|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хигиена кај машки деца
5.5.2009 21:21:26   
Боцко
Не знам дали темава е на вистинското место, ако не е преместете ја.
Но, прашањето морам да го поставам поради дилемата пред која сме исправени.
Имено, кај Стефан кожичката на пенисот не е односно е едвај подотворена. Кај нас на Балканот преовладува мислење дека тоа треба по default да се реши хируршки. Спротивно, на западни форуми, сајтови и во книги децидно стои да не се чепка ни под разно, никакви опасности нема од инфекции и дека кога тогаш само ќе се отвори. Статистиките говорат дека 95% се отвораат до 4-5 години старост. Се разбира, ние постапивме така. Еднаш го чепна неговиот матичен педијатар и беше мачно а јас се налутив по што таа се извинуваше. Оние што тоа го решавале со повеќекратни потегнувања кај лекари многу трауматски поминуваат. Еден случај од скоро особено долго трае и е болно за детето. Јас би чекал, но еве би сакал да слушнам искуства и предлози. Како понатаму?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хигиена кај машки деца
5.5.2009 21:31:54   
Еца
Со оглед на тоа дека имам ќерка и незнам што да ти кажам,но ќе ја замолам сестра ми која има син да ти напише нешто на темата,поздрав

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хигиена кај машки деца
6.5.2009 1:06:39   
ana_76
вака јас имам две машки деца поголемото 8 год а помалото 3 ипол.Со постарото дете пошто никој не ми кажа не му ја одлепував кожичката  и на пет месеци закачи бактерија во мокрачата.Кога го однесов на лекар откако го прегледа веднаш му го виде и курето и ми вели зошто не си му го одлепувала.Е пошто мене никој не ми кажа а прашував кога го носев на лекар незнаев дека треба и ми велеа дека кога ќе потпорасни ќе му го отворат по хирушки пат.Докророт кој беше стар педијатар му ја тргне кожичката од едната страна пошто малиот и толку стоеше ми даде маст да го мачкам 2 дена и ми рече по една недела кога ова ќе заздрави со секое капење да му ја туркам надолу по малце додека не се отвори.Така и постапив и му се отвори целата кожичка.Е со малото уште одма со капењето му ја туркав се отвори за кратко време и проблем немавме.Само да кажам доколку не му се отвори а само нема шанса без да му се турка на доктор му го отвораат хирушки а тоа е многу болно пошто имам пријателки кои тоа го искусиле.Затоа мислам дека е подобро дома по малце отколку хирушки пошто можи.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хигиена кај машки деца
6.5.2009 8:35:39   
mami
леле нас двете докторки различно ни кажаа и се изнервирав ко никој..си прашав убаво уште на првата вакцина и ми рече таа - да ке му го отвараш секој ден кога го бањаш, кога е мокро..а матичната ни се развика- Никако да го отварате, до 3 години само ке се отвори..и ај сега..и му го отварав еднаш неделно..одиме после неколку месеци кај матичната и следи- ИИИ не сте му го отварале , па како сте можеле, па треба редовно...и ај оди па разбериги..и сега секоја вечер за бањање му го отварам по малку и веке почна да се гледа скоро целата главичка, подобро јас отколку на лекар каде што еднаш му го отворија и дури и крв му потече и ке ја тепав таа таму user posted image  

(Одговор на членот ana_76)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хигиена кај машки деца
12.5.2009 21:52:45   
Боцко
Еве превод на текст преземен од една американска веб страница на оваа тема:

"ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ОБИДУВАМЕ ДА ЈА ПОВЛЕКУВАМЕ КОЖИЧКАТА НА НЕОБРЕЖАНИОТ ПЕНИС НА НАШИОТ СИН?"
"Нашиот син е необрежан. Никогаш не сме се обиделе насилно да ја повлечеме кожичката заради чистење. Неодамна, на предгледот на возраст од 2 години, докторот ни рече дека ТРЕБАЛО да ја повлекуваме. Тој дури се обиде тоа и да го стори, но нашето дете (умно), не соработуваше. Дали требаше на сила да му ја повлекуваме кожичката за сето ова време? Треба ли сега да започнеме? Дали треба нешто да правиме?"

На необрежаните деца не им е потребна посебна нега на пенисот. Јас тоа би го нарекол "не-грижа на недопрениот пенис". Треба потполно да го оставите на мира. НЕ треба со сила да ја повлекувате кожичата НИКОГАШ. Не треба никому да дозволите да му го прави тоа. Ове предизвикува значителна траума, како физичка така и емотивна. Насилното повлекување може да доведе до болка и инфекција на кожичката.

Зошто е потребна целата оваа контроверза? Недопрената кожичка ретко останува прилепена и неотворена. Ова може да го попречи уринирањето. Доколку тоа се случи, се решава со мала хируршка интервенција. Пред повеќе години, лекарите мислеле дека треба во детството кожичката на пенисот да се повлекува за овој редок случај да се избегне. Ако не се отвора по неколку години старост, треба со сила да се повлече. Сега знаеме дека траумата предизвикана од тој чин далеку ги надминува придобивките.

Болката и траумата едноставно не се толку вредни. Скоро сите кожички се разлабавуваат и ќе се повлечат само преку нормалното истражување на овој дел од телото од страна на детето.

Д-р Боб

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:33:33   
mis.
Денеска бевме на педијатар.Кожичката на Стефан му е целосно затворена и тешко се отвара па педијатарот ми препотача да го мачкам со јекодерм и крема и пополека да го отварам за да нема потреба тоа да го направат они со тегнење.Педијатарот ми кажа дека после една година треба да биде подотворено па од тие причини морам да работам на отварање на кожичката. 

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:42:32   
mami
мис јас не го мачкам со ништо едноставно додека е уште во вода, бидејќи претпоставувам сеуште не стои сам во кадичка, додека лежеше му го отварав така а сега кога ке застане да го истуширам му го отварам малку  и после пред да го облечам,, додека е уште мокар уште малку му го отварам и тоа е се..крема искрено ми е страв да му ставам, макар била и јекодерм зошто сепак таа ке собере од надвор бактерии и ти кога ке го отвориш и затвориш таа ке остане внатре во совршено место за стварање инфекција...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:46:14   
mis.
И јас помислив на тоа ам на Стефан му е целосно затворен како залепено е никако не се отвара.
Кога син ми ќе порасне и прочита што пишувала неговата мамаuser posted image можете да замислите што ќе следи.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:50:00   
mami
хахах а јас си вика што ке биде ако се сети дека мама секоја вечер му го отваралаuser posted image user posted image user posted image user posted image ке си рече не била баш најтокму мојаваuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:51:05   
mami
а  полека..и на Лука не му се отвараше во почетокот, го имаше само она дупченце од каде мочка и ништо повеќе, ама еве после 6 месеци веќе скоро цело го отвараме..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:53:24   
Mammy
А дали би се решиле на обрежување од хигиенски , здравствени и естетски причини? Не од верски.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 14:57:52   
mis.
Никако,природата си го дала тоа така и така треба да биде.
Оваа ми е второ машко дете но со првото немав ваков проблем може сум била малку поагресивна во отварањето помлада па позелена сум била тогашuser posted image user posted image сега созреав и имам некој страв но изгледа ќе морам.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Хигиена кај машки деца
29.5.2009 15:23:09   
Mammy
Ех, мамички мои, да знаете колку само поубаво, почисто изгледа...
Тоа на запад е веќе рутинска постапка уште при самото раѓање..

Ама како и да е..кој како си сака, нели..
Јас ќе го обрежам својот син..


Под обрежување (циркумцизија), или машко обрежување се подразбира оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на пенисот.
Повеќето педијатриски здруженија не препорачуваат рутинско обрежување. Нивната препорака е одлуката за циркумцизија да се препушти на родителите. Следните причини може да влијаат на одлуката за циркумцизија:

   * Религиозни причини: во некои религии циркумцизијата се практикува ритуално.
   * Културни причини: обрежувањето е прифатено во некои култури. Некои родители се одлучуваат за циркумцизија бидејќи и другите машки членови на фамилијата се циркумцизирани.
   * Медицински причини: во некои ситуации кои ги одредува докторот, обрежувањето е корисно во медицинска смисла (на пример, ако детето има фимоза и уринарни инфекции).

Која е користа од обрежувањето?

Во врска со ова прашање, се цитираат следните потенцијални користи:

   * Помал ризик за инфекции на мочните канали.
   * Помал ризик за редок облик на рак на пенисот.
   * Нешто помал ризик за добивање на сексуално преносливи болести (СПБ).
   * Полесно се одржува хигиена на пенисот.
   * Помал ризик за карцином на грлото на матката кај партнерките на обрежаните мажи.

Кои се ризиците при обрежувањето?

Заради следните причини родителите не се одлучуваат за циркумцизија кај своето бебе:

   * Било која хируршка интервенција, вклучувајќи ја и циркумцизијата, е поврзана со одреден ризик, иако мал. Може да се јави крварење, инфекција, лошо зараснување на раната или кожичката може да се пресече предолго или прекратко.
   * По хируршката интервенција, можно е врвот на пенисот да биде повеќе изложен на иритација. Ова може да предизивка проблеми во мокрењето и евентуално, потреба од нова хируршка интервенција.
   * Некои родители веруваат дека со циркумцизијата се менува природната состојба на телото на детето, и сметаат дека е подобро самото дете да одлучи кога ќе порасне.

Кога не треба да се прави обрежување

   * Кај деца со хипоспадија - аномалија кај која урината не излегува од врвот на пенисот. Кожичката треба да се сочува, можеби ќе потреба подоцна за хируршката операција со која ќе се обезбеди нормален изглед на пенисот.
   * Циркумцизија не треба да се прави кај недоносено бебе, или ако постои фамилијарна историја за проблем со крварење (на пример хемофилија).
   * Циркумцизија не треба да се прави ако докторот или оној кој што ја прави нема потребно искуство.




(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Хигиена кај машки деца
11.7.2009 18:24:32   
mis.
Морам нешто да напоменам за оние млади мами со машки деца дека при секое преповивање и менување пелени курето треба да е подигнато нагоре кон папчето и така да остане кога ќе му ставате нова пелена.Оваа како мој совет кој и јас сум го добила од поискусните мамички.user posted image

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Хигиена кај машки деца
12.7.2009 10:58:29   
niki
Jas imam kerka ama sestra mi ima since. Nejze pedijatarot ja sovetuval uste koga bese novorodence sekogas kureto vo pelena da go postavuva nagore i na sekoe prepovivanje malku kozickata da ja potegnuva nadolu, znaci ne naglo, jako ili nasilno tuku mnogu vnimatelno i nezno i sosema malku i taka toa kaj bebeto ne predizvikuva bolka. Vnuk mi sega ima 3 i pol godini i problem nemale, ni infekcija ni nisto i glavickata mu e otvorena
Taka da smetam deka podobro majkite toa doma da go pravat, sigurno se povnimatelni i ponezni od bilo koj doktor, za da sprecat da dojde do hirurska intervencija. I navistina ne razbiram zosto ako nesto moze da se spreci da prejde vo rutinska operacija i da se primenuva kaj site deca, ako za toa nema potreba.  

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Хигиена кај машки деца
12.7.2009 18:23:25   
katence
nikako da se cepka samo ke si se otvori do nakaj petata godina.
pa na doktor ke mu go povlecele pa ke mu go otvarale,nema sansi da dozvolam da pominuva niz traumi koga ne e potrebno.imam se isprocitano i se konsultirav so doktor vo stranstvo koj sto ni e prijatel i odma ni kaza nikako da ne go cepkame.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Хигиена кај машки деца
24.7.2009 16:05:45   
big_mama817
jas se slozuvam so mammy obrezuvanjeto ne e samo praktika kaj nas muslimanite tuku istoto go praktikuvat i evreite i katolicite primarnata cel e tocno higienata znaci da ne dojde do nekoja pogolema infekcija inaku obrezuvanjeto sega kaj nas,neznam kolku od vas se zapoznaeni se vrsi i laserski sto e mnogu pobezbolno, jas licno planiram na sin mi ovaa mala hirurska intervencija da ja izvrsam lasereski user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Хигиена кај машки деца
10.10.2009 11:24:43   
mami
ние еве после година и 4 мееци уште не сме ја отворле целосно ама на добар пат сме, е сега, имаме проблем, не дава веке да му го чепкам, порано беше полесно- малечок и не разбира ама сега...не ми дава никако, освен додека е во вода ако случајно успеам

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Хигиена кај машки деца
10.10.2009 11:31:53   
mother 29
а ние сме супер ,целосно отворени...и го научив сам си го отвара и си го мие на бањањетоuser posted image  

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Хигиена кај машки деца
10.10.2009 11:41:09   
profesorica
Ние после секое бањање навечер го отвараме по малку и до пола му се гледа главчето и порано не дозволуваше ама сега сака и тоа се смее user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Хигиена кај машки деца
21.1.2010 19:26:48   
mis.
Мамички на машки дечиња до кај сте со оваа работа.Дали успеавте да  му ја потегнете кожичката,на која возраст треба убаво да му се отвара курето?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Хигиена кај машки деца
21.1.2010 21:23:49   
mami
леле до никаде..не се отвара уште целосно, само некаде до помалку од половина..Кога треба да се отвори целосно?!user posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Хигиена кај машки деца
22.1.2010 11:25:24   
zami
Nas pedijatarot od odma ne sovetuvase da ja otvarame kozickata poleka pri banjanje, i se bese super do godinkata celosno mu bese otvorena kozickata, i kako rastese se pomalku mu ja povlekuvav, imajki vo predvid deka e veke povlecena a toj e pogolem pa da ne mu stvaram neprijatnosti. E prtoblemot nastana pred otprilika edna godina koga imase nekoja blaga mokracna infekcija i pecenje na kureto, i koga probav da mu ja povlecam imase vreskanje i sl. Pedijatarot povtorno ni kaza deka kozickata treba da se povlekuva zaradi cistenje.
Od togas do denes sme ja povlekle nekolku pati, ama samo jas si znam kako.
Toj sam nesaka go bolelo, mene ne me ostava, a koga sum bila dovolno uporna i sum uspeala, mu se povlekuva celosno, znaci ne e zalepena, ama ne ni klizi samata. Jas se tesam deka koga ke bide pogolem ke go ubedam sam da ja povlekuva, a do togas user posted image

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Хигиена кај машки деца
22.1.2010 11:26:42   
profesorica
ние ја отвараме цела секој ден, си клиза саматаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Хигиена кај машки деца
22.1.2010 11:28:34   
mami
па и мојов вреска кога му ја повлекувам, и тоа мене не ми дава, само мм може да му ја повлече, ама уште ни до пола не сме стигналеuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?