AnnaMolly RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany Јас па толку плачев тие денови во болница, не можевме да ја фатиме техника за цицање, па нема млеко, па ово, па оно, па бебе не ми дават оти ем немам млеко, ем преуморна, ем плачлива, па не знам дали сакам да е до мене бидејќи со сите други мајки се нивни бебиња, или не сакам оти сум толку исцрпена..... Ужас ми беше тој период. Пак дојдовме дома, па исто така првите неколку дена многу бев напната и под стрес, додека да се навикнеме еден на друг, бебе и јас, и помина.... Се поминува, секој нареден ден беше се полесен и со повеќе радост. Бетани, ти за мене да не пишуваше случајно? Истото и мене ми се случуваше во болница, бебето плаче, јас плачам, цел ден маки со градите, немав капка млеко... На мм на телефон му се јавував, му плачев, а тие дома мекици прават. Човекот стана и дојде да ме види (од прозор, нели, во Чаир како во затвор е)... Исто како тебе, Миана, ми викаше да не кријам нешто, да не не е во ред нешто со бебето, со мене... Ама штом дојдовме дома, си фативме ред, се стабилизирав и ете супер сме си! Мислам дека тоа не е депресија, едноставно целиот свет ти се менува за дел од секунда. Мој совет, гушкајте се со бебињата, не гледајте дома дали е раскренато, дали има ручек, дали е испрано... Викнете ги бабите, вашите сестри, золви, јатрви... Сите тој период се нудат за помош, па зошто да не ја прифатиме? Јас го гледав само Филип, а свекрва ми и мајка ми ми помагаа околу ручек, раскревање и перење и пеглање до 40 дена.
_____________________________
Live and let live
|