|
RE: Извинете, може преку ред? 12.6.2013 9:37:39
|
|
|
|
Octavia
|
Во врска со трудници и мајки со бебиња, нели велат постои правило во јавните установи дека не треба да чекаат на ред, а и од култура не би требало да се оставаат да чекаат, ама јас немам убаво искуство со тоа. И тоа најчесто од жени, што е разочарувачки, за мене барем. Прво, на каса во продавница, гужва, јас чекам со бебушот во една рака и со млеко во другата, толку имав само за плаќање. И касиерката, затоа што редовно купувам во тој маркет, ме знае нели и и вика на жената пред мене „може ли женава со детето да ја пуштите, да не чека со бебето, а има само 1 работа“ Леле кога се пушти тоа жеништето (се извинувам на израз) ама кога отвори една уста „Па кој и е крив, нека си мисли на време, што, го зела бебето за преку ред да плаќа, како не, јас ако немам бебе не сум мутава...“ Толку понижено и бесно се почувствував што не знаев дали да се расплачам (верувале или не мислев дека ќе почнам да плачам, хормони...) да се расправам или да си излезам. Една друга се замеша „Како не ти е срам, може нема на кого да го остави бебето, гледаш по млеко дошла...“ Толку лошо чувство ми остана еве и сега кога го спомнувам. И еднаш во банка, ред до врата, јас си чекам со бебето во кенгур и синот поголем до мене, си стојам нели најнормално, и почнаа некои жени „ај де срамота е ти да стоиш, за 2 мин работа, со деца си, оди напред кажи си...“ И собрав храброст, одам нанапред и велам „Се извинувам, може пред вас да уплатам, само 1 работа имам, не се задржувам“ и типот збесна... И кога му рече жената што беше пред мене „Како не ти е срам, жената со деца е“ тој уште вика „Дали со деца, дали со кучиња, мене исто ми е, ќе си чека“. Е на ова со кучиња кога ми дојде една сила , па му се завртев и му реков дека искрено му посакувам неговите деца и внучиња некој да ги вика кучиња, зашто очигледно имаат предок сроден со таа врста... . И верувале или не, од другиот ред луѓето ме викнаа на тој шалтер да си платам, и веќе излегував кога уште му беа с''снати на тој. Па добро, ако не сакаш некого да пуштиш, кажи како човек... А од друга страна јас секогаш пуштам пред мене ако некој ме замоли затоа што се брза. Ама ако се прави на мутав и само ми се бутне пред мене, ''ржам не се држам тогаш
< Поракaта ја уредил Octavia RR -- 12.6.2013 9:38:44 >
|
|
|