|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 10:15:01   
temjana
Оф за ова прашање сум поприлично конфузна и донекаде контадикторна сама на себе. Повеќе од 10 год. се лечам на приватно, причината е повеќе претпоставувам во организираноста која постои по приватните клиники наспроти државните, а и дел бидејќи долго време немав картончиња, се школував надвор од државата и кога доаѓав овде имав малку време па најпрактично решение ми беше приватното здравство. Фала му на бога не сум некоја болежлива личност( кога се разболувам ме праќаат дирек под нож). Имав неколку посериозни интервениции повторно направени на приватно и за кои подоцна кога зборував со луѓе со иста дијагноза разбрав дека и не биле до толку сериозни за да мора итно да се оперира, што ме наведе да почнам да помислувам дека навистина на приватните е се само за пари ( верувајте ме чинее и те како многу) Лани ова време мајка ми се разболе многу и од обична настинка не на време третирана прејде во бронхопнеувмонија со зафатена цела лева страна од срцевата комора значи ужас. Ја однесовме на дежурен во Систина бидејќи бев тотално збунета и навистина незнаев каде да ја носиме, ја задржаа веднаш со тоа што ни кажаа дека од вечер е 200 евра меѓутоа бидејки е она за на интензивно тоа чини 250 евра од ноќ. Што да ви кажам како се чувствував во моментов, но тоа е морав да ја спасам мајка ми. Не е важно од каде најдовме пари и колку се задолживме но важно мајка ми за 6 дена веќе беше на нозе и речиси целосно опоравена. Не велам дека во државно немаше да ја оправат но категорично тврдам дека за толку кратко време немаше да биде. Но за пороѓај особено сега откога ја направија новата ГАК ниту во еден момент не размислувам за приватно, значи навистина не ја гледам причината за тоа па колку год да имам пари. Бевме минатата недела со мм да закажеме преглед и болницата изгледа како болниците на Запад, услужливи и насмеани се и сестрите и докторите, бев тотално шокирана пријатно се разбира од целата глетка, и освен едно големо браво немам што друго да додадам. Е сега сите со своите приказни за породување, не велам дека ќе поминам најсјајно тоа никој не го знае но така може и на приватно да биде. Битно ми е да биде чисто ( ова навистина ми е важно) а сега е и те како чисто и убаво и да ми дадат епидурална, за стручноста не се сомневам бидејќи знам дека ја има. Се надевам дека се ќе биде во ред и кај мене и кај другите идни мамички кај и да се одлучат да се пораѓаат. Само ве замолувам не преувеличувајте кога раскажувате доволно бујна фантазија имаме и без вашите детали за грозните лебарки кои ги лазат бебињата и лебот и солта која им ја даваат на родилките за ручек доручек и вечера...user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 10:34:44   
mami2
Приватна болница, не благодарам. Добро кажа некој погоре, секој со своето искуство.
Се породив со првото дете во Систина. Ако поминав убаво, немаше со второто да одам во ГАК. Едвај му го спасија животот на моето дете и тоа нормално откако го префрлија на Детска клиника. Таму не си ги перат рацете со тешки случаи. Посебно ако се работи за човечки фактор, за грешка на лекарот како во мојот случај иако го одбрав по мене еден од најдобрите лекари таму, тој е од самиот почеток, основач на болницата. Во приватните клиники се за убави нешта, нормално породување, бебе кое не сака да цица, па љубезните тетки да и покажат на мајката како треба да го прави тоа што е рефлексна активност на новороденчето. Бебето кое има 5% шанси да преживее се носи на друго место, во Систина немаше можност да му се пружи неопходната нега. Тогаш на мене не ми требаше насмевка и убав чаршаф, а ниту на моето бебе купка мустела,  ми требаше само здраво и живо бебе. Добив од докторот кревање на раменици, си отиде кога му заврши смената, дојде утредента. Немаше ниту екстра нега за мајка како мене на работ на нервен слом, ниту убави зборови, затоа што и незнаат што да кажат и направат во тие ситуации. Битно ме прашаа дали сакам медалјони или пастрмка за ручек. Посети ограничени само на еден човек, во кратко времетраење а мене ми требаше утеха и рамо за плачење, но не смеев да добијам, ми се вриштеше, а имав само телевизор во соба.
А коментарот од докторот „овој се раздишал, ќе го носат на клиника“ не сакам ни да го споменувам. За мене моето бебе беше центарот на светот а за докторот „овој“, таму некое си бебе кое може и не мора да преживее.
Да не заборавам да кажам дека породувањето ми го дадоа гратис, не го наплатија, во отпусната листа стои дека сум се породила во 40 недела, а не во 42, ама важно пишува дека сум заминала на сопствено барање. За бебето  и неговата сосотојба прв документ е од детска клиника, од Систина нема ништо. Сигурно од душегрижништво да не се вознемирувам кога читам, а и да не можам да ги тужам.
П.с. бебето после три недели одвоеност, веднаш по ставањето на града почна да цица, иако никој не ни покажа.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 10:46:32   
dostickage
Ma nekjam oci da im vidam na toa privatnite kluniki nasminkani so sareni boi i eden kup gomnarii.
Lani pdo itno mi trebnase ispituvanje koe go nea vo Makedonija i otidov tamu znaejki deka oni toa moze da go organiziraat vo Agibadem vo Ismabul.Sto da vi kazam otidov posle hemoterapija vo farmerki i so zelena faca ama kakva da otidam posle hemoterapija ...
Tipkata so kao bese glavna tamu , osven so me islusa i mi zema telefon niso dr ne napravi.Proba da se javi na nekolku mesta da prasa iako samata taa trebase da znae , rece deka kje prasa i kje mi se javi.  znaete sto , nikogas ne se javi. Zasto,zatoa sto milese deka nemam pari zasto ne bev nasminkana soodvetno i bev kelava so marama.ete zatoa.
profesionalizam ama nikakov,brr r se grozam koga kje se setamuser posted image
sleden pat famoznata doktorka ja vidov ileuvajki od Tinex , ovoj pat fala Bogu so kosa , satirana,doterana i na stikli i .. i da o idbrusiv zaso ne mozev da i ostanam duzna.Super mi dojdeuser posted image
I da predvremen poragjaj  poradi majka so kancer bese naucna fantastika za tie takanareceni najdobri lekari.tezok bullsh*t.

Posle go imam odneseno sin mi za krvna slika od pricini sto nemozev sabajle da izlezam od rabota pa aj popladne.Znaci za obicna krvna slika mi dadoa da popolnam nekoi si tamu izjavi u stilu i da umre ovde pacientot oni za niso ne se krivi.Mislam jebote od prsteto go bocnaa deteto niso drugo.
Znaci tolku gi biva.

Btw za toe so plukaat po drzavnite bolnici i so kazuvaat kako imalo pomii i gremlini prasanjeto mi e dali nekogas bile tamu? Ili direktno si otisle u hotel da im go presecat meseto.Come on.
A da ne zboram kolku e sramota da zemes kredit za poragjaj a deteto da ide u stari alista i iskrsena kolicka so ja vozele 5 deca.

Izlisno e povekje da pisuvam.


(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 12:11:11   
Ikana
Јас слушнав муабет од многу солидна личност, дека Систина е направена со пари од Фондот. Имало некоја далавера, штотијазнам.
Детска клиника, браво за нив, исто нас не спасија, ама од некомпетентна докторка на ГАК. Што не и текна трансфузија и крв да провери да не има случајно детето бактерија фатено.
Ко што гледам тука сите имаме големо искуство во врска со болнициве. Ама највеќе мислам дека е до среќата и Господ ко што рекол дека ќе биде. И незнам ја докториве завршуваат ли факултет во државава или на тепка ги вработуваат, па да се учат на тебе.
А факт е дека ако НЕ ДАЈ БОЖЕ нешто не е во ред со тебе или детето, ко од чума бегаат и се оградуваат а ретко кој има муuser posted image а да застане поред тебе и да ти рече, верувај ми се ќе направам што е можно. Тоа се дешава и во приватни и во државни болници за било што, не само за гинеколошки работи. Јас еве со кажувам фатив бактерија од ГАК од нечистотијата, исто и бебето. Сепса.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 12:21:26   
dostickage
abe da se razbereme ne deka drzavnite se cvekje za mirisanje ama na krajot sto i da se sluci za ne daj boze pak se zavrsuva na Univerzitetska klinika.
jbg sepak kazuva nesto

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 13:14:43   
Cipi Ripi
Што да кажам јас со лошото искуство и од приватно и од државно??? Кај да одам да се пораѓам?? Надеж ми дава ново отворенава клиника (бидејќи е чисто, бидејќи е нова зграда и уште не и се длабоко навлезени лебаркитеuser posted image ) а за услугата, со помош "Мито" се надевам дека добро ќе поминам.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 13:19:22   
Tanjat7880
Se nadevam temava e opshta i ne e samo za bremenost,poragjaj ili ginikolog pa ke si kazam jas za moite neodamneshni deshavki,imeno treba da pravam labaratoriski ispituvanja koi gi ima i vo poliklinikite neli i fino lepo otidov vo Janeto mi Sandanski i tamu mi vikaat "aa neee gi nememe tie markeri shto ti trebaat"prashuvam jas koga ke gi dobiete,odgovaraat oni POIMA NEMAME
I sega eve mene mi treba cisto sistematska analiza a na toj shto mu treba hitno,sepak tumor markeri se vo prashanje i neli treba da se reagira na vreme i se taka,,ama NEMA,imame strucen medicinski personal no neshto od kaj glavata smrdi i bi rekla eve i za ovaa situacija sepak privatno,ti treba si odish zavrshuvash rabota iplakjash(a i ovie drugive gi plakjam ama tamu NEMA)

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 13:39:45   
Pepelaska *
Јас сум за болница каде докторот ќе те гледа како свое дете,дали била приватна или државна тоа не ми е ама ич важно. Дали ќе спијам на подискинати чаршафи или најскапа постелнина мене не ми менува ништо кога сум отишла да барам лек и спас за мене, за моето дете или за било кој близок.
Можеби е проблемот платата која ја земаат во државни и онаа во приватни, ама сепак мислам дека до човекот е.Не може секој да биде доктор.
Еве и мое искуство од државна болница во која се породив оти тука кај нас нема избор, една е таа сакал нејќел таму ќе одиш. Прво и основно, чистота на завидно ниво, може и подобро од приватна, второ, спремни и стручни доктори и сестри, трето секој пациент го третираат исто. Помош, менување постелнина, спаваќи , грижа за бебе, помош при доење на завидно ниво.
Е сега мана овие стручни доктори се само двајца за цел град и околината.Значи од гинеколошкото одделение сум презадоволна.
А имавме и можност за жал и на детското да отидеме да спиеме, таму не беше исто а тоа е само еден спрат подолу од гинекологија.Не беше најчисто, не беа толку услужливи дури знаеја и да се развикаат.
Сме биле и во Систина само на преглед, јас сум задоволна од таму буквално од се, ама нели секој со свое искуство.
Пак ќе речам , не е до болниците до докторите е.
Може малку ќе забегам ама еве еден пример брат му на мм требаше да земе потврда за крвна група за возачка.Трансфузиологот во државна болница е мајка на неговата бивша и го мафташе две недели за работа од 5 минути.И од неа да барам стручност.Таа истото ќе го направи и во приватна болница да работи.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 13:48:11   
JovanaJ
Privatnite bolnici ne se dostapni za site. Mislam deka taka e i vo drugite zemji ne samo kaj nas. Mozebi so nekoj isklucok kade ima osiguruvanje sto pokriva nekoi uslugi i vo privatnite bolnici. Ne se somnevam vo strucnosta na doktorite ni vo privatnite ni vo drzavnite bolnici. Ama na naseto drzavno zdravstvo mu trebaat uste mnogu mnogu reformi za da gi zadovoluva potrebite na lugeto. Ima mnogu propusti i toa e fakt.
Samo edna nok imam pominato na detska klinika so sin mi. Uste koga vlegovme vo sobata sestrata mi rece da ne ja ostavam torbata na zemja bidejki moze da mi vleze nekoja lebarka. Za kratko vreme i po zidovite pocnaa da lazat eden kup lebarki. Mene prosto ne mi se veruvase. Utroto go odnesov sin mi do "kujnata" (oni taka ja vikaa a ne licese ni na toalet)kade imase parcinja leb okrugli i po eden jogurt ili mozebi mleko neznam. Sestrata ni rece videte sto ima ostanto zemete, nekogas nema za site zosto pacientite zemaat po poveke parcinja. Ne mi se veruvase sto zboruva, nemaat nikakva kontrola koj kolku treba da jade ili sto treba da jade. I zgora na se po nekoja lebarka po masickite, mrtva, sto setala od predhodnata vecer. Cela situacija bese von kontrola. Za toaletite da ne pocnam da zboruvam. Toa ne se uslovi kade treba da lezat bolni. Cela vecer imase samo edna sestra koja trebase da usluzi poveke od 10 decinja. Majkite revoltirani od nevnimanieto, sestrata nervozna se dere kako da se naoga vo ludnica, sin mi zbuneto gleda navaka nataka. Sreka sto nemavme potreba od nekoja posebna nega oti sigurno nemase da ja dobieme tuka. Pa normalno e deka dokolku imase detska privatna klinika ke odev na privatno. Zarem koga bi imala moznost da biram ke recam deka sakam da me lazat lebraki? Pa mnogu normalno e sto lugeto sto imaat pari se odlucuvaat da odat vo privatna bolnica. Za da bidat dostoinsveno pregledani kako luge, a ne poradi TV vo sobata ili neznam sto. Se rabotese za samo edna nok kade sto mi se zgrozi zivotot kompletno. I ova treba da me pravi gorda deka sum imala sansa da se lekuvam tamu?
Nemozam so nisto ama bas so nisto da gi opravdam nasite drzavni bolnici. Za zal.
Koristam red zdravstveni uslugi privatno poradi nedovolnata opremenost na drzavnite bolnici ili ambulanti. Toa e realnosta. Drzavnite bolnici treba uste mnogu da se menuvaat za da mozeme da kazeme deka e dobro da se odi tamu. Sega za sega ne e taka.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 16:08:26   
ketrin 77
Јас со првото се породив во ГАК и тоа во 33 недела со одличен доктор,спонтано и бебенце со само 1,900 кг.После 2 недели си излеговме со 1,850 а сега ми е веке голема девојка иста како другите од 3,5 годинки.Условите неа катастрофа тогаш но што е битно тоа кога и двете излеговме од таму живи и здрави.сега треба да се породам со второ и прво се мислев за приветно ,бидејќи имам услови за тоа не треба ни кредит да земам но кога подразмислив поубаво каде е логиката да дадам 2000 евра,за нешто што сум го поминала и се завршило во најдобар ред,зар само за да ме третираат како кралица демек кога се знае дека не сум јас најважна во тие моменти туку бебчето да биде живо и здраво.Иначе минатата недела бев во новата гинекологија и искрено прекрасна е кога ќе влезеш како во Систина да влегуваш,има и пулт со една особа која е задолжена за се што те интересира да ти објасни а не да талкаш сама.Така да девојки слободно одете таму едноставно нема никакви врски со старата ГАК

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Приватна vs.Државна Болница
18.4.2012 18:25:50   
Ikana
Сакав само да кажам дека во странство постои и приватно осигурување, кое си го плаќаш исто како државното само важи за приватни болници. Кај нас нема вакво нешто, зашто нема ни закон јасен со кој би се регулирало здравството. Наместо тоа, приватните ве стрижат, државниве исто, зависи само откај ќе искочиш жив и здрав, па да кажуваш.

(Одговор на членот ketrin 77)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Приватна vs.Државна Болница
22.5.2012 13:47:07   
ivana28
Јас многу долго размислував каде да одам да се породам,ама дефинитивно ќе одам во Чаир од причина што Приватните болници се луксуз за нас,а за ГАК сите ми рекоа НИКАКО таму,да не се лажам што е нова зградата зашто е истиот персонал и истите навики.Башка за приватниве имам слушнато многу лоши муабети,така да нема шанси приватно зашто неможам да си дозволам да земам кредит и после да трпи и моето бебе а и ние неколку години.Тоа е мое мислење.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Приватна vs.Државна Болница
22.5.2012 14:02:35   
ivanaborjan

ИЗВОРНА ПОРАКА: ivana28

Јас многу долго размислував каде да одам да се породам,ама дефинитивно ќе одам во Чаир од причина што Приватните болници се луксуз за нас,а за ГАК сите ми рекоа НИКАКО таму,да не се лажам што е нова зградата зашто е истиот персонал и истите навики.Башка за приватниве имам слушнато многу лоши муабети,така да нема шанси приватно зашто неможам да си дозволам да земам кредит и после да трпи и моето бебе а и ние неколку години.Тоа е мое мислење.

ivana28,jas se porodiv vo starata GAK,i da ti kazam iskreno jas sum prezadovolna od personalot !! Uslovite tocno e deka bea malce katastrofalni i deka imase mn bubacki megutoa za personalotr jas sum prezadovolna !!!Postojano doagaa sestri da ne proverat dali ni treba nesto,kako se cuvstvuvame,doagaa da go preveruvaat bebeto....Neznam za drugi no jas sum prezadovolna !!

(Одговор на членот ivana28)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Приватна vs.Државна Болница
7.7.2012 14:07:54   
lilicka
РР-ки има некоја скоро да се породила на Гак,како е сега смее да се оди на посета кај родилка,дали смее нешто да и се однесе како во старата Гак???Како е таму за посети??
Ќе ми каже некоја???

(Одговор на членот ivanaborjan)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Приватна vs.Државна Болница
7.7.2012 15:53:59   
Hunny
Poseti ne se dozvoleni samo pred vrata moze da dojde rodilkata.

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Приватна vs.Државна Болница
7.7.2012 18:59:27   
pepuska
Сакав да прашам затие што се породиле на ГАК или Чаир честопати читам како се договориле со некој доктор ... Може тоа да се објасни како се договара со некој доктор дали е доволно само да се обратиш некому кој ти го препорачале или сметате дека е добар или треба да се бркаат врски и додатни работи за да се нафати точно одреден лекар да те пораѓа ... ?

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Приватна vs.Државна Болница
7.7.2012 23:02:54   
miana
tvoeto iskustvo e ok,ama moeto e uzas...Za doktorite nemam komentar ( ginekolozite ) bea super,NO otkako se porodiv NEMASE PERSONAL....decata gi presoblekuvaat samo dva pati vp denot ,ako pobaras nesto ke se ubies od cekanje,zosto NEMASE PERSONAL....Imase mnogu guzva i edvaj cekaa da ne izbrkaat za da ne se rastrgnuvaat od rabota...TVRDAM deka nemase koj da mi go presoblece bebeto a kamo li pa da prasaat dali sme dobri ili ni treba nesto..Zboruvam za starata GAK..Se porodiv na 18 ti dekemvri 2011g
ИЗВОРНА ПОРАКА: ivanaborjan


ИЗВОРНА ПОРАКА: ivana28

Јас многу долго размислував каде да одам да се породам,ама дефинитивно ќе одам во Чаир од причина што Приватните болници се луксуз за нас,а за ГАК сите ми рекоа НИКАКО таму,да не се лажам што е нова зградата зашто е истиот персонал и истите навики.Башка за приватниве имам слушнато многу лоши муабети,така да нема шанси приватно зашто неможам да си дозволам да земам кредит и после да трпи и моето бебе а и ние неколку години.Тоа е мое мислење.

ivana28,jas se porodiv vo starata GAK,i da ti kazam iskreno jas sum prezadovolna od personalot !! Uslovite tocno e deka bea malce katastrofalni i deka imase mn bubacki megutoa za personalotr jas sum prezadovolna !!!Postojano doagaa sestri da ne proverat dali ni treba nesto,kako se cuvstvuvame,doagaa da go preveruvaat bebeto....Neznam za drugi no jas sum prezadovolna !!


(Одговор на членот ivanaborjan)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Приватна vs.Државна Болница
5.8.2012 15:00:52   
JanaMarija
Sakam da ve prasam nesto? Jas sakam vo cair da se poragam, slusajki gi ubavite iskustva od drugi majki. A kako moze da imas apartman? Mislam sigurno ne e so rezervacija, ili? Jas sakav posekako da pojdam pred poragaj i da vidam kakvi se uslovite i da prasam ama nekako ne mi se odi :)))

Ve molam za sovet

_____________________________

Go sakam zivotot

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Приватна vs.Државна Болница
29.8.2012 10:42:31   
gorda2
Jas so prvoto se porodiv vo Cair, za vtorovo pak planiram tamu... Da imav povekje sredstva, moze i kje odev privatno prviot pat, no sega sama se odlucuvam za Cair (iako pak nemam sredstva user posted image ) zosto sum zadovolna od uslovite kaj rodilkite i bebinjata, sestrite, posebno mladite, bea ljubezni i pomagaa i za doenje mi ja mestea malata, dva pati gi banjkaat, cisti bea i bebinjata i krevetite, a jadenjeto beshe super! Za apartman, ima samo 2 vo Cair i teshko se stignuva do niv posto ima golema pobaruvacka, ama vredi posto ima i malku pogolema griza i pravo na poseta vo sekoe vreme user posted image  sto mene mi e najvazno... Sega samo uste i da mi se pogodi sloboden apartman user posted image

(Одговор на членот JanaMarija)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Приватна vs.Државна Болница
29.8.2012 10:46:27   
gorda2
Inaku sum bila samo na predledi vo privatnite i sum super zadovolna, ama pusto se nema ektra pari... user posted image

(Одговор на членот gorda2)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Приватна vs.Државна Болница
4.9.2012 23:38:24   
babyblue
eve i jas da si go kazam moeto mislenje. jas imav patoloska bremenost koja od pocetok do kraj mi ja vodea vo sistina. tamu odev za se. kaj dr.Lazarevski i dr.Ivanov a i kaj dr.Dimcev za 4D. na pocetokot so mm se dogovorivme da se poragam tamu. prethodno imav spontan abortus pa resivme da ne rizikuvame, da gi dademe parite samo jas i bebeto da bideme ok. do 5 mesec odev sekoj den na infuzii vo sistina, togas samo sto se napravi novata Sistina i se bese novo i mirisase na novo. e toa bese nesto sto ne mozev da go podnesam, infuzii primav vo dnevnata bolnica i samo sto ke vlezev vo preubavo sredenata soba crevata si gi isturav od povrakanje. celata bolnica mi stana odvratna. pa razmislivme i sfativme deka e podobro 2000 eu da gi dademe za kletki otkolku jas da povrakam vo pocista soba. se porodiv vo cair, tamu za sreka se e staro i nisto ne mirisase na novo user posted image pa povrakanjeto mi bese svedeno na minimum. NAJBITNO e majkata i deteto da se zivi i zdravi a se drugo e propratno i totalno nebitno.

(Одговор на членот gorda2)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Приватна vs.Државна Болница
5.9.2012 11:48:06   
gorda2
Sto li ti znacat nekolku dena razlika!!! Nisto od Cair, me pratija na Gak, tamu da me sledat i porodat?!?!?!?! Sega odam na klinika i ic ne mi se odi, a moram 2-3 pati dnevno da me kontroliraat i na granica sum da poludam i da imav nekoj denar plus kje si otidev na privatno kade do sega vekje kje me porodea, a moze i doma kje si bevme... steta sto nemam dovolno sredstva, inaku user posted image

(Одговор на членот babyblue)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Приватна vs.Државна Болница
5.9.2012 12:01:12   
Kori
Јас и порано имам пишувано на темава, и сеуште мислам така. Секој што мозе да си плати да оди во приватна болница, сите знаеме што е подобро и поубаво, а кој нема доволно пари нека ги чита само позитивните коментари на форумите, оние лошите нека ги занемари. Ај наши баби дома се пораѓале и по ниви и секаде па презивеале така да одговорот е едноставен......

(Одговор на членот gorda2)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Приватна vs.Државна Болница
11.9.2012 12:01:09   
Mrs.Tinka
Sekoj sto se porodil vo privatna bolnica, ne pomisluva na druga opcija. A dali posle toa deteto ke se vozi vo partalava kolicka i partalavi alista ne e vazno. Na krajot na kraistata, sega ima mnogu eftini alista za bebinja, Jumbo neka e zdravo i zivo ako nema za povekje. I kolicki ima za 4000 den. Po vazno e da ne dobie sepsa i da si otidat mama i bebe doma srekjni a ne istraumatizirani (kako sto e slucajot na Ikana ). Pa znaete li sto e sepsa?!
Prvo po strucnite doktori gi sobraa privatnite kliniki i toa e fakt. Vtoro, tresejki se za svoeto lepce, si ja vrsat rabotata besprekorno dobro. Onie od drzavnite kliniki, rabotel, ne rabotel plata ke zeme, a odgovornost sto i da se sluci-nema.
Jas se porodiv vo privatna bolnica i ke recam samo alal da im se parite do denar sto im gi dadov. Negata sprema bebeto bese besprekorna. Da znaete samo sto se dobivase kako nega i  kakvi se ne analizi i ispituvanja mu pravea. Pa vo sekoe vreme koga sakas ti go nosat, pa koj saka ti doagja na poseta... Koga e bebeto vo soba, samo tatkoto moze da bide tuka, drugite preku staklo...Ako te boli nesto, odma analgin, ketonal, te masiraat, te banjaat, ti susat kosa. vo sekoe vreme mozes da viknes doktor, pedijatar, sto i da ti treba, doagja da ti objasni. Sestrite letaat okolu tebe. Se sto ne mozes sam, tuka se. Jas i bebco si otidovme po 4 dena(so carski) banjati, odmoreni i srekjni. Taka treba vo site bolnici da e, toa e normalen tretman, a ne da plakjame basnoslovni sumi ama...
Vo drzavna, ne gi banjale bas bebinjata i toa mi bese odvratno, so parcinja od postelka da si go doneses bebeto doma. I vo WC na prsti da odis bre, gadno.  I najstrasno od se, ne ti davaat epidural. Abe vakvi uslovi samo vo Makedonija ima. Vo Svedska uste pred 25 godini koristat obezboluvanje za sekoj poragjaj. So koe pravo oni ne ti davaat nesto protiv bolki a ti ne mozes da trpis?! Jas zab ne popravam bez anestezija a ne dete da ragjam?! A i zab odamna ne se vadi bez anestezija... I sam da si kupis epiduralna, pa nema koj da ti ja stavi, eden anesteziolog ima i samo prva smena raboti :)))) (ova so smenata e shega).
Zal mi e sto bas sekoj ne moze da si dozvoli poragjaj vo privatna klinika, pa prakticno da vidi sto sakav da kazam. Razlikata e od tuka do mesecinata.

(Одговор на членот Kori)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Приватна vs.Државна Болница
11.9.2012 13:20:25   
Calypso
Само да напоменам дека баш и не се сложувам со тоа дека постручните доктори се отидени во приватниот сектор - јас не ја бирав болницата кај што се пораѓав, јас го бирав докторот. А по некоја случајност, тој работи на ГАК и е еден од најдобрите доктори на државно ниво.

А колку се стручни тие по приватниов сектор, ќе кажам само случај на дете што се роди без една рака и една нога - бременоста е следена од „стручен“ доктор во приватна клиника со 4Д ехо. Не е нешто скриено тоа, не може да се види на ехо, па уште во 13 недела се гледа дали бебето е целосно развиено или не, ама доволно кажува колку е стручен докторот.

А ако, не дај Боже, треба нешто да се случи, ќе се случи, било да е во приватна или во државна болница.
Јас ќе речам, само Господ да не чува со здравствово наше. Толку.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Mrs.Tinka)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?