|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Доење
24.1.2013 17:23:38   
Ring
Не се секирај Зоја ...може веќе сте си фатиле некој ред со user posted image , па ти се создава толку млеко колку што бебето цица...и да се меки не значи дека немаш млеко...
Нуди го бебушот почесто да цица и ќе си фатите некој ритам !
А по спиењето изгледа user posted image ќе е спанко ! Мој совет е полека бебушот да го одвикнуваш од ноќни подои, барем додека направите 3 месеци да почне да ја преспива ноќта, а дење да е повеќе буден

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

(Одговор на членот Zoja)
Непосредна врска до пораките: 576
   RE: Доење
29.1.2013 20:37:55   
pajce87
zdravo! Nova sum na forumot :D Me interesira, kerkata mi e stara 2 meseci. Tocno od toj mesec pocnav da i davam da pie od sise cajce becutan po 100 ml. Inaku sme na doenje. Me interesira dali kolicinata e mnogu za nejzinata vozrast(inaku i pomaga za grcevite) ili mozam da i dadam i poveke? A malata si saka da go pie :D pozz

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 577
   RE: Доење
29.1.2013 21:00:18   
zzaa

ИЗВОРНА ПОРАКА: pajce87

zdravo! Nova sum na forumot :D Me interesira, kerkata mi e stara 2 meseci. Tocno od toj mesec pocnav da i davam da pie od sise cajce becutan po 100 ml. Inaku sme na doenje. Me interesira dali kolicinata e mnogu za nejzinata vozrast(inaku i pomaga za grcevite) ili mozam da i dadam i poveke? A malata si saka da go pie :D pozz


dobredojde pajce87 na rr,ti posakuvam ubava druzba so nas.Jas na mojata kerka i davav po 50-100 mi cajce,poveke mislam nema potreba mozes 2 na den da i davs po 50 mil

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот pajce87)
Непосредна врска до пораките: 578
   RE: Доење
29.1.2013 21:14:19   
pajce87

dobredojde pajce87 na rr,ti posakuvam ubava druzba so nas.Jas na mojata kerka i davav po 50-100 mi cajce,poveke mislam nema potreba mozes 2 na den da i davs po 50 mil
[/quote]

fala mnogu i jas se nadevam na ubava druzba :D Potrebni mi se soveti bidejki sum neviden panicar :D Fala na brziot odgovor pozz

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 579
   RE: Доење
30.1.2013 8:46:05   
eli07
Eve eden sovet od mene.Za grcevi dokolku od nekoja pricina nema efekt Bekutanot cajce probajte so Humana gajot (miks od anis,komorac i kamilica) go podobruva varenjeto i grcevite kaj bebeskoto stomace.Provereno :)

(Одговор на членот pajce87)
Непосредна врска до пораките: 580
   RE: Доење
8.3.2013 22:30:45   
eli07
Lele lugje vo panika sum pomagajte user posted image user posted image Gradive veke dva dena ne mi se polnat so mleko ne mu stasuva na user posted image posebno navecer pred spienje.Ne znam sto e rabotava taka odednas da mi sekne mlekovo.Porano za 5-6 casa ke mi se napolnea gradite so mleko a sega po 12 saati i pak nemam mnogu.Probav adaptirano da mu dadam baram eden podoj dnevno da zamenam ama nisto go pluka mu se gadi...ne sakam kravjo da mu davam uste od sega sakav barem uste nekoj mesec da go dojam.Mislam deka pricinata e pregolemiot zamor,nervozi i nespienje posledniov mesec krivo mi e ke si puknam od maka :( Zemav caj od bilki da pijam ama ne mi se veruva deka ke ima nekoj pogolem efekt. Ima li nekoe care da si go vratam mlekceto nazad???

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 581
   RE: Доење
9.3.2013 10:09:33   
Bilence2
Eli, moze ke dobies menzis, mene taka mi bese nedela dena pred da dobijam. Otkako mi pomina menzisot mi se vrati mlekceto, a vo meguvreme piev caj za doilki od bilna. Dobiv na 7 meseci koga napravi bebco. Eve sega e ok so cicanje. Inaku moze da mu pojacas jogurtce iili kiselo mlekce vo ovoj period vo obrocite dodeka imas.pomalku mlekce i da forsiras mlecni kasi so AD mleko dodeka ne se sredi. Kravjo jas ne ti preporacuvam. I moevo ne saka AD da pie, ama vo kasicki go jade.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 582
   RE: Доење
9.5.2013 10:15:18   
marija/
Рингерајки ќе ве замолам за помош, моето бебе сака цело време да цица а јас не знам дали му е доволно моето млеко а инаку сме стари еден месец, јас мислев дека моето млеко и е доволно ама не сум сигурна и се разочарувам кога гледам дека цело време си бара со устето да цица, баш синоќа и давав и дохрана 60 мл и чај од бекутан 50 мл и плус цицаше и пак беше гладна не знам веќе што да преземам а инаку само на доење бевме дали не и е доволно моето млеко ве молам за побрз одговор user posted image user posted image

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 583
   RE: Доење
9.5.2013 10:37:56   
masa
Најпрво дали добро напредува на килажа?Ако напредува добро нема потреба од дохрана иако некои бебиња се лакоми.Ако слабо напредува тогаш треба да се укучи дохрана.Како ти ги чувствуваш градите дали ги празни целосно на цицање,зошто понекогаш бебињата ја бараат само мајката и градата им е како утеха ќе цицнат малку и по кратко се пак гладни.Треба да цица на растојание од најмалку два часа.Ако не се нацицува доволно,а имаш млеко пробај остави да оглане повеќе па убаво да си се нацица и засити.А лажалка користите ли?Можеби така само сака да си цуцка тоа ги смирува бебињата.Ќерката не фати лажалка па знаеше така напразно со устето да си цуца,но тоа не значеше секогаш дека е гладна и дури и така се успиваше,многу беше интересна user posted image .Ако пак немаш доволно млеко,односно ги празни убаво градите и пак е гладно купи чај за доилки од 5 билки од билна аптека мене ми помогна.Го пиев и тој на hipp за доилки,но немаше некој ефект.

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 584
   RE: Доење
9.5.2013 16:21:22   
marija/
masa фала на одговорот, и да ги празни градите, и сака да цица на секои 5 мин и цуцла лажалка не сака да фати, а на килажа напредуваше добро ја носев на педијатар пред 2 недели и за една недела имаше покачено 220 грама, а дохраната ни беше препорачана од педијатар на почетокот кога имавме само една недела пошто бебето беше мачеќко и не можеше многу да цица се уморуваше и од тогаш и немав дадено па дури синоќа и дадов, а кога цица веднаш заспива ја разбудувам ама не сака да стане и после 5 мин самата станува и пак плаче за цицање и до вечерта градите ми се испразнат оти е нон стоп на градите. Од вчера почнав и боза да пијам, не знам како да и воведам ред на малата за цицање, и од што е гладна не моѓе да спие преку ден. masa вие како воведовте ред за цицање?
А како може да знам дали моето млеко е доволно хранливо за бебето на кој начин да проверам односно дали е слабо или јако млекото? ако може некој да ми одговори ќе бидам благодарна user posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 585
   RE: Доење
9.5.2013 17:18:03   
Felly RR
Marija, а спиеше ли синоќа убаво, откако и даде АД млеко?
Најдобро е пак да ја измериш, за да видиш колку напредувала, па да знаеш дали и е доволно твоето млеко. Мора да воспоставите некој ред, гледај меѓу оброци давај и чајче, па дури по 2,5-3 саати пак да цица.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 586
   RE: Доење
9.5.2013 18:16:10   
marija/
Felly фала на одговорот ама спиеше само еден саат откако го испи адаптираното и не плачеше и сама си заспа ама се рабуди после еден саат пак гладна а има 36 дена и испи 60 мл аптамил и и дадов да цица user posted image не знам што да мислам или е премногу лакома или...... не знам, јас мислам дека е тоа премногу за неа ?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 587
   RE: Доење
9.5.2013 19:04:06   
ostoun
marija, ako nemate problem so grcevi, slobodno davaj i da cica kolku sto saka, nemoj da i davas ad, ne se sekiraj nema slabo ili jako mleko, ako si napreduva bebeto ubavo vo tezina nema potreba za ad, ponetamu samoto kje si fati red.

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 588
   RE: Доење
9.5.2013 20:29:41   
Bethany
Јас само можам од моето искуство да ти кажам дека кога син ми имаше грчеви бараше почесто да цица. А токму тоа беше лошото бидејќи на несвареното млеко пак ново млеко и уште повеќе грчеви се стварат.
Те прочитав во други теми, можеби да има и грчеви и на тој начин си бара утеха, не знае како да се смири. Али мораш едноставно да и даваш на секои 2,5- 3 сата, најмалку после 2 сата. Треба време да се млекото како прво свари во мешето, а плус треба време и кај тебе да надојде квалитетно млеко.
Бебешки плач не значи секогаш дека е гладно, она може ти изгледа дека е гладно, ама такви мали бебиња само тоа знаат-да цицат. Тие имаат тој рефлекс на цицање и што и да ги мачи барат да цицат.
Мораш да успееш да воспоставиш ред, ќе биде подобро и за двете. Нацицај ја, биди сигурна дека убаво ги испразнила и двете дојки, потоа малку ја занимавај, успиј ја и ако се пробуди плачејќи пробај некако да ја занимаваш за да помине тој период. Така ако успееш неколку пати веќе и самиот нејзин метаболизам не си стекне навика на таков ред на храњење, ама пак ти велам врло е можно да има проблем со грчевите. Давај и чајче по малку, помеѓу подоите ако ептен плачи, ама не многу да не ја заситуваат, и од бекутан чајче би требало и столица да и биде поредовна.
А и мислам дека не постои слабо и хранљиво млеко, или го имаш или немаш. Поздрав и се надевам ќе се средите бргу.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 589
   RE: Доење
9.5.2013 21:50:10   
marija/
Ви благодарам и на двете за одговорите и bethany мислам дека си во право дека бебето може има грчеви зашто кога цица се бутка со главата наназад и ги истегнува и крева ножињата нагоре, ќе ги послушам вашите совети одголема помош ми се, а за тежината ќе одиме во понеделник на контрола. Поздрав

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 590
   RE: Доење
9.5.2013 23:38:35   
maja6252
Zdravo,nova sum na forumov pa Ve molam za pomos.Kerka mi ima 2 meseci i za 1 mesec treba da se vratam na rabota,pa mi treba eletricna pumpa za izmolzuvanje,pa ako nekoja od vas ima za prodavanje moze i koristena da mi pisete .fala Vi odnapred.pozz

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 591
   RE: Доење
15.5.2013 12:34:36   
masa
marija како е твоето user posted image деновиве се управивте ли со цицањето и со мешето?

(Одговор на членот maja6252)
Непосредна врска до пораките: 592
   RE: Доење
15.5.2013 19:19:06   
marija/
Да masa воспоставивме некаков ред над на доење, и сега пред некој ден ја меревме и за две недели има качено 700 грама, а инаку почнав да го користам чајот за доилки од humana и мислам дека благодатрение на него се зголеми количината на млекото. јас го имам другиот проблем го пишав во "колку често кака вашето бебе", се уште се нема искакано сама user posted image . Поздрав и фала masa што се грижиш user posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 593
   RE: Доење
27.5.2013 22:49:57   
Snowhite RR
Ај кажете ми некој совет како да си го вратам млекото. Од пред скоро еден месец ми се намали и почнав да ја дохрнувам, деновиве почнав да пијам повеќе течности и ми се зголеми малку, вчера на пример цел ден беше на доење, ама сепак мислам дека не е доволно

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 594
   RE: Доење
28.5.2013 0:25:13   
Рингишпил

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ај кажете ми некој совет како да си го вратам млекото. Од пред скоро еден месец ми се намали и почнав да ја дохрнувам, деновиве почнав да пијам повеќе течности и ми се зголеми малку, вчера на пример цел ден беше на доење, ама сепак мислам дека не е доволно

Не знам дали назад низ мислењата е споменато ама еве и да е ... Од лично искуство е рано да зборувам ама знам дека сестра ми со второ бебче имаше проблеми со млекото и пиеше боза. Од еден литар дневно, така 2 дена само и се среди. Па обиди се ..user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 595
   RE: Доење
28.5.2013 9:55:21   
sandriana RR
Обиди се со повеќе млечно-протеинска исхрана: jогурт, павлака, сирење, a и чај за доилки секако многу помага за одржување на лактацијата.

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 596
   RE: Доење
28.5.2013 20:08:07   
Snowhite RR
Чај за доилки на Хип купив двапати, првиот пат ми помогна, вториот послабо и не купив повеќе. Сега гледам да пијам јогурт, павлака, имам смрзнати кајсии па си варам компот па пијам течности, а се трудам и да јадам повеќе.
За бозата знам и јас, со првото дете пиев, а сега не ми текнало, треба да пробам и тоа

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 597
   RE: Доење
28.5.2013 21:23:33   
marija/
Snowhite јас го користев чајот од хумана и ми помогна мноооогу, го има во зегин. и јас кога мислев дека немам доволно млеко пиев од чајот и ми надоагаже одма штом се напијам од чајот. Се надевам дека ти помогнав, поздрав user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 598
   RE: Доење
29.5.2013 8:54:31   
sandriana RR
Јас не користев ниту Хип, ниту Хумана, туку оној од билна аптека, и го пиев можеби 4-5 месеци (купив на 2 пати, по една мешавина, која ми трееше по скоро 2 месеци).
Лично мое искуство - верувам дека тоа ми помогна да одржам доооолго време лактација (Т цицаше до 19 месеци), а секако и многу внимавав на исхраната.

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 599
   RE: Доење
29.5.2013 16:07:14   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Јас не користев ниту Хип, ниту Хумана, туку оној од билна аптека, и го пиев можеби 4-5 месеци (купив на 2 пати, по една мешавина, која ми трееше по скоро 2 месеци).
Лично мое искуство - верувам дека тоа ми помогна да одржам доооолго време лактација (Т цицаше до 19 месеци), а секако и многу внимавав на исхраната.


Сандриана каков е тој чај и колку пари е? Зашто овој од Хип некако скап ми е, 270 ден е, за 5 дена ми трае. Храната е 300 ден и ја користам 8-10 дена, сега знам дека е подобро да е на ексклузивно доење, ама па многу ми е скап чајов, а и како што пишав првиот пат ми помогна, а вториот послабо

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 600
Страница:   <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?