Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 14.11.2013 19:17:50
Felly RR
Уште е рано, но сепак - почнавте ли да правите списоци за Дедо Мраз? НИе до сега имаме многу желби: Бебе со креветче/лулка, машина за перење алишта, принцези со замок ....
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 10:13:34
Mihaela 2010
hahah nie se sakame... sto i da vidi na Tv vika ej mamo ova sakam da mi donese dedo mraz za nova godina...osven paketce od rabota,i uste nekoe dobieno,sakam da i kupam edna ubava igracka sto ke si ja iznaigra, edna ama vredna,ama uste ne sme odlucile sto ima uste vreme...sekako pod elkata ke ima i edna ubava kniga,dali ke bide od onie bajkine sto se po 7-8 prikazni,ke vidime,i nekoi sitnici koi ke ni koristat za ponataka..
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 12:25:00
sandriana RR
Бидејки го изгубивме мајмунот што го имаше Т од новороденче, и за кој беше емотивно врзана и го носеше секаде, за Нова Година Дедо Мраз мора да и надомести барем сличен таков мајмун, оти детево е опседнато со мајмуни (не дека си влече прилепска жичка од мама )
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 13:18:42
Bethany
Баш не знам Се договаравме за некој убав воз, дека многу сака возови периодов, ама пред некој ден го доби возот, бидејќи претходно два дена неуморно и жално, на секое, повторуваше: купи туту, купи туту. Ние со мм што и да збореме, тој во позадина со оваа реченица одеше, и колку да го игнориравме , ни падна жалничко веќе дека не се откажуваше детето, па му купивме. Е сега за другото немам појма. Ајд книга некоја да има, мада и тие периодов ги запушти, не ги сака како порано, а што играчка да му земаме не знам, мора да смислиме нешто убаво , а вредно, баш да ја користи и игра
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 14:21:15
mommy_angels RR
Книга или сликовница нема сигурно да биде,не и се нешто интересни во последно време,само сака да ги кине. Е сега што ќе биде поим немам,моментално не гледам некоја желба кај неа Знам дека идеално би било за неа годишна претплата во игротеката во сити мол леле луѓе едвај ја вадиме од таму Ај има време за поклон,ќе измислиме нешто
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 14:38:06
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Бидејки го изгубивме мајмунот што го имаше Т од новороденче, и за кој беше емотивно врзана и го носеше секаде, за Нова Година Дедо Мраз мора да и надомести барем сличен таков мајмун, оти детево е опседнато со мајмуни (не дека си влече прилепска жичка од мама )
Прилепска жичка ,јака е
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 16.11.2013 16:10:00
Annet
Imame Od crtanot Mrzliv grad,junakot Sportakus i drugarka mu Stefani.Masha I Medved.... Bebe kukla sto place ,pee i se po red.. Mikrofon so klavirce.... Kujna so Hello Kitty.. Tabla golema magnetna da si crta.. Ehee ima uste,ama prvo da vidime kolku ke bideme umni.pa Dedo Mrz ke ni donese.Ako ne-nisto.AA da da,i lampionite od elkata ne se dopiraat,oti dedoto so bela brada nema da dojde.... eheeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee Na temata Kade za Nova Godina,ne pisuvam,doma ke sedime,ke cekame dedo Mraz da dojde hahahahha
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 17.11.2013 10:42:46
Martins mom
Ние готово, го напишавме писмото на Дедо Мраз и го испративме Сакаме кола со далечински управувач и во желбите , милиот тој, не заборави да спомне кукла за сестричката и женска кола на даљинско за неа ...да ја позајмува и тој
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 10:35:24
AnnaMolly RR
Првата и најголема желба му е онаква работилница со алати. После сака да му го купам Спортакус од Мрзлив град, опседнат е со него. Ако некој видел некаде нешто да се продава, што било, од Мрзлив град, пишете ми.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 10:55:38
Tanjat7880
Zelba negova od mnogu odamna e mobilen telefon.Rekovme deka istiot ke go dobie vo 4to odd.koga ke odi na nastava vo priroda,se pomiri so toa.Ovaa godina bea na ekskurzija I site ama bash site deca imaa so sebe mob.telefoni iako beshe receno takvite da si gi ostavat doma,samo moeto dete beshe bez tel.i beshe pofaleno od strana na nastavnickite.Toa shto nemashe ne go natazi I ne napravi nikakov problem okolu istiot.Od lani doznavme deka nema Dedo Mraz I ovaa godina ceka podarok od nas,odluciv toa da bide mobilen,se nadevam ke go izraduvam I iznenadam
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 12:43:54
Hunny
Дајте предлог што да и купам на ќерка ми? За Нова година ќе има 20 месеци. Лани и купивме куќичка што свири и од оџакот излегува Дедо Мраз. Сега немам идеја. Цртани не гледа уште, само гледам дека ја интересираат мобилните наши и лап топот, ама и купив играчка мобилен и не го сака. За лап топ играчка мислам е мала. Мислам да и земам сликовница и некоја играчка која ќе и го задржи вниманието.Предлог?
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 12:49:02
Bethany
Hunny, не знам што предлог да ти дадам, и јас се мислам, сакам само да ти кажам да не купуваш лап-топ Јас му купив на син ми пред некој месец, стои само прашина фаќа, демек некогаш пушти некоја музика, ама мал е за повеќе, па и на ќерка ти ќе и биде досадно мислам. А предлог нека даде некоја мама со девојчето, јас не можам ни за моето машко да смислам Мене ми оди паметот на табла за пишување, и со магнети, ама ќе видиме уште.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 13:02:15
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny
Дајте предлог што да и купам на ќерка ми? За Нова година ќе има 20 месеци. Лани и купивме куќичка што свири и од оџакот излегува Дедо Мраз. Сега немам идеја. Цртани не гледа уште, само гледам дека ја интересираат мобилните наши и лап топот, ама и купив играчка мобилен и не го сака. За лап топ играчка мислам е мала. Мислам да и земам сликовница и некоја играчка која ќе и го задржи вниманието.Предлог?
Од оваа возраст ќерка ми почна да ги разгледува сликовниците - оние со звуци, да се обидува да црта, заигруваше со понекоја кукла (ја возеше во количка - играчка за пазарење)...И да не ги игра сега куклите, ќе се изненадиш за неколку месеци како ќе и го привлечат внимението - па може да се обидеш со нив.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 13:14:45
miana
Јас немам никаква замисла за подарок. Не сме зборувале со децата. На двете им е и роденден во декември и треба убаво да замислам што да им подарам и да ги израдувам
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 13:49:38
vezilka RR
Играчкава е закон. Уште едно ниво надолу, детето игра додека лежи, во оваа состојба како на сликата, кога ќе почне да седи, и има уште едно ниво, нагоре, кога ќе стане. Во таа положба, дури икако проодувалка ја користевме. Играчкава е закон, ние душа и извадивме. Беше прва играчка што му ја купив на никола, уште пред да се роди.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 14:14:37
Felly RR
Браво Везилке за идејава. Ме потсети, ова е нешто слично како подлога за играње, само што овде се само играчките. Еве ТУКА Лакримоса може да ја ѕирне и темата.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Што да им подариме на децата за Нова Година? 19.11.2013 15:20:58
elenak
Не знам, сеуште не знае да си бара сама играчки а и не го знае уште значењето на празникот и на подароците така да мислам дека ќе добие само некој музички Дедо Мраз. А бидејќи и е роденден пред Нова година ќе има подароци многу, нема да и недостигаат . За догодина сигурно ќе има список ама сега мислам сепак најмногу ќе им се радува на пакетчињата и на чоколадите внатре.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.