|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 16:43:08   
mami2
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Мами2, извини но јас грешката не ја гледам кај учителките туку кај родителите.
Велиш дека твоето најмило има целијакија. Зошто тогаш не го запиша во приватна градинка?
Велиш дека учителките на прво видување ти побарале материјали да се едуцираат за состојбата на детето. Зошто си им однела поклон?
Нели тоа им е работа? Зошто по секоја цена си го однела во градинка, па и тоа државна? Сигурна сум дека тоа е мало и дека може да помине една година дома со жена колку да зајакне и да стане свесно за својата состојба, па отом потом. Зошто правиш се за да оди во градинка, а потоа го двоиш од другите деца?
Јас тука гледам само двоење на децата, ништо повеќе. Што си постигнала? Зошто ви е мило да дадете кога не треба? Ако требало да давате, тогаш не требало во државна градинка да го запишувате. Давајте на право место, во правилни околности и од правилни причини.

Моето дете одеше во градинка две години пред да се открие, ја откривме болеста девет месеци пред поаѓање во школо. Илузорно беше тогаш да го префрлам во приватна градинка, а не сакав дома да остане пред поаѓање во школо. Жена за чување имам, од кога појдов на работа па се до сега, ама сега само ги зема од градинка. Кога им ја образложив новата состојба на учителките за нив тоа не беше проблем, сакаа само да дознаат што повеќе за болеста. Направија се што можеа иако јас не очекував. И за овие три години никогаш не сум им однела подарок, освен симболичен цвет, или нешто слично за 8 Март. Нема поткуп за нешто да направат, крај на година е. Веројатно имаш мало дете па просудуваш како на нероден Петко. Не знам како сфати дека сум давала за да го гледааат и да биде издвоен. Давањето е од срце и пак сакам да биде тоа нешто симболично. Ниту тие побогати, ниту јас посиромашна за ситни пари, а мене ми значи за се што правеа детето да остане во средината што ја познава и што му одговара.

инаку точно е дека постои Закон за инклузија на деца со посебни потреби па макар и со прехранбени, ама сетете се на Ребека како помина, ја имаше во јавност. Не е до регулативата, до луѓето е како ќе ја сфатат работата. А и едните и другите воспитувачи иста плата земаат.

< Поракaта ја уредил mami2 -- 31.5.2013 16:52:09 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 16:50:38   
Viktori
наставничката може да вметнува што сака во нејзината глава.

Не дај боже да вметне нешто во на мое дете главата, па уште да дознаам јас, моментално, значи моментално ќе заврши прво кај директорот, во општина, во инспекторат, во биро за развој на образование и на крај кај Правобранител.

Пошто првите набројани ќе се прават мутави, затоа што сите нови наставници и учителки се вработени со врски во некоја од институциите, последниот ќе ги поттикне сите по службена должност. Таква чекам, да ми го пополни одморов...

< Поракaта ја уредил Viktori -- 31.5.2013 16:52:21 >

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 16:52:16   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Мами2, извини но јас грешката не ја гледам кај учителките туку кај родителите.
Велиш дека твоето најмило има целијакија. Зошто тогаш не го запиша во приватна градинка?
Велиш дека учителките на прво видување ти побарале материјали да се едуцираат за состојбата на детето. Зошто си им однела поклон?
Нели тоа им е работа? Зошто по секоја цена си го однела во градинка, па и тоа државна? Сигурна сум дека тоа е мало и дека може да помине една година дома со жена колку да зајакне и да стане свесно за својата состојба, па отом потом. Зошто правиш се за да оди во градинка, а потоа го двоиш од другите деца?
Јас тука гледам само двоење на децата, ништо повеќе. Што си постигнала? Зошто ви е мило да дадете кога не треба? Ако требало да давате, тогаш не требало во државна градинка да го запишувате. Давајте на право место, во правилни околности и од правилни причини.

Моето дете одеше во градинка две години пред да се открие, ја откривме болеста девет месеци пред поаѓање во школо. Илузорно беше тогаш да го префрлам во приватна градинка, а не сакав дома да остане пред поаѓање во школо. Жена за чување имам, од кога појдов на работа па се до сега, ама сега само ги зема од градинка. Кога им ја образложив новата состојба на учителките за нив тоа не беше проблем, сакаа само да дознаат што повеќе за болеста. Направија се што можеа иако јас не очекував. И за овие три години никогаш не сум им однела подарок, освен симболичен цвет, или нешто слично за 8 Март. Нема поткуп за нешто да направат, крај на година е. Веројатно имаш мало дете па просудуваш како на нероден Петко. Не знам како сфати дека сум давала за да го гледааат и да биде издвоен. Давањето е од срце и пак сакам да биде тоа нешто симболично. Ниту тие побогати, ниту јас посиромашна за ситни пари, а мене ми значи за се што правеа детето да остане во средината што ја познава и што му одговара.

Па мами ако толку многу сакаш да им дадеш нешто да им искажеш благодарност (иако јас не сум за давање подароци, ама ако ти си замислила дека треба, веројатно ќе ти остане „шубе“ ако не го направиш тоа) ете можеш некаков брош да им поколониш, тоа мислам е симболичен, не толку инитимен и не е подарок за дома, т.е. како за на свадба

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 16:56:54   
vezilka RR
"Podaruvanjeto kako blagodarnost" nasite roditeli go naucile od nivnite, nie od nasite i ako ne prestaneme so toa i nasite deca ke naucat od nas. Tie toa go gledaat kako model na odnesuvanje. I tocno e deka e uzasno tesko da se boris sam protiv sistemot, tesko e da se boris protiv sistemot duri i ako ne si sam. Treba da si spremen na razni pritisoci i vrz sebe i vrz deteto. I site koi probale da se borat protiv sistemot doagaat do moment koga se prasuvaat dali mozebi nemase da bide podobro i jas da navednam glava, dali imam pravo da mu go pravam ova na svoeto dete. Jas mislam deka iako e tesko, mu prenesuvame dobra poraka na deteto. Odnosno deka treba da se trudi da go smeni sistemot sekogas koga ke vidi deka ne stima.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 17:01:35   
Pepelaska *
mami2, јас сосема ја разбирам твојата желба да им подариш нешто затоа што во ова време веројатно да биле некои други ете да речам ќе ти кажеле не можеме да се грижиме за такво дете , ова она.Ја разбирам твојата благодарност кон нив,и твојот страв како родител од она што би можело да биде да ете не се погоделе такви.
А тие се потрудиле за се, се информирале за болеста, верувам и дека твоето дете не се осетило издвоено и ред други работи.
Само има едно нешто кое најчето го забораваме. Тоа нив им е РАБОТА.За тоа учеле,се образувале, и веројатно сите знаат дека таа е една од најхуманите професии на светот.И терба да знаат дека сите деца не се исти.
И јас сум невработена учителка и најискрено кога би работела и би ми носеле подароци и слично за мене тоа би било НАВРЕДА.
Но секој си знае за себе.

И најголем подарок за мене би била благодарноста и убавите зборови кои ќе се слушаат со години.

< Поракaта ја уредил Pepelaska * -- 31.5.2013 17:10:47 >

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 17:40:12   
Ikana
Тоа што му кројам капа на нероден Петко, е производ на тоа што немав доволно информации колкаво е детенцето, дали оди во школо или градинка итн....не се правам паметна, туку донесов заклучок од понудените информации. И воопшто не ми е погрешен заклучокот, ако сакаш лути се, сакаш не, таа е реалноста.
Немав намера да те навредам, знам како е да се прави нешто екстра секој ден со детенцето, иако ниедно друго дете не мора да го прави тоа, до вчера и ние бевме така - од друг аспект само.

Виктори, и јас едвај чекам некоја таква да проба да и кажува на ќерка ми што е и како е, па да види кое дошло прво, јајцето или кокошката.

< Поракaта ја уредил Ikana -- 31.5.2013 17:44:51 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 17:43:17   
Maca25
Izleguvam so N. sega od gradinka i jas srekavame nejzinata negovatelka od jasli i kerka mi se strca nakak nea, se.izguskaa i kazasto pravela denea vo gradinka i zenava mi se svrte i mi rece: poubav podarok za edna ucitelka e ova, decata da te pamtat i i sakaat posle 2 godini. E toa e prava ucitelka

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 18:06:44   
Octavia

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

наставничката може да вметнува што сака во нејзината глава.

Не дај боже да вметне нешто во на мое дете главата, па уште да дознаам јас, моментално, значи моментално ќе заврши прво кај директорот, во општина, во инспекторат, во биро за развој на образование и на крај кај Правобранител.

Пошто првите набројани ќе се прават мутави, затоа што сите нови наставници и учителки се вработени со врски во некоја од институциите, последниот ќе ги поттикне сите по службена должност. Таква чекам, да ми го пополни одморов...

Виктори, со сета почит, ама верувај дека не сакаш да се најдеш во таква ситуација. Не заради себе, заради детето. Јас кога тргнав да истерувам правдина тргнав заради искрената верба дека едноставно никој не смее да се однесува недостојно и непрофесионално, што и да работи, а да не зборуваме ако работи со деца кои се секако најранливи пред такви авторитети. Затоа што за моето дете неговата наставничка, каква и да е, беше авторитет. И мојот конфликт со неа за детето беше стрес. Јас не отстапив затоа што точно ги знам и правилата и законите и точно знам што треба да прави еден наставник и како смее, а како не смее да се однесува, ама... Не можеш да замислиш какво е чувството да се бориш против ветерници, знаеш дека си во право, а гледаш дека секој што може те игнорира, затоа што никој не сака со никого да се замери (ставот „децата доаѓаат и си одат, а ние треба да си останеме колеги“ во нашиве училишта е главното мото), а оние кои по службена должност мора да те слушнат ти даваат совети како да се помириш со тоа... И верувај, има мигови кога се ќе ти биде преку глава и ќе си речеш „Паметни се полтрониве, точно знаат што прават“. И дури ќе си речеш (не ти, де, било кој) Ако принтерот (да кажеме) му го купи мирот на моето дете, може требаше да го дадам јас... Затоа што знаете што е по основниве откако се смени финансирањето?! Овој родител купил бела табла (Да, ТАБЛА!) за во училницата, друг родител ги пратил од својата фирма да ја искречат, трет родител донел мајстори бетонирале во школски двор... да не редам... И да, од тоа имаат бенефит сите, ама секако нивните деца се поинаку третирани и од наставничките и од училиштето воопшто. Сега освен подароци за учителките во игра се и подароци за училиштето кои за чудо најчесто ги даваат фирми на родители или родители чии деца учат во тоа училиште...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 18:29:43   
Viktori
Се предомислив :)) ќе ти пратам пп :)

< Поракaта ја уредил Viktori -- 31.5.2013 18:41:00 >

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 18:37:46   
mami2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Тоа што му кројам капа на нероден Петко, е производ на тоа што немав доволно информации колкаво е детенцето, дали оди во школо или градинка итн....не се правам паметна, туку донесов заклучок од понудените информации. И воопшто не ми е погрешен заклучокот, ако сакаш лути се, сакаш не, таа е реалноста.
Немав намера да те навредам, знам како е да се прави нешто екстра секој ден со детенцето, иако ниедно друго дете не мора да го прави тоа, до вчера и ние бевме така - од друг аспект само.

не сум навредена, ниту се лутам, само во мојот прв пост објаснив дека сакам да им подарам нешто на учителките на средбата за збогување, веројатно не си го видела, денес беше турбулентно на рр.

Единствен совет/идеја добив од Сноувајт, фала.
Инаку сме носеле и рачно изработени честитки, ги фалам насекаде и им кажувам и во лице на учителките. Ова е друго, радоста на подарувањето е во прашање.

Октавија, ме уплаши со ова во училиштава, ќе треба мм летово да се обучи за градежништво како што стојат работиве.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 23:12:46   
bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR

Затоа што знаете што е по основниве откако се смени финансирањето?! Овој родител купил бела табла (Да, ТАБЛА!) за во училницата, друг родител ги пратил од својата фирма да ја искречат, трет родител донел мајстори бетонирале во школски двор... да не редам... И да, од тоа имаат бенефит сите, ама секако нивните деца се поинаку третирани и од наставничките и од училиштето воопшто. Сега освен подароци за учителките во игра се и подароци за училиштето кои за чудо најчесто ги даваат фирми на родители или родители чии деца учат во тоа училиште...

Octavia RR, i mene me isplasi so muabetov!
Do tolku li e dojdena rabotava vo site ucilista ili vo nekoe posebno?user posted image

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Подароци за учителките
31.5.2013 23:29:44   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

Ова од секогаш постоело и ке постои..Дури и мислам дека митото порано било поактуелно од сега..Јас се секавам во основно дека на едно дете од мое одделение таткому "донираше" нови клупи и столчиња во уличиштето ( имаше таква фирма ) или па наставникот по ОТП бараше од мајками да му најде некоја зиппо запалка ,што не се гаси на силен ветер ( ловџија бил) ..Во средно имавме професорка апла МИТо и ја викаа...Кај сите одеше дома им продаваше црвен пипер или производи од РСИ,па една друга професорка и пукна филм и на сред час кажа кој се платил кај онаа истата за врски,за двојки кај некои други професори..Или пак еден другар во средно,таткому работеше во една позната винарија и на секој патронен празник мораше да донира вино..Ова од секогаш постоело не е нешто ново ,но сепак не мооже да се споредува со ситни подароци,дадени во знак на благодарност и тоа на завршеток на наставата. Да даваш на почеток,можеби значи поткуп,но јас дадов на крај, симболичен подарок во знак на благодарност за се што добро го одработија. Ете многумина од вас се имаат пожалено дека децата биле малтретирани,епа бог да чува во нашта градинка нема такви случки,можеби дека е нова- незнам.. Целта на муабетот ми е,дека постои разлика помеѓу подароче ( цвет или слично ) во знак на благодарност за празник на кој сите носат и за ден кога сите носат,сепак е завршеток И големи крупни подароци ( точак-user posted image и слично )

< Поракaта ја уредил miana -- 31.5.2013 23:32:42 >

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Подароци за учителките
1.6.2013 0:08:08   
Snowhite RR
Епа миана дај кажи што им подари на учителките не не' држи во неизвесностuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Подароци за учителките
1.6.2013 11:05:20   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR

Затоа што знаете што е по основниве откако се смени финансирањето?! Овој родител купил бела табла (Да, ТАБЛА!) за во училницата, друг родител ги пратил од својата фирма да ја искречат, трет родител донел мајстори бетонирале во школски двор... да не редам... И да, од тоа имаат бенефит сите, ама секако нивните деца се поинаку третирани и од наставничките и од училиштето воопшто. Сега освен подароци за учителките во игра се и подароци за училиштето кои за чудо најчесто ги даваат фирми на родители или родители чии деца учат во тоа училиште...

Octavia RR, i mene me isplasi so muabetov!
Do tolku li e dojdena rabotava vo site ucilista ili vo nekoe posebno?user posted image

Ова од секогаш постоело и ке постои..Дури и мислам дека митото порано било поактуелно од сега..Јас се секавам во основно дека на едно дете од мое одделение таткому "донираше" нови клупи и столчиња во уличиштето ( имаше таква фирма ) или па наставникот по ОТП бараше од мајками да му најде некоја зиппо запалка ,што не се гаси на силен ветер ( ловџија бил) ..Во средно имавме професорка апла МИТо и ја викаа...Кај сите одеше дома им продаваше црвен пипер или производи од РСИ,па една друга професорка и пукна филм и на сред час кажа кој се платил кај онаа истата за врски,за двојки кај некои други професори..Или пак еден другар во средно,таткому работеше во една позната винарија и на секој патронен празник мораше да донира вино..Ова од секогаш постоело не е нешто ново ,но сепак не мооже да се споредува со ситни подароци,дадени во знак на благодарност и тоа на завршеток на наставата. Да даваш на почеток,можеби значи поткуп,но јас дадов на крај, симболичен подарок во знак на благодарност за се што добро го одработија. Ете многумина од вас се имаат пожалено дека децата биле малтретирани,епа бог да чува во нашта градинка нема такви случки,можеби дека е нова- незнам.. Целта на муабетот ми е,дека постои разлика помеѓу подароче ( цвет или слично ) во знак на благодарност за празник на кој сите носат и за ден кога сите носат,сепак е завршеток И големи крупни подароци ( точак-user posted image и слично )

samo sto ne treba da postoi, a sekako postojat poinakvi nacini da bidat reseni problemite na ucilistata i gradinkite i nikoj da ne znae koj doniral pa da ne se protezira niedno dete
no izgleda mito i korupcija ni e vo genetski kod zapisano pa zatoa ne se borime i ne sakame da se borime protiv ona sto ocigledno na site pomalku ili poveke ni preci
a i podaroce e rastegliv poim, za mene na primer 15 evra ne se podaroce tuku vistinski podarok, poprilicno golem, ni malku simbolicen, a za nekoj vo mk koj zema 10 000 plata i izdrzuva 4 cleno semejstvo podaroce od 15 evra znaci luksuz i uskratuvanje od osnovni potrebi za semejstvoto

e sega vladava makedonska prepisala od nekade deka finansiranjeto na ucilistata ke go prefrli na grb na roditelite, no zaboravila da doprepise deka toa ke se pravi preku roditelskiot sovet vo koj ke imaat pravo da clenuvaat site roditeli i vo odlucuvanjeto ke ucestvuvaat ramnopravno site, donaciite sekako ke bidat razlicni spored moznostite na roditelite no pred nastavnicite i ucilisteto tie ke bidat anonimni za da se izbegne izdvojuvanje pomegu decata
dodusa moze i doprepisala ne sum upatena. arno ama upravite na ucilistata koi bi trebalo da gi nasocat roditelite sto i kako da pravat ne si ja vrsat rabotata ko sto treba pak od licna korist so cel da se ogrebat od ovie sto davaat i so davanjeto mislat deka ke kupat vnimanie
znaci djabe zakoni ako nema jasni odredbi kako ke se sproveduvaat i ako nikoj ponatamu ne se grizi dali nesto se sproveduva onaka kako sto treba
i se dodeka nie se tesime deka nesto sekogas go imalo i ke go ima nisto i nema da se smeni

a za pocetok sekoj moze da si go preispita podaroceto sto go dava, dali navistina e podaroce, dali e zasluzeno, dali navistina treba da se dava i dali mozebi i bez toa moze da se pomine

< Поракaта ја уредил niki -- 1.6.2013 11:11:14 >

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Подароци за учителките
1.6.2013 12:45:16   
Bethany
Се сеќавам кај нас во основно беше организирано така да секое дете даде нешто симболично пари (да речеме сега од 30-50 ден пример) и собиравме заедно и одевме заедно да и купиме на учителката цвеќе и плус нешто ако остане пари, обично тоа беше некој парфем или украс. Не се ни сеќавам што купувавме, избиравме нешто по нашиот дечји вкус. Ама многу се радувавме сите кога можевме тоа заедно да и го дадеме за 8 март. После исто собиравме кога се збогувавме со неа.
Ако некој сака да подари некому нешто од благодарност на учителката пример, мене ми е тоа убаво, ќе се сеќава и на убав збор и на прегратка, ама времето ги брише многу работи. Спомен останува тука како нешто видливо да потсети после многу, многу години дека имаше позитивно влијание во нечији живот. А влијание на учителот е многу битен во развојот на личноста, може да биде и позитивен, може и негативен за жал. Ама би било убаво кога самото дете би учествувало во тоа, пример да даде предлог, да направи и оно нешто. На тој начин тоа и на него влијае позитивно и се учи да биде дарежлив и да се радува кога дарува.

Можеби и тогаш беа некои доминантни родители кои ја частеа учителката од својата приватна продавница, ама мислам дека ние другите не се чувствувавме нешто многу запоставено. Додуша ученичката од таков родител можеби беше малку повеќе важна нели, ама па она не е крива ако нејзина мајка така одлучила да прави.
Дарежливоста е доблест, само во денешното време тоа е злоупотреба и повеќето гледат преку материјални работи, што можеш да ми дадаш, па да ти возвратам на услугата. Така иде тоа кај нас. И многу се должи на нашиот менталитетот.

Син ми не оди во градинка, не знам утре во школо како ќе биде, ама убаво ми е кога заедно нешто ќе се организираат и заедно да измислат нешто. Е сега, тука може да дојде да некое дете нема ни 10 денари, е тука би требало некој друг родителот да прискочи во помош и да ги подучи другите деца дека не е срам ако некој нема, затоа некој друг може да даде за него и сл.
Ама за сето ова треба слога, која порано повеќе ја имаше, денес секој си гледа само на себе и на свој интерес.
Наместо да гледаме друг да се промени, може секој да си тргне од себеси и да донесува промени кои сака да ги види. Можеби а и не мора другите да го следат, позитивното влијание ќе има во секој случај, бил видлив или невидлив во моментот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Подароци за учителките
1.6.2013 20:53:43   
Octavia

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR

Затоа што знаете што е по основниве откако се смени финансирањето?! Овој родител купил бела табла (Да, ТАБЛА!) за во училницата, друг родител ги пратил од својата фирма да ја искречат, трет родител донел мајстори бетонирале во школски двор... да не редам... И да, од тоа имаат бенефит сите, ама секако нивните деца се поинаку третирани и од наставничките и од училиштето воопшто. Сега освен подароци за учителките во игра се и подароци за училиштето кои за чудо најчесто ги даваат фирми на родители или родители чии деца учат во тоа училиште...

Octavia RR, i mene me isplasi so muabetov!
Do tolku li e dojdena rabotava vo site ucilista ili vo nekoe posebno?user posted image

Не до таму, и бетер е, за жал. И јас се согласувам со Ники дека донациите треба да се анонимни, барем за наставниците, ама не само што не се, туку се оди и во една гротескна крајност, па на родител кој донирал му се прави приредба, во знак на благодарност. Што да кажам повеќе? Како на Тито на времето, овој во публика, а ученичиња од бината уште да почнат да му се колнат на верностuser posted image . Дали некој може после вакво улизување воопшто да верува дека неговото дете таму е исто третирано како моето или било чие туѓо? Уште од првиот миг во прво одделение наставниците скенираат кој родител што и каде работи, па се рангира дали може да и помогне на наставничката, на одделението или на училиштето. И отворено ќе ви кажат на родителска-кој што може-тоа нека донесе, се е помош. Нормално колку повеќе се покажете-толку подобро и -покорисно. Едно чудо небулози и повраќаници се изнагледав, а допрва почнуваме, што се вели. Не знам дали секаде е така, не знам дали е толку изразено, ама за мене најсоодветен збор за ова што се случува е за срамота.

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 16:19:28   
Mihaela 2010
Zenski sto ke pravite za Nova godina??? ke spremate po nekoe poklonce za ucitelkite??
Ja se mislam se uste..ednata ucitelka i e na bolovanje neznam ni koga se vrakja,imaat druga na zamena,a neguvatelkata si e tuka,taka da kje vidam moze nesto simbolicno ili pak po nekoja cestitka izrabotena od nas,so pomos na malite prsti na kerka mi
'

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 21:49:21   
Felly RR
За подарок воопшто не ни помислував, а рачно изработена честитка мислам дека многу убава идеја. И онака ќе им даваме честитка, па и јас сакав да изработиме некоја интересна заедно со М, наместо да купуваме. Барем вака ќе биде уникатна.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 22:08:43   
mommy_angels RR
Чекајте,чекајте,јас овде како од Марс падната,а вие им давате подароци или честитки на учителките за Нова Година ??? Ај поучете ме ве молам.Ова навистина?
Да не бидам само јас таа што нема да однесе ништо user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 22:37:51   
Felly RR
Мами па честитка за Нова година праќаме на сите и на дечињата и на учителките. Зошто ти е тоа чудно? АЈ за поклон, како што пишав не ни помислувам, и нема потреба, ама честитка мислам дека е баш убаво да се даде. Јас сакам дури на ланските учителки да им дадеме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 23:00:18   
mommy_angels RR
Фели јас сум ти новогодишен фанатик,ама навистина си прашав оти не знам како одат тие работи.Блиските сите ми се пораснати од поодамна ,па не си знам како постапуваат денес во градинките.Ако ме прашуваш мене јас би пратила честитки до сите деца во градинката,а не само за нашата група user posted image .Од трите негователки на ќерка ми двете ептен си ги сакам,а третата иако не ми е по ќеиф,ја почитувам и ако дечињата навистина им даваат честитки ,тоа со задоволсто би го направила.А подарок нормално дека не,мислам дека не е соодветствено user posted image .
Ама сега кога ќе подразмислам и да им даваат другите и да не даваат,јас ќе си земам три и ќе им ги даде А.Убаво некако ми изгледа,а гледате ни на крај памет не ми дојде дека може тоа да се направи.Сега ме потсетивте дека и јас им купував честитки на моите учителки за секоја Нова година user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Подароци за учителките
21.12.2013 23:04:15   
Felly RR
А јас пак сега се сетив дека и М доби лани честитка од учителките, заедничка, рачно изработена беше и таа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Подароци за учителките
26.2.2014 8:28:47   
mommy_angels RR
Се ближи 8ми март и јас веќе почнав да си размислувам на темава user posted image Си маме три учителки и би сакала по нешто да им подариме, ама што???? Прва година ми е и немам поим.Ајде мајки со повеќе искуство,давајте по некоја идеја user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Подароци за учителките
26.2.2014 10:38:54   
AnnaMolly RR
Јас преклани и лани исти подароци купив, затоа што различни учителки имаше. Исто и кај нас се три.
Купив 3 убави шољи за кафе, ги наполнив со бајадери и ги завиткав во целофан, а внатре ставив и честитка од филип изработена.
Годинава му се истите од лани и не оди пак исто да им купам, па би сакала и јас некоја идеја.
Значи цвеќе не сакам да купувам, тоа ми е безвезе.
Давајте идеи, само малку со услул зашто се три, не планирам да трошам многу пари.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Подароци за учителките
26.2.2014 10:46:13   
LoveableMe RR
Не се искорени ова бре, уште кога бевме деца и еве продолжува...а тие з'гнати, едвај чекаат да добијат нешто за подароче, њ, њ, њ,......ееех моја чудесна Македонијаuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?