|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Златно славејче
16.10.2009 10:31:15   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: happy mommy

Добро утро на сите !!!
Ќе ве молам за информација дали знаете кога се одржува Златно славејче ?



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:33:03   
profesorica
Акде овде да запишеме се што знаеме за фестивалот златно славејче- колку го посетувате со своите дечиња?од која возраст?и како реагираат на песничките?




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:33:46   
Tanja K.
treba da e vo noemvri.Za osloboduvanje na skopje.E sega dali ke bide tocno 13 ili kako ke se padne vikend.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:36:09   
Tanja K.
Nie sme po festivalite mnogu.Duri sme i clen eve veke treta godina na super zvezda,i ni e super.Postojano si slusame pesnicki sekakvi od site festivali.Za da stanete tamu clen treba da se ima polni 7godini,porano ne moze.Zatoa ima drugi uste mnogu festivali koi se super za site deca.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:36:16   
profesorica
                ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ

Во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, на 23 мај годинава се одржа првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори и на македонски јазик”….Оваа информација објавена во ,,Нова Македонија” пролетта 1971 година го обзнани раѓањето на нашата најстара и најомилена музичка манифестација за деца во нашата земја ,,Златно славејче”. Една благородна идеја стана стварност. Оттогаш секој ноември, во рамките на одбележувањето на роденденот на слободата на нашиот град Скопје 13 ноември, во изминатите години прозвучуваше детската песна за да ја одрази и изрази радоста на најмладите, нивната љубов кон татковината и кон се што е мирољубиво во светот, нивните игри и први љубовни трепети; љубовта кон книгата-тој сончев храм на знаењето итн. И така, од година во година, фондот на песните се зголемуваше и на тој начин полека но сигурно се пополнуваше една голема празнина која се чувствуваше насекаде, но најмногу во наставата. Песната на мајчиниот јазик децата ја прегрнуваа во своите срца како прекрасен подарок на плејада композитори, поети, аранжери, диригенти. Се менуваа диригентите, сценаристите, исполнителите….но нешто остануваше непроменето: решеноста да се истрае во определбата – на најмладите да им се подари песна едноставна, певлива, прифатлива за нивната возраст. Затоа ,,Еј, гулаби, бели”, ,,Дувна ветре развигорче”, ,,Ми подари птицата песна”, ,,Кајче”, ..Ех, тој Тоше”, ,,Мојата учителка”, ,,Никола, Никола” и многу други се пееја на роденденските забави, во предучилишните установи, во училиштата и во центрите за детско културно творештво, во детските одморалишта…секаде каде растат, учат и се дружат.
Денес со нескриено задоволство можеме да констатираме со продукцијата на повеќе од седумстотини композиции, со својата уметничка и воспитно-образовна функција, Фестивалот ,,Златно славејче” стана реномирана културна институција, достоинство на македонската култура воопшто. Ентузијазмот на стотици уметници и активисти, облагородени од магијата на песната, придонесе Фестивалот ,,Златно славејче” да израсне во музичка манифестација, масовно прифатена не само од најмладите, туку и од сите љубители на песната. Оттаму и искрените честитки на организаторот – Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и на сите кои на еден или на друг начин се вградуваа во секоја песна, во секоја фестивалска изведба. Нивниот број е голем. Затоа сите имиња не е можно да се спомнат. Но без некои ова пригодно навраќање не би било целосно. Со посебен респект го истакнуваме непроценливиот придонес на еден од главните творци на ,,Златно славејче”-композиторот и диригент Александар Џамбазов, уметнички директор.
,,Златните славејчиња” во изминатите три и пол децении летаа и пееја и надвор од нашата земја, исполнувајќи ги со радост и топли чувства срцата на децата од целиот свет. Во Скопје, заедно со нашите, пееја ,,славејчиња” и од други земји во светот, со што нашиот фестивал е дел од светската култура. Тоа е обврска повеќе за сите нас меѓународниот лет на ,,славејчињата” да го продолжиме, на радост на најмладите и како потврда на нашето високо уметничко ниво.  

< Поракaта ја уредил profesorica -- 16.10.2009 10:39:26 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:37:29   
happy mommy
Фала Тања , значи го немаме пропуштено. 
Син ми е луд по песничките на Славејчињата, игра пред тв, пее, ги знае сите по име што настапуваат и која песничка ја пеат, баш затоа сакам да го однесам да ги гледа. Морам у најскоро време да му направам детска па таму да си ги гледа зашто за викенд мира немам покрај него и јас ги научив сите песни :)

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:38:56   
profesorica
Скопје

КЛИКНИ ОВДЕ


< Поракaта ја уредил profesorica -- 16.10.2009 10:50:25 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:47:07   
bibi
и мојата Сара многу ги сака. ЛАни бевме , таа имаше 1 год. и 4 месеци, многу им се радуваше, а сега ги знае напамет песните. И оваа година мора да одиме, такашто и бебенцево во мене да чуе навреме каква е сеста му за да знае што го чека кога ќе излезеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Бракот понесен од силите на љубовта станува полесен товар

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:48:55   
mis.
Е ова ја обожавам.
КЛИКНИ ОВДЕ

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:48:57   
profesorica
леле и јас ќе го носам Дамјан годинава, мислам дека е таман тогаш ќе има 17 ипол месеци скоро.

баш ме интересира како ќе реагираuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот bibi)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Златно славејче
16.10.2009 10:55:20   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

КЛИКНИ ОВДЕ

да се потсетиме на детството.



ИЗВОРНА ПОРАКА: daniel

toa e nesto najubavo


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Баш деновиве Мартина ја учев да ги пее песничките со кои мама пораснала    http://www.youtube.com/watch?v=wvw0FwEHIts

http://www.youtube.com/watch?v=UBbsZIiz7q0

http://www.youtube.com/watch?v=nPynJIhJvGM

Сите ги научи мозоче мало



ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

КЛИКНИ ОВДЕ

Сакам кола убава, оваа му е омилена на Дамјан одма станува и игра.



ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


Анушка

КЛИКНИ ОВДЕ





_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Златно славејче
16.10.2009 12:22:49   
Iva
Една информација, јас имам пеено во Златно славејче 1993, годината кога беше Никола Никола. Пеев во хорот и бев најпозади зошто бев највисока од сите и штрчевuser posted image user posted image user posted image . Многу сентиментално сум поврзана со тој фестивал и многу ми е криво што Михајло воопшто не е заинересиран за музика а го глеадм дека нема баш и некој слух за музикаuser posted image . Ќе видиме како ќе биде Тео.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Златно славејче
16.10.2009 12:31:12   
Enika
mislam deka ne beshe 1993ta koga beshe nikola nikola...jas znam deka bev 4to odd taka da mislam deka beshe 94:)...idev na audicii se spremav  za na zlatno slavejce i ubavo mi idese izdrzav cela god ..ne mi teknuva sea tacno ama znam deka si otidov zaso sakav kaj baba mi za na raspust da bidam:)a trebashe da si ostanam be...

sto se odnesuva do festivalot skoro site pesni uste gi pamtam od malecka...ne e veke istiot mislam kako porano...porano poubavi pesni mi pravea sea se e nekako n filmuvano..."mi se javi vcera toni zen"...bljak:D

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Златно славејче
16.10.2009 12:36:53   
Enika
i toshe tamu pocna:) vlashka e pesnava ama ako vi treba prevod tuka sum...videte go koku e sladok:)sonceuser posted image

http://www.youtube.com/watch?v=998-t5Zmwgw

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Златно славејче
16.10.2009 12:49:41   
profesorica
златен е тоше!user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Златно славејче
16.10.2009 13:12:46   
Bogdancanka
http://www.youtube.com/watch?v=p3ne4EefHXE e ovaa pesnicka ja peevme vo uciliste ama si se raspeav sega hahahaha

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Златно славејче
17.10.2009 9:05:06   
ripce
е во контекс со темава... ако сте приметиле на рекламата за новиот број на бебе магазин има гратис цд златно славејче. Ќе побрзам да го купам зашто ако не сега во иднина кога ќе потпораснеме ќе ни треба. user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Златно славејче
17.10.2009 9:17:46   
profesorica
навистина?одлично!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Златно славејче
9.11.2009 13:17:41   
mis.
„ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“ ПО 39. ПАТ

Од 13 до 18 ноември во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи 39. издание на фестивалот на детска песна „Златно Славејче“. Малите славејчиња ќе ги развеселуваат дечињата цела недела двапати дневно, во 11 часот и во 13 часот.  

Има некој што ќе оди или ќе настапува?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Златно славејче
9.11.2009 13:19:54   
profesorica
ние се спремаме со Дамјан да одиме за прв пат-којзне дали ќе ми седи мирен ама ќе го носам и тоа најверојатно во неделата бидејќи немам друго слободно време.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Златно славејче
9.11.2009 13:24:24   
profesorica
Мис. фала ти ме потсети ќе заборавев да земам карти.Сега и кажав на мајка ми да купи карти, за деца се наплаќаат карти??? колку чинат????

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Златно славејче
9.11.2009 13:26:40   
mis.
За деца не се наплаќа но ќе ти седи во скут ако сакаш посебно место за него тогаш ќе си платиш како за возрасен но не знам колку е картата.Околу 100 или 150 ден не се сеќавам колку беше пред 2 год бевме последен пат Мартин имаше 3 год.


< Поракaта ја уредил mis. -- 9.11.2009 13:27:35 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Златно славејче
10.11.2009 9:42:18   
profesorica
Ние одиме во недела од 11.мајка ми зела карти.баш да видам дали ќе додржи до крај.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Златно славејче
10.11.2009 9:49:40   
mami
јас чекам да видам за кој период ке ми најдат карти, па ке излегувам од работа по се изгледа

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Златно славејче
11.11.2009 15:32:17   
mother 29
ПОМОШШШШШШШШШШШ

омилена песна на Марко му е ..ех тој крокодил,страшен крокодил,радосен би бил, да е цар на нил......ја знаете ,така!?од преска ја барам на уoutube  и незнам од која е година,не можам да ја најдам да му ја симнам...ај ако ја најдете или знаете каде е..упатете ме!?

фала

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?