Еца
|
АКО ..... Ако можеш да ја сочуваш главата кога сите ја губат и те окривуваат тебе, ако можеш да веруваш во себе кога сите во тебе се сомневаат и да им го дозволиш тоа , ако можеш да чекаш,а да не се умориш од чекање ,да слушаш лаги, а да не учествуваш во нив, или да те мразат, а да не им дадеш причина за омраза ,а сепак да не изгледаш преубаво ниту да зборуваш премногу мудро, ако можеш да сонуваш, а сонот да не загосподари со тебе, ако можеш да мислиш- а мислите да не ти постанат цел, ако си во состојба да се соочиш со триумфот и пропаста, а да се однесуваш еднакво пред нив, ако можеш да поднесеш вистината која си ја кажал ,да ја изопачат за да ги залажат луѓето ,или да ги гледаш работите на кои си го посветил животот- скршени а се наведнеш и почнуваш да ги поправаш со лош алат, ако си во состојба да ги собереш сите твои победии ги ризикуваш да ги изгубиш во еден круг :крајцарица: и почнеш одново од почеток,а за загубата да не проговориш ни збор, ако си во состојба да го натераш срцето, нервите и мускулите да ти служат долго и кога веќе не можат,да продолжат дури и кога во тебе ништо нема,освен вољата која им наредува ,ПРОДОЛЖЕТЕ! Ако можеш да зборуваш со масите.а да ја задржиш чесноста,или одиш со кралеви а не ја игубиш обичноста, ако сите рачунаат на тебе, ама никој премногу, ако неопростениот минут го исполниш со долго бекство од шеесет секунди , твоја е земјата и се на неа и уште повеќе, ќе бидеш ЧОВЕК,сине мој ! Радјард Киплинг
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|