Pepelaska *
|
Најчести грешки при одгледување на цвеќе Љубителите на цвеќе кои го одгледуваат во својот дом често несакајќи прават крупни грешки. Многу циклами, примули, бегонии, фикуси и други растенија угинале од преголемо ”внимание” на домаќинот. Основна и најчеста грешка е неумереноста, во прв ред при поливањето на цвеќињата. Последиците од ова појава најмногу ги чувстува собното саксиско цвеќе, кое е потполно зависно од човековата нега. Во лето, кога растенијата се во полна вегетација, кога ќе настапат горештините и воздухот ќе стане сув, цвеќето во соба во многу често добива премалку вода. Особено кога ќе настапат годишните одмори, многумина се тешат дека растенијата во природата се изложени и на многу потешки непогоди. Притоа се заборава дека одгледувањето на цвеќиња во саксија е вештачки и насилен метод. Затоа во многу случаи растението во собата и покрај сето внимание не напредудува, а кога ќе се извади надвор, по определено време тоа се опоравува и расте. Ова значи дека растението во природата пронашло попогодни услови за сопствен развој од оние кои ги имало во собата. Во зима често се оди во друга крајност. Надвор е негостопримливо и студено време, луѓето многу повеќе се во домот и тогаш ја изразуваат сета своја грижа кон цвеќето со прекумерно полевање. Меѓутоа на многу растенија во зима им е потребно мирување, па не можат да трошат толку вода колку што добиваат, поради што почнуваа да трулат нивните жилички. Големата топлина предизвикува буен раст, но младите гранчиња и листови се крти поради недостаток на доволно светлина и свеж воздух, а со тоа стануваат жртви на штетници и болести. Растенијата се живи суштества и со нив не треба да се постапува како со некоја машина. Кај растенијата постојат значителни разлики, како индивидуални, така и во поглед на видот и сортата и на ова мора безусловно да се обрне внимание. Растението никогаш нема да се придржува на некои правила, туку правилата треба да се прилагодуваат спрема него. Еве неколку упатства за правилна нега на цвеќето во зима: 1. Одвоете го целото собно цвеќе во две групи: цвеќе кое не поднесува големи температури преку зима и на цвеќе кое поднесува такви температури. Студени, односно млаки простории се наменети за поголемиот број кактуси, аукарии, сансеверии, циклами, примули и амарилиси; топлите соби се за бегониите, аспарагусите, филадендроните, палмите и фикусите. 2. И во топла и во студена просторија на растенијата им е потребно што повеќе светлина и доволно свеж воздух. 3. Провевот и наглата промена на температурата им штети на растенијата. Затоа не е добро саксиите да стојат директно на даската пред прозорецот каде што секогаш струи студен воздух. При проветрувањето сталакот со цвеќе треба да се оддалечи од прозорецот или да се покрие со хартии. 4. Цвеќето не смее да се става во близина на печка или радијатор. 5. Зиме цвеќето не треба да се полева додека земјата во растението сеуште е влажна. 6. Никогаш цвеќето не треба да се полева со студена вода. Температурата на водата треба да биде еднаква со температурата на просторијата. Се препорачува после секое полевање да се наполни кантичка вода и да се остави во близина на цвеќето до следното полевање, за да водата биде загреана од воздухот околу цвеќето. 7. Растенијата во студената просторија треба поретко да се полеваат и многу помалку отколку оние во топлата соба. Во редовно загревана соба треба да се полеваат еднаш неделно, а во студената соба доволно е два-три пати месечно. Многу тешко е да се одреди што значи многу, а што малку и кога треба односно не треба да се полева. Сепак може да се каже дека земјата треба да биде малку влажна, што најдобро може да се утврди со опипување со прстите или според звукот на саксијата; ако саксијата испушта јасен звук значи дека земјата во неа е сува, а ако одзвонува со пригушен звук земјата е мокра. 8. Кога времето е облачно, цвеќето треба помалку да се полева, а кога е сончево треба повеќе. 9. Растенијата кои растат или цветаат треба да се полеваат пообилно од оние кои мируваат или прецветале. 10. При полевање треба да се внимава водата да не се истура во средината на саксијата, туку близу до нејзините рабови. Ако приземните листови на некое растение ја прекриваат земјата, мора со другата рака да се подигнат и под нив да се истура водата, бидејќи токму овие растенија во средината трулат. 11. Треба да се настојува и воздухот околу растението, доколку е можно, да биде доволно влажен. Сувиот воздух е погоден да се појават разни штетници на цвеќето, а особено црвениот пајак. Затоа потребно е воздухот почесто да се влажи со распрскувачи, а на печката или на радијаторите да се ставаат садови со вода. Во студена просторија не треба да се прска и создава влажен воздух, а во топла тоа треба да се прави почесто. 12. На растенијата им годи чистотијата, па затоа листовите треба почесто да се мијат со млака вода. Извор: Се за домот
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
|