Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените беби... 15.10.2013 9:22:42
mommy_angels RR
Денес во светот се одбележува денот на прерано изгубените бебиња во бременоста или непосредно по раѓањето.Независно дали било седум или 27 недели старо,за мајката тоа е душичка,мало срценце кое чукало и одеднаш го снемува,се губи и засекогаш ја напушта.Ова е загуба која само една мајка знае како боли и болка која никогаш не се губи ,не исчезнува,не се намалува туку едноставно партнерите учат како да живеат со неа.
Јас сум мајка на две мали анѓелчиња кои засекогаш заминаа од мене,но останаа како дел од моето срце.15 ти Октомври заслужува да биде одбележан и кај нас .Јас денес во седум часот ќе бидам дел од Бранот на светлината во нивна чест и заедно со тато и дада ќе им ја пуштиме најголемата и најцврста прегратка.
Еве овдеможе да прочитате како се одбележува денешниов ден .
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 15.10.2013 9:38:33
vezilka RR
И јас во 7 часот ќе запалам свеќа за да бидам дел од Бранот светлина во чест на прерано загубените бебиња. „...само за мајката која го изгубила своето бебе нема назив, веројатно затоа што не може со зборови дасе опише тежината на загубата...“ Сочуствувам со сите мајки кои прерано ги загубиле своите бебиња, и денес денот ќе посветам на тие мали ангелчиња.
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 15.10.2013 9:48:03
sandriana RR
Нема да заборавам и јас да запалам свеќа попладнево - за сочувствувам со родителите на малите ангелчиња. Милион прегратки за сите кои ја доживеале оваа болка, и милион поклони за храброста и истрајноста во болката
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 15.10.2013 10:18:09
Felly RR
Навистина тажна тема, и иако не можеме да ја намалиме болката на оние кои преживеале вакво нешто, можеме барем да бидеме дел од бранот на светлина во знак на сеќавање на прерано изгубените бебиња.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 15.10.2013 10:49:04
Палешка РР
Најболно и најтешко нешто во животот на еден родител, не дај Боже да почувствуваме ваква болка. Вечер ќе запалиме свеќа, а тука може виртуално да ги прегрнеме родителите кои се живеат со оваа трагедија
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 16.10.2013 0:31:31
bombica
"Кога жената ќе остане бремена,душата на нејзиното дете однапред знае дали мајката ќе ја износи бременоста до крај или не:дали ќе биде абортирано,дали ќе се роди мртво или со деформитет.Без разлика што и да се случи, душата на детето ги сака своите родители и секогаш е со нив-им помага во текот на животот.Ако некогаш сте изгубиле дете, никогаш немојте да заборавите дека душата на тоа мало суштество ве избрала токму вас да му бидете родители.Ве избрала уште пред да биде зачната,таа мала душа ве сака и била среќна и весела што сте ја зачнале"
Lorna Byrne
Секогаш кога го читам овој цитат солзи ми течат како река
Почивајте во мир алгелчиња мои Секогаш ќе бидете дел од моето срце , мојата душа
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 16.10.2013 7:02:07
kapina
Bolna tema da ne dade gospod nikoj da go osete toa uzasno. Iskustvo socuvstvuvam so tie sto prerano gi izgubile svoite bebinja bidejki I jas sum edna od niv
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 10.11.2013 13:51:41
mamiko
najbolnoto nesto e da izgugbis del od tebe, a jas izgubiv vo rok od 1 godina 2 mali angelcinja, ednoto vo 12 nedela drugoto vo 5ta nedel, iako vtoroto bese mnogu malo, sepak bese i toa del od mene
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 10.11.2013 22:34:21
mommy_angels RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamiko
najbolnoto nesto e da izgugbis del od tebe, a jas izgubiv vo rok od 1 godina 2 mali angelcinja, ednoto vo 12 nedela drugoto vo 5ta nedel, iako vtoroto bese mnogu malo, sepak bese i toa del od mene
Биди храбра мамико,ние жените сме многу посилни од што мислиме
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 15.10.2014 17:49:01
blond
Jas po potvrdena srceva akcija go isprativ angelceto... 3 nedeli sum go nosela mrtvo vo sebe bez nikakov znak deka nesto ne e vo red. Na redovna kontrola vo 12 nedela doznav deka srcenceto sto go ocekuvav cela godina lezi mrtvo vo mene. Mesecov trebase da se zapoznaeme I da raduvame na negovata/nejzinata nasmevka... zalam sto ne go vidov.... Sega neka go cuva bepceto vo meshko, pomaloto bratce/sestrice...
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 12.11.2014 20:56:34
fragolina
Vi pisuvam zatoa sto znam deka samo vie mozere da me razberete. Izgubiv dve mali angelcinja koi sega se drzat za race na neboto. Ednoto bese 12 nedeli a drugoto 20 nedeli staro megutoa za mene tie bea moite deca. I nemozam da svatam kako mozat da mi recat zaboravi sto bilo bilo. Toa moze da go kaze samo nekoj sto nikogas nemal problem so zacnuvanje i so raganje dete, ili nekoj sto nema mozok i nemoze nitu da zamisli kako ni e nam koi gi imavme vo nasata utroba i nekoj ni gi izvadi od tamu. Samo vie znaete kolku me boli.
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 12.11.2014 21:14:38
blond
fragolina, tocno deka minatoto treba da go sotavis zad sebe, ama nikogas ne se zaborava. Na denot na kiretazata t.e posle vadenje od sala sum lipala, placela na set glas da mi go vratat bebeto, zosto mi go zemale (seto ova pod dejstvo na anestezijata uste). I za 20godini pak ke se sekavas, nikogas nema da gi zaboravis angelcinjata, samo sekogas se tesam so toa deka od sekoe loso ima i poloso... zatoa ke stisneme zabi i ke se nadevame na poradosna idnina...
RE: 15 ти Октомври-Ден на прерано изгубените ... 14.11.2014 18:19:06
fragolina
najveke me boli sto moram da se tesam deka nekade ima nekoj sto mu e potesko od mene, a jas sum sekojdnevno opkruzena so luge na koi im e podobro od mene. Veruvajte da ne bevte vie od fortumot jas ke mislev deka sum edinstvenata osoba na koja i se slucuva vakvo nesto. Site odolu mene (rodnini, drugari, kolegi, komsii) ziveeat normaleen zivcot so normalni problemi od sekojdnevieto. Site tie kako po kniga si napravija svadba i si ostanaa trudni i si rodija deca. Samo jas koga ostanav trudna 8 meseci posle svadba go izgubiv plodot vo 3 mesec. i jas bev taa koja 3 godini posle toa ne izleze od bolnica i pravese 4 iseminacii i bezbroj ispituvanja i tri invitra za na kraj vo 5 mesec pak si go izgubam moeto bebe. i jas sum taa koja seuste krvaram i mene nekoj ke mi kaze zaboraavi ili ne se sekoiraj. Site tie sto mislat deka lesno se pravi toa neka im se sluci niv i neka zaboravat i neka ne se sekiraat, a mene neka me ostavat na mira da si odboluvam za moite angelcinja.