|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Какви мајки сте-дали лажете дека вашите деца ...
18.5.2012 10:12:53   
vesna1
Во последно време имам приметено дека многу мајки нереално си ги преценуваат децата и лажат дека се најдобри.
Еве да почнам за големата ќерка, прво другарка ми-ќерките ни се врснички,и јас кога ке почнам да се жалам како имаат многу за учење и добила некогаш четворка она за нејзината само све најдобро, никогаш не учи со неа, никогаш не добила четворка, идела по натпревари и слично. Јас си викав блазеси и што има такво дете, ама после кога случајно учи со дете на моја колешка и јас случајно бев на гости кај нив и правев муабет со малата нејзина дознав дека воопшто не е така,дека била сосем средна ученикакоја понекогаш добивала дури и двојки, не идела по натпревари и друго.
И потоа почнав да ги анализирам лугето околу мене, и заклучив дека се ретките мајките како мене што искрено си кажуваат кога детето ке добие четворка.
Потоа тоа го приметив и со една братучетка исто нејзината керка све најдобра а бре еднаш во овие 10 год. не кажала моето дете доби четворка., све е најдобра од цел клас.
Јас воопшто не сум такава, што има да кажувам нереални работи,има деца жто учат, неучат зошто да лаже и кого лаже кога реалната ситуација е поинаква.
Какви се вашите искуства?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 10:30:13   
JovanaJ
Sum zabelezala deka ima roditeli koi se nogu ambiciozni i gi forsiraat decata pa so samoto toa i gi idealiziraat deka se najdobri, talentirani a koga ke vidat deka ne e taka , lazat deka toa navistina se slucuva.
Takvite roditeli gi zabelezuvam uste sega koga decata seuste ni odat vo gradinka. Edno devojce na vozrast kolku sin mi 5 god, odi na site mozni aktivnosti balet, hor, angliski, kurs po slikanje....Majka i postojano istaknuva kako deteto demek site pesnicki zaelo da gi zapamti pa gi pee i demek so toa e mnogu talentirana...Pa i sin mi toa go moze ama jas nikogas ne sum go smetala toa za posebna darba ednostavno toa go mozat site deca so normalen razvoj, ne e nisto posebno sto bi trebalo da se istakne kako talent. Ovie roditeli sigurno i ponatamu ke si gi idealiziraat decata vo sekoj pogled.
Jas se raduvam za sekoj uspeh na moeto dete, dali e naucena pesnicka, zbor na angliski, brojka, bukva...no nikogas ne sum izmisluvala deka nesto posebno naucil ili pak potencirala. Sakam da ima dobar uspeh i da se trudi sekogas da odi nagore i da postignuva poveke. No toa ne podrzabira deka sekogas ke bide odlicen, najprimeren, najpameten vo se. Nemam nikakva potreba da lazam ako nekogas vo nekoj pogled ete "popusti" odnosno ne gi ispolni ocekuvanjata. Toa se deca vo ravoj koi doprva ucat za zivotot. A takvite roditeli opasno me iritiraat i sekogas gi distanciram od sebe zatoa sto sum so dolg jazik a ne sakam da sozdavam neprijatnosti okolu mene......

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 10:30:40   
Џесика
Оф Весна, моја омилена тема за празнење user posted image многу ми требаше да ја убедам мајка ми, баба ми, тетка/стрина, дека сите за своите деца кажуваат нај нај... се ежам!!! Јас никогаш не сум била фалена, нити нешто посебно ме тешело, ама кога ќе ми дојдеше баба ми и ќе кажеше „на Петкана внуката сите десетки и биле на факултет“ Абе шо збориш? бравооо ево медаља... па кажи бе бабо дека јас сум првенец на генерација... шо мислат дека стварно е тоа така??? Искрено, на времето се нервирав, ама како ми се истанчија нервите, веќе почнува да ми станува смешно... све нај нај??? За кого е тоа? Мајка ми секогаш викаше „ако сте најдобри, за мене сте најдобри и за себе, од другите тапкање по рамо и аплауз не ми треба“ Дури мислам и дека не е на арно толку фалење, нити планирам да си го фалам син ми, па кога ќе слушнам „аууу колку е итра/паметна“, таква итроштина џанам не се видело... сите деца се паметни и итри само некој знае а некој се фали... а иначе, мајка ми сега почна да ме фали, на стари години, викам ќути молим те, ме срамиш user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 11:34:28   
AnnaMolly RR
И јас се сеќавам на тие споредби дека „внуката на таа и таа имала само петки, па после десетки на факултет“ дека имала најдобра работа, најубав дечко, најубава кола...

Еве претходната година сите ми викаа „леле, па моето дете на 1 година веќе одеше, Филип абер нема“ или „а, моето дете побрзо од твоето прозборе, побрзо почна да разбира“. Па што ми е гајле?

Секој за своето дете си мисли дека е нај нај, дури и најмалите ситници не прават горди. Јас на сите им се фалам макар и едно зборче да каже што ќе ме израдува, ама никогаш не го споредувам со другите, ниту пак тврдам дека е најдобар, најпаметен, најубав... Макар што нели секоја мајка за детето си мисли дека е најубаво, најпаметно, најнапредно user posted image user posted image user posted image

Ама да измислам дека нешто направил само за да се фалам пред другите, не фала! Не ми требаат пофалби и восхитувања за нереални работи.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 11:41:18   
Џесика
А, ми текна последно што слушав по дома, на свекрва ми пријателка : Ќерка и многу ја сакале на работа, и понудиле да биде директорка, ама се двоумела или не знам што беше... па имала дечко Србин (ова беше битен детаљ) од Белград и многу ја сакал, и она го сакала додуша, ама он поише... и не излегувал од дома од што ја сакал, демек не шетал по кафиќи, а она му викала абе излези шетај а он НЕ! Абе пукнав од смеење... и сега они толку многу се сакаат што ни она сакала да оди да живее во Белград, ни он сакал да живее во Скопје... абе љубов невидена ова, се ми се чини дека не би требало да имаат препрека ако се сакаат, ама ај... user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 11:59:32   
vezilka RR
Хе, хе е баш ме интересира кој е мотивот и „наградата“ онака баш да исполажеш за успесите на своето дете?
Од друга страна пак мајките кога расправаат за своите деца што знам на пример дека за своја возраст биле многу напредни го сметам баш за синдром и отсекогаш ми бил смешен . Ми бил смешен, ама пак баш дека го сметам за синдром, не сум милјарда посто сигурна дека не го правам тоа, онака да не сум свесна за тоа. Баш би сакала некој од страна да ми каже user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:08:30   
Andriance
Of mori majko mila...ja stvarno ne znam so da kazam na ovaa tema...mene duri nekigas me fakja sram da si go pofalam deteto pred drugi samo zaradi ova...jas si go falam deteto zasto sum gorda ama biram pred koi luge..inace znam 100% najmalku 5 majki koi lazat deka deteto ova ili ona...ama ja ja nemozam da se nerviram sega za toa user posted image

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:13:37   
Mihaela 2010
Mene mi teknuva na eden muabet so komsika moja...M si e poznata po slabo jadenje,i tegavenje,i molenje da stavi nesto vo usta,i sega sitnicka si e,ne kozjae kolku ama mozebi za nejzina vozrast nesto po sitna kolku sto bi trebalo da e,a malata na komsikava e eden mesec postara od M,ama krupna e,i u visina i u kilaza..I si praime muabet deka ne jade M i ona mi vika,ostaj i mojava nisto ne jade,abe so molenje,kolenje,nisto nisto ne saka da jade...i ok...posle nekolku dena doagaat na gosti kaj nas,a malata samo sto stanala od spienje,i kao da i dade da jade,i napolnola so mandja so meso i zelencuk od onie sto cuvame sirenje vo niv,so kapak sto se,polno do gore i i dava detevo buta jade so da ti kazam.....i ja onaka so otvorena usta ostanav,si vikam pa moevo dete tolku da jade zar ke kazam deka ne mi jade????neznam stvarno sto da kazam....

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:17:53   
vesna1
Za mali deca razbirlivo e, pogotovo ako im e prvo dete pa mislat deka nivnoto e najpametno.
Ama za golemi deca da lazat deka nemale nikogas cetvorka,idat po natprevari.
A jas licno sum profesor po matematika i znam kolku ime tezok materijalot i ako nekoj ne im pokaze,samo  na cas pominato nabrzinka nema sansi da imaat petka(osven ekstremno nadareni se razbira). Mene mi bese muabetov sto go vratat drugarka mi i bartucetkava , jas im vika lele sega ima Iva pismena matematika se ubivme od vezbanje i kerka mi ima petka normalno ama jas i pokazuvam, a oni mene jas na ...... nikogas ne i pokazuvam sve sama si uci i sekogas petki.
Jas plakam za mojata kerka casovi angliski a ona mene mojata ne ide ni na kurs pa samo petki ima,neznam sto sakase da kaze demek mojava kerka glupava e pa mora da ide na casovi angliski.
I togas koga bev kaj koleskata slucajno zapraviveme muabet i i vikam na nejzinata kerka ja znaes li ..., pa da so mene uci, i kakva e super ucenicka a ne nekna dobi dvojka matematika, ....kakvi natprevari.
Neznam sto i e poentava na drugarka mi, zosto da laze sto ke dobie so toa.
Isto i bratucetkava isto vrsnici se so Iva i nikogas nema kazano los zbor, sve e super, genijalna najdobra vo uciliste.
Porano im veruvav ama sega svativ deka lazat.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:20:13   
Beatris
Охохоо какви мајки познавам, се со најпаметни деца, со прашања од типот - Не пие уште од клунче? Ц Ц Ц аууу, мора да ја научиш, син ми одма од 6 месеци пиеше... а детето бтв има 2 -3 години и уште се шета со цуцла у уста по цел ден. И да не редам. А и не ме занима.

Јас, веројатно како и поголемиот дел од мајките, знам да се воодушевам од некоја постапка на А, и за мене е тоа вау у моментот, сакам да ја пофалам, ама не и да тормозам до таа мера дека незнам што напраила и дека е најпаметна од сите на таа возраст!

За лажење не ми се десило никогаш, а и не знам која би била поентата, освен некоја "болна" лична сатисфакција на таквите родители.

Искрено сметам дека со такви работи прават "инвалиди" од децата, у утре задутре кога ќе тргнат во школо сите наставници/професори им се криви затоа што како таа можела да му стави 3ка а детево втор Анштајн. Истото се збори пред децата кои после тоа не знаат да почитуваат авторитет.

Моите родители за секое мое "кидање" од часови отишле и кажале - ма каков забар нема врска не била на забар. Или кога ќе сум рекла онаа професорка гарант ме мрази ми стави 4ка, никогаш не ми застанувале во одбрана па дури и да требало во дадена ситуација. Од денешен аспект сметам дека ми направиле добра услуга, и ќе гледам и моето дете да го воспитувам/перцепирам во таа насока, нормално со некои мали корекции.

Уфф, забегав, се изморив од куцање user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:32:05   
Ikana
Аха да. Колку ми е позната ситуацијава ама ај. Тој толку да ја сака, ќе си го довлече гаuser posted image от до тука и ако треба ќе седи или ќе најде било каков начин да биде со неа. А не изговор, типа па за мене е регрес да дојдам во Скопје, што ќе правам.....такви муабети се исто на нарцисоидни и самозаљубени личности, кои не сакаат туку користат. Не искачал по кафиќи...аха да. Нека му го пробие ФБ па да видиме што прави кога не излегува....фуј.
Мене ми се смешни генерално луѓе што се фалат многу, велат фалбата е како р'ѓа.....сега не зборуам за да го пофалиш детето кога навистина има нешто добро направено, или дека има нови патики убави, ама дека моето е најдобро, значи премногу субјективен е тој муабет. И ме нервираат коментари исто од типот, ако е негативно, моето е најнегативно или ако е позитивно моето е најпозитивно. Смешни луѓе!

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

А, ми текна последно што слушав по дома, на свекрва ми пријателка : Ќерка и многу ја сакале на работа, и понудиле да биде директорка, ама се двоумела или не знам што беше... па имала дечко Србин (ова беше битен детаљ) од Белград и многу ја сакал, и она го сакала додуша, ама он поише... и не излегувал од дома од што ја сакал, демек не шетал по кафиќи, а она му викала абе излези шетај а он НЕ! Абе пукнав од смеење... и сега они толку многу се сакаат што ни она сакала да оди да живее во Белград, ни он сакал да живее во Скопје... абе љубов невидена ова, се ми се чини дека не би требало да имаат препрека ако се сакаат, ама ај... user posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:46:57   
Cipi Ripi
Moeto bebce ima samo 10 dena, taka sto ne znam seuste za deca bas. Ama opsto gledano, veke podolg period gledam deka lugeto mnogu lazat, partal pravat, se pravat site tetki postenki, a koja od koja po paraspur. I da znaete deka koga taka ke falat pred vas znaci i deka za nesto vi ljubomorat.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:52:54   
Џесика
А едни со цел памет лажеа дека ќерка им дипломирала а прашање е дали станала апсолвент, откако исто така изнајдов колешка нејзина од факс и рече дека уште од прва година нема исчистено испити, а на мајка ми и кажуваат дека е апсолвент, па нели даваа ваучери за компјутер и мајка ми вика „абе земавте ваучер за компјутер?“ аааа не сакала, не и требало компјутер.... е тогаш жими све се вадев од такт ЗОШТО ЛАЖАТ? Кого лажат??? Па да не праиме муабет, дечко немала до сега, а тек какви поховани пилешки стекови прави... никој не прави такви... леле сама си се смеам ко мрдната хахаа...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 12:55:48   
Calypso
Јас лично мислам дека ваквите родители си имаат некој комплекс, па на тој начин со фалењето, т.е лажењето си ги лечат тие комплекси. Искрено, нормално е за секоја мајка нејзиното дете да биде нај нај нај... ама не мора да тупиме со тоа. Од друга страна, има родители кои претерано ги форсираат децата, премногу очекуваат од нив, и нормално дека кога ќе постигнат нешто, ги фалат на сите страни, наместо да остават делата сами да зборуваат. А за таквите деца, кои биле многу форсирани, ќе речам - тешко нив, оти ништо и никој нема да им биде доволно добар во животот и секогаш ќе се разочаруваат во себеси ако не ги задоволат очекувањата на другите, а тоа си повлекува свои последици како фрустрации и комплекс на пониска вредност.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 13:11:04   
Ikana
user posted image user posted image user posted image
Џас не можам хахахаах...
Муабетов, готово бе доктор е, Само уште 15 испити има до крај...ама не, она доктор е. user posted image
Не разбирам, навистина не разбирам....
Ај добро никој не сака да му се гледа прљавиот веш, ама па со сила убавина не бива, нели? Зошто да викам дека детето ми знае математика, кога врска нема...Медиокритети што лечат комплекси се вика тоа.
Добро кажа Ципи Рипи, за нешто они љубоморат па затоа така прават....Ама ајде битно не забавуваат, ако ништо друго, им го мериш паметот. user posted image

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 13:28:32   
Maca25
Џес браво за муабетиве!!! user posted image user posted image user posted image Ех, такви тетки што само ги фалат ќерките и ја полнат главата на мајка ми секојдневно. Вчера ми кажува муабет како пријателка и кажувала за синот дека сам се вработил, 1000 евра плата, одма директор станал, одма по светот почнал да шета....и мајка ми што е најтрагично и верува!!!

Кога си мајка на мало дете, па и ако е прво дете, се што твоето дете ќе направи макар и да прдне на посебен начин, за тебе тоа е значајно. Не викам дека е фалење ако и се каже на пријателката дека детето научило нешто да направи, туку самата мајка се чувствува горда што го научила своето дете. Се е ок, само да не дојде до момент на споредба помеѓу 2 деца. Едно порано ќе научи нешто, друго покасно и така. Најбитно нормално да се развиваат и да бидат среќни. Дали сега научило 5 збора англиски или пак во школо ич не е важно.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 13:58:09   
Octavia
Темава е за user posted image user posted image . Ама сите не иритираат такви луѓе, признавам. Јас едно време почнав да се секирам што е со нас работава, на пр син ми учи, солиден е, ама јас мора да помагам или во најмала рака да го контролирам. И кога почнаа муабетите „Јас не знам ни што учи моево во школо, се само си работи“ или „Не сум ни прашал/а што имаат за домашна, не па да седнам да помагам„ искрено почнав да си викам дека детево мое не успева да држи чекор со негова генерација, сите прават се сами, ние мора со убедување и со контрола да постигнеме некој резултат user posted image . Почнав да сфаќам што се случува (а мора плава да се фарбам сериозно, премногу верувам, а тешко ги сфаќам луѓево) кога зборев со една другарка, генерација ни се децата, и се пожалив дека тешко стигнувам се, плус детево си бара внимание и ми вика „А бе сите најдобри се на работа, дома чистат по 6 пати дневно прашина, а децата им учат сами и никогаш помалку од петка немаат. Освен ако не им појдеш дома ненајавено“ user posted image . Еве вика, ти кога се јави дека идете, бутнав непегланите алишта во плакар, инаку чекаа за пеглање надвор. И избришав прашина пошто од пред 2 дена немав стигнато да избришам, а пуштив и усисивач да соберам трошките од ручек, а може да чекаа и до утре, искрено. Е така се сите тие големи домаќинки, ама не признаваат. Сите исто прават, ама ние сме блиски, па си кажувам, да ми дојдеше некоја друга, може и јас филмови ќе правев user posted image “ Исто и една постара жена убаво ми кажа, не ја ни знам, ама се замуабетивме нели со деца надвор, и јас викам Моево вака онака, за јадење, за ова, за она... сите ми зборат нивните вакви биле, такви биле... а таа ми вика „А кој ти брани тебе да збориш исто? Будалче, тие зборат, збори и ти, мислиш па тие кажуваат како што е“ Се изнасмеав тогаш, ама во право била женава. Ама Многу ме нервира кога баби/ дедовци ќе почнат „На Петко внукот јадел 5 киви секој ден, нашиов зошто не јаде?“ или „Петкана што убава работа си нашла, сама бе, сама си трча, ене во министерство ја примија на оглас...“ user posted image и сите слични муабети кои меѓу редови значат „Е како ти/вие не можете (или не сте способни)...“ Тука станувам user posted image .

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 14:47:02   
Sarah
Pred edna zena da stane majka okolinata ja ocenuva nejzinata vrednost/napredok okolu nejzinite postignuvanja na profesionalen, pa i ljuboven plan. KOga ke stane majka okolinata stava pritisok vrz nea i ja gledaat niz prizmata na nejzinoto dete. Vo smisla kakvo ti e deteto nadvor, pokazuva ti kakva majka si i ne samo toa tuku kakva zena si... Pa ako deteto vo oreden pogled te zasrami na pr. so losi skolski rezultati toa edna majka go sfaka deka ne uspeala da se realizira kako uspesna licnost itn. I togas se preminuva vo lazenje od stana na majkata samo za okolinata i ja odredi vrednosta i kaze eve bravo ti vredis vo moite oci ti si prekrasan licnost. Za zal ova e vo site aspekti od naseto opstestvo, lugevo si ja baraat vrednosta na pogresni strani.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 14:47:30   
Pepelaska *
Темава и сите ваши постови мнооогу ме потсети на мајка ми.И дури сега сфаќам колку добра и трпелива мајка била.Сега јас ќе ја испофалам малку мамичкаuser posted image .Кога одевме на школо јас и сестра ми , таа никогаш не се фалела со нас( двете бевме одлични и со награди и се) а имаше пријателки кои нон стоп ама буквално секогаш велеа ех моите учителката/професорката само ги фали, како нив дете не се раѓа, како нив нема, нај нај се. Одат на курсеви знаат се, со сите петки се, дечковците богати од доктори од ова од она.А мама моја мудро си молчеше и креваше раменици.Се чудев и еднап дури и се налутив зошто не не фали нас две.Ми рече, зошто да ве фалам, од кај знам утре што ќе направите и донесете, после? Зошто сето атоа фалење? За да се смее народот ? Вашите успеси се ваши и наши , мои и на татко ви.Ние треба да се радуваме на тоа а не некој друг.Никогаш не ни забраниле ништо. Кога ми пишаа 1 во книшка за глупост не ми рекоа ништо, кога сестра ми донесе двојки дома една година не и рекоа ништо.
Сега двете завршивме факс, се омаживме јас работев и планирам пак да барам работа , а ќерките на фалбаџивките уште се на факултет( оти многу тежок запишале тие , многу биле паметни).Мајка ми вели сега “фалени јагоди- празни кошници“
Ете така јас се испофаливuser posted image
А јас каква мајка сум - искрено незнам уште, да се фалам дека син ми е ова она најдобар најубав и слично не планирам.Тој секако е тоа за мене и секогаш ќе биде.НЕма потреба да лажам или да го тепам и затворам ако некогаш ми донесе единици, ако направи некоја глупост и слично.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 14:58:52   
Ikana
Јас искрено верувам во моќта на скромноста и приземјеноста. Секаде има такви луѓе, такви тетки, такви стрини, такви комшивки. Мене ми се смееја зошто не сме направиле свадба, зошто сум живеела ваму, зошто сум направила ова, зошто не сум магистрирала уште...ама искрено, јас од себе сум задоволна и докажана сум како личност пред себе и пред други, иако мојата ситуација во моментот не е сјајна, тоа што ме држи е љубовта кон моето семејство. И се додека таа љубов постои, јас ќе бидам среќна и задоволна. Мајка ми немала потреба да ме фали дека сум најпаметна или најуспешна, зашто е задоволна со тоа каква сум денес, и со искуството кое сум го имала во животот, кое ми е подрагоцено од 1000 евра плата или директорско место...
Среќна сум, тоа е најбитно, и леб и сол да јадам среќна ќе бидам, се додека сме здрави и живи, ништо друго не е важно....така и детето мое, кое утре може ќе го бива, а може и да не го бива, битно ми е да е здрава и искрена и скромна личност и дека се обидело и има некакво искуство од тоа....

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 15:16:49   
dostickage
Ne sum sovrsena i nemam ni namera da stanuvam a nitu pak moeto dete imam namera da go pravam Mr Perfect .
Rastev sama so majka, tatko mi bese pocinat od moi 9 godini i za se morav da se boram dvojno.Fala Bogu se se zavrsi dobro so mene , no vo nitu eden moment mojata majka ne me pofali pred nikogo.Togas na moi dvaesetina godini mi bese ponekogas i krivo. Za razlika od majka mi, nejzinite prijatelki sekoj den doagjaa na gosti za da gi ostavat decata doma sami doma da ucat. Jas studirav , a majka mi pribirase gosti .
Na kraj jas zavrsiv fax za tocno 4 godini , se vrabotiv eden mesec posle diplomiranje preku oglas (ova stvarno)))). I eden den ja prasav majka mi , vikam da ne nesto ne si zadovolna od mene, ne sum sovrsena nemav desetki imav 6 i 7 na fax, da en nesto potfrliv i sl. zatoa sto nikogas nikade ne rece nisto.
Mi rece , jas ne te falam zasto delata go falat covekot.Sto imam jas da kazam koga se se gleda na videlo.

Btw prijatelkite na majka mi sto gi brkaa decata od doma za da ucat, seuste merat ulici.

I da, vo ocite na tie tetkite so vlagaat u filmovi jas samo sum imala srekjauser posted image

Imam , i da mi pluknat pod prozoruser posted image Se duri imam za kogo da ziveam se e vo red.  

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 15:23:48   
temjana
Мореее чекајте да се породам па од септември ќе читате која мајка има најбрилијантен син уште на непони 24 часа од својот живот, има да ве спобудалам user posted image user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 15:29:50   
vezilka RR
Их, мајка ми па баш не фалела, секогаш кога ќе ја прашале како децата, викала, супер си се немам од што да се пожалам..и не лажела жената, стварно си бевме супер user posted image user posted image

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 16:39:58   
Sarah
Pak normalno moe mislenje da si kazam. Da ne go povtoruvam toa so go kazav prethodno stojam zad toa so go rekov. e sea licno za mene da si kazam kako razmisluvam .Znaci nikogas ne bi lazela i da se pretstavam sebesi ili decata perfektni. Megutoa ne sakam da odam vo krajnost i nikogas da ne gi pofalam svoite deca. Jas si gi znam motivite t.e. koja mi e motivacijata da gi falam. Smetam deka e vazno od vreme na vreme koga deteto ke napravi nesto dobro so zbor da go iskazam toa. Nie sme izrasnale taka sto ili nekoj lom ke te napravi, t.e. ke te ismee ako zgresis nesto(takozvano fakanje seir) ili ako napravis nesto dobro ke si kutat i traat. Vo skolo niednas ucitelkite ne mi dale nekoja motivacija za da ucam. Oni mislele deka ako mi stavat 4 namesto 5 a na pr ke sum dobiela 5 za 1 bod, deka toa ke me motivira da bidam podobra. Jas smetam deka toa samo poveke go razocaruva covekot i ne go tera da se trugi. Za zal skolstvoto seuste ni e takvo i sekoja cest na isklucocite. Veruvam da mi stavela 5 i da mi rekla:veruvam deka go zasluzuvas ova , eee i te kako ke se trudev da i ja opravdam doverbata. Ama ovde vo nasava drzava site te praat tupav glupav i mislat deka samo taka ke bides podopar. POGRESNO!!!! Vo mojava prikazna se najde edna ucitelka koja se smeni vo mojot zivot i posle bev i najdobra vo klas. Zatoa sakam pred moite deca da gi pofaluvam konkretno koga nesto dobro napravile. Smetam deka toa e motivacija za niv da bidat i podobri i da se trudat da go pravat toa sto e dobro, i da imaat nekoja sigurnost vo rabotite sot gi kazuvaat i gi pravat. A vo vrska so toa dali gi falam na drugi, da ponekogas, ama ne za da se napravam super mama tuku ednostavno zatoa sto natamu ne dovel muabetot so drugata osoba i zasto pa da ne kazam na nekoj drug dobri zborovi za niv. Da solam pamet na druga majka za toa sto e najdobro za nejznoto dete nikogas, ama primam sovet i ako mi e bliska osobata mozam da dadam sovet. I toa smetam deka e vazno da imam dr majki vo mojot zivot so koi mozam da spodelam iskustva i da pobaram sovet. A tie sto ne gi znam dobro togas ne mislam da vlagam u muabet i da se naptrevaruvam so niv. togas veke se drugi motivite i nekam da zapagam pod toa.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Какви мајки сте-дали лажете дека вашите д...
18.5.2012 17:31:02   
amateuress
леле мене такви фалбаџиски муабети од едно уво ми влегуваат, од друго излегуваатuser posted image

од дома никогаш не ме фалеле многу, ептен требало да се докажам за да добијам пофалби, особено од мајка ми што е многу критична. е сега во себе сигурно си мисли дека најдобри на свет и се децата, ама тоа сите си мислиме, нели :)

мало ми е детево, ама засега не споредувам многу со други, а други деца многу, многу и не ме занимаат, јас моето си го гледам, па другите ако биле златни, за украс дома нека си ги стават. е, кога ќе почне на училиште дали ваков лежеран став ќе имам, ќе видиме :)


(Одговор на членот Sarah)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?