|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Беби рецепти
3.11.2012 21:43:54   
@Mila@
Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 801
   RE: Беби рецепти
3.11.2012 22:03:22   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци

Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.

- 1 банана
- 1 лажица какао
- пола лажица мед
- 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко)
- 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)

Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе user posted image

Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов user posted image А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 802
   RE: Беби рецепти
3.11.2012 23:01:43   
Natuska85
Еве еден рецепт од менеuser posted image .Неколку китки карфиол малку обарени. Секоја китка посебно се м'цка во матено јајце па во презла.Сите заедно се редат во тавичка претходно премачкана со маклу зејтин.Сето ова се става во рерна и се пече некои 20тина минути.Вкусно и за user posted image и за мамаuser posted image .

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 803
   RE: Беби рецепти
4.11.2012 11:10:56   
elenak
Испробан рецептот за чоко-пудингот на Фиао. Превкусно е user posted image Имаме здрава и вкусна ужинка за денес.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 804
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 10:45:30   
Fiao
Некаде читав дека нането во поголеми количини не е баш препорачливо за бебешки, така да тоа онака ставајте го само колку да добие вкус, не претерувајте со него. Многу ми е мило што ве бендиса пудингот user posted image , слободно може и без мед, малку повеќе банана не е страшно, но шеќер јас не би додала никако... или веднаш ќе треба да го извадиме од „здрав“ оброкuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Здрав бебе чоко-пудинг / Бебе после 10 месеци

Бидејќи се изначитав еден куп гадости за готовите пудинзи, решив да најдам рецепт за здрав, а многу вкусен пудинг и рецептот го адаптирав за бебе.

- 1 банана
- 1 лажица какао
- пола лажица мед
- 100 мл вода (додавајте по потреба, внимавајте да не стане премногу ретко)
- 2-3 ливчиња од свежо нане (колку за вкус на минт)

Ставете се во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Потоа пудингот ставете го во фрижидер, да отстои некое време колку да згусне. Во овој рецепт можете да уживате и Вие и Вашето бебе user posted image

Фиао овие твои чудни рецепти секогаш излегуваат вкусни, ова дефинитивно мора да се проба. Како сум го пропуштила, дури сега го видов user posted image А баш завчера кога и правев грав се мислев дали да и ставам свежо нане и се откажав, мислев да не и мириса јако. Инаку и ние не сме пробале мед, ваљда може да го заменам со малку кафеав шеќер?




< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 5.11.2012 10:48:39 >

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 805
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 10:59:36   
Fiao
Најдобриот зелен смуди до сега!

- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната)
- 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите)
- 1 банана
- 1 жолто, благо јаболко
- 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови
- вода по потреба
- 1 голема лажица мелена плазма

Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба
за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! user posted image
*Од оваа доза има и за бебе и за мама user posted image , соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.

Превкусно!
Добар апетит за бебешките и за мама или тато user posted image


(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 806
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 11:03:22   
Kockicka
thx Fiao na receptite go probavme i nie zelenoto smudi so spanaka kruska i banana maf go napravivme :) denes e na red pudingot :)

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 807
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 12:26:30   
elenak
Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана user posted image Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку макаuser posted image Ќе мора за нас некои рецепти без банана user posted image
Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Kockicka)
Непосредна врска до пораките: 808
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 12:39:16   
Fiao
Само што ми кажа мајка ми сортата на грозјето е дренок. Инаку во дренокот има семки максимум до 3 во зрно, а од него има и друга некоја варијанта хамбург ли се викаше незнам, тоа е исто на вкус и изглед ама во него нема семки. Кое и да го ставите нема да згрешите user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Најдобриот зелен смуди до сега!

- 25-30 зрна од розево грозје (не знам како се викаше сортата, но знам дека е без семки, има розе боја, превкусно е и гроздовите се многу густо исполнети, нема простор меѓу зрната)
- 3-4 гранчиња магдонос (се разбира дршката ја фрлате, се користат само листовите)
- 1 банана
- 1 жолто, благо јаболко
- 1 китка спанаќ = 10 средна големина листови
- вода по потреба
- 1 голема лажица мелена плазма

Зрната од грозјето се сечат на половина и се чистат од семки, нема потреба да ги лупите. Магдоносот убаво одвоен од дршките, се користат само листовите, бидејќи од дршките може да боли меше. Јаболкото убаво го мијам и го лупам поради тоа што пазарските јаболки се прскани, еден период кога имав домашни непрскани ги ставав со се лушпата. Спанаќот исто така убаво измиен, јас ги користам само листовите. Вода по потреба
за да може убаво да врти блендерот и доколку ви искочи потечно, слободно ставете повеќе плазма, ќе го згусне. Се заедно се блендира и се крка! user posted image
*Од оваа доза има и за бебе и за мама user posted image , соодносот е тој на мерките, ако сакате само за бебе, направете половина од ова.

Превкусно!
Добар апетит за бебешките и за мама или тато user posted image




(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 809
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 12:51:07   
Fiao
elenak малку е тешко овие зелените смуди кои се многу здрави да се изведат без банана, бидејќи вкусот им е многу јак и мирисот на зелените листови, а бананата тоа го ублажува... Не би знаела што да те советувам, јас стално ги правам со банана... Ај може ќе смислам нешто user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Леле абе убаво си се израдував јас оти ми се погоди пудингот и мене лично ептен ми се бендиса, ама изгледа моево дете не сака банана user posted image Досега неколку пати имав пробано да и дадам и секогаш ми прави фаци како да и се повраќа ама мислев не е гладна. Ќе касне малку и нејќе после. Ама дефинитивно вчера кога пробав да и дадам од пудингот сфатив оти до бананата е. Во неколку комбинации истото ми го прави, значи не ја сака никако. Пудингот си го изеде тато а мене ми беше толку макаuser posted image Ќе мора за нас некои рецепти без банана user posted image
Инаку јас го правев со мед и полека ќе почнеме да си јадеме, немаше реакција од тоа што го изеде (сепак проба 3-4 лажички).



(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 810
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 13:30:43   
elenak
Епа ние смуди го папаме со јаболко и кајсија. Имам смрзнати кајсии наши домашни па така комбинираме.
Ај сега и од мене еден рецепт што тукушто го изручкавме:
две кајсии
пола јаболко
сок од една мандарина
1-2 зрна аронија
пола лажичка ленено семе
пола лажичка мед
Сето ова откако ќе се изблендира може да се комбинира со било какви житарки (корнфлекс, овесни, оризови снегулки) а ние го јадевме со плазма оти малку ни се киселки мандарините user posted image


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 811
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 13:33:24   
anaana
od kolku meseci moze ova da se dava?
nie za edna nedela ke pravime 8

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 812
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 19:19:38   
Fiao
Батат со блитва (ручек за после 6м.)

- 1 помал батат (благ компир, лила)
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 поголем лист блитва

Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час! user posted image

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 813
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 20:00:26   
Ikana
Ајде и јас еден рецепт да споделам user posted image

- 200 мл кравјо млеко
- 2 рамни лажици гриз (се вари млекото и го додавате гризот и мешате на тивок оган додека не згусне)
- 1 банана
- половина зелено јаболко (излупено)
- многу малку ванилин шеќер (со прстите земете малку од ќесичката и додадете го на гризот)
Се ова во блендер, оладете го малку и спремно за кркање.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 814
   RE: Беби рецепти
5.11.2012 20:13:04   
amateuress
одамна не сум ја отворила темава, а тука прекрасни рецепти да ти имало user posted image

еве и еден бајаги едноставен од мене:

3/4 лупено јаболко
3/4 банана
200 мл кисело млеко (може и јогурт, ама нели киселото е поздраво)
2-3 лажици мелена плазма/лино

нешто како овошен јогурт доаѓа, ама заради бисквитите ептен е добро, јас кога му правев на малиот и братучетка ми беше тука и проба - многу вкусно и се виде, па и направив, па и на мм му се бендиса и така сите по дома, и домашни и гости, си јадат бебешка храна (јас сум комуналец, метам тоа што ќе остане user posted image )

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 815
   RE: Беби рецепти
6.11.2012 8:16:22   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@

Mamicki moze da mi kazete kako pripremate tarana za bebushkite,koj soodnov voda testenini i sto sto ja kombinirate tnx, sakam utre da mi pravam za dorucek pa da ne kesperimentiram.pozz


Јас ја варам 1:3 значи колку што ставам тарана, со истото
( филџан или тањирче) ставам 3 такви вода, малку сол , и масло.
Можеш со сирење.
Ние пошто не јадеме сирење му ставам зденка или абц, а некогаш и рендано јајце ( заради камуфлажа да го изеде) тарана ни е омилено јадење.user posted image

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 6.11.2012 8:19:45 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 816
   RE: Беби рецепти
6.11.2012 8:56:51   
lilicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fiao RR

Батат со блитва (ручек за после 6м.)

- 1 помал батат (благ компир, лила)
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1 поголем лист блитва

Бататот заедно со морковот и лукчето ги ставив на пареа 15 мин. Потоа ги ставив во блендер и додадов свеж лист блитва. Сето тоа исмиксирано го искркавме за час! user posted image

Бататот е премногу здрав ептен.....испробано во се.....и зелениот и портокаловиот......многу често и правам ручече со него а рецептов е испробанuser posted image

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 817
   RE: Беби рецепти
7.11.2012 22:18:01   
SkCura77
Тавче со мешан зеленчук (за над 1 год)

1/2 модар патлиџан, 1/2 тиквичка
корен и лист од целер, 1 пашканат
2 моркова, 2 помали компира
1/4 страк праз исечкан на тркалца

Тавчето се премачкува со путер. Се става претходно излупениот и исечкан на коцки зеленчук.
Се долева вода, се ставаат зачини по вкус и се пече 45 мин.
Се сервира топло, со малку павлака или кисело млеко.
Може да се додаде и варено/ печено пилешко, телешко или мисиркино месо.
Син ми ова го обожава... Наздравје нека ви е! user posted image

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 818
   RE: Беби рецепти
8.11.2012 18:42:34   
Fiao
Интегрален ориз со свежа блитва

Еве еден многу интересен рецепт кои искочи случајно, комбинирајќи ги состојките кои ми беа останати во фрижидерот.user posted image

- 3 средни листови блитва
- 80гр мелен интегрален ориз
- 1 жолчка
- 1-1,5 лажица кисело млеко
- 1 чешне лукче
- малку сол
- 1 мала лажичка маслиново масло

Интегралниот ориз и лукчето се варат, да стане како каша (може лукчето да се вари настрана или да се изренда во оризот). Ова заедно со 1 варена жолчка се става во блендер, се наросува малку сол и 1 лажичка маслиново масло и се блендира. Откако малку ќе се излади се додаваат и листовите исчистени од рачките (свежи) во блендерот и повторно се блендира. Откако сето ова ќе се помеша додавате лажица кисело млеко кое му дава одличен шмек.
Ангелина ова го јадеше денес и се направи тупан! Мислам дека изеде тањир од кој најверојатно и јас ќе се најадев user posted image

< Поракaта ја уредил Fiao RR -- 8.11.2012 18:43:03 >

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 819
   RE: Беби рецепти
9.11.2012 22:32:01   
elenak
Денес малку експериментирав. Сварив какао со млекце (1 лажичка какао и околу 150-160 мл млеко) без шеќер. Во тоа ставив мелена плазма (отприлика колку да згусне). Кога се олади бидејќи имаше грутчиња го изблендирав заедно со пола јаболко. Резултатот беше чоколаден пудинг со вкус на јаболко, мммммuser posted image Признавам дека лапнав 2-3 лажички, не му одолеавuser posted image Ама и на госпожата и се допадна, па така ние ќе си јадеме домашен пудинг со отсуство на бананаuser posted image Планирам да и направам и со други овошја, мислам дека со вишни би било исто така вкусно.


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 820
   RE: Беби рецепти
10.11.2012 17:18:36   
Kockicka
Mamicki dajte nekoj predlog za vecera so zolcka od jajce ?Na pocetokot go jadevme so kisleo mlekce no mi rekoa deka se namaluva kolicestvotot na zelezo pa prodolzive vo zelencukovi ili ovosni kasi ,no nekako denes ovosje imame jadeno mnogu a za zelencuk mi e kasno za vecera user posted image

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 821
   RE: Беби рецепти
10.11.2012 17:59:12   
AnnaMolly RR
Гриз со жолчка. Свари си го нормално гризот. Откако ќе биде готов додај една жива нематена жолчка, убаво измешај и врати на рингла една минутка, додека не почне да ти прска гризот. Ова беше едно од омилените јадења на син ми кога беше помал.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Kockicka)
Непосредна врска до пораките: 822
   RE: Беби рецепти
10.11.2012 18:06:01   
Maca25
Палента со жолчка
банана со жолчка

јас вака и давав на ќерка ми.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 823
   RE: Беби рецепти
12.11.2012 1:39:01   
Bilence2
Pire, kompir, mleko i zolcka se svareno.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 824
   RE: Беби рецепти
21.11.2012 13:46:44   
janamic
Mamicki moze da mi kazete nekoi recepti...bebushot ima 5ipol meseci

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 825
Страница:   <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?