj den,pomos od mm maksimalna,prvo go zede odmorot a potoa site mozni slobodni denov, bolovanja i tn..Znaci toj gi vrsese site obvrski okolu domakinstvoto gotvenje,perenje,cistenje(3 meseci jas nisto od ova ne napraviv) , zgora na toa imav pomos od medicinska sestra (neznam kako da go prevedam terminot zatoa ke ja narecam med.s.) 10 dena po 8 casa sekoj den,bidejki mm bese doma i toj se grizese za domakinstvoto taa bebe posvetene samo na bebeto inace nejzina obvrska e citenjeto,gotvenjeto precekuvanjeto i posluzuvanjeto na posetata.Znaci imav maksimalna pomos a jas bev depresivno depresivnauser posted image znaci moe mislenje e deka ako vi se sluci depresija ke se sluci ili mozebi i nema da se sluci( kako sto ne mi se sluci mene po prvoto poroduvanje ama zatoa za vtoroto ne drmna salam) i sedele doma 40 dena ili ne,imale svekrvi doma ili ne,imale pomos ili ne nema nikakva vrska so depresijata,toa e priroda na koja nie ne mozime da vlijaeme

(Одговор на членот stojanoskad)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 16:54:29   
mila mama
Ананикол, надвор од контекст, но кај живееш со помош од мед.сестра? Убаво кажа на крај, не е предвидлива поспородилната депресија. Кој ќе ја открие причината, ама онака, едногласно, ќе добие Нобелова награда!

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 17:57:56   
ananikol
za prasanja nadvor od kontekst imas pp
moderator si neli treba da znaes...
Ziveam vo holandija .
Ine ziveam so pomos na med.sestra tuku na sekoja porodilka i doaga med.sestra da i pomogni vo pocetokot.Tuka taka e.
Postporodilanata depresija nee psorijaza pa da se dobie nobelova nagrada, pricinite se poznati---- hormonite.
Pozdra

< Поракaта ја уредил ananikol -- 13.1.2011 17:59:46 >

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 19:24:10   
mila mama
Ананикол жалам што си ме разбрала погрешно, тошно за помошта кога ќе се породиш мислев, не дека живееш со мед.сестра user posted image  user posted image  user posted image
Да се правдам за модераторство нема,  а за причините за постпородилна депресија се напишани цели фермани, каде што за жал ќе морам да те разочарам ама се вклучени и ред други работи освен хормоните.


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 19:29:21   
Pepelaska *
И јас мислам дека се вклучени многу други работи освен секако хормоните, мене не ме фати депресија ама бев некако катастрофа, може беше и некој облик на тоа, се само ми се плачеше ноќе не можев да се разбудам да го дојам, мм ме будеше, многу лошо и исплашено се чувствував а сигурно за тоа придонесе и лошиот пораѓај, анемијата и секако моите 16 конци од кои не можев да мрднам, мислата дека ништо не е вечќе исто, сигурно секоја мајка поминува низ нешто слично на постпородилна депресија пошто секако тоа е нешто ново што носи голема одговорност и жртвување на некои навики од минатото

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 20:13:20   
ananikol

ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama

Ананикол жалам што си ме разбрала погрешно, тошно за помошта кога ќе се породиш мислев, не дека живееш со мед.сестра user posted image  user posted image  user posted image




POGRESNO???????

Ine ziveam so pomos na med.sestra tuku na sekoja porodilka i doaga med.sestra da i pomogni vo pocetokot
Jas ova go napisav,a ne deka ne sum te razbrala ti sama ne se razbiras


(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 20:36:25   
Pepelaska *
Извинете што се мешам ама мислам дека нема потреба од вакви работи и да не речам навреди овде

< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 13.1.2011 20:37:12 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Постпородилна депресија
13.1.2011 21:03:54   
Natuska85
И јас мислам дека е дојдено до недоразбирање меѓу мила мама и ананикол.Нема потреба од ваква тензија

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Постпородилна депресија
5.3.2011 13:49:46   
Saturn
Истражувам за мајчинството, а со тоа ми се наметна и постнаталната депресија па сакам повторно да споделам со вас.
Постоечките идеологии за мајчинството во голема мера влијаат врз жената, мајката. Силата на овие идеологии е огромна и нивното влијание врз жената носи низа на потешкотии. Идеологијата се состои во тоа дека мајчинството носи ултимативно задоволство и исполнување за жената, дека мајчинството ја прави жената потполна и реализирана, штом нашето тело е способно за репродукција и раѓање автоматски е способно за грижа за децата, дека постои интуитивна спремност на мајката да се грижи и совршено да го одгледува детето. Постојат и митови за тоа што значи да се биде „добра мајка“ некаков недостижен идеал кој подразбира дека штом се роди или штом добиеме дете (може и преку усвојување) мајката веднаш ќе знае како да се справи со неговите потреби и како да излезе на крај со сите барања од мајчинската улога. Тоа подразбира и тотална посветеност кон улогата, која треба да биде проткаена со неизмерна љубов, без можност да се почувствува некоја негативна емоција. Негативните емоции кон бебето, кон мајчинството би значеле „лоша мајка“!
Фала богу, многу автори истражувале на оваа тема и увидено е влијанието на овие митови и идеологии кои во голема мера влијаат врз конфликтните емоции на новопечените мајки. Конфликтот се јавува во она што мајката очекувала дека ќе и се случува и дека ќе го доживува и она што реално и се случува и го чувствува (во смисла не само на најпозитивните, туку и на негативните емоции). Мајчинството е нагла промена со два екстрема, едниот е она општо познатото најголемо задоволство и исполнување, а другиот екстрем се тешкотиите, тегобите со кои се справува (умор, неспиење, промена на телото, болно доење, изолација од светот, промена во брачните односи, намалени сексуални односи, намалена интимност, зголемени домашни обврски, немање ни трошка време за себе, намалени социјални контакти...).
Важна ни е сликата што ја оставаме пред другите, а „страшно“ е да се има негативни чувства од мајчинството, затоа и мајките многу ретко ги изразуваат. Неприфаќањето на овие емоции и некомуницирањето за ова, наспроти трудењето да не ги оддадеме овие чувства ја влошува состојбата на мајките.

Етикетата „постпородилна депресија“ е можеби многу силна и најчесто се сака да се избегне, односно наведениве доживувања да се именуваат на друг начин, пр. постпородилна тага. Така и е, има различни видови, степени на ваквите емоции. Но она што е важно е дека најдобро е да се има реалистични очекувања од мајчинството (вклучувајки ги и негативните) и да се искомуницираат доживувањата (со партнерот или со некој близок, група на мајки на пример) и да се прифатат овие доживувања и чувства.

Затоа мајки споделете user posted image

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Постпородилна депресија
5.3.2011 16:07:59   
baby_bump
Па не знам можеби ќе звучи премногу грубо,.....но навистина се чувствувам како прегазено гомно.
Баш поради тие митови и неколку постови и тврдења кои што ги читам овде, не можам да се начудам и да им честитам на сите најсреќни мајки кога го гледаат и чуваат своето новородено чедо, без ниту една негативна емоција, кои не се уморни и нервозни, кои се супер мајки.....но ете јас, не сум најсреќна мајка кога по којзнае кој пат во текот на ноќта ќе морам да станам да и дадам да јаде, не не се чувствувам убаво кога мене ми се спие а таа решила дека ќе си игра и гука, 2 часа во текот на ноќта................... не не се осеќам исполнето кога ќе констатирам дека немам време ни да отидам да се шишам, а не да одам на кафе со пријателки, еве веќе 4 месеци....
Немам воља за ништо, едноставно од една темпераментна исполнета личност, се претворам постепено во зановетало, несредена, неиспеглана, по цел ден трчај по детето, прави млеко, миј садови, пери, пеглај, чисти, прави ручек,... бла бла, можеби јас не сум добра мајка? не навистина теба да си признаеме а не да глумиме супер жена и мајка, породувањето и бебето ме истоштија и јас навистина сум во депресија, можеби не е постпородилна, но депресија е, и некогаш немам позитивни емоции спрема ова мало невино суштество, еве не ми е срам да си кажам .......
Секоја чест на некои што не сакаат да се одморат и наспијат убаво, што не сакаат да излезат на чаршија 2 часа и да го пуштат мозокот на пасење..... јас не сум толку силна, мене ми треба одмор, време за себе, секс преку една вечер, високи штикли, фризура и шминка.





< Поракaта ја уредил baby_bump -- 5.3.2011 16:09:52 >

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Постпородилна депресија
5.3.2011 21:47:03   
Saturn
Оф, и преку портали за мајки, мајчинство, бебиња...па еве и на сите рингераја портали, доколку се анализира може да се забележи постоењето на тие митови и идеологии. Ретко се споделуваат негативните аспекти, емоции, доживувања и најчесто кога ќе се каже нешто понеубаво се додава и блага доза на хумор, разни деминутиви и пак на крај знаат да се завиткаат со една чиста и апсолутна љубов кон децата и највозвишеното чувство на мајчинство, дека сите маки исчезнуваат и се бришат само со една насмевка и изразена љубов од страна на детето.
Ама реалноста за голем број мајки па баш и не е таква. Постои срам, чувство на вина, страв од осудување поради негативните емоции. Од психолошка гледна точка можеби дел од мајките имаат понекогаш мисли или визуелизации како на нивните бебиња или деца им се случува нешто лошо. Психотерапевтите тоа го толкуваат како притаена желба да им се слуши нешто лошо, да го снема бебето. Тоа не е реална желба, туку потреба да се врати стариот идентитет, кога немало деца. Но се случува во делови од секунда, мозокот да продуцира такви епизоди или слики... Добро ова е предлабоко и треба многу повеќе да се образлага, а јас и онака знам да го затупам со долги постови user posted image

Идеологиите придонесуваат жената да очекува дека преку мајчинство ќе доживее своја потполна реализација. Мислам знаете порано на некој начин биле обезвреднети жените кои не можеле да родат, тие демек биле „јалови“, а тие што стануваат мајки мора со двете раце да го прегрнат тој мајчински идентитет, бидејќи тоа им дава социјална вредност.
Идеали и совршенства нема, ни мајчинството не е само прекрасно, често е тешко, тегобно, се чувствува загуба. Децата колку што знаат да не израдуваат толку и знаат да не изнервираат, да не извадат од кожа, да не трансформираат и во подобри личности и во развикани мајки , на кои им се крева коса, а очите им се ококоруваат од бес.

Начините на кои што некои мајки успеваат да ги ублажат симптомите на постнаталната депресија се преку прифаќања на таквите чувства како реалност, споделување на овие емоции (со лица од доверба, а сигурно ќе се најде мајка која ќе рече: да и мене исто ми се случува).

секое потиснување ја влошува состојбата

Браво за мајките што споделија до сега user posted image

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Постпородилна депресија
5.3.2011 22:02:55   
Viktori
Постнатална депресија се јавува кај 10-15% од жените.
Значи едно е исфрустрираноста од неспиење, станување секоја вечер, чистење катаљон пелени дневно, а друго е постнатална депресија.
Тоа што некогаш се чуствуваме како гомна, ко што е пишано погоре, не значи дека имаме постнатална депресија, туку само дека ни се смачува моментално.
Не секоја нервоза и не секое чувство на безволност, безвредност (читај: шоидае негативно расположение) е постнатална депресија.




виа - твое бебе

Симптоми на постпородилна депресија се:
Се чувствувате тажно во поголем дел од денот, особено навечер или наутро.
Животот Ви изгледа безсмислен и на ништо не се радувате.
Чувствувате вина и се осудувате сами себе.
Рздразливост.
Плачливост.
Неможност да уживате во самите себе.
Чувство на исцрпеност
Несоница
Ја имате изгубено смислата за хумор.
Не можете да се справите со обврските, чувствувате дека Ви недостасува време за да постигнете се што е потребно.
Постојано сте загрижени за Вашето бебе. Постојано се плашите дека ќе му се случи нешто лошо и постојано барате од лекарот да Ве убедува дека се е во ред.
Загрижени сте за сопственото здравје. Можеби се плашите дека имате некоја болест.
Неможност да се сконцентрирате на било што.
Бебето го чувствувате како туѓо.
Губење на сексуалата желба.
Проблеми со губење на помнењето.
Тешкотии при доносувањето на одлуки.
Губење на апетитот или прејадување

а постојат и ризични групи:
Лекарите се уште не можат да утврдат зошто некои жени страдаат од ПНД, а други не. Сепак има некои фактори кои значат зголемен ризик. Ризикот е зголемен во случај:
Ако претходно сте страдале од депресија.
Ако сте биле депресивни во текот на бременоста.
Ако сте имале тежок пораѓај.
Ако сте ја загубиле Вашата мајка, додека сте биле дете.
Ако немате партнер кој Ве поддржува или блиски од семејството.
Ако Вашето бебе е предвремено родено.
Ако имате финансиски или други поголеми тешкотии.

Препознајте го проблемот. Многу важно е да препознаете дека се работи за ПНД. Многу полесно е кога знаете со што се борите. За многу луѓе е утешно тоа што знаат дека многу други минуваат низ истото. Не сте сами, а ова е само минлива состојба.
Пазете на својата исхрана. Ако го имате изгубено апетитот обидете се да јадете помали, но почести оброци. Запомнете дека појадокот е најважниот оброк, немојте да го прескокнувате. Јадете доста јаглени хидрати. Ако чоколадото може да Ве развесели, изедете една штангла. Сепак внимавајте сите оброци во текот на денот да не Ви се претворат во јадење слатки. Обратете внимание да јадете доволно овошје и зеленчук. Балансиранта исхрана е важна за правилното функционирање на организмот.
Одмарајте.
Обидете се колку можете повеќе да се одмарате и да се опуштите. Слушајте музика која Ве опушта, прочитајте некоја книга, напијте се топол пијалок, едноставно направете го тоа што најдобро ќе Ви помогне да се опуштите.
Не се осудувајте самите себе си.
Треба да разберете дека сте болни и дека Ви е потребно време за да се опоравите. Не сте такви затоа што нешто сте згрешиле или затоа што сте слаби. Депресијата е болест, како и другите болести. Не сте Вие виновни за тоа што Ви се случува. Не бидете строги кон самите себе си, дајте си време, големите одлуки не мора да се донесат веднаш. По некое време ќе се чувствувате подобро.
Разговарајте за проблемот.
Можеби ќе сакате да разговарате со лекар. Во секој случај многу може да помогне и разговор со блиска личност, која поминала низ истото или пак некој со кого можете да ги споделите своите чувства.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Постпородилна депресија
5.3.2011 22:14:53   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ќе се чувствувате подобро.
Разговарајте за проблемот.
Можеби ќе сакате да разговарате со лекар. Во секој случај многу може да помогне и разговор со блиска личност, која поминала низ истото или пак некој со кого можете да ги споделите своите чувства.



Многуууууууууууу точно , незнам од мое искуство , не ме фати депресија , освен она што е нормално за сите исцрпеноста, заморот а најмногу збунетоста, сакам само да кажам еден пример, жената си го остави детето заради ова, ама без поддршка од најблиските со обвинувања дека не е многу добра мајка и незнам си таму што таа си замина, зборот ми е дека поддршката од најмилите најблиските и љубовта од саканиот е најважна

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Постпородилна депресија
6.3.2011 13:09:31   
Martins mom
Најбитна е подршката од блиските, но доколку тие во твојата најблиска околина не ти помагаат-туку ти одмагаат, сакал нејќел ќе те здрма депресија. Мене не ме фати ПНД од неможноста да се справам со хормоните и одговорностите со кои треба да се соочи секоја новопечена мајка, туку околината придонесе да не се чувствувам убаво и да не можам да уживам во новата улога. Да бев сама, да не ми се плеткаше никој наоколу (со изговор дека ми помага) ќе ми беше многу подобро.

Дури го доев детето ми стоеја над глава и коментираа „Пази да не го задушиш, гледам носето му е многу блиску до градата“
Кога ќе го облечев „Што си го облекла така, нема ли други алишта детето, овие му се големи, не ми се свиѓаат“
Кога ќе му давав чајче „Пази да не е жежок, мене така ми се гледа, ќе го изгориш“
Кога го капев „Абе истриј го убаво, те гледам ти не го капиш ко што треба“
Кога ќе ја замолев да го почува на еден час за да поспијам малце „Што мислеше ти деца така лесно се чуваат, е нема спиење“
Кога бебето плачеше „Кој знае што му правиш што толку ти плаче, ела си сине мој кај мене“

Кој и да е ќе попушти, па попуштив и јас. Му кажав на мм дека потребна ми е лекарска помош, но не ми веруваше ниту тој-ми велеше дека сум јака и силна јас-ќе го пребродам ова, а башка сум претерувала малце. Не претерував воопшто, само немаше кој да ме сфати!
Тогаш се зачленив на РР, ги споделував со вас сите мои случувања, овде најдов утеха и затоа не велам напразно дека РР ми го промени животот! Тука разговарам и знам дека ќе наидам на разбирање што во реалниот живот го немам!


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Постпородилна депресија
6.3.2011 15:06:22   
Snowhite RR
Значи многу се причините заради кои некои жени ги фаќа постпородилна депресија, само не можам да разберам зошто една од тие причини да биде неспиењето, па зарем кога не бевте мажени не скитавте по цели ноќи, не ви се случуваше да спиете само по неколку часа, за кого го правевте тоа? за вашата симпатија, вашето ново момче? за некој кој сега не знаете ни каде е, ни што прави, па зошто сега не можете тоа да го правите за своето најмило?
Извинете за мојата иронија, но и мене ме нервира цела монотонија што ме завладеа откако станав мајка, немам време за ништо, по цели денови трчам наваму натаму, да погодам за детето, за мм и пак не можам да стасам, ама никогаш не сум се пожалила за неспиење, за него ако треба цела недела нема да спијам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Постпородилна депресија
6.3.2011 17:05:48   
stojanoskad
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Најбитна е подршката од блиските, но доколку тие во твојата најблиска околина не ти помагаат-туку ти одмагаат, сакал нејќел ќе те здрма депресија. Мене не ме фати ПНД од неможноста да се справам со хормоните и одговорностите со кои треба да се соочи секоја новопечена мајка, туку околината придонесе да не се чувствувам убаво и да не можам да уживам во новата улога. Да бев сама, да не ми се плеткаше никој наоколу (со изговор дека ми помага) ќе ми беше многу подобро.

Дури го доев детето ми стоеја над глава и коментираа „Пази да не го задушиш, гледам носето му е многу блиску до градата“
Кога ќе го облечев „Што си го облекла така, нема ли други алишта детето, овие му се големи, не ми се свиѓаат“
Кога ќе му давав чајче „Пази да не е жежок, мене така ми се гледа, ќе го изгориш“
Кога го капев „Абе истриј го убаво, те гледам ти не го капиш ко што треба“
Кога ќе ја замолев да го почува на еден час за да поспијам малце „Што мислеше ти деца така лесно се чуваат, е нема спиење“
Кога бебето плачеше „Кој знае што му правиш што толку ти плаче, ела си сине мој кај мене“

Кој и да е ќе попушти, па попуштив и јас. Му кажав на мм дека потребна ми е лекарска помош, но не ми веруваше ниту тој-ми велеше дека сум јака и силна јас-ќе го пребродам ова, а башка сум претерувала малце. Не претерував воопшто, само немаше кој да ме сфати!
Тогаш се зачленив на РР, ги споделував со вас сите мои случувања, овде најдов утеха и затоа не велам напразно дека РР ми го промени животот! Тука разговарам и знам дека ќе наидам на разбирање што во реалниот живот го немам!

kaka sebe si da se citam.Mnogu dobro go osetiv seto toa i znam kako dobro zeze!ama znaes sto, ova pretpostavuvam ti e prvo dete, pa sekoj misli deka ima pravo da kaze kako treba,ama samo da kaze na delo nikogo go nema a ne pa da pomogne!
Za vtoro veruvaj e drugo.I toa go osetiv veruvaj. Od start pokazav deka ne igrav veke isto, i ne igram uste, a na niv ili na nea ostana da se luti a za toa bas da ti kazam i nemam vreme da mislam.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Постпородилна депресија
9.3.2011 13:51:59   
baby_bump
само не можам да разберам зошто една од тие причини да биде неспиењето


Зависи од организмот, некој може да издржи без сон, некој не, а недостатокот на сон е голема причина за депресија, нерасположеност, раздразливост, но пак ќе речам зависи, јас без сон и сега и порано не функционирам, немам сила ни волја за живот.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Постпородилна депресија
29.3.2011 18:34:12   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

само не можам да разберам зошто една од тие причини да биде неспиењето


Зависи од организмот, некој може да издржи без сон, некој не, а недостатокот на сон е голема причина за депресија, нерасположеност, раздразливост, но пак ќе речам зависи, јас без сон и сега и порано не функционирам, немам сила ни волја за живот.


мене пак секогаш сијаличката ми свети црвено, секогаш сум на резерва. Порано ноќе во 2, 4, 6 кога стануваше бебе да цица мм стануваше да прави кафе и седевме по цели вечери. И сега не е многу различно само што порано бевме во  поза  бебе меѓу нас, а сега грб со грб секој накај свој ПЦ user posted image
Битно неспиењето не се менува!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Постпородилна депресија
24.4.2011 23:10:40   
Pepelaska *
Можно ли е да те фати ПНД скоро 8 месеца по породување? Или ова што јас го осеќам е обична депресија , незнам не можам повеќе, мислам дека ми треба медицинска помош, еве веќе месец и повеќе се чувствувам ужасно, не уживам во ништо освен во user posted image , чувствувам грижа на совест ако го ставам на само еден саат, ми се чини дека пропуштам многу тогаш, се ме нервира буквално се, плачам за се и сешто а последнава недела сум со диазепам своеволно заради нервози од други причини,мм за ништо не разговара со мене, сеуште и бара на мајка му ручек да му стави  и вечера да му зготви како јас да не постојам како да нема жена ( ова кога го прашав добив одговор дека јас сум го чувала user posted image ) па добро бе и јас сакам да му дадам да јаде на човекот со кој се венчав, убав збор од него немам слушнато од свадбата, ослабев многу истата скоро сум вчера кога се дотерав за излегување ни еден убав збор а толку сакав да слушнам од него некој комплимент после една година помината во труднички алишта, ама ништо, почнувам да мислам дека не ме сака, не сака да разговара со мене за НАШ заеднички живот само со сила и со кавга за тоа се збори,

Незнам веќе што да мислам, ама мислам дека непланираната бременост, свадбата , проблемите со плацентата, отсуството на мм по цели денови сама бремена во нов дом , со свекор и свекрва со кои повеќе време поминувам отколку со мм , нервозата која ми ја ствара старава нереновирана куќа кујна и купатило од пред 30 години кои ги делат 6 души некогаш и ред се чека, желбата побрзо да се преселиме, тешкиот пораѓај, неуспешните обиди за доење со маки два месеци ,сама со мало бебенце по цели денови , навечер само луѓе кои само одмагаа ,коментарите за user posted image од останатите членови на семејствово и неразбирањето на мм си го направија своето мислам дека готово попуштив скроз со живците

Помош!

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Постпородилна депресија
27.4.2011 0:02:04   
darfil
Пепелашка,тешко ми "падна" кога го прочитав ова зошто јас пред неколку години се "борев" со депрасија,но сега ми е јасно дека не било се така како јас што сум си замислувала,односно немало ни причина за да се чувствувам така.Би ти препорачала разговор со стручно лице.Многу подобро ке се чувствуваш кога некој ќе те ислуша и разбери и те советува.Мораш да веруваш во себе и да веруваш дека се ке биде подобро

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Постпородилна депресија
27.4.2011 14:16:27   
mila mama
Pepelaska jas ne sum imala i pola od tvoite realni situacii, a i mene me fati nesto slicno okolu 5-6 ti mesec od poragaj. Obavezno da si odis i da si pozboruvas so psiholog, ne psihijatar, a ako mozes i tm da go odneses. Nema potreba od apcinja, probaj si so razgovor i psiho terapija da se sredis. Poarno porano otkolu podocna.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот darfil)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Постпородилна депресија
7.6.2011 13:35:11   
jasmina18031990

Незнам веќе што да мислам, ама мислам дека непланираната бременост, свадбата , проблемите со плацентата, отсуството на мм по цели денови сама бремена во нов дом , со свекор и свекрва со кои повеќе време поминувам отколку со мм , нервозата која ми ја ствара старава нереновирана куќа кујна и купатило од пред 30 години кои ги делат 6 души некогаш и ред се чека, желбата побрзо да се преселиме, тешкиот пораѓај, неуспешните обиди за доење со маки два месеци ,сама со мало бебенце по цели денови , навечер само луѓе кои само одмагаа ,коментарите за user posted image од останатите членови на семејствово и неразбирањето на мм си го направија своето мислам дека готово попуштив скроз со живците
Mozebi ke ti bidi smesno ama citam i placam, ista maka imame i jas imav neplanirana bremenost, svadba nabrzina, problemi so bremenosta (od 6ti mesec v krevet-pedvremeni porodilni bolki) so stara kuka i eden kup luge sto mi visat nadglava da reguliraat kako go gledam bebuleto, a i mm ne mi obraka paznja kako prethodno nitu razgovara so mene. Noisto ne mozam da podnesam poveke ni user posted image koga ke zaplace nekogas duri i me faka nekoe cuvstvo kako ni mm ni bebuleto da ne  gi sakam poveke i mi idi da gi ostavam i da si zaminam. A sega koga citam podolu deka ti predlozuvaat doktor uste poveke se natazvam i se sramam od samata sebe. Uste na lekar da otidam i ne znam kako ke se odnesuvaat so mene mozebi duri togas mm celosno ke me otkaci.
Ve molam za sovet!!!!!!


_____________________________

[image noborder]http://www.tickerclub.com/cache/ec49d2e031.png[/image]

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Постпородилна депресија
7.6.2011 14:31:31   
anedespo
Nie se preselivme na drugo mesto. Sami so bebeto. Taka go resivme problemot. Zasto izvorot na depresijata bese vsusnost se pogore navedeno. A i maz mi koga nemase koj da raboi mesto nego (majka mu), sam si gi zasuka rakavite i stana domakin kako sto treba. Samo nastrana mu e lekot.

(Одговор на членот jasmina18031990)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Постпородилна депресија
7.6.2011 19:56:09   
AnnaMolly RR
Пепелашка и Јасмина, нема ништо срамота да се посети психолог/психијатар. Срамота ли е кога оди човек на стоматолог? И тие луѓе се доктори, само нашиот менталитет наметнува погрешни размислувања. Мајка ми работи во психијатриска болница 26 години, таму не одат само „луди“ или луѓе со психози и слично, нема да ви се верува колку „нормални“ луѓе се лечат со психолог/психијатар. Никој нема да ве осудува ако побарате помош од специјалист на тоа поле. Таквите лоши чувства и мисли се посериозни и потешки за справување од која било друга болест.
Јас ви препорачувам да си посетите специјалист, верувајте дека ќе има подобрување.
А од мене и верувам од останатите членови имате целосна поддршка за се што имате да си кажете, затоа сме тука да се поддржуваме во добро и во лошо.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?