|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
29.12.2010 9:54:55   
big_mama817
и јас планирам да ги правам здравје денес user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
30.12.2010 15:54:48   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

aaaaaaaaaaaa НЕ ако сакате секси салата еве ви рецепт

100гр.   ореви
100гр.   бадеми
100гр.   лешници
2-5 лажици мед

оревите, бадемите и лешниците се потпечуваат се дробат (кршат) на покрупни парчиња се мешаат и врз нив се става медот по желба колку секате без да се меша

пријатни мигови потоа


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
30.12.2010 15:56:42   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Twins

Domasni Ferrero Rosher
150 gr napolitanka so lesnik
150 gr lesnici malku podpeceni i seckani
200 gr eurokrem (samo cokoladen ne i belo)
se mesa se zaedno se pravat bombici i se prelivaat so cokolado

receptot go pronajdov na eden forum i gi napraviv ama se epten epten vkucni mmmmmmmmmmm........




ги направив вчера, дупла доза, преубави се!! фала ти твинс за рецептава!user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
30.12.2010 16:07:34   
big_mama817
и јас исто и стварно се прекрасни user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
2.1.2011 19:05:41   
Тања РР
Жени дајте некоја рецепта за баклава со ореви. Може но и не мора да е посна.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
2.1.2011 21:57:33   
nadica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Жени дајте некоја рецепта за баклава со ореви. Може но и не мора да е посна.


тања свеки прави мн убава баклава кај нас позната како грклани

500гр.  кори од грчките или најдобри кори(кумановски)
250гр. ореви
250гр. шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 лимон
ако сакаш и 100-200гр. чоколадо

за филот оревите се сецкаат, се ренда кора од лимон и чоколадото, и се додава шеќерот и ванилиниот шеќер и се промешува
се става 1 кора се сече на половина по должина и се попрскува со масло за јадење, потоа се става и од филот и се замотува околу тенко сукало како ролат, откога ќе ја намоташ околу сукалото се набира од двете страни и внимателно се извлекува сукалото завиткувајќи ги краевите навнатре и се става во плех намачкан со маргарин
се пече ~20 мин на 200`C
откако ќе се испече се прелива со шербет во кој има сок од 1 лимон
ако жежок шербетот баклабата треба да биде ладна


се надевам дека бев јасна ако не пиши пп user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
5.1.2011 23:29:01   
Isabella
Надица, сакам да направам баклава по твојот рецепт. Те молам да ми кажеш како го правите шербетот, никогаш до сега немам правено баклава user posted image . Дали овие 250 гр. шекер се само за во филот или за шербетот (некаде имам слушнато дека шербет се прави со 1 кг шекер)?

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
6.1.2011 0:35:00   
nadica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Isabella

Надица, сакам да направам баклава по твојот рецепт. Те молам да ми кажеш како го правите шербетот, никогаш до сега немам правено баклава user posted image . Дали овие 250 гр. шекер се само за во филот или за шербетот (некаде имам слушнато дека шербет се прави со 1 кг шекер)?


извини дури сега видов
250гр се за во филот, а за шербетот посебно 1кг шеќер со 800мл. вода да зоврие и да се вари додека не добие на густина (да капнеш капка на ноктот и да не се разлее - од баба ми) и потоа ја преливаш баклавата

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Isabella)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
8.2.2011 18:07:59   
busavka
Dali ke sparemate nesto vkusnicko, blagicko za sv Valentin? zaljubeni sme site neli :D
Najdov eden ubav recept za sekerni srca, imate li druga ideja ? sakam da napravam nekoi kolaci malecki interesni na izgled
pisete ako ima nekoj ideja ili recept user posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
22.5.2011 11:59:38   
Link
Ова е мојата омилена торта.

10 јајца,
450 гр шеќер,
150 гр шеќер во прав,
4 ќесички ванилин шеќер,
60 гр густин,
500 мл млеко,
250 гр маргарин,
600 гр јагоди (замрзнати),
3 ќесички пудинг од ванила,
1 ќесичка пудинг од јагода,
200 гр чоколадо за готвење,
4 ќесички шлаг,
И хартија за печење.

Прво одделете ги белките од жолчките.

Подготовка на тесто:
Со миксер изработете ги белките додека не добиете пенаста смеса, а потоа постепено додавајте 150 гр шеќер. Рерната загрејте ја на 150 степени. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, можете малку да ја намачкате со масло. Истурете ги белките и печете ги 1 час на 150 степени, така што повеќе да се сушат отколку да се испечат.

Подготовка на чоколаден прелив:
Растопете 200 гр чоколадо за готвење и истурет го врз испечената кора од белки. Оставете да се олади и ставете ја во фрижидер.

Фил 1:
10те жолчки изматете ги со миксер заедно со 100 гр шеќер, додадете ги 4. ванили, густинот и 1 пудинг од ванила. Згрејте пола литар млеко и постепено во него додавајте ги жолчките. Постојано мешајте за да не настанат грутки, треба да добиете густа смеса. Оставете го филот да се олади. Со миксер изматете го маргаринот, постепено додавајте го шеќерот во прав, а потоа и изладениот фил со жолчки. Ставете ја смесата во фрижидер. Доколку се појават грутки уште еднаш изработете ја смесата со миксер, пред нанесување.

Фил 2:
Во сад за готвење ставете 1 чаша вода и 200 гр шеќер. Оставете ги да повријат и додадете ги јагодите. Кога ќе зовријат додадете 2 ќесички пудинг од ванила и 1 ќесичка пудинг од јагода (пудинзите пред да ги додадете во смесата со јагоди, посебно измешајте ги со малку вода и внимавајте да не се создадат грутки). Оставете го филот да се олади.

Откако тестото и филовите ќе се оладат, започнете со филување. На тестото првин се нанесува жолтиот, па црвениот фил, а најгоре ставете го шлагот. Декорирајте со јагоди, вишни или чоколадни мрвици.

(Одговор на членот busavka)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.8.2011 7:33:08   
Mimushka
Дали знае некој каде се купуваат апликации за торти? Ми треба мотор(за детска торта)

(Одговор на членот Link)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.8.2011 12:41:37   
Felly RR
Сигурно има по поголемиве маркети. Јас мислам дека имам видено во Жито.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mimushka)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.8.2011 12:46:30   
kopriva
Во маркетите на СП или Макси има ...проверено

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.8.2011 13:03:12   
Natuska85
И јас сум сигурна за Сп,барем тука во Ѓорче во Сп Планет знам сигурно дека има, баш ги приметив пред некој ден

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот kopriva)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.10.2011 11:32:29   
Felly RR
Дај кажете некој рецепт а некое благо со слатко од вишни. Свеки правеше слатко, ама ние не сме многу по слаткото и така ми стојат 2-3 тегли што ми даде. Ако знаете некој рецепт каде можам да ги потрошам, пишете.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.10.2011 11:40:02   
Octavia
Јас имам идеја, ама го немам рецептот user posted image . Колешка моја има правено ситни колачиња за кои се потребни чоколадо растопено (некое вкусно), корпички хартиени и вишни од слатко. Во секоја корпичка се става по една вишна и врз неа се потура топено чоколадо. Се става во фрижидер да се стегне. Лесно за правење, а богами и за јадење user posted image .

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.10.2011 12:00:08   
Felly RR
Ајде Октавиа, распрашај се подетално па пиши го целосниот рецепт.user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
7.10.2011 12:08:31   
Calypso
se nadevam Octavia nema da mi zameri, imam slicen recept, samo bez visni. Jas gi napraviv i so visni od slatko. Ke ja rastopis cokoladata so malku maslo (jas koristam 200g-skite cokoladi za gotvenje na Kras). Vo korpica ke stavas po pola lazice i ke ja razneses cokoladata niz celata korpicka (sigurno znaes na sto mislam), ke gi ostavis malku da se oladat i ke stavis vnatre visna i pak so cokolado odozgora ke gi prelies, kolku da sepokrie visnata, iako e ubavo malku i da strci. Gi stavas vo frizider da se stvrdne cokoladata i ete, imas super kolaciuser posted image

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 11:23:26   
elenak
se nadevam Octavia nema da mi zameri, imam slicen recept, samo bez visni. Jas gi napraviv i so visni od slatko. Ke ja rastopis cokoladata so malku maslo (jas koristam 200g-skite cokoladi za gotvenje na Kras). Vo korpica ke stavas po pola lazice i ke ja razneses cokoladata niz celata korpicka (sigurno znaes na sto mislam), ke gi ostavis malku da se oladat i ke stavis vnatre visna i pak so cokolado odozgora ke gi prelies, kolku da sepokrie visnata, iako e ubavo malku i da strci. Gi stavas vo frizider da se stvrdne cokoladata i ete, imas super kolaci

_____________________________

It is our choices that show what we truly are, far more than our abilities.


Isprobano...Mnogu dobro,se leat vo usta.Jas gi pravam za imenden na mm user posted image


(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 11:41:17   
temjana
јас вчера решив конечно после години молење од страна на мм да направам благо,изборот падна на тостерки како едни од омилените колачи на мм. И така земав рецепт се фино ги замесив ги ставам во тостерот како топчиња го поклопувам тостерот, и чекам да се испечат. По некое време го отварам тостерот и гледам уште топчиња, значи не се направиле како плескавици бидејќи новите тостери имаат како луфта помеѓу и неможе да го згмечи тестото. Леле збеснав тесто еден тон што да му правам, и се јавив на мајка ми ми вика напрај колачи испечи ги. Ајде направив некои фигури смешни и гиставив да се печат ама од кај да знам кога се готови? Кога ги извадив камење, ладно оружјеuser posted image Среќа мм и опинок со шеќер да му наполнам ќе јаде само блашко да е, па ги мачкаше со слатко да му омекнале. Најдоброто беше што коментарите на мм и на сестра ми беа абе ок се ама не се благиuser posted image а јас заборавив шеќер да ставамuser posted image user posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 11:41:51   
elenak
Вчера правев еден ролат,многу брз, не се пече а е многу вкусен и мек,како за мали децаuser posted image
Еве го рецептот - 300 гр мелени плазма кекс (јас ставив обични бисквити), се поливаат со еден растопен маргарин и се додава 250 гр. шеќер во прав. Потоа се додаваат 2 изрендани кисели јаболки и 2 измиксани банани и сето се соединува и се прави како тесто,кое после на најлон фолија се расукува во кора со дебелина 1,5 см. Внатре се ставаат две цели банани и се витка ролат.Одозгора се премачкува со еден изматен шлаг (пена или крем).
Да напоменам дека кога ги измиксав бананите станаа течни и ми го омекнаа ептен тестото па додавав уште бисквити.Можеби требаше само да ги изгмечам со вилушкаuser posted image  Ајде ако го направи некој ќе ми каже.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 12:03:31   
kuklica
elenak receptov ti e ekstra i sigurno mnogu vkusen ke go napravam vecr obavezno ama mislam deka ti omeknalo testoto od jabolkite a ne od bananite posto jabolkite pustaat mnogu sok koga ke se isrendaat .
Ajde vecre ke probam i ke napravime sporedba user posted image

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 12:17:33   
kikicka
e vaka koj ne e mng po tie raboti a saka stvarno da si se pokaze sto vikam jas a i plus da gi ostrani ostanatite tegle so slatko i marmalad neka si kupi eve vakvo kako naslikata neka go srede i plus dodadete marmalad ili kompot ili slatko i pecnete go edno 15m na jako i voala imate prekrasni kolacinja jas skoro napraviv :D mislea deka sum mesela i plus stavivorajcinja odozgora zapecene mng bea ubavi.

user posted image

< Поракaта ја уредил kikicka -- 12.10.2011 12:19:00 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kuklica)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 12:28:44   
elenak
elenak receptov ti e ekstra i sigurno mnogu vkusen ke go napravam vecr obavezno ama mislam deka ti omeknalo testoto od jabolkite a ne od bananite posto jabolkite pustaat mnogu sok koga ke se isrendaat .
Ajde vecre ke probam i ke napravime sporedba


Може, ама ги стискав откако ги изрендав не ги ставив со се сокотuser posted image  Ајде пробај, ама имај си за секој случај при рака уште некоја бисквиткаuser posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
12.10.2011 12:30:39   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Дај кажете некој рецепт а некое благо со слатко од вишни. Свеки правеше слатко, ама ние не сме многу по слаткото и така ми стојат 2-3 тегли што ми даде. Ако знаете некој рецепт каде можам да ги потрошам, пишете.

Imam preubav recept za cherry kolacinja...vetuvam deka vecer ili utre ke ti go napisam..veruvaj deka mnogu brzo ke go potrosis slatkoto...Koj probal- bara uste user posted image Sega ke si stavam potsetnik i ke ti go pisam utre-sega sum na work

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?