|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Габични инфекции
26.4.2011 15:22:44   
Olivia
Dali nekoj voopsto probal da koristi ispiranje so jogurt i dali ima efekt, dosta pati mi bilo preporacano kako domasen lek, za stbiliziranje na kiselosta na vaginalniot iscedok koi moze da predizvika iritacija na nadvoresniot del od vaginata(PH Vrednost) ili pak za eliminiranje na kandidata, jas sakam da probam ama sakam da vidam prvin dali ima nekoj iskustvo so ova!

_____________________________

"Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"

(Одговор на членот babyJane)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Габични инфекции
27.10.2011 18:08:15   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: mlada85

Zdzravo za site clenovi na ringeraja.Bi sakala da ve zamolam ako nekoj znae nesto za microplazma(vaginalna infekcija) da mi pise zosto denes doktorkata mi kaza deka poslednioes test od mico. pokazal deka ja imam ovaa infekcija(microplazma).A jas nemozam da se vozdrzam do utre za da se vidam so doktorkata zatoa ve molam ako znaete nesto da mi pisete i najbitno dali ovaa infekcija se leci i dali predizvikuva sterilitet.Odnapred vi blagodaram na site i golem pozdrav.user posted image user posted image user posted image



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Olivia)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Габични инфекции
28.10.2011 9:24:51   
anedespo
МИКОПЛАЗМА

1. Што е Микоплазма и што ја предизвикува?-
Тоа е полово пренослива болест, предизвикана од Ureaplasma urealyticum
и Mycoplasma Hominis, - Тоа се транзиторни микроби на урогениталната
слузокожа кај сексуално активни лица
- При поволни услови опортунистичките микроби предизвикуваат инфекција
на бартолиниевите жлезди, вагината, грлото на матката, јајцеводите,
мочниот канал кај жени и мажи и , простатата и епидидимусот.



2. Како може да се добие?

- Се пренесува преку сексуални активности, посебно при повторни сексуални односи со инфицирани партнери,
- Голем број на партнери го зголемува ризикот за инфекцијата
- Бремена жена може да ја пренесе инфекцијата на новороденчето за време на раѓањето преку родилните патишта


3. Кои се знаци и симптоми?


Манифестација кај жени:
најчесто не дава никакви симптоми, а доведува до воспаление на
вагината, цервиксот-грлото на матката, може да се прошири и да доведе и
до пелвична инфламаторно заболување, кое се манифестира со воспаление
на матката и јајчниците. Симптомите се слични како и при кламидија
инфекција.


Кај мажи:
Најчесто се манифестира при уретрит-воспаление на мочната цевка, со:
печење или свраб во мочниот канал со слузав ретко гнојав, беличаст или
жолтеникав исцедок од пенисот, кој најчесто се јавува само наутро во
вид на една капка.
Покрај тоа може да доведе и до воспаление на простатата, како и на епидидимусот.
Тие ( предизвикувачите ) имаат способност да се прикачат на
сперматозидите поради што овие ја губат својата подвижност и виталност,
што преставува причина за намалена можност за оплодување на јајце
клетката-забременување.


4. Како се дијагностицира ?

Покрај неопходниот лекарски
преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) постојат одредени лабараториски
анализи со кои може да се утврди дијагнозата, и тоа:
- примерок од секретот од инфицираните органи (цервикс, вагина, мочен канал ), со што директно се докажува кламидијата.
- Друг тест е преку примерок од урина ( кој се применува кога постои воспаление на простатата и пореметувања во спермата )
- Преку серолошка метода ( се зема венска крв, во која се докажуваат антителата).



5.Какви компликации може да настанат ?

Кај маж, нелекуваната може
да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до
стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал.
Кај жени, нелекувана предизвикува Карлична воспалителна болест ( Pelvic
inflammatory disease ) што не секогаш дава симптоми, или може да биде
многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа
внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична
бременост, спонтан абортус,смрт на плодот, мртвородено.


6.Како се лекува?
- Се лекува со антибиотици 1 до 2 недели, исто како и при кламидија инфекција
- Двата партнера треба да се лекуваат иако едниот или двајцата немаат
никакви симптоми, во спротивно постои можност за повторна инфекција.
- Додека трае лекувањето двата партнера треба да апстинираат или да користат кондом.


7.Како да се спречи?

- Користење кондом при секој сексуален однос
- Ограничување на бројот на сексуални партнери
- Сексуална апстиненција
- Лекување на двата партнера ( доколку постои инфекција )
user posted image  user posted image user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Габични инфекции
3.11.2011 18:51:44   
mila mama

ИЗВОРНА ПОРАКА: zbunet

Веке цела година сме во брак, но никако да биде таа срекна вест. Не знам можеби не е никаков проблем но мене ме загрижува и затоа вам ви се обракам за совет. Мислам дека се работи за некоја инфекција кај партнерката но не сум сигурен, беше еднаш на доктор ни даде и на двајцата некои апчинја но никаков резултат.При секој однос се осека јак непријатен мириз од партнерката,дали е тоа некој знак дека има некој проблем. Ви благодарам





ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

aaaa neznam jas na ovaa tema da ti pomognam,ama stom se oseka neprijaten miris mislam i da nemas nezastiten odnos,toa e mozebi nekoja bakterija infekcija,i za toa ima terapii se leci sigurno a mozebi i ne e strasno.sepak pravo ne ginekolog nekoj podobar i da se proveri rabotata......ajde samo pozitivna misla,i se ke bide,nema razocaruvanje,tuka site sme pominale niz toa,ako ne site barem pola;-))))jas bev godina ipol vo brak pa ne zabremeniv,ama si piev folna kiselina i si jadev morkovi,i za mesec ipol zabremeniv...ama prvo na lekar;-))))






ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Збунет а жена ти да отиде кај некој салам гинеколог чим смрди сигурно е инфекција некоја неможе така од чиста мира да мириса,она како се осеќа ,нели ја боли при односи? Вагинални користела ли ? докторот само тоа ви препиша или нешто друго.Дај посовреме отидете си кај подобар доктор и нека ви каже,не губете време може нешто сериозно е а не обрнувате внимание.Нема ништо страшно да се оди кај гинеколог,ке и земи брисеви и ќе ја види охрабри ја ако веќе и е страв.Што сте чекале до сега....позз и пиши ни што сте направиле



_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Габични инфекции
4.11.2011 18:50:58   
anedespo
Mi lici na trihomonas vaginalis, obavezno bris i so soodvetna terapija kaj dvajcata za dve nedeli se ke se sredi.

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Габични инфекции
5.12.2011 10:04:18   
Melanija RR
Dali na mikrobiologija seuste se zakazuva za
mikrobioloski brisevi?Ako nekoj znae za Manu
I za Prolece kako e tamu I telefon ako
moze.Fala odnapred

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот babyJane)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Габични инфекции
9.2.2012 14:24:05   
JovanaJ
Mi se pojavi kandida. Veke ja prepoznavam so site znaci i simptomi bidejki mnogu cesto se druzime user posted image ....pa sakav da kupam Canesten ili Geonistin. Megutoa nie veke sme vo obidi da zabremenam pa sega se prasuvam sto ako sum zabremenila sega, dali smeam da stavam vaginaleti vo ovoj preiod znaci koga se obiduvam...inaku treba (odnosno ne treba) da dobijam na 20-ti Feb. Canesten znam deka ne se stavaat vo prvite tri meseci od bremenost (barem taka pisuva) a Geonistinot se upotrebuvaat i za vreme na bremenost. No sto vo ovoj period koga se obiduvas ama neznaes dali si bremena ili ne? Iskustvo nekoe?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Габични инфекции
20.2.2012 19:25:30   
hrabra
jovanaj...jas ne znaev deka sum bremena a koristev poliginax vaginaleti 12 dena ,plus za vreme na bremenost uste 3 pati koristev vaginaleti i fala bogu deteto mi e super eve sega god ke polnime.....sto se odnesuva do kandidata mi se pojavi vo 2008 od operacija na besika od silni lekovi...i od togas ne mozam da ja iskorenam zimno vreme mi e obavezna sto se ne sum probala kaj se ne otidov...ne mozat da mi najdat resenie....so toa sto i cesto imav e.coli vo urina dve g ja nemav eve sega pak .....user posted image user posted image user posted image sakam da ve prasam dali nekoj gi koristel kapkite od diforigano gi piam za bakterijava ama stom se napijam od niv (1kapka na den)odma dobivam nekoj bolki vo jajnici i op sekret bel e aj sega bidete pametni...pisuva deka i za toa e ...aptekarkata veli sum se cistela???user posted image user posted image user posted image ako nekoj imal iskustvo so ovoj proizvod neka pise....blagodaram

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 22:03:22   
kikicka
И етемеи мене овде...user posted image пред два дена се осетив некако како да ме зачешува ама се мачкав со канестен и нистатин ама сепаксо креманеможе да помине. Од кандидата се имам лечено два пати и тоа пред три години првата терапија беше со канестен и плус некои др антибиотици а втората поминав само со полигинакс ,е сега пошто неможам да добијам овде полигинакс без рецета земав канестен 3 вагинални па ке видам како ке биде,сега за сега добро е само што ете истекува тоа лошото од мене. Туку збор мибеше како тоа со сода бикербона да се одмивам ,со шприц внатре да ставам или површински,пошто јас знам за одмивање внатрешно со шприц .

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот babyJane)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 22:07:44   
kikicka
Оливија проба ти со јогурт? Мене не ми е нешто толку страшен јогуртот за перење на вегината по сумљиво ми е сода бикербона .
ИЗВОРНА ПОРАКА: Olivia RR

Dali nekoj voopsto probal da koristi ispiranje so jogurt i dali ima efekt, dosta pati mi bilo preporacano kako domasen lek, za stbiliziranje na kiselosta na vaginalniot iscedok koi moze da predizvika iritacija na nadvoresniot del od vaginata(PH Vrednost) ili pak za eliminiranje na kandidata, jas sakam da probam ama sakam da vidam prvin dali ima nekoj iskustvo so ova!



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Olivia)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 22:41:24   
mamicki
Зошто ти е сомнителна сода бикарбоната? Па таа се употребува како раствор и за соор во устенцата на новороденчиња. Содата, т.е раствор од сода бикарбона, се употребува за одмивање, надворешно, а потоа се става во вагината тампон натопен во раствор од јогурт и толчен лук, и се остава преку ноќ. Многу ефикасно средство против кандида, проверено, е лукот. Порано жените правеле тампони од газа, импровизирани, во кои завиткувале 2-3 чешниња згмечен лук, па така преспивале, и тоа мн. помагало. Всушност, против инfекции со кандида се препорачува и да се јаде мн. лук.Еве доста за кандидата:

статијата е напишана подолу

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 17.4.2012 11:06:49 >

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 23:07:22   
kikicka
Незнам ете ...а како да растворам колку сода колку вода? Може тоа со шприц внатре да ставам? И ова со јогуртот и толчениот лук тоа заедно?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 23:09:03   
Bogdancanka
kako i da e za bilo sto najdobro bi bilo da se posovetuvate so lekar,da si odite na pregled zasto cesanjeto ne e dobro i nemozete da bidete sigurni sto e ako ne ste bile na pregled...

< Поракaта ја уредил Bogdancanka RR -- 16.4.2012 23:13:14 >


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Габични инфекции
16.4.2012 23:44:01   
Olivia
Ехе од кога сум пишала за јогуртов поминала една година, пробав како не , и ако немав знашителна инфекција или слично пробав во еден наврат кога имав зголемено количество на секрет и мала непријатност и само со две апликации т.е. два шприца јогурт како нова ми беше митраваuser posted image user posted image user posted image
препорачувам на секој да проба пред да почне да се кљука со таблети или да не пика одма вагиналети, а ако и тогаш не бива терајте со терапија ама јас да не се подречам заборавив на овој проблем!

_____________________________

"Trust takes years to build , only seconds to break , and forever to repair"

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Габични инфекции
17.4.2012 11:05:18   
Pepelaska *

Габични инфекции на женските полови органи (кандидијази)
Габичните инфекции на женските полови органи се воспаленија предизвикани од микроорганизми-габи.

Габичните инфекции можат да бидат непријатни, но за здравите жени, кои немаат пропратни сериозни заболувања, не претставуваат голема опасност. Најчесто се јавуват за време на бременоста, кај пациентки со шеќерна болест, како и по спроведување на антибиотска терапија.

Инфекцијата на вагината предизвикана со габата Candidа се нарекува вагинална кандидоза, кандидијаза или вагинална монилијаза.

Латинските имиња за оваа инфекција се: candidosis vaginalis, moniliasis vaginalis.

Причинители
Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 - 90% од случаите), Candida glabrat се наоѓа во 5 - 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.

Родот Candida е многу хетероген и постојат околу 200 различни видови.Candida albicans е дел од нормалната (физиолошка) флора на човекот, односно микроорганизмот е нормално присутен во здравиот организам. Обично кандидата не е штетна за организмот и живее на слузниците. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35% од здравите жени, на слузницата на горните дишни патишта кај 77% од здравите лица, како и на слузницата на системот за варење кај 85% од луѓето. Киселоста на вагината и присуството на други, нормално присутни микроорганизми, го одржува бројот на кандидата на слузницата на женските полови органи на многу мали вредности. Извор на инфекцијата најчесто се сопствените кандиди, кои нормално се присутни на слузницата на вагината.

Иако инфекцијата со Candida не се смета за полово пренослива болест, сепак причинителот може да се пренесе преку полов контакт со инфицирано лице.

12-15% мажи, по сексуален однос со инфицирана жена, ќе развијат симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип на пенисот. Кај мажите, кандидата предизвикува: баланит, постит или баланопоститит. Баланит (balanitis) е воспаление на главата (glans) на пенисот, а постит (postitis) е воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium), кој ја штити главата на пенисот. Често, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).

Фактори на ризик за настанување на кандидијаза на женските полови органи
Промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на бројот на непатогени микроорганизми на вагиналната слузница може да доведат до појава на воспаление. Одредени состојби и заболувања може да доведат до пореметување на киселата средина на вагината. Најчести состојби и заболувања, кои може да доведат до развој на кандидијаза, се: менструација, некои болести (најчесто шеќерната болест), бременост, менопауза, некои антибиотици и хормонските контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така, го стимулира растот на кандидата.

Здравите жени ретко заболуваат од болести предизвикани од Candida. Кај лицата кои веќе имаат некое заболување, или се изложени на некои лекови или зафати, кандидите се јавуваат како причинители на инфекција и способни се да предизвикаат тешки заболувања. Сериозноста и проширеноста на инфекцијата, предизвикана под овие услови, расте со бројот и тежината на пореметувањата на болниот.

Многу болести го потпомагаат развојот на кандидијазата, како што се на пример: шеќерната болест, хипотироидизмот, хипопаратироидизмот, хипоадренокортицизмот, грануломатозните заболувања, сидата, цистичната фиброза, хипогамаглобулинимијата, сите видови на рак, а посебно малигните заболувања на крвта.

Антибиотската терапија (посебно терапијата со тетрациклини) предизвикува промена на нормалната флора кај човекот, која пак од своја страна доведува до зголемување на бројот на кандидата и до појава на инфекција.

Претерано консумирање на алкохол, носење на тесна облека, носење на најлонски чорапи и синтетски долен веш и нанесување на парфеми и парфимирани козметички препарати на половите органи, ја пореметуваат нормалната рамнотежа на флората и потпомагаат во настанувањето на кандидијазата.

Честота на инфекцијата
Воспалението на вагината предизвикано од кандидата (Candida vaginitis/colpitis) е најчеста инфекција на женските полови органи и има висока инциденца. Околу 75% сексуално активни жени имаат барем еднаш кандидијаза во својот живот, половина од нив имаат повеќе од една инфекција во животот, а околу 10% од жените имаат чести, поновувани инфекции.

Симптоми
Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.

Поставување на дијагноза
Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата, на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.

Дефинитивната дијагноза на кандидијазата се поставува врз база на микроскопски преглед на секретот, земен од слузницата на вулвата, на вагината или на грлото на матката. Микроскопскиот преглед на вагиналниот секрет дава карактеристична слика, така да не се потребни други дополнителни испитувања.

Кај негативен микроскопски наод, се зема брис од вагината и се испраќа на микробиолошко испитување. Со микробиолошкиот преглед се потврдува присуството на кандида и се утврдува нејзинот вид.

Понекогаш се прави и ПАПА тест, со цел да се исклучи евентуално постоење на туморски лезии на вагината и грлото на матката. Ако грлото на матката изгледа сомнително, се прави колпоскопија со биопсија.

Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати.

Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува грлото на матката (цервикс) со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.

Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија), со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.

Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.

Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.

И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.

Детален преглед е потребен кај жените кои имаат повторувани инфекции, како и при слаб или никаков одговор на терапијата. Тогаш се прави преглед на целото тело (физикален преглед по системи), лабораториска анализа на крвта и мочката, при што се бараат симптоми и знаци на одредени болести и органски системи.

Лекување
Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol (Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) i natamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.

Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).

За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.

Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Таква комбинација е oksitetraciklin + nistatin (Geonistin).

Првата инфекција треба да се лекува според советите на матичниот лекар или гинекологот, а кај повторуваните инфекции, ако со сигурност се знае дека се работи за оваа инфекција, жената може сама да си купи локални антимикотици во аптека. Ако седмодневната терапија не даде резултати, жената треба да се јави на лекар, за да се открие причината, како и за да се открие евентуално постоење на други состојби или заболувања.

Честите, поновувани габични инфекции можат да бидат показател за постоење на одредени заболувања, па затоа е потребно да се отиде на лекар и да се направат дополнителни испитувања. Прусуство на знаци на воспаление по завршувањето на терапијата, или слаб одговор на терапијата можат да бидат први знаци за ХИВ-инфекција.

Кај бремените жени, антимикотиците се даваат со посебно внимание, ако воопшто и се дадат. Локалното лекување кај трудниците се спроведува подолго време и тие почесто се контролират од страна на гинекологот.

Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната.

Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата.

Прогноза
По спроведување на адекватен третман, знаците на инфекцијата потполно исчезнуваат. Повторувањето на инфекцијата или слабиот одговор на терапијата, обично укажуваат на постоење на намален имунитет, или на постоење на одредени заболувања. Во тие случаи, кај болниот е потребно да се направат дополнителни испитувања.

Компликации
хронични и повторувани инфекции,
проширување на кандидата по телото и инфицирање на други ткива и органски системи (често се јавува кај жени со намален имунитет).
Превенција
За спречување на инфекција со кандида важно е да се следат следниве упатства:

да се избегнува носење на тесна облека,
да се избегнува носење на синтетски долен веш,
да се носи памучен долен веш,
да на танга гакички,
да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
редовно да се менува долниот веш,
после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.

Извор: рак.мк

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Olivia)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Габични инфекции
10.5.2012 7:43:49   
Annet
ufff edvaj ja pominav nokva,dosega ne sum imala vakvo cesanje uzasno ke poludam,kazete mi kanesten ili nekoj drug lek odi li na recept ili da sikupam od apteka,nemozma na lekar da odam ke se utepam od cekanje cel den a deteto nema na koj da go ostavam..................

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Габични инфекции
10.5.2012 9:09:10   
JovanaJ
Annet mila, Kanesten ne odi na recept a i nema da ti pomogne mnogu ako se raboti za mesana gabicno-bakteriska infekcija. Moze ke ti ulbazi malku za da posle se pojavi uste pojako. Najubavo e da si posetis ginekolog, ke znae sto tocno ti treba za da se resis od infekcijata.
Mene najcesto mi dava "Poliginax" koi isto taka ne odat na recept a se mnogu poefikasni od Kanestenot ama se za mesani infekcii gabicni i bakteriski. Ne bi mozela da ti kazam da gi zemes koga ne ti gi preporacal lekar, organiziraj se nekako so deteto i moj sovet e da te vidi ginekolog...se nadevam brzo ke go resis problemot.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Габични инфекции
10.5.2012 9:22:24   
kikicka
Мислам дека канестенот не оди на рецепт,овде барем не е,пробај полигинакс анет,ама прва прилака оди на гинеколог.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Габични инфекции
10.5.2012 9:28:15   
Annet
fala zenski sega nekako ne me cesa taka mnogu,sepak ke zakazam pregled mozebi da e od prasokot za perenje.dosega ne sum imala vakvo iskustvo,fala fala mnogu ;-)))

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Габични инфекции
11.5.2012 23:02:15   
kikicka
Анет да не ти е од некој лек? Мене еднаш така ми се случи а пиев Аугментин,и бевна контрола,ми екоа деканишто немам а сепак ме чешаше,после сватив дека е од лекот т.е содржел пеницилин и одтогаш никаков пеницилин!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Габични инфекции
12.5.2012 12:35:17   
Annet
ne ne mi e od lek neznam so sto mi e eve si kupiv takvi vaginaletki kako sto mi rekovte pisuva navecer samo da se stavaat 6 se vnatre treba li site da gi potrosam za da ima efekt??

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Габични инфекции
8.12.2012 17:46:05   
suzeto
i jas imam kandida i ureaplazma.....da dobijam pa da pocnam so lekovi....

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Габични инфекции
8.12.2012 19:11:15   
suzeto
a zaboraviv da vi kazam deka edna nedela pred da mi zemat bris se plaknev so soda bikarbona.....nemam poveke cesanje ........

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Габични инфекции
11.12.2012 1:09:29   
suzeto
denes bev na dr. i mi prepisa sumamed vibramicin i kanesten a posle niv ke mi dadel i nekoj drugi vaginalni za cistenje........a za mm samo citeral......koga bev kaj opstiot maticen da mi prepise za mm toj mi rece deka treba isti lekovi da koristime.......i deka toj trebalo da proveri spermokultura za da se vidi dali ima i kaj nego.....a vo apoteka mi rekoja deka toa se mnogu antibiotici za mene deka e sok za organizmot................
7 dena vibramicin po 2 vo denot poslednite 3 dena od vibramicinot da pocnam i so kanestenot a posle so sumamed............nekako me faka strav utre treba da pocnam 3 den mi e...............avo petokot mi rece sumamedot se piat od 3 den a sega da gi piam od 10 den ke izpadne.........

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Габични инфекции
27.1.2013 0:09:09   
miana
Devojki abe da ve prasam nesto 'eve veke tret den koga mocam osekam nekoja bolka kako pecenje... Prv pat mi se slucuva ova..drugi simptomi nemam osven ova..kako za belja pa bas dobiv den odkako pocna da me pece pa i odenjeto na ginekolog mora da ceka,a mene ne mi e lesnod a trpam sega vaka uste 3-4 dena. user posted image Sto mi predlagate da prevzemam so ogled na toa deka momentalno imam menzis? inaku redovno si stavam betadine vaginalni posle sex so mm ( ne posle sekoj sex tuku dva pati mesecno od prilika ) po preporaka od mojot ginekolkog ( za prevencija ) Sto vikate vie?

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?