Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 17.4.2011 9:24:18
Felly RR
Матеа почна да си јаде сама. Јас и правам кашичка, и и давам а таа не сака. и по некое време кога помислив дека ќе ја фрлиме, таа си дојде до масичката, си го зеде лажичето и пола си ја изеде.Последно време се почесто сака сама да јаде, а не да и давам јас
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 17.4.2011 10:25:14
Snowhite RR
Браво за Матеа, сега ќе биде полесно за мамичка или потешко, ако растура, ќе треба по неа да средуваш Јас да го пофалам последниве денови, само повторува по нас и се некој нов збор кажува, на пример вели пампур, кога му пееме пампур носи 100 кила, па вели кукла, вчера мислев дека ги заборави новите чевли што му ги купивме, ама ги најде во чантата, ги изваде и на баба му и ги однесе и и' вика пупи. Скоро сите животни ги имитира како прават (куче, маче, крава, коњче-ди, пајче -ква, ква) и плус ги покажува во сликовница Не знам зошто ама мислам дека е многу мал, а се ме разбира, како со голем си правам муабет, или па таман си е, а мене така ми се чини, оти брзо ми порасна Го изнафалив
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 17.4.2011 11:05:55
Martins mom
Таман си е бе Сноу, големи се веќе И јас на Мартин се’ што му кажувам ме разбира. Ќе му кажам ај донеси ми ова или она-ми носи, ај ќе одиме на тераса или до фрижидер или било каде-ме фаќа за раче и ме носи, кога се карам, го повишувам гласот и тој ме имитира и ми се смее, ај да седниме на компјутер и да играме игра-оди се мести прв и го зема глушецот...Абе ни пораснаа дечките
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 17.4.2011 12:51:15
Snowhite RR
Богами пораснаа, а да и тоа, кога гледаме на компјутер нешто и кога ќе заврши одма се фаќа за глушец за да пушти ново, а сега пак и се научил, кога сака надвор ми ја носи вентијагата да му ја облечам, а инаку вискотници пискотници кога му ја облекував
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 14.5.2011 23:32:08
mami 3.
I moive dve princezi uste se malecki 4 i 2 god. ali Fala mu na Gospod mnogu se pametni, kulturni, mi pomagaat mnogu niz doma a i mnogu se mirni koga ke ni dojdat doma gosti ili koga ke ideme nie. I dvete vec znaat da brojat i razlikuvaat boite. Ali i ponekogas znaat i da azdisuvaat, da ne poslusaa, da rasturat ili da se karaat tie dve, ali i toa e del od detstvoto. I mnogu strplivi se ako na primer baraat nekoja igracka vo Prodavnica jas ke im recam deka drugiot mesec ke im ja kupam i tie dve samo ke recat ok, ni da se nalutat ni da strajkuvaat nisto, a mnogu deca taka sum videla po prodavnicive se vlecat po zemja placat duri se zatepuvaat so roditeli zatoa sto ne im kupile igracka.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 15.5.2011 12:18:03
annie
ke si ja pofalam mojata najmalecka dusicka prvo umnata ma mama 3-ta nok kako si ja prespiva cela nok a ima samo 5 meseci i sto mi rucka ubavo!potoa dadicka sto naucila super francuski u skolo a zaedno so bato super ja cuvaat(vikaat nivnata princeza)malata kuklicka
_____________________________
Солзата е нејзин начин да се изрази, нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост, нејзината болка и нејзината гордост!!!
RE: Да го пофалиме нашето детенце 3.6.2011 11:26:41
mila mama
Moeto sonce veke drzi predmeti i vo dvete race istovremeno Pred edna nedela pocna da kazuva ubavo baba , mama , bebe , dada, a ako se zaslusas poubavo moze da se cujat i zborovite: dobro, lele, dede; se razbira ako se dodade mala doza na imaginacija I veke pocna da sedi stabilno bez potpora poveke od 2 minuti
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 3.6.2011 19:00:51
Snowhite RR
Да го пофалам дека се почна да повторува, значи секој збор што ќе го кажеме го повторува, дури за некои што никогаш не сум му рекла да ги кажи, кога ќе ги кажи ме изненадува, на пример вчера мм му даваше пиперка да јади и тој му вика „лути“, не знам кој му кажал така, абе се пресмеавме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 25.7.2011 15:08:19
Felly RR
Морам да ја пофалам мојата чиста и вредна девојка Сама се мие лице, раце, заби. Откако ќе се најаде во столчето, ја брише масичката. Ако најде нешто паднато на тепих, го зема и одма во кантата го фрла. Кога мочка во нокширче, одма го зема самата да го истура во шољата. Вчера ми помагаше кога бришев прашина - го зема средството за чистење и со пумпицата надолу на масата демек прска, па брише со крпата. Многу е вредна.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 25.7.2011 15:16:07
Maca25
Нина вчера почна да вози голем точак со помошни тркала. Веќе малиот пластичен точак со кој јас ја буткав не и е интересен. Вчера цел ден возеше и беше најсреќна на свет!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Да го пофалиме нашето детенце 27.7.2011 13:59:35
AnnaMolly RR
Вчера Филип и татко му си играа со една топка што свети и мм цело време го прашуваше Сакаш тато да ја пушти топката да свети? И по некое време Филип ја земаше топката, ја носеше кај татко му и викаше „тети“. И го прашував Што да правиме со топката? А тој „тети“. Значи знаеме нов збор - тети=свети!
RE: Да го пофалиме нашето детенце 27.7.2011 14:22:37
Martins mom
Е морам тука да се испофалам Мартин разбира се, зборува се! Не постои ниту еден збор што не го изговара, просто да се чудиш. Пее пенички, зема нешто во рака ко микрофон и пее. Ееееј, памти текстови на песни, баш се чудам. Имаме комуникација ко со возрасен човек, а има само година и 5 месеци
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 27.7.2011 14:23:28
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR
Е морам тука да се испофалам Мартин разбира се, зборува се! Не постои ниту еден збор што не го изговара, просто да се чудиш. Пее пенички, зема нешто во рака ко микрофон и пее. Ееееј, памти текстови на песни, баш се чудам. Имаме комуникација ко со возрасен човек, а има само година и 5 месеци
RE: Да го пофалиме нашето детенце 27.7.2011 14:32:47
Yummy Mammy
Najgorda sum na kerka mi sto e mnogu kulturna. Sekogas vika "Dobar den, kako si" - i pruza race da se pozdravi. Koga ke i dades nesto, sekogas vika "Fala". Ako saka nesto sekogas prasuva "Mamo moze toa?". Ne se kara za igracki osven ako nekoe drugo dete prvo ne pocne da izvodi i da i gi zima nejzinite. Vika "Prijatno", "Dobra nok", "Ubavo da sonuvas", "Dojdete pak"... Na igraliste si ceka na red na lizgalkite, duri i gi pusta tie sto se butkaat pred nea (zasto oni bile losi - taka mi kaza - a ona bila dobrata, zatoa gi pustala ) A vo odnos na fizickiot razvoj, pa ko i sekoe drugo dete se razviva, i zboruvanjete, i crtanjeto, i vozenjeto tocacinja, ko i sekoe drugo dete na nejzina vozrast... no ne site deca se taka kulturni i trpelivi. Za toa e posebna i moram da ja pofalam.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
RE: Да го пофалиме нашето детенце 15.8.2011 17:59:29
Snowhite RR
Да го пофалам син ми денеска од сабајле не ме изваде од такт, беше многу мирен, си играше, си гледаше цртан цело време, за разлика од претходните денови кога само плачеше, се нешто не му беше погоден. И да го пофалам, еве веќе повеќе од една недела почна да кажува прости реченици, односно да поврзува по неколку зборови
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 15.8.2011 22:07:14
Martins mom
Разликува бои..денес ми вика зе(л)ена т(р)ева, ц(р)вено копче, топката е ша(р)ена Не ми се веруваше што слушам и го малтретирам цел ден да ми ги кажува бои + сам брои до 10
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.