|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Матичен гинеколог
20.9.2009 8:24:57   
Палешка РР
Со оглед на промените кои се случија во здравството, секој гинеколог не може да биде и матичен гинеколог. На пример, во Прилеп постојат двајца гинеколози кои склучиле договор со фондот за здравство и само тие имаат привилегија да бидат матични. Е сега - докторите работат во крајно лоши услови, со лоша и стара апаратура, со истото ехо на кое го гледав Марио пред тринаесет години, стари се и не се баш во тек. Заради тоа прилепскиве трудници се почесто матичниот гинеколог го имаат чисто формално, не се породуваат во болницата во Прилеп, туку во Битола или Скопје. Мислам жалосно за еден голем град.

Ме интересира:

Каква е ситуацијата во вашиот град со матичните гинеколози?
Кога извадивте мајчина книшка?
Дали за комисијата за доделување паричен надоместок се меродавни прегледите од матичниот гинеколог?


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Матичен гинеколог
8.10.2009 15:53:33   
mami
аууу Палешке па прв пат слушам...јас си одам на приватен и тој ми е матичен , незнам за ова дека секој гин. неможе да биде матиченuser posted image

А за мајчината книшка- па во моментот кога ми кажа дека сум бремена ми отвори тој сам матична книшка,а на пр. знам дека во Систина и ремедика немаат таква, јатрва ми ја водеше цела бременост во Систина и таму се породи и нема мајчина книшка дури и се чудеше кога незнам за што и ја побарааuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Матичен гинеколог
8.10.2009 16:39:30   
vezilka RR
значи матичен гинеколог може да бидат само оние кои имаат склучено договор со фондот, без разлика приватни или државни. Систина и Ремедика немаат договор со фондот и таму може да се води бременоста но, не можеш да избереш матичен од таму..а за мајчината книшка мислам дека се отвара кога одиш на прва срцева акција, и може да ти ја отвори само матичниот ..но не сум сигурна..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Матичен гинеколог
8.10.2009 17:00:11   
mis.
И за двете деца мајчина книшка ми отворија уште кога дознав за бременоста но никогаш не ја користев за нешто посебно.Ми останаа нови.user posted image Не знам и зошто служат????

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Матичен гинеколог
8.10.2009 21:16:53   
Весна
Секој може да ти биде матичен, но разликата е колку ќе си платиш. Оние гинеколози што имаат склучено договор со фондот (работат со сини картони) секако се поангажирани и се назначени како матични, за останатите-плати си за услугите онолку колку што ќе побараат.
Туку, пред некој ден дознав нешто друго... имено, гинеколошките ординации имаат опција да склучат договор со лаборатории по нивен избор, односно со даден упут од гинеколог, еве на пример за уринокултура, не ќе можеш да одиш во лабораторија која ти сакаш, туку во онаа со која гин. ординација има склучено договор. На пример, мојот матичен има договор со Авицена, којашто е приватна и нормално троа скапичка, па морав да барам упут од мојот општ матичен лекар за да направам уринокултура. Е сега и тука дознав нешто ново... во текот на бременоста, за каква било анализа треба упут да ти напише матичниот гинеколог, а не општиот лекар user posted image  Па иди фати им крај.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Матичен гинеколог
26.10.2009 20:05:20   
Snowhite RR
Палешка па ти си од Прилеп? Мислев дека нема друга прилепчанка на форумов. Исто така да ја дополнам Палешка, во Прилеп освен тоа што не може секој да ти биде матичен и матичниот не може да те породи. Кај мене на пример е многу не убаво тоа што мојата бременост ја следи матичен гинеколог, а таа не може да ме породи, а ако одам на прегледи кај тие што можат да ме породат, како што кажа Палешка, имаат апаратура, која не само што е стара, туку и не работи, едмодимензионално ехо на кое ништо не се гледа, ужас.
А дали во другите градови ме интересира и за пораѓај бараат упат од матичниот гинеколог? Јас колку што слушнав овде не примале на пораѓај ако немаш упат.


(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Матичен гинеколог
15.11.2009 16:22:22   
aleksandraz
Vaka vo Stip ima poveke lekari koj imaat skluceno dogovor so fondot meguto se javi problem otkako go ispolnija brojot na pacienti ne primaat veke novi.Katastrofa!!!!!!Osven ako nemas vrski.inaku majcinata kniska ti ja otvaraat vednas i vo nea gi zapisuvaat site pregledi i koga ke dojde vreme za poragaj zaedno so uput od maticen genekolog i majcinata kniska odis da se porodes.Inaku imam slusnato deka barem kaj nas ako sakas tvojot maticen genekolog da bide prisuten na poragajot ke si platis 10 000 denari na bolnicata.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Матичен гинеколог
15.11.2009 19:06:42   
***Lide***
taka e vo Prilep eve i jas seuste nemam maticen ginekolog ne znam koj da go pisam od dvajcata mozni a be uzas i pa ako odis nekade na privatno potoa ke imas problem za poragaj na bolnica te gledaat kako da si padnat od nebo i toa mnogu me plasi user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот aleksandraz)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Матичен гинеколог
18.11.2009 10:27:12   
Палешка РР
Ех, конечно имам матичен гинеколог. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Матичен гинеколог
18.11.2009 10:31:52   
mami
ај честито, со здравје да си го користишuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Матичен гинеколог
18.12.2009 11:06:21   
profesorica
одам на приватен кај Мајсторова позади градежен факс.Таа ми е матичен гинеколог  и многу сум задоволна од жената.се ти кажува ова ти правам, сега ќе ја видиме...и така.мераци ми е кај неа.се ти објаснува и понеколку пати ќе ти повтори.супер е user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Матичен гинеколог
30.8.2013 2:05:11   
Snow Queen
Др. Радица Бојчевска, во ординација Ложанкоски...она ми е матична и сум премногу задоволна сега за сега.

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Матичен гинеколог
11.11.2013 11:12:35   
Evangelija
Здраво, имам едно прашање до оние мамички кои се вработени, и кои имаат информации за отворање на породилно боледување? Конкретно ме интересира следнава работа, јас одам на прегледи за следење на бременоста во приватна болница, од таму гинекологот не може да биде матичен лекар. Јас имам друг матичен гинеколог, не сум задоволна од неговата стручност и од тие причини одам на приватно. Колку се меродавни прегледите од матичниот гинеколог, со цел за отворање на породилното боледување, колку прегледи треба да се има кај матичниот гинеколог, дали е потребно да отвори мајчина книшка, или доволно ќе бидат податоците за тие неколку контроли на здравствениот картон кој го води матичниот гинеколог? Кои се документи се потребни за отворање на породилното боледување? Ве молам за информација и однапред ви благодарам....

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Матичен гинеколог
11.11.2013 12:06:42   
sandriana RR
Во прво и второ тромесечие и јас сите прегледи ги правев приватно, но резултатите ги носев кај матичната, за да ги запише во картон. Мајчина книшка немав, сега не знам како е во последно време (јас зборувам за пред 2,5 години).
Последниот триместар - еднаш брисеви и 2 еха направив кај матичната, и потоа земав упат за ЦТГ и за породување за во Чаир.
Мој совет е сите резултати да ги носиш кај матичниот и барем еден преглед - ехо да ти направи тој. Тогаш и ќе ти ја каже процедурата за породилно - или ќе отворите 28 дена пред термин (ако е уредна бременоста и ти така сакаш), или откако ќе се породиш, со документот од болницата, ќе ти го отвори боледувањето на денот на породувањето.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Evangelija)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Матичен гинеколог
11.11.2013 13:55:21   
vezilka RR
Evangelija твојот пост ќе го префрлам во Породилно отсуство. Таму можеби ќе најдеш одговор, а може и некој кој веќе поминал низ тоа да не помогне околку прашањето.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Матичен гинеколог
11.11.2013 14:36:50   
Evangelija
Sandriana RR ti blagodaram za informaciite, blagodarnost i do Vezilka RR, ve molam i za mislenja i od drugi mamicki....

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Матичен гинеколог
8.4.2014 14:35:56   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mamickaa

Девојки ве молам,мојата бременост ја водев во Јане Сандански кај др .Џекова,ама таа отиде во пензија,ме интересира дали некој знае дали и дојде замена на неа или е само докторот во една смена???



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Evangelija)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Матичен гинеколог
9.4.2014 8:44:02   
sandriana RR
Во Јане Сандански, покрај д-р Филип Матевски, слушнав дека пракса како матичен лекар отворил и д-р Личовски, кој до скоро работеше во породилиштето во Чаир и ме породи и мене. За Личовски имам убав впечаток стекнато во смисла на стручност, па ако сакаш појди и распрашај се каква е состојбата таму.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Матичен гинеколог
9.4.2014 9:01:48   
kate18
Ve molam ako nekoj moze da mi predlozi dobar maticen ginekolog, koj bi mozel da me prevzeme vo 8-mi mesec od bremenosta, idev vo Promedika kaj Kuzmanova i sega razbrav deka si zaminala i sum bez pamet ne znam sto da pravam....

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Матичен гинеколог
9.4.2014 9:21:21   
sandriana RR
Знам дека Бојчева од кај Ложанковски прима пациенти, провери кај нејзе. Матична е на 2 мои другарки, кои се презадоволни од нејзе.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот kate18)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Матичен гинеколог
9.4.2014 21:46:17   
petra27
Mene maticen mi e Stamboliev....e sega ni so prvata ni so vtorava bremenost ne odam kaj nego...za prvata bremenost odese mm i mu nosese dokumenti bidejki imav patoloska bremenost....e sega ne sum bila voopsto do pred nekoj den za da mi dade upat za na transfuziologija...i ne mi dade so obrazlozenie deka ne me vodi kako trudnica i nemoze da mi dade....mu rekov deka ke mu donesam se sto treba za da si gi vnese site ispituvanja...i povtorno se javiv ideka ke odam da odnesam se i da mi dade se sto treba za clexanite sto gi primam i mi vika vo red...no fondot veke ne gi refondira parite od fevruari....a prasav na 100 mesta i site vikaat deka gi refondira?!?sto mu e na coekov....

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Матичен гинеколог
10.4.2014 8:46:16   
vezilka RR
Хе, хе, да не ти е лут. Ако не ги рефундираат, тогаш зошто би ми ги примиле документите во фондот? За волја на вистината, се уште не сум ги добила парите, но, не е поминат еден месец. Ама документите во фондот ги примаат и ми рекоа очекувај ги за месец, месец и половина.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Матичен гинеколог
1.5.2014 12:41:42   
Stefanija Stefi
Јас сум на приватно кај др. Пајаковска многу е фина и полна со разбирање. Ми се допаѓа како соработуваме user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Матичен гинеколог
6.10.2014 10:21:45   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, морам да споделам какво искуство имав кај матичната вчера.

После ивф-то, бев првпат кај неа за да и кажам дека е успешно, и да ми даде рецепти за тоа што ми го препишаа во Систина, и така некако ладно и грубо се постави женава, што цел ден не можев да се приберам. Ни да ми даде совет, ни да ми рече ај да пробаме да чуеме срцева акција, ни да ми најави што се треба да правам/не правам... Ја прашувам сега следно што како, и ми вика - ќе си видиш што викаат во Систина. Мислам сепак, матична е! Се постави толку суетно, како да треба да ја молам да ме води!

Таму на маса пред неа гледам мајчини книшки, оваа не реагира на ништо, и си викам ај може не треба сега тоа, може е само за мајки, да не се фурам и јас. А може и треба, од кај знам...

Врв на се беше кога ја прашав за приска (стои во извештајот од Систина дека треба за 7 недели), и ми кажа као - ехееее, имаш време до тогаш, може нема ни да бидат две до тогаш, далеко је сунце. user posted image Сега се ок, знам јас кои се ризиците и што се може да се случи со близначка бременост, ама муабетов беше... како да ви кажам!

Ви се испожалив, ама морав да раскажам user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Lleelee kakov bezobrazluk..koja e taa doktorka ,kako smee taka da se odnesuva.
jas da sum bi ja smenila,iskreno,namesto da ti dade poddrska,da te okurazi,taa taka ti se isponasala.
Za majcina kniska e rano,jas znam za so prvoto ja dobiv pokasno,neznam mozebi 7-8 mesec bev,taka da za toa ic ne se zamaraj
Mozebi i e krivo sto si otisla vo Sistina,no i taka da e ne treba taka da se odnesuva..
Ne se zamaraj i uzivkaj si ako e se vo red,na sledna kontrola ke vids kako ke bide i kako ke se odnesuva...
Sekoe dobrouser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Леле фала ти за разбирањето, почнав да мислам дека е до мене, и дека премногу очекувам!

Се мислам да ја сменам, да, ама си викам ај да и дадам шанса уште едно одење, па ќе видам. Сигурно и е криво што сум отишла во Систина, ама па не е мој проблем што она не прави ивф! И дури и ми искоментира цинично за терапијата - имам препишано пола ампула прогестерон, и као - што е ова половинка, многу знае Митко Ивановски. Мислам стварно е непрофесионално да оговара колеги нејзини!!!

Ќе видам понатаму како ќе оди, па ќе одлучам дали да ја задржам.
Фала ти user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Hopeful мисли со време дали ќе ја менуваш, сепак треба да води бременост и да е посветена.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Веројатно ќе ја сменам. Додуша, сега сфаќам дека ништо не ми кажа до мерењата за приска - кога ќе ги земел мерењата Ивановски да сум дошла по упат. Е сега се ок тоа, но тоа е тек 12 недела - зарем до тогаш не сака ни да ме прегледа женава, ни ништо? Чудно.
Многу олако се однесуваат со пациенти, запрепастена сум. Реши си ја суетата и работи, или кажи отворено да си најдам друг. Посветеност нула!

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Hopefuл, за таков однос ич не му ја мисли, имаме тема Гинеколози препораки, прочитај соодветно каде живееш и одбери си нов матичен гинеколог. Позз

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Може е најдобро и да именуваме некоректни докториuser posted image аха па она што не ти земе мерки?бре безобразни

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Може е најдобро и да именуваме некоректни докториuser posted image аха па она што не ти земе мерки?бре безобразни

Se slozuvam so ova...kako sto ima pofalni zborovi za odredeni treba i ovie javno da se potenciraat,za ete da ne se zezne nekoj pa da odi i zivci da kine kako goreimenuvanata.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Ич не ја кријам - Мицевска од Дијагностички. И тоа најкриво ми е што во темата за препораки за гинеколози за бранев, дека е нежна при земање брисеви... мореее, треба да има механизам сериозно да се пожалат пациенти од доктори. Како може да не ми каже ај да те прегледам, може сега ќе има срцева акција, или за некоја недела дојди... нешто за исхрана, активности, што знам, некакви совети и препораки! Гледам во другата тема дека на lolla и искоментирала дека не била надлежна до 3 месец за тие со ивф, ама како може бе така...

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Ау истата ли нека и слуи на чест и заклетвата user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

E houpful, и јас пред некој месец го пишував истото ова за Мицевска од Дијагностички. Значи со истиот став е кон сите со ИВФ, мене ми направи преглед во 8 недела како да сум дошла на приватно а не кај матичен што ми води стерилитет 5 години. Мене ми рече дека не била одговорна замене до 12 недела, туку дека треба да ме води докторот кој ми правел ИВФ.

Во 16 недела бев кај неа пак за контрола, зш многу е скапо да се оди се на приватно и беше срце од човек, професионално се измери кај бебчо, едно пола саат го гледавме и ми отвори мајчина книшка, притисок, тежина, ми даде упати, таму ми зедоа крв и урина итн.... Не ми е јасно зошто е таква груба на почетокот, дури ми се плачеше кога излегов од кај неа првиотпат.

Абе да не осеќам како дома веќе одшто сум честа таму би ја сменила, ама сега топрва да да се навикнувам на нов лекар, ахх не знам,многу сум крута со нови познанства:(

Ајде само нека си биде се добро со малите сонца, не земај при срце све што секој ке ти рече, плус сега ке си дааааааелку поемотивна и расплачлива и налутлива од порано.

Инаку, да, за однесувањето нека и служи честа, дипломата и заклетвата.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sajna

Site maticni se isti jas eve Cvetanovski kaj Bilna sto e nekese nikakvi dokumenti da mi dade zasto sum odela i vo remedika na pregledi citiram : Frlaaj si ti parite tamu od niv baraj si sto ti treba"" a edno eho cini 500 denari kaj nego so plav karton pa videte sega koj lopuzi na kraj ni bolovanje nekese da mi otvori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Ц ц ц... нашле, па зашле! Плата земаат од нас и пак се однесуваат бетер него ли на пазар. И мене ми има искоментирано - ако имате пари, ќе си одите во Систина на приватно - ко да треба да имам грижа на совест ако сум отишла таму за инсеминација или за што и да е друго.

Мене најмногу ме чуди (не)човечниот однос - доктор е, со живи луѓе, посебно жени со разноразни проблеми. Ако немаш сочувство, ако не ти е гајле за туѓи проблеми и ако не сакаш да помогнеш, што воопшто стануваш доктор? Оди учи таму друго нешто, не ми губи време... Ќе видам како ќе направам, дали ќе ја сменам или не. Сега за сега битни ми се следните прегледи, се да излезе ок, па неа ќе ја решам вака или онака. Ми иде да и се развикам таму, да направам скандал од што премногу си дозволува user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

lele kolku mrazam vakvi suetni neznam jas greota e da se pozalam od nekoj do sega maticniot gin sestrata sto mu e izleguva da vide zenata dali sum dosla za inekcii vo cekalnata opstiot maticen isto sestra ta sto mu e odma sto se vika zenata uste koga ke me vide vika ajde da ti stavam superfakt gi stavam i tamu i tamu oti maticniot mi ginekolog rabote na smeni a opstiot maticen ne


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

ne e tocno oti site maticni se isti i jas imav bremenost so ivf koja zavrsi so blighted ovum zenata sto e zamena za mojot ginekolog posto on bese na odmor togas od se srce koga mi ja potvrdija bremenosta so beta hcg od se srce se izraduva a ke zaboravev i upat za betahcg ona mi dade i i kazav oti imam samo eden embrion staveno i koga i go odnesov rezultatot od betahcg mi vika nula li mi noses jas i vikam kakva nula pogledni betahcg 37,1 bozee cestitki bremena si


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Zavisi do ginekologot, jas kaj sto idam kaj mojava, so prvata bremenost koga trebase da pravam 4d taa samata mi posoci da si otidam u Sistina, no jas aj od finansiski pricini demek sto fali na GAK si otidov na drzavno.koga dozna mojava bas se podnaluti i me iskara zosti vo 8 mes i se vide zajacka usta na bebevo i me prasa kaj sum bila na 4 d.mislam deka se naluti od aspekt sto stvarno vo Sistina imase dobar i iskusen dr a pretpostavuvam i ponova aparatura ama nejse sepak se zavrsi dobro.sega za vtorovo i ona ima 4 d pa fino lepo kaj nejze ke si teram.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Тоа е фер однос - штом не нуди некаква услуга, нема што да приговара на твоите одлуки. Едноставно, треба да даде совет каде е ок и толку. Мојата не правеше проблем при инсеминациите во Систина, освен тие дискретни муабети за парите на кои не им обрнав внимание, а беше сосема во ред при целата постапка на собирање документи за ваучер, упати, рецепти, повторуваше брисеви се ок, дури и ми посака среќа пред да правам ивф - и оп, сега, наместо да се израдува, гледам сменет однос. Честиташе, не дека не, ама одма ме прекина со муабет - и што сакаш сега, што ти треба? Пуста суета, свашта. Ќе и дадам уште една шанса па ќе одлучам, секако следните прегледи ми се зажани во Систина, има време додека ја видам пак user posted image



< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 6.10.2014 10:29:49 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Stefanija Stefi)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Матичен гинеколог
6.10.2014 10:35:49   
Melanija RR
Мене матичен гинеколог ми е ДР.Јасмина од ординација ,,Јасмина,, во Хром.Таму сум од 2007год никаква непријатност не сум имала.СЕ што ќе ми текне прашувам но и сама кажува што треба.На почетокот беше нова а млада па бев резервирана но по 2-3 прегледа целосно имав доверба во неа.Достапна , и вон раб. време ми има ставано инекции.user posted image

Ова е најдобра тема да се споделат искуства од матични гинеколози, а за препорака воопшто државни или приватни во темата Гинеколози - препораки

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?