miana
|
Ооо колку случки имам да кажам јас...Но од каде да почнам ??? Тоа со укочување на телото ми се има случено еднаш додека бев сама дома,до мене на креветот како да лежеше некој до мене и оп одеднаш ме поклопи-нема мрдање ..Јас имав слушано за оваа појава од мајка на другарками и ми има кажано ако ми се случи вакво нешто да се обидам да мрдам со палците на нозете или да проговорам - ВОЛКОТ ( духовите се плашеле од волци ) Неможев да проговорам,но мрдав со палците - и престана гмечењето.. Кога почина на другарками мајка и (истава гореспомената) кога се вративме од погреб - Телевизорот беше уклучен на А1,омилената нејзина ТВ на која ги гледаше омилените серии ( шехерезада и сл) Друго сведовштво кое најмногу ми дава надеж да верувам во задгорен живот е сведовштвото од бабами,која што барајки си лек за своите две керки (мои тетки ) била неколку пати кај покојната Баба Ванѓа од Бугарија. Значи на тоа време за кај баба Ванѓа се плакало на државата,државата и ги зимала парите.Ја чувале полициски чувари за да не издаде случајно некоја државна тајна. Незнам колку сте запознаени со оваа бабичка - таа немала очи.Си играла често пати како дете да си оди пешки со затворени очи и еден ден ветер ја носел и кога ја спуштил таа немала веке очи и од тогаш почнала да гледа. Бабами раскажува...Чекале ред,баба Ванжа иако без две очи,го метела дворот,фатила некола мува ја утепала,се прекрстила ,си го измила лицето и и м рекла - кој има платено нека чека ,а кој нема нека оди да плати..Самата жена ги повикувала по име ,бабами вика ние сите слушаме надвое.Дошла некоја жена ,таа ја повикала и и рекла - ( ке ви пишувам како баба што ми кажуваше ) Ти си дошла да га правиш мажатти да е курвар,ти си таква,махај ми се - ја избркала. После викнала некоја женичка,женава и рекла - сакам да знам што да м однесам на мажот ми на гробот,има ли некоја желба? Ванжа и рекла- Не сака ништо,се си има,само да ги поздравиш комшиите и ги кажала по име. Потоа го викнала дедоми по има и го прашала Лазе,ти до кај си со куката ? Дедоми и бабами запрепастени и кажале дека уште ја градат ( а им ја рушеле инспекции) Им рекла -- имате тазе гроб..Дедоми рекол - немаме..Е имате еве братуцедти Кипро го гледам пред мене,ке одиш кај женаму и ке и кажеш да му однесе вода на гробот,жеден умрел. И после ја испрашале за тетките,за колку деца ке имаат? Какви и сл...СЕ што им кажала е ТАКА... Дедоми отишол кај снаата од братуцед и и кажале што рекла баба Ванѓа,а таа им раскажала дека сопругот пред да почине сакал да се напие лимонада ( жеден бил ) во слаткарнивжца,но му наишол трамвај,се качил и починал... Аууу колку имам да пишувам за баба Ванѓа до бескрај. Јас после овие муабети од мојата баба, верувам дека има задгробен живот. Исто така и после земјотресот имало многу духови и тоа бабами ми кажа,дека тетками која била бебе - ја малтретирале и некоја жена доагала да ги протерува - со баење. И да Ви кажам уште нешто важно - Мојот наставник по географија ( во основно ) беше невиден АТЕИСТ. Сега скоро дознав дека доживеал кома ,клиничка смрт,бањајки се паднал ,му се појавил св.Петар и со крстот го бодел во стомакот ,му викал - Да те земам,Да не те земам? Ај ке те оставам уште малку..И човекот преживеал... Е сега одете прашај те го дали не верува? Мене ме закачаашше бидејки бев побожна а ете што доживеал...
|