Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 27.5.2013 20:47:34
SOLE
Masloto od origano a isto taka i cajot od origano imam slusnato a i citano deka se mnogu efikasni za lecenje na bakterii, gabicki, infekcii ili paraziti. A isto taka mnogu dobar i efikasen e ekstrat od semki od grejpfrut (GSE) ima antibakterisko i antivospalitelno dejstvo, go ima vo vid na kremi, intima za mienje, a ima i apcinjaza pienje... pozdrav
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 14.6.2013 19:17:02
andrijance90
Мојата борба продолжува, на жалост информотерапијата не помогна имав мало подобрување и на првата контрола докторот рече дека дел од бактериите се уништени но дел дека сеуште ги има и ми даде уште една терапија. Но во средата се направи буквален релапс , жолт исцедок на големо, од каде, како , зашто не знам, како што ми е кажано се правев, до најмала ситница на се внимавам Наредна недела сум на контрола али се сомневам дека ќе ми даде уште една терапија. Во понеделник имам закажано за брисеви да видам што ке искочи, а сигурно ке искочи нешто, планирам покрај лековите да пијам и масло и чај од диво оригано и да ги купам Биобран, не знам веќе и јас што да правам што згрешив толку да се мачам
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 15.6.2013 22:08:05
Melanija RR
Зошто не ти помогнало?Па може исцедокот значеел чистење,ќе видиш што ќе покаже контролата и брисевите. Не избрзувај со заклучок и имај верба
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 15.6.2013 23:14:04
andrijance90
дај боже да е тоа ама мислам дека не е, еве вчера и денес го нема многу ама сепак го има по малце си знам веќе, уште од сега се тресам за во понеделник за на лекар, уплав веќе имам од болницата кога ќе ја видам , а богами и од докторине кои ме гледаат без надеж а кога ќе слушнам црвена си сеуште е тогаш се губам буквално, што ми зборат заборавам, само гледам да искочам и да се исплачам
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 9:34:18
MademoiselleNina
Дали некоја од вас пробала или се лечела со хомеопатски лекови? Сега во последно време многу слушам за тоа, буквално од сите страни ме бомбардираат разноразни информации за хомеопати, ама никој не зборува од свое искуство, туку прочитав она, прочитав ова, видов на реклама итн.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 11:13:41
Hopeful RR
andrijance90 Извини ако веќе спомна, немам видено - како се храниш? Тоа има мноогу голема врска - треба да го алкализираш организмот бидејќи во таква средина им отежнуваш на бактериите и габите. Тоа значи - цеден сок од лимон на гладно, и потоа - овошје, зеленчук, јаткасти плодови и варени и печени обични храни, никако солено, благо (на шеќер сите тие се множат), кисело, пржено, поховано... намали со месо и млечни производи, дури ако не ти е проблем, исфрли ги скроз. Јас имав проблем со хеликобактер со години, и само со храна го решив...
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 11:28:42
LoveableMe RR
Se goglasuvam deka ishranata e mnogu bitna za lecenje na infekciite i bakteriite.
Jas od koleski i prijatelki slusnav za Ginekobiljana, Dr. Davceva, koja navistina bila dobra za vaginalni infekcii i bakterii, na mnogu od tie so koi zboruvav im pomognala sto drugi doktori ne mozele sa pomognat, no mozebi e individualno, ne znam.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 12:01:18
Hopeful RR
Да, пробај кај Билјана, стварно е добра. Мене последниот пат ми излегоа скроз негативни брисевите, ама она виде промена на ткивото па ми препиша терапија иако се беше негативно, а после еден циклус рече дека има големо подобрување и дека е ок.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 14:22:18
andrijance90
Се хранам добро, внесувам овошје што повеќе , да не кажувам колку витамини имам испиено, колку имуностимулатори.. да менувам веќе гинеколози не сакам, доктор Дракулевски мислам дека е добар и тоа доста, утре сум на контрола кај него па ќе видиме што ќе каже, и мислам врти сучи сите гинеколози се исти , исти лекови препишуваат исто работи, а верувајте сум била кај многу, така да се додатно на своја рака сум зимала од форуми прочитано ( витамини, вагиналети на природна база, итн) јас пак како да имам некое подобрување, арно ама ми искочи па сеха бактерија во урина од каде дојде не знам цело време стерилна си беше..мислам дека е грешка некоја па ќе однесам во Авицена да проверам Докторот од информодијагностиката ми даде уште една терапија и се надевам оваа ќе е успешна, исто ми рече да си купам и спирулина па денес ќе ја земам. Пиел ли некој спирулина?
Инаку јас имам слушано за хомеопатија и се имам јавено кај една докторка многу одамна за мојов проблем и ми рече дека тоа е долготрајно лечење и дека не ми гарантира ништо а време мене не ми се губи..патем мислам дека информодијагностиката и хомеопатијата се гранки на информационата медицина
< Поракaта ја уредил andrijance90 -- 18.6.2013 14:33:14 >
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 16:09:03
andrijance90
е сега прочитав нешто како можело да има несакани ефекти, а јас појма немам дали сум алергична на морски алги , па викам да не направам бела уште тоа ми фали а која спирулина ја пиеш. Сан себастијан или Пацификa? Мислам само овие две ги има..
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 18.6.2013 17:47:36
andrijance90
А може да ми кажеш цена за спирулина пацифика? Оваа сан себастијан не е скапа ама читам тука на еден форум дека била од кинеско производство и генетски модифицирана и не била добра
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 19.6.2013 14:53:09
Hopeful RR
Да?! Јас па ја пиев таа Пацифика порано, околу 1000 ден е, и кога ја видов оваа од Сан Себастијан се израдував, бааги поевтина е. Ама сега ме замисли, да не ја довршувам ако не па...
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 19.6.2013 15:11:17
Еки82
Здраво од мене, малку рехабилитација после сето она собирање кремчиња и мафини Јас сум одела на нутриционист 3 месеци, имам пиено спирулина од оваа пацифика и ми е многу тешка за пиење таа што е прашакот, си ја викаме жабокречина Но затоа имаа они од истата во капсули и тоа е ОДЛИЧНО
Но највеќе што ми помогнало досега од бактериска инфекција е дивото оригано, маслото дефинитивно! Малку е јако за пиење, лути и е тешко, но навистина е делотворно пржи све што имаш бактерија во тебе хехе.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 19.6.2013 15:48:59
MademoiselleNina
Спирулината мене ми смрди - гадно, и не можам да ја пијам. Ама кај мене на работа сите жени ја пијат, едни викаат дека е супер, други дека нема никаков ефект, вројатно кај секој индивидуално.
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 19.6.2013 19:16:38
andrijance90
Освен спирулината на пацифика другиве не се добри ! Проверено , еве денеска се распрашував и дефинитивно само оваа е добра, така да јас ке го земам деновиве правот зашто излегува многу поефтино. Гадно не гадно ке се издржи еднаш дневно да се пие
маслото да навистина е добро, ама мене ми треба нешто за имунитет пошто бааги ми е опаднат
< Поракaта ја уредил andrijance90 -- 19.6.2013 19:18:54 >
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 19.6.2013 21:36:48
Hopeful RR
За да не ти биде толку гаден правот, ставај го во smoothie - една банана, две јаболки, 3-4 урми, малку семки од сончоглед, лен, тиква, кокос, какао и што било друго, по вкус, и спирулина. Ќе внесеш се што треба, а нема ни да го осетиш :)
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 21.6.2013 23:21:07
moss
prochitav negde na net za kantarionovo maslo natopeno na tampon bilo mn efikasno vo borba protiv vaginalnite infekcii.Ima li nekoj probano da spodeli iskustvo?
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 23.6.2013 12:32:36
andrijance90
Мене ме интересира дали некој би знаел да ми објасни едно феноменче од медицинава значи на вагиналниот брис ми искочи бактерија која не е прв пат да ја имам , тука си е , не е пренослива моја си е Но, има нешто што навистина ме збуни. Имено на предхопдните два резултата од истава бактерија, во антибиограмот стои дека е резистентна на Азитромицин. Но, во најтазе резултатот па стои дека си е осетлива на овој лек. Ко за беља ми го препишаа леков да го пијам, е сега како е можно тоа некогаш да делува на бактеријата, некогаш не. Грешка ли е? Зар и во Систина почнаа со грешки
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 23.6.2013 22:55:55
Melanija RR
Ист тип на бактерија незначи дека секогаш со ист лек се лечи.Пример првиот пат покажува дека ќе делува на 10 лека,а,следниот дека ќе делува 7 лека.Јас како што знам не е ништо необично.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 23.6.2013 23:10:59
Monika 84
Zdravo jas ve citam dolgo vreme no ne sum pisala do sega. Imam problem so zabremenuvanje veke dolgo vreme e i prisutna kaj mene bakterijata klamidija . ja lecev dosta vreme so antibiotici no ete sekogas ima ostanato nikako skroz da ja snema. dali nekoj imal slicno iskustvo?
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 23.6.2013 23:19:12
Melanija RR
Monika 84 добре дојде на РР
Има тема за кламидија ТУКА и сигурна сум дека наскоро ќе ја излечиш.Консултирај се и со друг гинеколог да видиш што лек ќе ти предложи и што поскоро
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Вагиналните инфекции како проблем за забр... 8.8.2013 17:36:41
MademoiselleNina
Правев контролни брисеви и сите ми излегоа негативни, освен уриноклутура каде што пишуваше енетококус... Утре треба да одам со резултатот кај матичниот и да видам што ќе ми каже ... Инаку претпоствувам дека нема да ми прават инсеминација додека имам бактерија ... Што мислите вие?