Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 18.6.2012 16:05:47
mmbucko
Veruvale ili ne deckive bile atrakcija. Najmalato sto prodavase imase 4 god a najgolemite 10. Ponesoa 6 sisinja od 1,5l limonada vo friziderce i se vratija doma so 1000 den. Zivi srekni sekoe od niv dobi po 200 den. Doduse i nie se izjavivme na site rodnini i prijateli da pominat....sto bi se reklo marketing :)))). Ne e celta da zarabotat pari tuku da naucat deka mozat da zarabotat a i da go pocuvstvuvaat blagodetot od rabotata. Vie neznaete kolku bea srekni i vcera koga gi crtaa reklamnite listovi, pa ja spremaa kampanjata. Pa im tekna limonadata da ja stavat na sanka demek led ledena osvezuva na gorestinite. Ama da ti e merak da gi gledas. Krivo mi e sto nebev i jas so niv ama moram da lezam da go donosime bebcevo.
mmbucko, не ја покажува сликата, постави ја уште еднаш. Кога сакам да ја видам не останувам на Фејсбук, како да ме пренесува на друга страна. Види што не е во ред.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 3.7.2012 14:04:10
vezilka RR
Пред неколку дена Никола за прв пат самостојно изрецитира песничка.
Пеци, пеци пец Денес даде кец тати избиша и стави пет
Многу ме изненади бидејќи не бев ни свесна дека ја знае. Сме му ја кажувале, ама тој никогаш предходно не се ни обидел ниту збор да повтори..и одеднаш, оп, цела песничка.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 3.7.2012 15:52:33
Maria
Браво
Со Андреј учиме да броиме и додека јас бројам еден,два...тој повторува пет,пет...па кога ке дојдам до пет,тој продолжува десет,десет...,се додека не добројам до 10 Леле каква разлика,Илија на негова возраст знаеше до 10 и на англиски да брои и песнички да пее и рецитира еден куп,а ова мангупчево мало ништо не го интересира
RE: Да го пофалиме нашето детенце 3.7.2012 18:51:52
Snowhite RR
Ај и јас да го пофалам за пред два дена, прво сам си заспа кога дојде време за преспивање, го легнав на спална, наместивме перниче, го покрив и заминав в кујна да правам ручек, по 5 мин кога се вратив веќе беше заспан, кога се наспа, Мамо готово се наспав, ајде да јадиме, ми рече, а откако се најаде ме праша, Мамо можи да излезам надвор? А вечерта пред спиење, за прв пат се помочка во нокшир и тоа два пати , за ова во друга тема ќе пишам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 13:26:07
AnnaMolly RR
Јас морам да го пофалам Филип. Деновиве се повеќе е со татко му, со него си разговара, си јадат заедно... Ама најсреќна сум што заспива со татко му без да ме бара! Ова ми беше „невозможна мисија“. Кога ќе легнеше со татко му, му викаше „Тато нема коса, сакам со мама“. И ајде со мама мора да ја фаќа за коса. Во последно време и со татко му заспива, ама го фаќа за брадичката
Татко му го научи да бара дозвола ако сака нешто. На пример „Мамо, може да ми дадеш сок?“ или „Мамо, може да одиме во двор“. Кога одиме на гости прво прашува ако сака да земе нешто. И тоа луѓето кај што сме на гости ги прашува. Е, ова ми е мерак што така го научи.
А сам кога ќе почне да заспива, е тогаш на велико има да се радувам и одма ќе ви се испофалам, тоа ми е моментално животна желба
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 4.7.2012 13:27:25 >
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 13:31:04
Mihaela 2010
Ajde da se pofalime i nie....denes koga se javiv doma da vidam sto pravat mi gi izdiktira site denovi vo nedelata od ponedelnik do nedela....vezbale i gi naucila
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 13:35:17
kikicka
За Филип,а за животната желба ние веќе ја средивме одамна си заспива сама во креветчето,нели мене ми беше страв ако ја пуштам во градинка како ке ја успиваат ама откако си дојдовме ја ставив во кревет и јас се преправав дека спијам и таа сама заспива сега. Така да пробај.
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Јас морам да го пофалам Филип. Деновиве се повеќе е со татко му, со него си разговара, си јадат заедно... Ама најсреќна сум што заспива со татко му без да ме бара! Ова ми беше „невозможна мисија“. Кога ќе легнеше со татко му, му викаше „Тато нема коса, сакам со мама“. И ајде со мама мора да ја фаќа за коса. Во последно време и со татко му заспива, ама го фаќа за брадичката
Татко му го научи да бара дозвола ако сака нешто. На пример „Мамо, може да ми дадеш сок?“ или „Мамо, може да одиме во двор“. Кога одиме на гости прво прашува ако сака да земе нешто. И тоа луѓето кај што сме на гости ги прашува. Е, ова ми е мерак што така го научи.
А сам кога ќе почне да заспива, е тогаш на велико има да се радувам и одма ќе ви се испофалам, тоа ми е моментално животна желба
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 13:54:10
Pepelaska *
Ај и јас да се пофалам, може и “пожалам“. Да не испадне многу фалење, ама детево незнам се впива како сунѓер. Знае песнички, сите што му ги кажував како мал сега сам си ги кажува без грешка, почна и да брои ( прави грешки секако ) , имаме една книга со Леа и Том и сабајле буквално не ме остави збор да му кажам јас , ја раскажа цела тој како што сме му кажувале, сега најново е научил и хеби бдеј ту ју. Што е најважно знае дека ако е немирен и неумен мама “ кала“.
Утре правиме 22 месеци, мене ми се чини дека многу знае за таа возратс дури сакам да им речам дома да не му зборат толку, ( ептен го замараат) оти некогаш дури како шашардисано е , се сака да каже...
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 14:58:48
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
.. Ама најсреќна сум што заспива со татко му без да ме бара! Ова ми беше „невозможна мисија“. Кога ќе легнеше со татко му, му викаше „Тато нема коса, сакам со мама“. И ајде со мама мора да ја фаќа за коса. Во последно време и со татко му заспива, ама го фаќа за брадичката
RE: Да го пофалиме нашето детенце 4.7.2012 15:02:52
Mihaela 2010
Утре правиме 22 месеци, мене ми се чини дека многу знае за таа возратс дури сакам да им речам дома да не му зборат толку, ( ептен го замараат) оти некогаш дури како шашардисано е , се сака да каже...
Abe ajde pusti go deteto ,super si e...vnuk mi sega ke polni 2 godini brat mi i snaa mi iskinaa zivci,nisto ne zboruva,ne saka uopste da komunicira i mn se nerviraat,posto za razlika od nego pa M e drdorka prava,po celi pesni pee,bukvalno kako starica nekoja e i mozes komotno so detevo da se razberes.Toa e nekoi porano nekoi pokasno
RE: Да го пофалиме нашето детенце 6.7.2012 18:33:54
Џесика
Ете и јас да си го пофалам Борјани... денес посака да мочка стоечки... и успеа!!! Додуша, јас му го држев да не ми го помоча цело вц И почна да посакува сам да прави се, сам да јаде, сам да се соблече и облече, малку нервира ама нека се осамостали, време беше!!!
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Да го пофалиме нашето детенце 18.7.2012 15:24:09
AnnaMolly RR
Морам да се пофалам дека Филип научи да брои до три на Фински Икси, такси, колме Сега тоа му е хит, постојано си повторува. Го научи тетка ми во Финска што живее.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 9.10.2012 14:29:32
miana
Moram da si go pofalam moeto bebe ( 9 mes ) deka pocna da igra..Obozava Gangnam style i the gummy bear.... Samo da pocnam da ja peam taa igra :) Brat mi rece deka ke ja stavi na you tube pa ke vi pustam link :))))))))) Igra po takt na muzika :)
RE: Да го пофалиме нашето детенце 9.10.2012 14:40:33
dostickage
Srcka Daria,aj pusti link da ja gledame.
U kontekst na muabetov i sin mi igrase na takt uste pred da proodi od kaj 9-10 meseci i mnogu mi bese srcka. I dene denes non stop igra ama isklucivo na tehno i haus muzika. I na Nodi br 5 ponekogas de
RE: Да го пофалиме нашето детенце 9.10.2012 14:53:03
miana
aaa da ,inace i mota svilica ( vrti so racinjata kako sto sum ja naucila kog ai peam ) - Motala baba svilica na daria na rucica - taa vrti so racinjata , i tapsin tanana znae, i bravo znae i pocna da lazi od pred dve nedeli :) Mnogu sum srekna..Cekam da ja stavi bratmi na youtube i vi pustam link :)
RE: Да го пофалиме нашето детенце 10.10.2012 12:07:40
Calypso
Син ми навелико си пее... ќе биде музичар изгледа знае да ги пее песните што му ги пеевме како малечок, ги знае омилените македонски детски песни, после и неколку што му се омилени од muffin songs на YT, исто знае да ги запее и оние кои му ги пуштам навечер за заспивање (Ил Диво му ги пуштам). Кога му се спие, ми вели „ајде мама анкоту“ (а песнава оди ancora tu...), и си почнува да ја пее, цел рефрен ќе го испее пред да легне. Има неполни 19 месеци, и зборува како навиен со цели реченици. Подолгите зборови баш и не може да ги каже како што треба, ама повеќето убаво ги кажува.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.