Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Информации за остварување на правото за И... 7.12.2013 19:28:33
brm_brm
LoveableMe RR
Ме интересира за ваучер од фзом, кои точно хормони треба и дали треба и скриен шекер, бидејки гледам дека LoveableMe RR има напишано повеке хормони напишано, отколку што се наведени на сајтот на фзом. и исто дали треба 3Д или 4 Д ехо??? вие каде го правевте ехото?
RE: Информации за остварување на правото за И... 9.12.2013 12:40:14
brm_brm
ке испитувам хормони на 3ти ден за ваучер, а добив вчера, недела во 16:30, кој ден да одам да испитувам хормони и кој период од денот, нели најубаво е наутро.А докотрката ја прашав ми рече во среда? и сега не знам кога да одам?
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 11:56:01
LoveableMe RR
Brm brm, најубаво е наутро, а најдоцна денес да испиташ затоа штп утре е 4-ти ден, во Фондот ќе го примат, не пишува таму кој ден е, само за тебе подобро да знаеш како стои состојбата со хормоните, да си направиш прецизна анализа. Позз, па пиши резултати во Хормонална рамнотежа услов за бременост.
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 13:56:19
LoveableMe RR
Да, може да се испита на 4-5 ден, но за ИВФ гинеколозите бараат исклучиво 3-ти ден, за да имаат најдобра слика каква терапија да почнат при ИВФ постапката, затоа за пациентката е подобро да направи на 3-ти ден, а во Фондот може да се однесе и од 4-5 ден, не е проблем, нив им е битен како документ и што покажува, дали има некое отстапување.
Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 14:01:06
kapina
Jas ispituvav na5den sega I moite bea vo red sega mi ostanuvavo February da ispitam antitpo I antitgat. I ogtt test da napravam oti imav spontan abortus I oti sum hipotireoticna denes bas mi kaza endokrinologot oti obavezno moram da gi napravam ovie ispituvanja ako nema reagensi za antitpo I antitg na endokrinologija ke me isprati na patofiza kako pacient so prioritet
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 18:29:19
brm_brm
1. одам утре да испитувам сабајле рано, бидејки дури сега ми почнува треиот ден, се надевам ке бидат ок. 2.а исто ме интерсира до сега микробрисеви и пап ми носеа од кај матичната на гак, но резултати чекав повеке од 1 месец, ме интерсира јас лично да ги однесам, но каде точно и до колку часот примаат материјал???на 10-11 ден ми се паѓа да ми земаат брис, се надевам дека е ок? 3. каде се наоѓа фзом кај мајка тереза, сакам да си прашам лично некои работи, бидејки спермограмот е слаб, дали има потреба да ги правам сите 4 инсеминации(ми фали уште една)?
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 18:31:05
brm_brm
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
Jas ispituvav na5den sega I moite bea vo red sega mi ostanuvavo February da ispitam antitpo I antitgat. I ogtt test da napravam oti imav spontan abortus I oti sum hipotireoticna denes bas mi kaza endokrinologot oti obavezno moram da gi napravam ovie ispituvanja ako nema reagensi za antitpo I antitg na endokrinologija ke me isprati na patofiza kako pacient so prioritet
а какви се овие испитувања што ги пишуваш, имнунолошки ли се?
RE: Информации за остварување на правото за И... 10.12.2013 21:25:02
kapina
Ne tieispituvanje se za tie kako mene sto imat namalena funkcija na stitnata zlezda potocno za hipotireoticni dali boleduvat od hashimotov sidrom
Brm brm ne rizikuvaj napravi si gicetirite inseminaci kaj nas so preporaka od eden od komisijata ni pobaraa uste dve inseminaci
Plus toa jas sum so athezii na desniot jajnik od slepoto crevo leviot jajnik e slabo funkcionira. A Imam I namalena funkcija na stitnata zlezda mm ima koncentracija odsamo eden milion a pod5milioni se smetat za neplodni I samo25posto brzo podvizni. I pak morase da praveme dve inseminaci plus
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 10.12.2013 22:01:57 >
RE: Информации за остварување на правото за И... 11.12.2013 10:29:52
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm
1. одам утре да испитувам сабајле рано, бидејки дури сега ми почнува треиот ден, се надевам ке бидат ок. 2.а исто ме интерсира до сега микробрисеви и пап ми носеа од кај матичната на гак, но резултати чекав повеке од 1 месец, ме интерсира јас лично да ги однесам, но каде точно и до колку часот примаат материјал???на 10-11 ден ми се паѓа да ми земаат брис, се надевам дека е ок? 3. каде се наоѓа фзом кај мајка тереза, сакам да си прашам лично некои работи, бидејки спермограмот е слаб, дали има потреба да ги правам сите 4 инсеминации(ми фали уште една)?
брм_брм, микробрисеви се носат и на Микробиологија, можеш сама да ги однесеш, за 1 недела би требало да се готови, а на Инсититутот за јавно здравје за неколку дена се готови. Материјал сите примаат обично до 11.30-12.00 часот.
ФЗО се наоѓа позади споменикот на Мајка тереза, се врти лево во еден пролаз и ќе го најдеш, најубаво отиди и прашај си за твојата ситуација, па ќе ти кажат дали треба или не треба уште една инсеминација.
Позз, извести не
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 12.12.2013 16:13:16
Karma
Здраво идни мамички, иако не пишувам редовно Ве читкам редовно секако поради работните обврски и пред нова година сегде е гужва. да ја споделам оваа вест и со вас, денес се јавив во фондот и ме известија дека во вторникот одлучиле позитивно за нашиот случај јеееее (поднесовме на 22.11) Ваучерот ми е испратен по пошта...Ајде стискам палци за сите вас кои чекате позитивни резултати... Ајде стискам палци и за позитивни резултати на форумот Вештачко оплодување... Ве гушкам сите...храбо напред..и се читкаме понатаму...
RE: Информации за остварување на правото за И... 12.12.2013 16:17:56
Karma
brm_brm јас за ПАП се одлучив да го направам приватно и ме чинеше 1000 денари во интерес да не чекам еден месец и повеќе за резултат.Ми го однесоаа од ординацијата на мојот гинеколог додека за брисевите на микробиологија си ги однесов сама и ги чекав два дена во Институтот за јавно здравје таму ме препратија од Микробиологија бидејќи и испитував за хепатит ми земаа околу 450 денари.( институтот ти се наоѓа веднаш до задниот излез од Клиника, после Микробиологија).
RE: Информации за остварување на правото за И... 12.12.2013 19:30:47
brm_brm
благодарам, така и планирам, јас да си ги однесам за брисеви и пап, бидејки ке испитувам и хепатит и хив, се надевам дека до 12:30 ке стигнам во институт за јавно здравје, до колку примаат материјал?
RE: Информации за остварување на правото за И... 13.12.2013 10:18:28
Karma
незнам точно до колку примаат, јас кога бев имаше многу гужва и ми ги примија во 10 часот иако бев отидена рано. сметам дека нема да те вратат бидејќи ги имаш веќе материјалите и да не те малтретираат...мој впечаток е дека се подобруваат јавните здравствени услуги за наша среќа со среќа и без нервози...
RE: Информации за остварување на правото за И... 16.12.2013 11:24:07
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: simon4e
Здраво до сите !!! Јас сум нова овде, ве молам помогнете кажете како се оди на инвитро оплодување, каде прават преку фонд и кој испитувања треба да ги правам. поздрави
Simon4e што точно те интересира пиши, ќе ти одговориме сите што знаеме. Позз добредојде и се надевам ќе се дружиме.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 25.12.2013 12:33:53
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Karma
Каде можам да видам што точно која терапија ми ја покрива фондот? знам дека 3 фоликометрии и хормони тестирања ми следат истотака 3 ама за терапијата не најдов...Благодарам однапред...
Карма, оди на сајтот на Фондот за здравство, кликни десно има слика со бебе и пишува Ин-витро постапка и документација, потоа кликни и таму најди Информации и обрасци за биомедицинско потпомогнато оплодување . Потоа кликни на тоа и следна опција што треба да ја избереш е Обрасци за осигурени лица за ин витро постапка. На крај, избери го Образец 2 ПРОТОKOЛ за завршени здравствените услуги кои паѓаат на товар на средствата на Фондот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Таму пишува во табелата што точно ти следи од Фондот. Испечати си го и прати како ќе тече постапката, да проверуваш колку инекции и како ти дадле и да си брoиш, иако сестрите во Систина на шемата ти пишуваат се, ама сепак за твоја информација, прорачунај си и ти. Позз
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 25.12.2013 12:34:57 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 25.12.2013 20:05:57
brm_brm
ве молам за одговор, какво ехо треба за документи за ваучер за фондот? ехо како слика, или доволен е извештај од докторот.мене матичнта така ми рече доволен ти е само извештајот што ке ти го напишам???
RE: Информации за остварување на правото за И... 25.12.2013 20:56:00
brm_brm
јас имам само уредно ХСГ, И ПИШАН ИЗВЕШТАЈ ОД МАТИЧНАТА ДЕКА Е МАТКА И ЈАЈНИЦИ СО УРЕДЕН НАОД, ЗАТОА ПРАШУВАМ, КАКВО ТРЕБА ДА БИДЕ ТОА ЕХО, ДАЛИ СО СЛИКА, ИЛИ???
RE: Информации за остварување на правото за И... 25.12.2013 21:43:59
nataly86
брм брм замолија матичната да ти направи и слика мислам дека треба, јас во јули ги праќав документите и имав и слика од ехото и за две недели ми одобрија