|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 13:14:02   
Еца
Во која положба најчесто го стававте вашето дете да спие додека беше бебе?
На стомак, на грб или бочно?Препораките на педијатрите е во првата год. од животот да спие на грб.

Јас Мила сега ја ставам да спие на грб, но кога е будна обавезно ја ставам на стомак, бидејќи тоа е еден вид вежби за рацете, нозете и главчето, се труди да го дигне и задржиuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 13:23:59   
mami
Додека беше помал редовно спиење на грб, но сега, најчесто спие на грб но знае и да се сврти на страна, на стомаче, зависи кога како.А инаку додека беше некаде до 3-4 месеци задолжително преку ден го ставав на стомаче за да се крева и многу беше смешен кога таков нестабилен целиот ке клапне на некоја странаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 13:26:12   
mis.
Моите деца додека беа бебиња новороденчиња спиеа на грб а Стефан од 7 месеци почна да се врти и спиеше де на грб,де на страна а и на стомак.Едно бебе од комшии уште од раѓање спиеше на стомак.Родителите малку беа загрижени но што да прават кога таа му беше омилена положба.Педијатрите не препорачуваат на стомак во случај да не дојде до гушење а во случај кога новороденчето повраќа препорачуваа на страна.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 13:29:00   
BEBICA
Jas Monika dodeka bese bebe ja stavav da spie na strana ili bocno radi glavceto da se oformi kako treba, polse na grpce spiese i do 5 mesec sama pocna da se vrti od spienje na grp na strana.
A sega koga ima 10,5 meseci spie ili na strana ili ako saka na stomak no koga ke se svri na stomak i se zaglavuva ednoto race i se budi i place.user posted image user posted image user posted image user posted image
Uste ne go usovrsila vrtenjeto na stomak.
Inaku koga bese maa ko bebence jas ja stavav na stomak samo vo moe prisustvo koga besse budna za da i se zajakne kicmeniot stolb toa mi go preporaca pedijatar pogotovo sto ona od 2 nedeli pocna da ja diga glavata koga bese stavena na stomak.
No nikako ne sum ja stavala da spie na stomak radi toa sto malite bebinja mozat da se ugusat koga se na stomak.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 13:29:54   
profesorica
Мој Дамјан како бебе спиеше обавезно на стомак а сега и на грб и на страна и со нозете обратно и дијагонално.што да ви кажувам цела ноќ прета.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 14:24:31   
Maca25
Нина од 2 месеци спие на стомак, иако ние ја стававме на страна она некако успебаше да се сврти и од тогаш си спие на стомаце. Педијатарот ни кажа дека правиме огромна грешка, дека може да се задуши ама мене бебето само на стомак ми спиеше по цела ноќ. Ако ја ставев на грб или на страна обавезно на секое мрдање се будеше. Сега веќе е голема user posted image , има 6 месеци и сега заспива на стомак ама после си се врти и спие на страна. Спие исто како мене.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 22:30:05   
Natasha5
Jas Jana ja stavam da spie na strana ama nikogas ne ostanuva na strana mnogu mrda i sekogas e na grb.Najubavo i e koga spie na grb.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Положба на спиење кај бебето
24.8.2009 23:06:24   
mimicka
Илија ми спие на страна од 1 месец и само така може да спие по 4-5 саати. На грб неспие повеќе од 20 минути. Патронажната ме искара ама што да првам кога детето така сака да спие. Еве веќе има три месеци и уште така сак да и нана. Преку ден обавезно го ставам да лежи на стомак. 

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Положба на спиење кај бебето
13.9.2009 13:00:32   
mami
и да не му се секирате ако спијат на стомаче или на страна..па секое дете е различно, неможе сите исто да спијат, некому му е позгодно да спие на страна..ај вие спијте се на грб да ве видам?user posted image

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Положба на спиење кај бебето
13.9.2009 13:21:51   
niki
A patronaznite da se dogovorat i isto da kazuvaat, mene mi imaat receno da se stava na grb i ne dvete strani naizmenicno za da se oformela glavata pravilno, a na stomak samo dodeka e budno i pod nadzor. A vasive ve karale sto spiajat na strana samo na grb, pa ke go boli grpceto, greotka e samo taka. 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Положба на спиење кај бебето
13.9.2009 13:25:14   
mami
ники такви се..100 доктори=100 различни мислења и тврдења

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Положба на спиење кај бебето
28.10.2009 18:12:23   
pacuvce
Sakam da se konsultiram so site ringerajki vo vrska so spienjeto kaj bebinjata.Imeno imame dva meseci i ja najdovme idealanata polozba za spienje.NA STOMAK.Arno ama vo ponedelnikot bevme vo Majcin dom na kontrola i tamu mi rekoa deka nikako ne smee da spie na stomak,bez da mi dadat nekakvo obrazlozenie.Ve molam dali nekoj ima soznanie od drugi pedijatri za ovaa polozba za spienje.Dali e taa opasna za razvojot ili samo gorenavedenite pricini deka moze da se zadusi???Molam za pomos.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Положба на спиење кај бебето
28.10.2009 22:33:49   
mis.
Кога Мартин го носевме на ортопед па отприлика на 4 год за рамни стапала ортопедот ни кажа дека стапалата му газат на внатре и ни кажа да пазиме на неговото спиење да не спие на стомак.Во таа положба стапалата му се на внатре и со тоа само ќе се влоши положбата.Но за бебе не знам колку е битна положбата на стопалата па заради тоа да не спие на стома,не знам моја некоја претпоставка

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:01:31   
Mila na mama
Сега доаѓам од кај спец. ортопед д-р Иванка Стефановска и ја прашав токму за оваа тема. Нејзин одговор е дека со оглед на положбата што бебињата ја имаат во матката најдобра положба за спиење е на страна. Евентуално на грб, а никако на стомак. Е сега за причините. Ако бебето со сила го ставате на грб,а особено на стомак вие нешто што во стомакот на мама си било свиткано насилно го исправате со што може да се јават деформитети во развојот на рбетниот столб и проблеми со држењето подоцна. Исто така спиењето на стомак доведува и до неправилности во одот. Имено децата што спијат на стомак проодуваат неправилно движејќи ги стапалата нанадвор или навнатре.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:06:36   
bordan
Oleg prvite dva tri meseci spiese na grb a sega na strana sam se vrti.Prvo na ednata pa malku na grb pa na drugata strana.Ama pretezno e na strana

_____________________________

Oleg e zlato na mama i tato!!!

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:06:41   
mami
Лука спие секогаш разлино, спие и на страна, и на грб и на стомак, секако.
А баш ме интересира, како ке го натерате вашето дете да спие само во една положба? т.е. како ке го натерате да спие на грб ако тоа упорно сака на стомак да спие?ке бидете будни цела вечер ике го превртувате?

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:10:14   
profesorica
И Дамјан спие секако и на грб и на страна и на стомак, цела ноќ се превртува и ја менува положбата така што мислам дека не е страшно ако малку полежи и на стомак.тоа мислам дека повеќе важи за помали бебиња кои се непокретни па мајките намерно ги оставаат на стомаче бидејќи така поубаво спијат.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:12:59   
Mila na mama
Абе Мами не се лути. user posted image Препораките се однесуваат за првите 4-5 месеци кога бебињата сеуште не се превртуваат сами и кога можеш донекаде да ги навикнуваш на положбата. Кога ќе почнат да се превртуваат веќе и рбетот им е поцврст и сами си ја наоѓаат најудобната положба. А знам дека има мајки и што цела ноќ на неколку часа ги превртуваат бебињата во различни положби. Јас го немав овој проблем Мила од старт спиеше на страна и така продолжисега се превртува секако ама сепак најчесто е на страна.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:16:59   
mis.
Мартин никогаш не спиел на стомак па ортопедот ни кажа дека стапалата му се на внатре така да положбата на новороденчето не е многу битна за правилна положба на стапалата.Откако ќе потпорасне положбата на телото додека спие е важна но како новороденче не знам колку е битен фактор во растот и развојот на телото.Најубаво е да спие на сите страни но ако не сака не гледам причина зошто би го спречиле да не спие во положбата во која тој ја чуствува како најугодна.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:17:03   
mami
не бе не се лутам, тоа чисто како прашање го поставивuser posted image user posted image user posted image знам дека станува збор за помалите. Ама ако е  некое како Лука тој од 2 месеци се врти на страна ако сака или на меше, и ретко кога спиеше така како што ке го оставам. И не станував цела нок за да го вртам по страни, тоа ми е без врска и не ги разбирам тие што тоа го прават...

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:18:38   
mother 29
Марко претежно спие на меше.ама тој само нека си спие...па било како.никогаш не сум гледала на тоа .како тој ке се намести,така си спие!

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:19:04   
Еца
Да во случајот зборуваме за бебиња, а иако Мила веќе е три месеци сака да менува положба. Но на стомак никако не ја ставам. (освен 10 минути во текот на денот како вежба,препорака од др.Стефановска). Инаку не можам ни на страна да ја ставам доколку не ја потпрам со нешто за да не ми легне на грб. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:19:15   
profesorica
да познавам мајки што цело време бдејат над бебињата и ги вртат на грб или на страна, демек да не се угуши.најчесто сакаат да спијат на стомак но еве Дамјан уште како бебе се превртуваше цела ноќ и сеуште тоа го прави.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:20:51   
mis.
Стефан цело време спиеше и лежеше на грб и од тоа лежење само на една страна главчето му се сплеска од едната страна.Ми препорачаа вртење на клавчето додека лежи и спие за да му се исправи.Јас никако не можев да го поставам на другата страна бидејќи си беше фатил некоја положба која му одговара и сам си се вртеше и тешко дека ќе го наместев како што јас сакам.Но еве ќе прави годинка па главчето му е супер.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Положба на спиење кај бебето
29.10.2009 10:23:41   
profesorica
Кога зборуваме за спиење на грб, точно е тоа дека може да се деформира главчето, среќа Дамјан спиеше повеќе на стомак и не му се случи а на една пријателка бебето цело време на грб спиеше па малку и се издеформира главчето но сега е ок на 13 месеци.вака најдобро гледано е бебето да спие на страна.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.