|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Бактерии кај децата
22.9.2011 11:40:43   
blue_blue
Дали тоа таблетите Bronhovaxom кои се споментаи погоре ги има во Скопје и дали мора да ги препише педијатар, односно да ја одреди точната доза и дали се издаваат само на рецепт?

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Бактерии кај децата
22.9.2011 13:46:04   
blue_blue
новите брисеви на ќерка ми се негативни, ни во нос ни во грло не и е најдена никаква бактерија - точно ко што ми рече матичнава - дека клиничката слика не одговара на брисот. Јас веќе во Авицена лабораторија не идам, а уште еднаш ми се потврди дека не сум згрешила со избор на педијатар - секоја чест на мојава докторка...Ќе си го наклукав детето со антибиотици без врска...

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Бактерии кај децата
26.9.2011 13:55:51   
anedespo
STREPTOCOCCUS PYOGENE
PATOGENOST
Streptokokite predizvikuvaat razlicni bolset_i. Toa se gnojne vospalenija  i poststreptokokni bolesti.  
GNOJNI VOSPALENIJA
Akutno vospalenie na  ždreloto
Akutniot tonzilofaringitis e često streptokokno vospalenie kaj decata, i go predizvikuva streptokok koj se zalepuva na epitelot na  farinksot. Koga bakterijata ke dojde vo farinksot so pomos na lipoteikoična kiselina se lepi na epitelot, togas se razvivaat okolu 2 miliona bakteriji koi pocnuvaat da vleguvaat niz mikro otvorite vo epitelu vo organizmot. Granulociti ne uspijevaat da gi  uništitat bakteriite i se sozdava gnoj. So svoite enzima  streptokok go razgraduva i se širi se do limfata i limfnite jazli . Jazlite otekuvaat i bolat. Tuka bolesta prestanuva, bidejki počnuvaat da se  sozdavaat anti-M antitela. Vo nekoi slučai doagja do komplikacii no mnogu retko zasto i pred otkrivanje na antibioticite smrtnosta bila od 1 do 3% 
Erizipel
Erizipel e akutna streptokokna infekcija na kožata i potkožnoto limfno tkivo. Erizipel se pojavuva na povredena  koža no taa povreda može da  bide od mikroskopski dimenzii. Izgledot na bolesta e tipičen kako i kaj sekoja druga infekcija na  kožata (bolka, crvenilo i dr.)  
Pioderma
Pioderma e infekcija na kožata. Za razlika od erizipel, streptokoki koji ja predizvikuvaat napagjaat zdrava koža. No ni ovie streptokoki nema da pominat niz zdravata koža tuku niz nekoja bilo kakva mikrotrauma (ubod od insekti, grebanica). No anti M antitelata se javuvaat tek posle 2-3 meseci.     
Šarlah
Šarlahot se javuva kaj streptokoknite vospalenija koga streptokokot go proizvoduva SPE (streptokokni pirogeni egzotoksin)! Pod vlijanie na ovoj toksin se  javuva osi.  
Sindrom na toksičen šok
Sindromot na toksičen šok e predizvikan od streptokokniot pirogenim egzotoksinom A (SPE A) Kaj ovoj slučaj smrtnosta e visoka (30%). Vakov slučaj nastanuva kaj golema stimulacija na  T kletkite preku toksinot.   POSTSTREPTOKOKNI BOLESTI  
Akutna reumatska groznica (ARG)
ARG e kasna negnojna posledica na infekcija na gorniot respiratoren sistem. Taa e predizvikana od streptokok  A, a se javuva  1-4 nedeli posle infekcijata. Mnogu e bitno da ovaa treska se pojavuva samo kaj onie lugje kaj koi se javila imunološka reakcija. Pravata  patogeneza ARG ne e  potpolno poznata no se zemaat nekoi od slednive moznosti:
Ø            Direktna invazija so streptokoki
Ø            Toksično vlijanie na  streptokoknite egzoenzimi i egzotoksini
Ø            Reakcija kako serumska bolest
Ø            Autoimuna reakcija prredizvikana poradi slicnost na tkivnite proteini i antigeni na proteinite na  bakterijata. Organizamot proizveduva antitela koi go uništuvaat normalnoto tkivo vo teloto. Najmnogu se oštetuva endokardot na zalistocite  
Akuten glomerulonefritis.
Akutniot glomerulonefritis e bolest koja ima patogeneza slična na  patogenezata na ARG. Imeno i vo ovaa bolest organizamot >se uništuva sam sebe< so sozdavanje na antitijela koi mu štetat. Ovaa bolest e predizvikana od nefrogen M tip na streptococcus Pypgenes. Bolesat obično pominuva bez posledici no vo nekoi slučai doagja do zatajuvanje na bubrezite.   STREPTOCOCCUS PNEUMONIAE  
E najčest predizvikuvac na dišni vospalenija a vtor  po red predizvikuvac na meningitis kaj decata.  
PATOGENOST
Pneumokokot možeme da go  najdeme kaj zdravi lugje vo nazofarinksot (40-70%). Se prenesuva od čovek na čovek preku kapljičen pat i od nego zaboluva 1-5 od 1000 lugje godišno. Najopasen e kaj pad na  imunološkiot sistem. Togas  može da se spusti vo bronhiite i da predizvika lobarna pneumonija . Ako vleze vo limfata togas može da predizvika bakterikemija i sepsa. Ovaa infekcija e mnogu opasna so 25-30% smrtnost Kaj decata lesno se proširuva vo sinusite i srednoto uvo pa tamu može da predizvika lokalno vospalenie            
STAPHYLOCOCCUS AUREUS  
BOLESTI
Stafilokokite normalno se naogjaat vo nazofarinksot, digestivniot  i genitalniot sistem. Vo normalna sostojba tamu nema da predizvikuvaat vospalenie, no vo slučaj na nekoja trauma doagja do prodiranje na stafilokoki vo tkivoto  i širenje vo organizmot. Taka može da dojde i do sepsa, i vospalenie na bilo koj drug organ. Najčesto predizvikuva osteomielitis na dolgite koski , teško vospalenie na belite drobovi i gnoen meningitis. Mozat da predizvikaat i truenje so hrana, sindrom na toksičnen šok i sindrom na izgorena koža.  
LEČENJE
Obično operativno se otstranuva gnojnoto žarište i potpolno se otstranuva celiot gnoj. Se sproveduva i antibiotska terapija. Problem se javuva kaj toa sto voglavno se otporni na penicilin.    

< Поракaта ја уредил anedespo -- 26.9.2011 14:00:09 >

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 12:43:31   
Џесика
Штотуку го добив на меил резултетот од брис од нос и грло, и излезе на брис од нос STREPTOCOCCUS PNEUMONIAE...  Ќе треба локално да прима Цитерал капки, покрај инјекциите што ги прима трет ден, ама тоа е, ми изгоре детето од температура. Најверојатно ова било и причина за афтата што ја имаше пред 2 недели, ама веројатно ќе се исчисти од терапијава, се плашам пошто читам тешко се санирала бактеријава user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 12:48:55   
anedespo
Ne se grizi, stom imas antibiogram po koj i prima antibiotik, ke ja unistite bakterijata.
Inaku sto se odnesuva do aftite, stom na  moite deca im se pojavi afta, odma znam deka vo tekot na nedelata ke se razbolat. Nemalo utka. Zatoa odma im butam propolis, vitamin c, barem ako mozam da ja ublazam infekcijata.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 12:52:51   
Maca25
Зотшо мислиш дека тешко ќе се исчисти Џесика? Нина лани ја имаше, со терапијата за една недела беше како нова. Ова ти е најнормална бактерија кај дете што оди во градинка. Не се секирај ич. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 13:03:47   
Џесика
Зошто имам уплав дека детево мое е стално лечено и недолечено и исто беше и лани кога завршивме во козле... а откога тргна во градинка е наклукан и со киндеримун и со прополгола спреј во грло, и Ц-вит и аписируп...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 13:14:24   
Maca25
не се секирај, ако на бактериограмот се покажало со кој лек се лечи, ќе се среди брзо.
А ова со клукањево со витамини и минерали, има позитивен ефект кај Борјан оваа година? Како ја поднесува сега Т? Има некоја промена од лани?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Бактерии кај децата
5.10.2011 13:29:18   
anedespo
Џесика, тоа што ти изгледа дека е лечен недолечен, не мислам дека е така. Мислам дека стално се инфицира од некого. Ти го лечиш и ќе го излекуваш(оваа бактерија е лесна за лекување во принцип и реагира скоро на сите антибиотици), меѓутоа од некаде стално ти ја фаќа. Жално е , но некои деца се поосетливи на некои бактерии, како моето што беше на pyogenes и го решив со вадење на крајници. Ме советуваше анестезиолог од клиника да се свртиме и малку кон алтернативната медицина (имала ефекти).



(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 13:49:39   
Maca25
значи ова микробиолошкиве лабаратории се само за перење пари!!! е ќе полудам! од 10 деца, 10 имаат стрептокока!! не е можно. треба да ги отруеме децата со Цитерали и ср*ња!!
Ние направивме брис во една лабараторија, се покажа дека има бактерија во нос, направивме во друга - таму немаше?!?!
На ќерка ми другарка, 3 недели ја лечат стрептококата во нос, со орален антибиотик и со цитерал капки, ја носат на контролен брис (во истата лабараторија) и пак ја има бактеријата!!! не е можно!!!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 13:52:21   
miana
Ej mamicki sega mi stignaa rezultatite na mejl od brisevi.... Streptococcus pneumoniae imame vo noseto..
Konecno ja otkrivme dilemata...neznam zosto nejzinata doktorka ne mi dade upat za na brisevi ct ct ctc da ne otidev na moja raka kojznae uste kolku ke teravme vaka...Inaku ima bistri mrsulcinja ( kako vodicka celo vreme) i sega stavame operil kapki za nos so citeral vo niv i pieme sirup Zinnat

Eve i tuka da go stavam tekstov...Mislis deka me motaat??? Pa prv pat pravime brisevi a i cel mesec ne i sopre noseto user posted image Neznam veke sto da mislam

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 15:32:44   
vesna1
Jas im predloziv vo gradinka grupno da se vikne da im zemat bris na site i kaj koj se pokaze bakterija da sedi doma i se leci. No ucitelkata mi rece nemozelno taka trebalo sekoj da si go odnese deteto sam na bris. Koja e logikata nekoj ke go donese denes, nekoj posle dve nedeli i jas koga ke ja odnesam vo gradinka ozdravena pak ke fati. Oni treba da dezinficiraat i igracki i sve.
Taka da gradinkite se leglo na bakterii. I nie imavme pa se lecevme vo hlorofenikol vo nos, podobra e, no do koga do slednite 3 dena vo gradinka.user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 15:46:04   
JovanaJ
Da i sin mi ima dve bakterii vo nos i vo grlo. Sega e doma dodeka ne se izleci ama sekogas mu se povtoruvaat po samo nekolku dena vo gradinka...user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 21.11.2011 16:05:49 >

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 15:49:56   
Maca25
јована, а го носиш во градинка? јас стварно не знам што ќе се прави! значи само што ќе се среди бактеријата, 2 дена во градинка и оп ете ја пак. не можеме децата 4 пати месечно да ги трауматизираме со брисеви, ќе ги отруеме веќе од лекови !


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 15:55:49   
JovanaJ
Sega e doma, uste ovaa nedela. Ama znam deka koga ke pocne vo gradinka za edna nedela pak ke fati bakterija. Ovoj antibiotik sto sega go pieme go pocnavme samo po edna nedela otkako zavrsivme so "Amoksicilin". Stvarno go otruv so lekovi...
user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Бактерии кај децата
21.11.2011 16:00:01   
Maca25
ние месецов правевме 5 пати брис од нос...веќе не можам..најискрено имала немала бактерија јас не и давам повеќе капки и не правам веќе контролни брисеви. ова е премногу! детево цел месец кошмари има навечер.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 8:57:27   
miana
ct ct ctc site ista maa macime znaci..... Kerkami vo mesec dena pie tret antibiotik i toa od tretiov zemavme i vtora doza ( sto znaci 4 dozi ) i sega stavame operil kapki....Jas koga ke ozdravi ke ja odnesam  i ke porazgovaram so ucitekata ili pak si mislam da i se javam na mobilen i da i recam na site deca sto im tece nos da im pobaraat bris..Jas veke se seknav...Treb ai da se porodam pa ako vaka mi nosi bakterii doma kerkami - tesko mene,a odi pa reci i da ne mu se blizi na bebeto ....user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 9:23:16   
blue_blue
Maca, miana, јас истото го минував лани, само што јас (по совет на две лекарки педијатри) не ги труев децата со никакви антибиотици. И едната и другата ми кажаа дека здружение на педијатри советува за streptococcus pneumonie во нос на деца да не им се дваат антибиотици орални, а ни Цитерал капки. Кај моите деца е добро што преку исхрана уште од мали и ваљда е и генетски имаат релативно добро изграден имунитет (а сега им давам и редовно имункиндер и рибин зејтин), па не спуштаат на плуќа. Еве, во градинка се од 15 септември и ни еден ден не остуствуувале. Тоа со оралните анитибиотици ви е зачаран круг, излегува дека џабе ги давате. Исто така, јас го имам истото искуство со брисевите како Маца, плус мои пријателки кои живеат во странство (а и јас кога живеев и чував деца истото беше) ми кажаа дека таму децата никогаш не се носат на брис и дека антибиотик се дава само ако температура на детето не му се спушта константно повеќе од 3 дена и е константно над 39. Значи, само во МК децата се носат секој втор ден на брис и за се им се даваат орални антибиотици. Никаде не постои установа како Козле кај што бебиња се трујат со интравенозен антибиотик затоа што имале затнат нос. Детето пие антибиотик кој ја уништува цревната флора која е во еден дел одговорна за имунитет, плус кога пие антибиотик не сака баш да јаде некоја здрава храна и бакетријата се лечи, ама со многу намален имунитет оди детето во градинка и веднаш ја префаќа бактеријата пак и не мора да ја префаќа одма од некое дете, таа ја има насекаде - по масичките, по тепихот кој никад не го однеле на перење, на играчките, итд...Значи не се секогаш само децата носители...Моето размислување е следно - децата нема да пијат антибиотик освен кога ќе имаат лоша клиничка слика (температура константно над 39 повеќе од 3 дена), а во секој друг случај ќе се лечат со инхалација (ако треба во физиолошкиот раствор нека има идексаметазон и гентамицин), со многу сокови цедени во соковник, со спреј морска вода и слично. Одам и на хомеопат кога за тоа има потреба и барем за моите деца ова до сега ми се покажало како корисно. Брисеви, крвни слики и слични работи не правам, освен во горенаведениов случај и мислам дека сето ова ми помогнало за моите деца да бидат здрави (само еднаш до сега пиеле антибиотик, а имаат 3 години и 3 месеци и редовно одат во градинка од кога наполнија 2 години).

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 9:34:25   
MERUSHKA
Bravo blue_blue.......kompletno te poddrzuvam! I jas isto postapuvam kako tebe :)user posted image

_____________________________

B.B.B.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 9:43:07   
miana
Bravo za vas... Jas nemozam da go gledam deteto veke 35 dena so zatnat nos,so kaslica i so temperatura od vreme na vreme i da ne prevzemam nesto...Davam caevi,davam ribino maslo ( zrcnca) davam acerola,davam sokovi,ovosje,davam aqua maris,domasna inhalacija i nisto ne pomaga..... Pred da se razboli pievme ribino maslo i saravita imunokids i pak se razboli...takada..Kinderimun go imam doma no ne go davam dodeka ne ozdravi bidejki mi rekoa deka koga e bolna dzabe go davam.Si kacuva temperatura kako od sala...Ednas ke kaci 39 i kusur ke i dadam sirup,ke spusti i posle dva tri dena pak taka...Pa nemozam jas da sedam so skrsteni race ili bremena da i dezuram cela nok dali ke kaci T....Ne me cini nisto da otidam na kontrola i na bris..Moze blue blue tvoite deca deka se taka zdravi pa imas takvo razmisluvanje ,no veruvaj deka ako se maltretiras vaka kako mene i strav ke te feati ...NIKOGAS do sega ne mi bilo vaka bolno detevo ,tolku dolgo i bez prestan..I jas ne sum za antibiotici megutoa -koga gledam deka od moite "prirodni" preparati nema fajde moram da se obratam na lekar....Dajboze ona da ozdravi pobrzo

(Одговор на членот MERUSHKA)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 10:24:08   
JovanaJ
Se toa e fino. Ama jas ne veruvam deka nekoj pedijatar bi dal antibiotik koga ne treba. Barem trgnuvam od mene, prvo jas ne go nosam ne lekar prvite dva/tri dena koga ima T. Go nosam koga veke tri dena ima mnogu pokacena T. I ne sekogas se zemaat brisevi...nekogas pominuva i bez nikakov antibiotik. Nas i koga ke ni dade antibiotik sekogas cekame barem uste eden den da vidime kako se odviva rabotata...Tie se stetni toa e poznato, ama nekogas se neophodni. Dobar pedijatar mislam deka moze da proceni dali treba da se dade ili ne...doesga bilo taka barem so mene pa eve ne sme spustile na gradi nikogas.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 10:27:21   
Sandric
A be sekakvi majki ima, snaa mi ja nosi vnukami odma stom ke kivneuser posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 10:40:05   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric

A be sekakvi majki ima, snaa mi ja nosi vnukami odma stom ke kivneuser posted image
'
Na kakvi majki mislese??? Na mene da ne mislese Sandric???

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 10:47:11   
Bububebe
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric

A be sekakvi majki ima, snaa mi ja nosi vnukami odma stom ke kivneuser posted image


Јас сум една од тие мајки.И не гледам ништо лошо во тоа.Старите викаат подобро да се спречи отколку да се лечи

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Бактерии кај децата
22.11.2011 10:50:09   
Sandric
Neeee, mislev na snaa mi ama ona stvarno e golem panicar i mislam deka vnuka mi mnogu cesto pie antibiotik bezpotreba

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?