Gwendolin
|
Како што прочитав темата е кариера и мајчинство, а не дали шефот ќе дозволи да си го земете детето на работа или дали не дозволувањето на детето да е на работа е ригиден став кој не прави не знам дискриминирани...Ако работам во лабораторија па не дај боже дете да внесам внатре, не па да се борам да го земам. Или многу други ризични професии. Куварка во ресторан? Оператор со машини? Значи тоа важи само за во канцеларија, не гледам друго место како би го носеле детето. Пред два дена ја однесов ќерка ми на работа, онака, сеуште не сум вратена на работа. Ако во тој момент ми влезеше муштерија, немаше шанси да го услужам, затоа што и се јадеше. Дали вие би сакале кога влегувате во продавница за да си купите на пример...тетратка и брзате за накај дома, да ви рече продавачката, чекај да ја нахранам малата па ќе ве услужам? Мислам сепак тоа препукување околу тоа дали да се носи дете на работа или не, нема смисла. Се носи ако има услови. Да, треба во големите компании да има простор за чување деца. И неопходно е втора смена во градинките, зашто мајките како мене нема каде да ги остават децата, па сега отварам тема бебиситерка на секој 2-3 саати, зашто треба да си најдам решение за кој да ја гледа. А сепак не зборуваме за тоа дали може да се вработи мајка, туку за бркање кариера. Разлика помеѓу работа и кариера има и тоа како. Што би рекла една мисла разликата е 40 и 60 часа неделно. Напредување во кариера значи повеќе обврски, повеќе посветување на работата, а помалку на другите работи (фамилија, пријатели, социјален живот). И мажите кои бркаат кариера се повеќе со работни обврски, а помалку се дома или со пријатели. И за жената би било исто. Ако нема деца, за да посвети време за напредување и скок во кариера, ќе мора да жртвува време за нешто друго (излегувања, хоби и сл.) Ако е мајка, ќе треба помалку време да поминува со децата заради работата. Да бидеме реални, напредување во работа не се прави со лепе очи, треба да има причина зошто би граделе кариера, на која основа, значи повеќе работа и обврски. А денот и кај нас и во Јапонија и во Америка трае 24 часа. Колку време ќе посветиме на едно, а колку на друго зависи од нас. Како ќе си го организираме времето зависи од нас.
_____________________________
Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн
|