|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Чистење во домот
22.12.2009 12:36:41   
jovanka
ke ti pratam privatna poraka


_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Vavi)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 8:24:11   
ripce
Какао и кафе – Свежите дамки прелијте ги малку со студено млеко и веднаш исперете ги со студена вода во која сте ставиле малку детергент.

Дамките ќе исчезнат ако извалканиот дел од ткаенината го натегнете преку садот и пуштите врела вода врз дамките.

Постарите дамки од какао и кафе треба да се истријат со крпче натопено во смеса од 1/3 оцет и 2/3 млака вода.

Млеко – свежите дамки од млеко се отстрануваат со студена вода и посилен детергент.

Старите дамки од млеко можат да се отстранат со неколку средства: со детергент, со смеса на алкохол и етер, со разреден амонијак, или со смеса на еден дел на терпентин и 2 дела на лимунов сок.

Чувствителната свила извалкана со млеко исчистете ја на тој начин што секоја дамка ќе ја премачкате со глицерин (со мека четка), оставете глицеринот да впие, а потоа исперете го со млака вода.

Ликер – свежите дамки од ликер се отстрануваат со вода и со детергент, а старите со разблажен шпиритус.

Од свилата овие дамки се отстрануваат со благ раствор на амонијак или алкохол, но треба да се натопи само местото каде што е дамката.

Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.

Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.

Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.

Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.

Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.




< Поракaта ја уредил ripce -- 24.12.2009 8:25:07 >

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 8:25:39   
ripce
Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.

Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.

Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.

Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.

Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.

На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.

Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.

Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.

Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.

Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.

Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.

Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.

Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.

Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.

Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 8:27:06   
ripce
‘Рѓа – дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.

Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.


Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.

Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.


Мастило – дамките од мастило треба веднаш да се отстранат од мебелот или од подот, за да мастилото не го обои дрвото. Земете крпче и натопете го во оцет и истријте ја секоја дамка. Ако мебелот кој е извалкан е обоен со лак боја, дамката отстранете ја со парчиња од домат.

Од прекривката за маса дамките од мастило може да ги отстраните на тој начин што ќе сварите малку млеко, а потоа со млекото ќе ја премачкате секоја дамка. Лесно истријте ги и повторете ја постапката неколку пати, постојано додавајќи ново количество сварено млеко. На крај извалканата прекривка измијте ја во топла вода, а потоа и исперете ја на вообичаен начин.

Од плетените ткаенини дамките од мастило се отстрануваат со глицерин. Дамките се премачкуваат со глицерин, се оставаат малку да одстојат, а потоа ткаенината се пере во млака вода во благ детергент.

Кај мебелот од кожа дамките од мастило се отстрануваат со помош на лимон. Секоја дамка истријте ја со половина лимон. (Напомена: дамките од пенкало поради тоа што имаат различен состав се чистат поинаку, односно со алкохол).

Дамката од пенкало се отстранува со помош на 90-процентен алкохол. Местото на дамката истријте го неколку пати, но секој пат со чисто парче вата претходно натопено во алкохолот.


Мувла – дамките од влага во вид на мувла треба што е можно побрзо да се отстранат.

Од кориците на книгите може да се отстрани со смеса на 10 gr хидроксид и 50 gr амонијак. Оваа смеса внимателно се нанесува на секоја дамка, а кога дамката ќе исчезне, исчистените места пребришете ги со крпче натопено во дестилирана вода.

Доколку мувла се појави во фугите на керамичките плочки, отстранете ја со течно средство за отстранување на печатни грешки во дактилографија. Секоја фуга премачкајте ја со мало количество од тоа средство – тоа делува брзо и брзо се суши. На крај плочките измијте ги на вообичаен начин.

Од тепихот ваквите дамки се отстрануваат со помош на вински оцет.

Од хартиените тапети дамките од мувла отстранете ги со крпче натопено во алкохол.

Дамките од мувла на прекривките за маса и ткаенините обидете се да ги отстраните со млеко. Потопете ја извалканата ткаенина или само тој дел кој е зафатен со мувла во топло млеко и оставете го да стои неколку минути. Потоа исперете го и оставете го да се суши.

Од свилата дамките од мувла се отстрануваат на два начина. Доколку свилата е обоена со постојани бои, дамките натопете ги со чист шпиритус во кој се става малку амонијак. На крај свилената ткаенина измијте ја со топла вода. Дамката од мувла истотака може да се отстрани и со благ раствор на амонијак.

Од мебелот од кожа дамките од мувла се отстрануваат со внимателно триење на извалканото место со стаклена хартија. Ако на кожата после чистењето остане посветло место, натопете го со вода во која претходно се вареле ореови лушпи.


Овошје – дамките од овошје денес многу успешно се отстрануваат со помош на детергентите со силни биолошки својства, па така доволно е само местата каде што се дамките да се натопат со еден од овие детергенти, да се остави да делува, а потоа предметот да се измие. Инаку постојат и други начини за чистење на дамки од овошје.

Од памучните ткаенини овошните дамки се отстрануваат на тој начин што извалканиот дел се затегнува над некој сад и над дамката во тенки млазеви се посипува врела вода или млеко. Добро е и кога се посипува смеса на алкохол, вода и глицерин.

Извалканата бела памучна ткаенина истријте ја со лимонов сок и исперете ја со чиста вода. Доколку има повеќе дамки или се постари, натопете ги со лимонов сок, посипете ги со сол и изложете ги на сончеви зраци. На сличен начин се чистат и волнените ткаенини, со таа разлика што тие не треба да се изложуваат на сонце.

За чистетење на овошните дамки добро делува и кисело млеко. Оставете ја дамката да делува неколку минути, а потоа ткаенината треба да се испере со топла вода. Тврдокорните овошни дамки исчистете ги со смеса на алкохол и амонијак.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 8:28:54   
ripce
Восок – од дрвениот мебел или подови дамките од восок се отстрануваат со коцки мраз: секоја дамка притиснете ја со коцка мраз, а после тоа восокот отстранете го со тапата страна на ножот. На крај исчистениот дел пребришете го со некое средство за чистење или со обично масло.

Од постелнината и прекривката за маса дамките од восок дамките може да се исчистат на два начина. Првиот, ако восокот е крут, едноставно отстранете го со острицата на ножот. Ако останала видлива трага, на неа положете лист на впивачка хартија, преку неа парче свилена хартија, а преку нив поминете со загреана пегла неколку пати.


Пот – од памучните и ленени ткаенини дамките од пот отстранете ги со оцет. Со крпче натопено во оцет истријте ја секоја дамка.

Од помасивни ткаенини дамките од пот се отстрануваат со амонијак. Во литар вода ставете две големи лажици амонијак, а со тој раствор истријте ја секоја дамка.

На волнените ткаенини овие дамки се чистат со смеса од еден дел амонијак, два дела чист алкохол и три дела етер. Истата дамка од истиот материјал може да се отстрани со смеса на амонијак и масло од терпентин.

Кај свилените ткаенини овие дамки се отстрануваат така што ткаенината се поставува на тврда подлога и со крпче натопено во чист шпиритус нежно се трие местото каде што е дамката.


Гума за џвакање – може да се извади од тепихот на тој начин што на гумата се става парче мраз, а потоа со нож треба да се подигнат остатоците од гумата за жвакање. За вадење на гумата за жвакање од тепихот никогаш не употребувајте топла вода.


Јајце – овие дамки од ткаенините се отстрануваат ако ткаенината ја измиете со студена вода. Топла вода не доаѓа во предвид бидејќи дамките стануваат уште повидливи.

Ваквите дамки на тепих намокрете ги со смеса на ¾ вода и ¼ алкохол и добро истријте ги.


Лак за нокти – од ткаенините ќе ги отстраните ако ткаенината од едната и од другата страна ја навлажните со есенција на терпентин. Дамката може да се отстрани и со 90-процентен алкохол, но препорачливо е ова да се проба на дел од ткаенината кој не се гледа. Ако дамките се од постар датум, прво намачкајте ги со путер, а потоа отстранете го со терпентин.


Пенкало
– од ткаенините овие дамки прво натопете ги со пиво, а потоа тријте ги со вата или со крпче натопено со ацетон. Водете сметка дека ацетонот растворува синтетика, па затоа ако станува збор за синтетичка ткаенина се употребува 90-процентен алкохол.


Сладолед – овие дамки веднаш исперете ги со студена вода, а потоа со топла сапуница. Ако дамката настанала од чоколаден сладолед, најдобро е после чистењето, доколку е возможно да се изврие извалканата ткаенина.


(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 8:54:47   
mami
луѓе мм работи со уље повремено и тогаш сигурно се нафлекува. Е сега, проблемот е што ке забрави да ми каже и јас си ги ставам алиштата во машина и отпосле ке му текне- Еј абе имав уље на кошулата или фармерките..а тоа веќе поминало низ машина..И како отпосле да го извадам?некое трикче моламuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 9:05:50   
vezilka RR
има еден одмрсувач, ми го даде сестра ми, ама луѓе се вади, секакви флеки, од мрсно, застарени ама секакви..е сега проблемот е што не знам на памет како точно се вика, ќе треба вечер кога ќе одам дома да видам па да пишам..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 9:12:51   
mami
леле дај молимте, ке ме спасиш едно чудо

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 14:37:34   
Vavi
user posted image  luge zarem site sami cistite po doma.I jas do skoro se si sreduvav sama,ama sega nemam sansi. Poznavate li nekoja zena za cistenje?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 14:38:59   
caci20
Da ne se vika ARIS jas toj go koristan ekstra e

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 14:45:29   
Еца
Вави, а Јованка не ти прати ПП? Не најде жена?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Чистење во домот
24.12.2009 14:49:06   
ripce
завршив со учење, нема да одиме на факултет некаде до 20 јануари... денес ќе одморам, а од утре здравје, треба да се почнам со чистење, и тоа генералка
user posted image user posted image

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Чистење во домот
25.12.2009 7:46:03   
Vavi
ne, Eca ne mi pomogna.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Чистење во домот
25.12.2009 7:58:02   
Еца
Вави имаш приватна поракаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Vavi)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Чистење во домот
14.10.2010 10:44:17   
Octavia
Читам дека имате позитивни искуства со жени за чистење, па ај малку помош. До сега се сама чистев, ама некако тешко стигнувам, една соба денес, друга после два дена... никако се одеднаш да средам. Сакам да најдам некоја жена која, како што кажувате, СЕ ќе светне, и позади работите, не само околу (како мене user posted image ). И уште нешто, сама ја оставате дома да чисти? Имам другарка чисти заедно со жената (на пр. таа си ги вади алиштата, жената го чисти плакарот, па после сама ги враќа... и така скоро цел ден со неа). Треба да се обезбеди и доручек и ручек или само едното? И ако имате некое бројче (агенција, жена, а сте задоволни, ај PLS по ПП) user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Чистење во домот
17.3.2012 8:47:33   
Luci
Сакам некоај задоволна РР-ка да ми прати бројче од жена што и доаѓала дома за чистење? Више сама не можам а и не сакам. Еден ден имам слободен во неделата и тој да го посветам на чистење не благодарамuser posted image

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Чистење во домот
22.10.2012 11:15:41   
majka na eva
како ја отстранувате прашината од комодите на пример од пластифицираниот медијапан?јас досега бришев со средство за стакло,ама ми кажаа се оштетувал медијапанот така,па не знам што да користам,дали има некое специјално средствоuser posted image а само со сува крпа ништо не излегува.се е прсти-прсти.се фаќа ева за неа и оди,а е црна и се се познаваuser posted image

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Чистење во домот
22.10.2012 11:32:05   
Luci
А да пробаш со влажна крпа и веднаш по неа со сува, сигурно прстите нема да се познаваат повеќе. Инаку таков пластифициран медијапан има и сестра ми дома па само со средство за стакло и го брише. Кој ти кажа дека се оштетува?

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Чистење во домот
22.10.2012 11:55:39   
majka na eva
една тетка на мм.имало посебно средство за медијапан,да не сум бришела со средство за стакло ќе сум ја уништила,тоа ќе почнело да се лупи медијапанот одозгораuser posted image се прави дека се знаеuser posted image

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Чистење во домот
12.7.2013 9:38:37   
JovanaJ
Pa eve i jas konecno resiv deka ke mi treba zena za pomos, navistina nemozam da postignam sama. Iako so mm navistina gi delime rabotite i pomaga epten sepak za po krupnite raboti se nekako se nema vreme.
Ve molam pisete mi broj od nekoja zena koja cistela kaj vas i od oja ste zadovolni, ili mozebi uste podobro od agencija za cistenje.
I me interesira uste nesto, koj obezbeduva hrana za zenata, dali si nosi sama ili moja obvrska ke bide? user posted image Nemam pojma kako odat ovie raboti....

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Чистење во домот
22.12.2013 21:13:03   
bube10
Jas uste koga se zemavme so mm svekrva mi imase zena sto i cistese i mi dade mnogu ubav sovet vo vrska so cistenjeto : ,,za da si bides slobodna vikendi, zemi si ja zenava da ti cisti i onaka frlate pari za glupsti, a vaka barem ke ti bide cisto,, Si razmisliv i razgovarav so mm i bidejki ni e prostorot golem 100 m2 i dvajcata da cistime e mnogu i ke treba da umirame od cistenje resivme da ni doaga zenata i da ni cisti. I eve veke 3 godini pominaa i sum zadovolna i ne se zamaram za cistenje, dva pati vo mesecot mi doaga i sum prezadovolna. Za hrana ne mi prebira jade toa sto ima vo frizider ( pretezno pasteta) Iako si ima napraveno raspored za cistenjeto, se sto ke i kazam mi sreduva (sobira alista, nekogas mi pegla, mi go mete dvorot, cela kujna mi ja cisti...) Ja plakam 1000 den od doaganje i vikendite sum si slobodna user posted image

_____________________________

obidi = 3 godini, 2013= 1 inseminacija = / , 1-vo ivf = neuspesno, 2-ro ivf so zamrznati embrioni = uspesno ; terapija - crinone gel, aspirin, estrofen 2x2, folna, dexamethason, vitamin c, cink, magnezium i kalcium i vitamin D3

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Чистење во домот
22.12.2013 23:52:56   
Defne90 RR
Jas si imam zena sto cel stan mi go svetnuva besplatno.Baba mu na maz mi dodeka da trepnam veke pola rabota ja zavrsila.Hahaha.Jas nemam potreba pak od zena za cistenje mene i majka mi i svekrva mi i baba i mi se blizu.Sestra mi ponekogas koga ke si dojde i taa doaga na pomos i taka si zasteduvam i pari i vreme.Denes bas si go cistev domot.Cel go svetnavme so babickata moja ziva i zdrava da mi bide uste mnogu godini.

(Одговор на членот bube10)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Чистење во домот
22.12.2013 23:55:41   
Defne90 RR
I jas medijapanot si go brisam so sredstvo za staklo a potoa so politura go poliram.Ne se ima osteteno veke pet godini taka go brisam.

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Чистење во домот
23.12.2013 23:37:59   
Defne90 RR
Mene me interesira so sto gi cistite damkite od flomasteri.M vcera se zaigra i celata garnitura lom mi ja napravi sega ne znam so sto da ja iscistam.Pomagajte nekoj sovet.user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Чистење во домот
24.12.2013 8:50:28   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Mene me interesira so sto gi cistite damkite od flomasteri.M vcera se zaigra i celata garnitura lom mi ja napravi sega ne znam so sto da ja iscistam.Pomagajte nekoj sovet.user posted image

Ako garniturata e platnena ke si kupish sredstvo za fleni za garniture,koj I da e prsni,protrij so sungerce I posle nego obavezno so mokra krpa I ke se sredi veruvam,jas so venish cistev fleki vo kola na sedishtata I mi svrshi rabota

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?