Bethany
|
Сигурно дека и порано имаше такви случаеви, за жал, ама јас мислам дека е зголемено, луѓето се повеќе збудалуваат во последно време, се повеќе изопачености (во поголем број) секаде... Има многу одвратности, ама педофилија по мене е во рангот на најодвратни и најгори злочини! Иживувати се врз дете и убити го емоционално, психички, ментално, физички (да, има многуууу други начини каде детето е исто осакатено на повеќе сфери, како нпр. тепањето...) ама возрасен човек да принуди мало дете на такво нешто, да му украде најдлабочинската и најсветата и најчиста интима што се уште не ја ни открило ама е свесно дека постои, не, еве стомакот ме заболува од помислата. Истото чувство имам и за силувачите, и тоа е незамисливо страшно, ама во прашање е веќе возрасна личност, која ќе е колку-толку поспособна да си бара да излезе на крај со преживеано во споредба со дете, не знам.... Во секој случај, болесни умови! И каква црна приватност тие треба да имаат? Па нека бидат обележани за сите да знаат , и тоа е малку. Трагично е што секаде во системот на правосудство некогаш се гледаат само тие закони и членови, се е црно-бело, нема пошироко гледиште, ама за се лошо се најде дупка и милосрдие... (лаички зборувам). Ама тоа е, така функционира светот, за жал... Многу пати нема правда.. Порано чини ми се подобро беше, земи распни го на плоштадот да служи за пример па нема толку секој да си дозволи таква слобода на својот болесниот ум, има да се бори како знае и умее против таквите мисли и замисли, поради стравот ако ништо друго, а не сега и правата им се декларираат. Ама со еманципација не доаѓаат секогаш и добри нешта.
|