|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: pomos
12.9.2009 2:47:07   
Весна
Јухуу, златнички еве ме...
Еве вака: Кој ѓавол само ме натера да идам на дежурна гинекологија, ауф!
Еве како беше и што (ништо) не се случи (барем она што ми текнува баш сега од дијалогот-накратко):
јас: добро вечер!
д-р: што ти е?
јас: имам болки еве тука (покажувам два прста под папокот) веќе некое време. И натаму објаснувам што како.
д-р: и што сега?! соблечи се да проверам да не си отворена.
јас: ама прерано е, 24 и пет дена сум бремена.
д-р: па што.
Ме гледаат, вика не си отворена, ама имаш кандида. Кажувам дека знам, дека почнав со терапија и исто знам дека не е ризично за предвремен пораѓај. И оваа: Е не знам тоа, може може да биде. Занемарувам. И она продолжува:  ете не знам, и што сега, сакаш да останеш?
јас: па ако треба, нормално дека би останала.
д-р: ама па што и да останеш, што ќе ти правиме, до 27 недала бебињата не преживуваат.
јас: ама нешто не е во ред со бебето?
д-р: не ма, бебето си мрда и тоа пуно, ама тебе те боли.
јас: Е знам дека ме боли, ама не знам какви се породилните болки, прва бременост ми е, а и не верувам дека е нешто такво бидејќи умерено ме боли, не јако. Можно ли е од мрдањето да ме здоболува баш на тоа место?
д-р: епа зошто дојде?
јас: за да проверам дали се’ е во ред со малото и со мене, болката значи предупредување за нешто. И еве да ви ја опишам болката е како кога желудник тапо боли.
д-р: па да те пратам на гастрологија (како и да беше зборот).
јас: ама јас нема проблеми со желудникот, ни со ништо слично. Само сакам да знам дали е се’ во ред, бидејќи се исплашив малку.
д-р: аха, значи исплашена си, еве пишувам Б6. Друго?
Е тука сфатив дека џабе дојдов, и баталив да барам некаков одговор и причина за болката, која откако видов дека малата си мртка, ми се намали, барем сега за сега.
Ајде да не должам многу-многу (не џабе маж ми ме вика Шолохов user posted image ) па утре ќе видиме како ќе биде. Ќе го побарам матичниот, па во понеделник здравје боже да направам уринокултура, брисеви, анализа на крв, што и да треба.

Сега ве гушкам и лека ноќ мамички и бебушки! user posted image


(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: pomos
12.9.2009 8:13:51   
Палешка РР
Супер Весна што се добро се заврши user posted image
Кажи ми кога ти е терминот јас сум во 24-та недела user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 12.9.2009 8:16:11 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: pomos
12.9.2009 10:37:17   
Еца
user posted image браво за тебе Весна, а ова е за докторот на гинекологијаuser posted image user posted image user posted image срамота.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: pomos
12.9.2009 12:37:49   
Весна
Добро утро, добар ден, ах убав ден! user posted image
Не боли више ич. Никаде. user posted image И малото цела ноќ беснееше и еве сега истото, ви се радува, ве поздравува и таа user posted image
Е арно, ама сега друга мисла ме јаде, да не претерано многу мрда, просто со саати не престанува, кога спие, што прави таму user posted image
ау колку сум швркнато, ама не знам колку е вообичаено/природно да мрткаат наши мешљаци user posted image Како е кај вас?
Инаку, Палешка, денес сум точно 24 недела и шетти ден, па здравје таму крај на декември, 27-29 е терминот. Пријателите мајтап си тераат со мене и викаат да стиснам до Нова година, таман ТВ да добиеме и визита од владарците. user posted image
Леле, само уште 15 недели ни останаа и на двете user posted image Радостиииии

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: pomos
12.9.2009 12:42:05   
profesorica
Па нормално е ако мрда не му се секирај.Штом мрда значи добро е.Може и твоето некое боксерче ке испадне user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: pomos
12.9.2009 12:45:07   
niki
Ako ne mrda grizi se, ako mrda kolku saka neka mrda nema tuka merka, odreden broj na dozvoleni mrdanja, si spie toa koga mu se spie ic ne mu se sekiraj.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: pomos
12.9.2009 12:59:48   
Весна
Ој колку силно ве гушкам за поддршката и позитивноста!
Леле колку само јако user posted image ууууиј!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: pomos
12.9.2009 16:01:35   
nadica
мило ми е што си ок браво за тебе и малото а за др немам коментар

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: pomos
12.9.2009 16:19:08   
mami
јас каснам ко никој :)))) не се секирај , и мене така ме здоболуваше на периоди...и биди смирена додека клоца, кога ке се смири тогаш треба да се загрижиш...
не за џабе и јас мразам да одам на дежурен..и уште во државна..фуј, таму само ако не дај боже нема каде

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: pomos
12.9.2009 18:33:42   
Палешка РР
Аааа, баш овие денови и моето бебе збеснува во стомак, ама не престанува да мрда, се прашувам дали спие некогаш user posted image . Веројатно бара нова местоположба. Тоа воопшто не ме загрижува, баш сум happy user posted image  user posted image  user posted image . Уживкај си Весна, се е во ред user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: pomos
12.9.2009 20:59:53   
Весна
Е, Палешка само да знаеш колку сега ме успокои. Изгледа баш рака под рака идеме со развојот. Јас ептен се радувам кога удира, ама ова де фудбал игра user posted image рефлексно скокам од кревет user posted image , а и маж ми покрај мене. Го збудалев миличкиот мој user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: pomos
22.9.2009 14:09:51   
Сани
мрдањето да не те загрижува, се мислам некој ден дали ке биде фудбалерче или косаркаче зависи дали удира горе или долу.
Читав дека и бебињата се како и лугето секој ден не им е ист некои денови сакаат повеќе да спијат некои да лудуваат.
мило ми е што се завршило добро во државна и колку и да се катастрофа а ужас се, сум лежела на патолошка. од Систина пак ме препраија таму во случај да дојде до предвремено раѓање само таму имале услови за такво нешто. Барем да ја отвореа новата се надевам таму ќе биде подобро.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: pomos
22.9.2009 19:55:31   
Весна
Ете знаев, знаев... само што ми ги добив резултатите од анализа на крв и урина.
Крвта ми е супер (за живо чудо, бидејќи цел живот сум анемична), арно ама во урина сум имала доста бакрерии. И мажот ми си прашал дали е во ред, и му кажале дека покачени бактерии во урина на трудниците било сосема нормално. user posted image  Ама ајде ти се молам, така на ќерка си да и’ каже, лошка една. user posted image
А пред да забременам имав е.коли, пиев микс од чаеви од билна аптека и секако антибиотска терапија, и се куртулив, и плус и плус постојано и пијам чај од брусница. Во 14 недела си правев пак уринокултура и тогаш се’ беше -цаком памок- user posted image
Е што е сега со овие бактериишта. Утре/поутре идам на дополнителна анализа на уринокултура, а до тогаш ќе си се чудам. Ох, аман више, на раат да не си.
Кажете, можно е да не е страшно?!

(Одговор на членот Сани)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: pomos
22.9.2009 19:59:56   
srekna mama
точно е дека трудниците имаат повеке склоносткон урино инфекции.после уринокултура врз основа на антибиограм се зема антибиотик.може слободно cefalexin ili nitrofurantoin.чајот од брусница продолжи го и пиј многу течности.ништо страшно,не се секирај,

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: pomos
22.9.2009 20:13:23   
Еца
Весна и јас на почеток од бременоста имав доста бактерии во мокрачата, пиев само чај од брусница.  Но во осми месец се беше во ред.user posted image Ти провери си, ама не се плаши уште од старт.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: pomos
22.9.2009 20:31:48   
kiki_riki
vo tekot na prvata bremenost imav bakterii i mnogu se plasev no vo razgovor so drugi zeni i mnogu procitani stranici od se i sesto razbrav deka se javuvaat poradi toa sto e stesnet prostorot vo stomakot, pa morav da pijam i po litar uvin caj dnevnio BLJAK, no mi pomogna, a so antibiotici ne izbrzuvaj dokolku ne ti gi preporaca doktorot

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: pomos
22.9.2009 20:53:56   
mis.
Весна и на мене неколку дена пред да се породам,на самиот последен термин имав бактерии во урината и др.рече дека сум пред породување и нема простор за никаква терапија и остави се како што е и бебето се роди со бактерија во очите.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: pomos
22.9.2009 23:01:43   
Весна
Ех, мечка страв, мене не! user posted image
Ахаааам, само што не! Милион мисли ми леткаат, па ми светна... дали може, за да не би се ризикувало, да си закажам со царски да се породам. Дали тоа би било некаква превенција за бебето од каква било моја уринарна инфекција? user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: pomos
22.9.2009 23:10:33   
Палешка РР
УУуууу Весна, па ти си била и бетар од мене user posted image
Вака: Јас во 12 недела ѓомити имав бактерии во мокрача, па на уринокултура излезе дека немам ниту една. Можеби и кај тебе е исто user posted image
Во меѓувреме се консултирав со докторката, таа ми кажа дека не е ништо опасно.
Мислам дека немаш причини за грижа, но сепак направи уринокултура.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: pomos
22.9.2009 23:24:55   
ostoun
Не се секирај не е ништо страшно скоро сите трудници имаат уринарни инфекции направи уринокултура и ако има бактерии ќе пиеш антибиотици ако не ништо . Со царски некогаш можеш да имаш повеќе компликации  затоаако нема индикации за тоа не би ти го советувала.user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: pomos
22.9.2009 23:51:07   
Весна
Уринокултура секако дека ќе направам, утре земам упут и во четврток правац во Пролеќе.
А Палешка, и јас си се чудам за паранојава што ме мава, па божем не бев ваква, ама пуст страв да не нештетам на некој, а посебно не на моево мешљаче. user posted image  
Ај, барем сум позитивна и покрај паничноста, ме здрмнува, па ме пушта user posted image

< Поракaта ја уредил Весна -- 22.9.2009 23:52:02 >

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: pomos
3.10.2009 15:17:29   
Mamicka3
Мамички ајде кажете ми ..после царскиот ме боли раната од десната страна повеќе дали е нормално и дали заздравува раната а инаку околу раната од долната и горната страна е многу тврдо.Кажете што да правам. 

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: pomos
3.10.2009 15:22:18   
mother 29
да е тврдо ,е.се секавам дека и кај мене беше така.јас после 40 дена ,бев на преглед.ме гледаше само на ехо,да се види матката дали почнала да се собира?!
сега ,потсети ме колку има од твојот?!

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: pomos
3.10.2009 15:28:35   
Mamicka3
14 дена откако сум породена ама почна да ме боли од некни инаку не ме болеше

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: pomos
3.10.2009 15:37:27   
mother 29
па отиди нека те погледне на ехо,да не му ја мислиш!а сигурно ништо страшно не е!да не си кревала потешко ,па те заболело?

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?