Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 28.5.2009 20:33:29
Еца
Сите што имаме дечиња, а времето е вакво врнежливо, да им го посветиме викендот само на нив.Се што ќе посакаат да правиме, да лазиме, да пееме, да скокаме, секоја нивна желба да ја исполниме што се однесува до ирањето.Да се мазиме максимално, и милион пати да им повториме дека ги сакаме Тоа е мојот предлог да направиме нешто убаво за себе и нашето дете(Ова мора да го направам зошто знам често на Мартина да и речам почекај мама ова да заврши, почекај мама она да заврши, и ми вика вчера, па ти се нешто имаш мамо да работиш )
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 29.5.2009 8:44:03
mami
ние минатиот викенд бевме еден ден на Матка, следниот на Бродец..поминавме преубаво...а овој викенд тешко, ме чека крштевка во недела, роденден во понеделник..здравје следниот може да здувнеме до Јоаким Осоговски
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 30.5.2009 1:01:00
Еца
Еве уште еден убав предлог за викендот.
Сите љубители на животни викендов може да бидат дел од акцијата „Удомете куче“, која ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Акцијата веќе е во тек и во изминативе неколку недели се одвиваше преку мрежата за виртуелна комуникација „Фејсбук“, при што 17 кучиња и мачиња веќе добиле топол дом.
Заинтересираните што сакаат да посвојат некое од незгрижените миленичиња ќе можат да го сторат тоа од утре од 12 часот, до недела до 18 часот. Сите оние што веќе имаат милениче поканети се да го поддржат настанот и да дојдат на плоштадот заедно со своите влакнести пријателчиња. Миленичињата што може да ги посвоите се вакцинирани и прегледани од ветеринар. Освен животните што се претставени на „Фејсбук“, понудени ќе бидат и други бездомни мачиња и кучиња.
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 25.8.2009 13:20:00
mami
викендов е резервиран за семејна целодневна во рибникот Гиновци, а после може некое време за нас тројца да украдеме- нешто до паркче или Водно, ама пешки, да се учи Лука од мал по планина како се оди
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 28.8.2009 9:57:02
mami
нема да седиме дома денес...можеби ке одиме до Матка, а можеби исамо до зоолошка и парк после..ако има некој за низ парк после 11ч кажувајте, па ке се дружиме
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 20.9.2009 23:21:04
mami
денес бевме на Лешоочкиот манастир..преубаво место, кој не бил топло му препорачувам да оди..за мали деца е рај- тревичка, чисто, без улици...мерак.. Утре денот ние резервиран за на Водно, па на гости кај старосватицата па некаде на шетање...
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 4.9.2010 12:49:48
beki RR
Jas vikendov preveduva ABR klipovi.Vo ponedelnik ke doam da go zalepat prevodot vo edna od lokalnite televizii i posle ke imame ABR klipovi so makedonski prevod.
Pa posle ke gi postavime na rr i roditeliote ke mozat da razberat shto e toa shto se zboruva na tie klipovi.
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 4.9.2010 13:15:52
majka 79
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Јас викендов ќе чистам
ха ха јас исто така
jas bidejki cistev minatiot vikend i se otepav od rabota, ovoj vikend ke odmaram....a i vremistevo kakvo e samo za spienje. uste indijancive moi da me ostavat da se odmaram super ke bidi
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 4.9.2010 13:31:15
Julie1
Браво Беки секоја чест... навистина правиш нешто убаво викендов, кое ќе помогне на многу родители и нивните дечиња. Ако е потребна помош да не доаѓаш до Скопје, може да ги испратиш работите до мене јас ќе ги посредувам до соодветна ТВ со која се имаш договорено...
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 4.9.2010 19:04:21
beki RR
Ti blagodaram Jule.Imam dogovoreno so TVM od Ohrid, tie ke mi pomognat da se zalepi tekstot na klipovite.nema da moze site da gi prevedam ama 2- 3 ke uspeam. Denovive se javuvaat roditeli, zainteresirani se za ABR,srekna sum shto mnogu deca ke mozat da ja dobijat svojata shansa.Ogromna zelba mi e eden den da se izborime za ABR fondot za zdravstvo da pokriva barem del od finansiite.Taka na mnogu pogolem broj na deca zivotot ke im se podobri.
RE: Да направиме нешто убаво викендов! 28.5.2011 11:03:07
Pepelaska *
Може и не звучи најубаво ама јас утре ќе чистам во МОЈАТА куќа, неделава ќе ни стигне кујната, пресреќна сум а денес ќе шетаме со ако не ни заврне, многу убава тема
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !