blond
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: majka na eva ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache ИЗВОРНА ПОРАКА: elle Една роднина на мажот ми по 7 години остана бремена и роди машко детенце.Кога ја породил докторот им побарал 2-300 евра,родителите среќни што конечно си имаат бебенце но немале толку пари за да му дадат на докторот. И овој дури изнервиран им рекол:''Вие сте неблагодарни родители откаде го чекавте толку време и сега немате ни 200 евра ''. Да се чудиш и да плачеш,па тие не си го купуваат детето од докторот,а тој за да се нарече доктор треба да биде пред се човек. Ова се случило во Струмица а незнам како се вика докторот... Јас сум од Струмица и го потврдувам ова. Веројатно во Скопје докторите не се до толку безобразни, но овде во Струмица има случаи од кои се крева косата. Невозможно е да се породиш, а да не им дадеш пари на докторите. И не само докторите, редовна пракса на целиот персонал дури до чистачки е кога ќе дојде таткото, или некој друг од потесното семејство, да се наредат сите еден до друг и чекаат да им дадат пари. Ко просјаци.... Има толку многу лоши искуства од Струмичката болница, на моја братучетка која уште лежела на боксот незашиена, докторот кој ја породил и го донел мобилниот за да се јави на мајка и и да и каже дека се породила. Сето тоа зошто неговата смена завршувала за 40 минути, па ако дојде мајката покасно, нема да му дадат пари. Истиот доктор не сакал да породи жена со царски зошто мажот и немал пари да му даде... Овие искуства се навистина многу, сигурно ги има во сите градови и во сите државни болници, ама мислам дека во Струмица е надвор од секоја контрола. Затоа јас нема теорија да се породам таму, ќе раѓам во Систина, па колку и да било скапо. Го чекаме детево веќе 3 години... Поздрав! е и јас знам еден сличен пример за во струмичката болница,дека навистина е така.си барат докторите и пари за секое раѓање 50е ти мораш да имаш спремено само за др а потоа да одиш на пораѓај навистина претеризам време дојде Го потврдувам сето ова дека е точно. Мене ме пораѓаа двајца доктори (не сакам имиња да споменувам). Кај едниот одев на приватни прегледи и ког ами помина терминот ми кажа да отидам во болница на ЦТГ кога тој е на работа. Заминав, ме прегледа ми бидејќи ми беше поминат терминот ми рече: Ти денес ќе раѓаш, отворена си 2 прста. Јас се сомневам дека сум била отворена, бидејќи немав апсолутно никаква болка, ме убедуваше дека ЦТГ покажувало јаки контракции а јас ништо не чувствував. Клизма, па водењакот ми го пукнаа, па цел ден ваму таму, ме мачеше цел ден, иако си барав, молев за царски (ама не ми текна прво да дадам пари за да го добијам саканото), не добив ништо за болките, кои беа ужасни. Да скратам, на крај целата работа заврши со ИТЕН царски и со зборови на докторот кон мм: Ќе се потрудиме да го спасиме бебето. За 2 минути бев во сала, а за 5 стигна и другиот доктор од дома. По операцијата двајцата си добиле од мм солидна сума на пари, анестезиологот веднаш добил црвена шушка (бидејќи таа го покажала бебето на мм), кога дојдоа моите свекрва ми напоменала да купат нешто за тука, бидејќи нема да ги пуштат да го видат ниту бебето ниту мене. На секое доаѓање на мм сите добиваа нешто за "мезење", а на крај и сестрата што ми го подаде бебето на излегување си доби убаво поклонче. Ова е ред во Струмица. И мнооогу ретко некој да не го почитува ова. На еден другар жена му седела на бокс, несошиена, не сакал да ја сошие додека не добие пари. Срамота, не знам што друго да кажам! Мое мислење е, колку и да заслужуваат докторите, сестрите, чистачките, СЕПАК тоа е нивна работа, ја одбрале таа ХУМАНА професија! Зарем јас да барам и очекувам пари ПЛУС за работата што ја работам? Не, тоа е мито и корупција, ама кој да има муда да го пријави. Јас бев нак*рчена да го пријавам ова, плус и уште една работа (закачив луда болест додека лежев), ама немав дозвола од мм . А баш сакав да ме има по ТВ Затоа здравје за наредно дете, раѓање на приватно. Парите секако си ги дадеш, дали вака или онака.
|