Џесика
|
Женски сега се сетив дека должам прераскажување од посетата на Видоески... човекот многу убаво не седна ко психијатар, детето го остави да си игра, а нас ни одржа предавање за предрасудите во врска со широк повој, Д-витамин, седење, ортопедски чевли итн... Како првенствена грешка кај нас родителите ја нагласи употребата на Д-витаминот, што го даваме само во првите 2-3 години, што е апсолутно грешно, рече дека се дава се додека малиот не стане физички возрасен колку нас, т.е до пубертет... се додека растат коските, се дава Д витамин , за ортопедските чевли беше најголемата дискусија... го виде Борјан дека нозете му се во Х и рече само „ах, добри се... штом се во Х се добри, само да не се во О... е тогаш ќе треба да се интервенира“ и исто како што пиша некој погоре, до 7 годишна возраст детето има фора да му се исправат нозете, а тоа се поттикнува исклучиво со редовна физичка активност. Најизразено во овој период (3 години) е подигањето на прсти, што треба да го поттикнуваме, зошто со самото подигнување на прсти, мускулите на потколеницата се јачаат а со тоа и сводот на стапалото си ја добива формата, и навистина ми го покажа тоа, го зема син ми во скут, му ги свитка прстињата како да се поткрева и сводот сам се обликува правилно... Во врска со физичката активност, за оваа возраст, т.е од 4 години е најдобро да се запише да некоја боречка вештина или тенис, кајшто има многу скокање, трчање... за понатаму препорачливо е играорна како најдобар спорт за оформување на стапалото... препорача чевли меки кај прстите, за полесно одење, ни покажа како ортопедските чевли со нивната крутост го искривуваат движењето и држењето на нозете, а за домашни вежби рече да си набавиме вакви за одење.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
|