|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 10:50:38   
mami2
Звучи како клише ама може и мора да се направи баланс помеѓу мајчинството и кариерата.
После 4 години седење дома и раѓање на две деца почнав со работа во нова фирма. Големото имаше 3 год, малата 9 месеци. Напорно е, но реално можно и со откажување од многу работи (читај дел голем од плата и од време за себе, за пријатели и сл) Најдовме жена за бебето, а за големото беа ангажирани бабите, го носев наутро кај мајка ми, па го земав на враќање, или пак свекрва ми доаѓаше кај нас, се додека не појде во градинка. После појде и малото, па жената ги земаше во три и ги чуваше додека не се вратиме.
После некој период се префрлив на друго раб. место со сменско работење. Дневна, па ноќна смена, па два дена слободни, вака е мојот распоред. Денес имаме потреба од многу логистика да се организира секојдневието, посебно кога се болни. Ама ние, родителите го направивме овој избор и го носиме товарот. Јас не сум спремна да седам дома, да раснам деца и по неколку години да сфатам дека сум вишок кога децата ќе дојдат од школо а имаат потреба да бидат малку сами во домот. Не сакам да бидам само мајка, сакам да работам и излегувам од дома, па свесно жртвувам и време што би поминала со децата и 10000 ден месечно за градинка и жена за чување.
Балансот со обврските мене ми носи внатрешна хармонија и рамнотежа, па мислам дека вака децата имаат посреќна мајка, отколку да седев дома со мисла дека се жртвувам за нивно добро.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:10:30   
bucko mal
Mrzliviuser posted image zato cel svet ne znae kako najobrazovani, najintelegentni lujge,moze neznaat mnogu za MK ama koga ke kazes deka si od Evropa i neso poveke za nasata zemja i toa kako te cenat,kolku ima uspesni nasi lujge po svetov zatoa sto im se dalo moznost.
moze ima mnogu sto zemale taka diplomi ama da ne se lazeme kolku ima lujge sto se polni so znaenje?
po kolku jazici zboruvate?koga ke kazam tuka se cudat sto e toa 2,3 jazici dase znae?

i koga ke se sporedi obrazovanieto so MK so drugi zemji se e jasno, eden makedonec so sredno ima poveke znaenje od nekoj sto zavrsil fakultet vo druga drzava.e pa sega videte kolku sme mrzliviuser posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:21:44   
Ikana
Буцко мал, јас знам за што зборуваш, ама изгледа таквите ко авторкава, што јас лично не гледам ништо авторски во тој текст туку лутина на една жена, што одела по трнлив пат и сега сака да се истури врз младината, демек не ја бива.
Ок ако има фрустрации од нејзиниот пат кон успехот тогаш нека си ги чува за себе, мислам класично перење преку младината.
Сирота наша младина и сироти наши мајки и девојки со вавки мотиватори!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:31:31   
miana
Ај и јас да пишам нешто user posted image
Мајка сум на две деца и вработена...
Балансирам помегу овие две работи, сега за сега-беспрекорно...
Кога останав бремена со првото дете,бев вработена...Кога се вратив на работа после 2-3 месеци останав дома...Се запишав на факултет и повторно се вработив. Во мегувреме вработена,повторно останав бремена и така бремена го дозавршив факултетот...Сеуште сум вработена и мислам дека кариерата ми е супер,напредувам,што посебно ме радува. Е сега,не велам дека мајчинството воопшто не ми е препрека,на пример можев да одам многу понапред,меѓутоа цената за тоа беше да ускратам од дружењето со децата..Наместо огромна плата и неопределено работно време кое ке ми го скрати времето кое сега го поминувам со децата,јас ја одбрав другава варијанта- фиксно работно време за солидна плата...Не велам дека не сакам да напредувам,мегутоа кариерата моментално ми е на стен бај ..Да пркнат малце децава - па ке се нафатам и за нешто повеке.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:36:52   
sandriana RR
И јас би ја истресла од кондури, да ми е тука user posted image
Шала на страна, па и да изодела трнлив пат, ако сега успеала во кариерата или достигнала некоја цел што си ја зацрала со начин кој го кажува, нека најде начин и да ги стимулира младите и да ги убеди, а не да навредува и става епитети и да генерализра.
Со кои пари да одам до друг крај на градот за да волонтирам некаде, со кои пари да си го купам ручекот дур сум таму цел ден? Затоа ќе работам било што за да заработам, ама ќе си го изгубам кругот на пријатели од мојата струка. Маѓепсан круг е муабетот. А, муабетот на авторката не држи вода ама ич.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:55:45   
Winit
Go procitav tekstot i mislam deka vo golem del e mnogu golema vistina, za zal.
Pa ako jas ne prifatev 2 rabotni mesta otkako diplomirav, koi sto ne bea po moja struka, od koi na ednoto mesto bev 5 godini vrabotena mislam deka nemase da go dostignam ova nivo na koe sto sum sega.
Sekoe rabotno iskustvo pomaga da naucis nesto i potoa da se iskacis edna skala pogore (vo druga ili vo istata firma).
Ne velam deka e lesno da se najde rabota, voopsto ne posebno vo MK i na svoja koza sum go osetila toa licno, ama isto taka se soglasuvam so 90% konstataciite tekst.
Fakt e deka mladite poveke cekaat na gotovo, nekoj da im fati vrski i da im obezbeni "sigurna" drzavna rabota, ili rabota vo nekoja golema firma kade se zemaat podobri plati. Retko koj prifatil da raboti bilo sto i da se obiduva da se nadograduva postojano za da napreduva ponatamu. napredok ne e nekoj da ti fati vrski i da te "pikne" (grubo kazano) na rabota, uspeh e sam da postignes nesto vo zivotot. A morame da priznaeme deka mal broj luge se obiduvaat na toa.
A nedostatocite na sistemot gi znaeme site, i treba uste mnogu da se raboti na toa. Ama toa nikogas ne e izgovor za lugeto koi sto sakaat da uspeat i koi sto se uspesni, neli?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 11:58:34   
Ikana

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

И јас би ја истресла од кондури, да ми е тука user posted image
Шала на страна, па и да изодела трнлив пат, ако сега успеала во кариерата или достигнала некоја цел што си ја зацрала со начин кој го кажува, нека најде начин и да ги стимулира младите и да ги убеди, а не да навредува и става епитети и да генерализра.
Со кои пари да одам до друг крај на градот за да волонтирам некаде, со кои пари да си го купам ручекот дур сум таму цел ден? Затоа ќе работам било што за да заработам, ама ќе си го изгубам кругот на пријатели од мојата струка. Маѓепсан круг е муабетот. А, муабетот на авторката не држи вода ама ич.

Taka de!!!!user posted image user posted image user posted image
Jas bez pari sum rabotela, sum rabotela za mnogu ponizok honorar, sum rabotela po 16 saati dnevno i nekoj da mi kaze deka mrzeliva sum posto sum mlada..? Aj neka ide da seta malce hahahahuser posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 12:05:08   
Mihaela 2010
Vo nasava zalna drzavicka neznam kako se brka kariera navistina...se e so vrski se e partiski i kolku covek da se dograduva,da iinvestira vo sebe koga posle toa ili sedi doma,ili se zapisuva na postdiplomski za da ne sedi doma,ednostavno nesto da pravi (znaci imam primeri vo mojot zivot sto napravile vaka)..
Jas bev vrabotena koga se omaziv i mozam da kazam deka sum vo drzavna institucija za nekoi raboti sum ajde da kazam zastitena vo pogled na sedenje podolgo na porodilno i ic nisto da ne mi cue,zimanje na bolovanje i tn da ne nabrojuvam...
rodiv dete i sakam uste i ja bi idela na 3 ama ne zaradi kampanjite tuku zaradi sebe,sakam deca sakam polna kukja,no sekogas ima NO...ne e samo da gi rodis treba da i im stvoris uslovi ...
Se veriv i se zapisav na fakultet,ne deka sakav da se zdobijam so titula diplomirana,tuku zaradi povisoka plata,zaradi drugo rabotno mesto ,po mirno od segasnovo,stegnav zabi,bev trudna se porodiv i go zavrsiv vo rekordno vreme so dobar prosek...i sto dobiv??6 meseci NISTO....sedam i si dremam na istoto mesto beznadezna,nema koj da mi pomogne,duri i zaboraviv deka zavrsiv fakultet...
I sega sakam vtoro dete,ama se nekako parive ne ni stigaat,se pri krajot na mesecot sme svorc....iiiiii resivme da odi mm na misija da se odglavime malku od malku..za zal...
Pa zdravje boze ke odam i na vtoro..user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 12:50:02   
rina13
Epa dragi moi js sum edna od tie shto ne rabotrla po struka seushte. Od lichen primer kje kazam zavrshiv prva vo generacija sredno medicinko, dobiv nagrada za toa I od stapot I morkovot go dobiv stapot. Za da rabotam po taa struka mi se bara iskustvo a bez iskustvo nikoj ne te vrabotuva. Pomegju sredno I fax podrabotev vo slatkarnica I vo zivotot poomalovazuvana I pomaltretirana ne sum bila. Mi vikale zapali si gi patikite I raboti.Zavrshiv fax megju najdobrite so dosta visok prosek I nishto nikoj ne te prima bez iskustvo.(osven shto za edna kampanja za mal nadomest rabotev vo NVO).Se zapishav na postiplomski vo skoro vremee bi trebalo I niv da gi zavrsham, vo megjuvreme rodiv i baram rabota uporno ne se otkazuvam. Vekje neznam na kolku mesta sum podnela CV duri I na mesta za so sredno obrazovanie shto baraat I shto plakjaat pomalku od 200e. I pak kje recham edno golemo nishto. Nemoj da mi kazete deka vo Mk se dobiva rabota ako ne poznavate nekogo. Kako da ne se frustrira chovek koga po instituciite se partiski kadri, lugje koi neznaat patikite da si gi vrzat se na rakovodni pozicii. A da rabotam za ic pari ne rabotam shto reche nekoj prethodno kaj da izmislam pari za prevoz, hrana, gradinka, poshto I gradinkata ne e bez pari. Epa zatoa dragi moi mladite si go baraat chareto u stranstvo, vo drzavava rabotite odamna otidova vo nepovrat. I koga nekoja kje mi se prechi jas rabotev 6 godini bez pari ne mi e toa za voshit tuku si vikam BRAVO neli zashto gazdite bi plakjale nekoj za rabota koga istoto toa moze da go dobijat gratis. ILi za nekoja najprosta rabota na svet 10meseci da bidam na probno a potoa kje odluchele koj bi bil vrabotenuser posted image user posted image user posted image  nebare treba neznam koja veshtina za odogovaranje na tel povici.Pa gi gletate istite ti firmi na sekoi 1o meseci baraat takvi zrtvi.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 13:13:34   
masa
Го прочитав текстот и јас го доживеав како мотивирачки не како навредлив.Мислам дека авторката немала намера да навреди никој (ниту пак јас).Јас имам другарка помлада од мене и уште додека студираше смени неколку работни местабеше продавачка,на шалтер,на терен и заврши факултет и сега работи со средно и тоа патува,ама е подобро платена одколку тоа што можеше да го најде за со факултет.Не е мажена и нема деца,но сигурно ќе и биде многу полесно да најде нова работа зошто ваму каде што е неможе да напредува одколку друга другарка која освен неколку месеци волонтирање во фирма кај мајка и нема друго искуство знае само да каже нема работа и чека од дома да дојде некој да ја викне да работи.Тоа што јас го кажав мислам дека и авторката го кажала но на друг начин.Тука никаде не е спомнато мајчинството и точно е дека е многу тешко особено ако нема помош од родителите со причувивање на децата,но не е и невозможно.Треба страшна организација и отстапки и по некоја жртва...јас на пример си го жртвувам слободното време,понекогаш и ми е криво но кога ќе си го видам сонцето се заборавам user posted image

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Кариера vs мајчинство
20.3.2013 15:29:06   
Pepelaska *
Веројатно авторката на текстот не е мајка сеуште.
Не верувам дека денес некоја жена сака да седи дома и цел живот да биде домаќинка.Секој се надева на работа и на подобро.
Колку и да дискутираме најмалку 5 години додека пораснат две деца на пример, жената жртвува од својата кариера, било во смисла на напредување, било во што и да е.Некој погоре пишал нема да седам дома па макар и да давам 10 000 за жена и градика.Може во Скопје може да се дозволи тоа, но тука еве конкретен пример мм зема 16 000 плата , а јас ако би одела некаде приватно повеќе од 9 нема да ми даде никој. И цела плата ќе оди на жена и слично.И тоа со смени со 2 до 12 1 по полноќ.
А и за смениве што ако и таткото оди по смени па двајцата се 3?Тогаш?
Можеби во Скопје може да се брка кариера со дете ,но во помалите градови е многу тешко, дури и понижувачки.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 8:43:22   
vezilka RR
Веројатно авторкава мислела на таа група млади која на 30 години го имат своето прво работно искуство (познавам такви, верувајте ги ма и тоа многу) само заради тоа што завршиле факултет и не сакале да работат било што, или за било која сума. И тука имаш лепеза од несоодветна сума, или работни места, па ти доаѓа да се запрашаш дали тебе ти фали нешто или живееш во парале4лен свет. При тоа тие млади луќе кои не сакаат да работат било што, или за било која сума, не им, недостасуваат пари за по цел ден кафенисување и шетање, одмори, викенди и се што ќе посакаат, оти тато и мама се тука да попунат буџет. Не генерализирам дека сите се такви, ама има многу.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 10:08:58   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Веројатно авторкава мислела на таа група млади која на 30 години го имат своето прво работно искуство (познавам такви, верувајте ги ма и тоа многу) само заради тоа што завршиле факултет и не сакале да работат било што, или за било која сума. И тука имаш лепеза од несоодветна сума, или работни места, па ти доаѓа да се запрашаш дали тебе ти фали нешто или живееш во парале4лен свет. При тоа тие млади луќе кои не сакаат да работат било што, или за било која сума, не им, недостасуваат пари за по цел ден кафенисување и шетање, одмори, викенди и се што ќе посакаат, оти тато и мама се тука да попунат буџет. Не генерализирам дека сите се такви, ама има многу.

da, vaka i jas go svativ tekstot, nisto navredlivo ne vidov vo nego, samo realno sogleduvanje na edna pojava koja si postoi
voopsto ne mislam deka opisot gi opfaka site mladi vo MK, no deka ima takvi sekako ima i deka vo kukanjeto kolku e tezok zivotot i nepraveden se poglasni od onie koi nemaat tolkav izbor kako i tie, se poglasni i toa go mislam
i bas e motiviracki, a vo nego motivacija osobeno mladite makedonski zeni treba da najdat, ne e dovolno da se obrazuvas ako toa obrazovnanie nema cel i ako potoa za sopstveniot neuspeh se kries zad majcinstvoto, majcinstvoto nikogas niz istorijata ne ja sprecuvalo zenata da raboti iako nemala tolku moznosti kako denes iako bile majki na mnogu poveke deca od denesnite zeni
sustinata na tekstot e deka denesnive roditeli sozdavaat mrzlivi generacii koi ocekuvaat lesni resenija i toa najmnogu i najlesno se gleda vo odnosot kon najednostavnite raboti koi okolu sebe i za sebe treba da se izvrsat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 20:26:24   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

i bas e motiviracki, a vo nego motivacija osobeno mladite makedonski zeni treba da najdat, ne e dovolno da se obrazuvas ako toa obrazovnanie nema cel i ako potoa za sopstveniot neuspeh se kries zad majcinstvoto, majcinstvoto nikogas niz istorijata ne ja sprecuvalo zenata da raboti iako nemala tolku moznosti kako denes iako bile majki na mnogu poveke deca od denesnite zeni

ники,обично ме воодушевуваш со постови а и многу често се согласувам со тебе , еве и со ова си донекаде можеби и сосема во првао но сепак морам да искоментирам затоа што донекаде се пронајдов себеси во ова.
Се покажа дека моето образование нема цел и ок најдов работа друга каде можев да напредувам, но дојде дете на ред , па потоа се сменија некои работи а и фирмата се затвори.Сега треба ли да мислам дека мојот неуспех го кријам зад макчинството? Понекогаш си мислам така и јас,но сепак се тешам дека имам 27 години и дека сепак имам време да направам некои работи кои не стигнав.Искрено моментално немам сила да работам до полноќ за некои си 100 евра, кои ке ги давам за храна и превоз.Немам сила да го правам тоа и да гледам дете,еве јавно признавам дека не можам тоа да го издржам, иако тоа ми е излез за доаѓање на средства за преквалификација на моето образование.Можеби за година две ке го направам тоа ама сега не сум спремна.
Да, жените порано работеле но повеќето на нива.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 21.3.2013 20:40:32 >

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 20:48:15   
Ikana
Ники не се согласувам со тебе.

Не е точно дека се кријат мајките позади децата, и самата помисла до некаде е неверојатна.
Кој нормален би родил дете за да се крие позади него?
Пепелашке што си фина па и ти user posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 21.3.2013 23:05:51 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 20:55:11   
Pepelaska *
Икана, не се чувствувам навредено , нема за што.Ете јавно признав дека се кријам зад мајчинството,тоа моментално е мој избор, кој како сака нека сфати

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 21:13:42   
rina13
Вообичаено оние мајки кои се вработени упатуваат такви коментари дека тие што не работат не се трудат доволно да најдат работа, дека се кријат зад мајчинството, дека пребираат, бараат по струка(ко тоа да е најголемиот грев) и незнам што. Но тоа воопшто не е така. Јас не познавам жена што доброволно седи дома. Јас сум се обрзувала и сеште се образувам со цел(незнам кој учи бсцелно).Сум давала се од себе и сеуште се трудам да најдам работа иако се посигурна сум дека мали се шансите тоа да се случи. Што би предложиле вработените мајки да бидам измеќарка за 5000 денари и да си викам ќути битно работиш иако релно со тие пари само превоз и храна можеш да си платиш.Како и секогаш испаѓа онаа народната ситиот не му верува на гладниот. Да парафразирам оној кој има убава и пристојна работа неможе да сфати како им е на оние кои тоа не успеале да го направат. И сите оние кои не прифатиле такви услови се демек пребирливи мрзливци. Е не е така бе девојки секој учи на секаде во светов за да го работи тоа за коешто учи за да биде достојно платен и да се надоградува.Ако не би било така ќе си седевме дома и ќе везевме гоблени.Не е ниту срамно ниту страшно да се каже дека човек сака работа по струка или работа во пријатна околина платена човечки а не како роб во средновековието.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 21:27:01   
Ikana
Рина13, аплауз имаш од мене за постов! user posted image user posted image user posted image

Ретко кој гледа на тоа седење дома како на жртва и како на целосна посветеност и верност на себе и својата фамилија, како и верба дека можеби те чека навистина нешто подобро позади следниот агол.

Што би рекле старите, џабе ти се титулите и парите и работата ако дома немаш мир. А за да го воспоставиш и постигнеш тој мир, не ти треба диплома и решение за работа туку целосна жртва и посветеност.

Алал да им е на мајките кои работат и деца гледаат, и кои разбираат кои се жртвите што фамилијата ги сноси.
Не познавам ниедна мајка што вика дека и е драго што си ги остава децата во градинка или на жена да ги чува. Сите ги боли душата, ама тоа е таа борба, која сите ја водиме порано или покасно.

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Вообичаено оние мајки кои се вработени упатуваат такви коментари дека тие што не работат не се трудат доволно да најдат работа, дека се кријат зад мајчинството, дека пребираат, бараат по струка(ко тоа да е најголемиот грев) и незнам што. Но тоа воопшто не е така. Јас не познавам жена што доброволно седи дома. Јас сум се обрзувала и сеште се образувам со цел(незнам кој учи бсцелно).Сум давала се од себе и сеуште се трудам да најдам работа иако се посигурна сум дека мали се шансите тоа да се случи. Што би предложиле вработените мајки да бидам измеќарка за 5000 денари и да си викам ќути битно работиш иако релно со тие пари само превоз и храна можеш да си платиш.Како и секогаш испаѓа онаа народната ситиот не му верува на гладниот. Да парафразирам оној кој има убава и пристојна работа неможе да сфати како им е на оние кои тоа не успеале да го направат. И сите оние кои не прифатиле такви услови се демек пребирливи мрзливци. Е не е така бе девојки секој учи на секаде во светов за да го работи тоа за коешто учи за да биде достојно платен и да се надоградува.Ако не би било така ќе си седевме дома и ќе везевме гоблени.Не е ниту срамно ниту страшно да се каже дека човек сака работа по струка или работа во пријатна околина платена човечки а не како роб во средновековието.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 21.3.2013 23:07:41 >

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 21:29:46   
niki
ej Pepelaska sto e toa sto ne si stignala
si zavrsila fakultet
si rabotela
sega go odgleduvas deteto bidejki taka ti e poekonomicno
sekako deka imas vreme da postignes uste
obrazovanieto, rabotata majcinstvoto se toa e iskustvo, ne bezdelnicis, zivotot ne ti e bez cel
bar jas vaka sto te citam ovde, ne te stavam vo toj kos luge pokraj koi zivotot pominuva
ne e obavezno da se brka kariera vo struka i von nea, nitu e obavezno paralelno so majcinstvo da se uskladuva, kako sto ne e obavezno sekoja zena da stane majka
vazno e ona sto sme go odbrale da go izvrsuvame so golema posvetenost

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 22:03:49   
Cipi Ripi
Не ми се муабетеше на темава додека не се отвори тема кариера vs. татковство, ама ќе си кажам лично за себе. Сум работела повеќе работи и тоа сите различни, од давање часеви по англиски на мали дечиња, до шанкерка и келнерка во кафичи и дискотеки, и последно инструктор за кола. Понесена од искуството на брат ми кој заврши фак. со 9,6 просек и сега е на постдипломски, а никогаш не работел ништо по струка, и другарка ми која заврши со 9,8 просек и работеше како волонтер во министерво за труд и социјала за 3000 денари, каде 3 години ја лажеа дека ќе ја вработат, но не ја вработија затоа што немаше никакви врски. Ете така јас од нивниот пример решив да правам пари од тоа што може да ми биде хоби, затоа што џабе е и 2 факултета да имаш во оваа проклета држава ако Мијалков не ти е чичко или Урко братучед. Фала му на Бога што се чувствувам способна да сменам ако треба и 20 различни професии доколку увидам дека е исплатливо. А син ми, тој ќе ми биде само поттик за тоа. НИКОГАШ нема да се задскријам зад него, нема да бидам мајка која седи дома и се жали дека е домаќинка само ради оваа проклета држава. Знам дека ќе плачам зад некое ќоше на градинката кога ќе го оставам, ама јас сум решила оваа проклетија во државава да ја надмудрам. Свесна сум за сите препреки, и затоа јас нема никогаш да направам дете ради дигање наталитет, туку на ова едно планирам да му овозможам нормалини услови за живот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 22:43:29   
mmbucko
Uh mamicki, se soocuvam so goooolema dilema. Znaci jas sum mamicka na 3 deca so uslovno da kazeme dobra kariera. Dosega uspevam da se izboram na kraj so dvete obvrski, mislam dosta uspeshno. Edna rabota duri i napushtiv za da mozam da bidam poveke vreme so decata. E sega, tretovo bebce mi e 8,5 meseci i si cickame za merak. Jas uste pred 1,5 mesec se vrativ na rabota no so 1/2 rabotno vreme. Denes dobiv pokana od eden od stranskite sorabotnici za 4-5 dena obuka vo anglija. Samata obuka ke mi bide epten od korist i ke me isfrli na vrv ama toa znaci deka treba da go odbijam bebco shto mi e mnogu maka. Mazmi se slozuva da se izorganizirame i so pomosh da gi cuva 3-te deca amaaaaaa..... Neznam kako da postapam. Bebco koga ke go ostavak ke ima 9,5 meseci. Uhhhhhh
Bash bi mi znacele vashite sogleduvanja za da ja donesam vistinskata odluka.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 22:54:31   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: mmbucko

a zosto ne bi probala da dotogas se izmolzuvas i go skladiras mlekoto vo zamrznuvac, ke soberes za 4-5 dena, bebus ke dobiva tvoe mlekce od flaska so pomos na tato, ti na obuka ke se izmolzuvas da odrzis laktacija i koga ke se vratis ke si prodolzis so doenje?
4-5 dena ne se mnogu

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mmbucko)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 23:28:54   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mmbucko

Uh mamicki, se soocuvam so goooolema dilema. Znaci jas sum mamicka na 3 deca so uslovno da kazeme dobra kariera. Dosega uspevam da se izboram na kraj so dvete obvrski, mislam dosta uspeshno. Edna rabota duri i napushtiv za da mozam da bidam poveke vreme so decata. E sega, tretovo bebce mi e 8,5 meseci i si cickame za merak. Jas uste pred 1,5 mesec se vrativ na rabota no so 1/2 rabotno vreme. Denes dobiv pokana od eden od stranskite sorabotnici za 4-5 dena obuka vo anglija. Samata obuka ke mi bide epten od korist i ke me isfrli na vrv ama toa znaci deka treba da go odbijam bebco shto mi e mnogu maka. Mazmi se slozuva da se izorganizirame i so pomosh da gi cuva 3-te deca amaaaaaa..... Neznam kako da postapam. Bebco koga ke go ostavak ke ima 9,5 meseci. Uhhhhhh
Bash bi mi znacele vashite sogleduvanja za da ja donesam vistinskata odluka.

Uf, jas vo takva situacija bi odbrala da go odbijam bebeto i da odam na obukata. Ne mu skratuvas mnogu, sekako posle mesec dva ke si dojde periodot na odbivanje a uste edna takva sansa ne se znae dali ke imas. Plus ete taa opcija za odmolzuvanje iako ne znam dali moze taka da stoi mlekoto vo frz, toa ubavo prasaj...Ne znam vo sekoj slucaj sansa za golem skok vo karierata nasproti prekin na doenje koe sekako e na zalezot. Jas bi odbrala skok vo karierata.

(Одговор на членот mmbucko)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 23:36:58   
vezilka RR
Eve jas vo sto go gledam problemot kariera vs majcinstvo. Vo normalni uslovi i vo zemja kade se poddrzuvaat zenite vo nivnite kaafieri vo slucajot kako na mmambucko ke i ponudea da odi na pat so se dete +1 za ne se najde vo dilemata kariera vs majcinstvo!!! I toa treba da vazi do 3 godini.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Кариера vs мајчинство
21.3.2013 23:40:33   
vezilka RR
I uste nesto pak problem gledam koga treba da biras megu kariera vs majcinstvo ako treba da ostavis dete pomalo od 9 meseci drugi da go cuvaat. Vo slucaj koga deteto treba da go ostavis na 9 meseci vo gradinka ili zena jas ne gledam nisto sporno. Eve jas posle 9 meseci doma so dete navistina sakav da se vratam na rabota.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?