|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Во продавница со дете !!!
1.4.2014 21:54:22   
mommy_angels RR
Инспирирана од мојата денешна авантура,ве прашувам драги мои жени-Како се однесуваат вашите деца во продавница?
Со целиот памет трганавме со мм да испазариме за роденденот на А,ама и таа со нас user posted image
Значи детево мое сакаше да се качува по рафтови,по фрижидери,да дупчи со прсти цени,да крева цели пакети сокови итн итн И на секое наше НЕ ,таа вриштеше и плачеше со цел глас user posted image Што и бидна незнам,ама истото ни го направи пред некој ден и во Џамбо-то.А замислете денес учителката ми ја испофали како била многу послушна во последно време,умна и мирнаuser posted image
Којзнае дали купив се што ми требаше,ама накако се си мислам дека оваа ,фаза ли е ,што ли е user posted image дури не помине,ќерка ми ќе оди само по игротеки и паркови,некаде каде нема штети да направи и мајка и да се срами.Не излуди сосема и мене и мм и сега прво да голтнам кафе,да смирам живци и да се фаќам за работа
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Во продавница со дете !!!
1.4.2014 22:38:20   
Палешка РР
Мојата ќерка се однесува како да е референт по набавки user posted image Влегува во маркет зема корпа и прво што зема е сок со цевче, го пие и почнува: од рафт на рафт си зема се што ќе и фати окото и си става во корпа. И + става тешки работи и ем неможи да ја поткрени корпата, ем не ја дава. Се` знае кај стои и на се мисли...најмногу на бато...на секое одење сака Rexona да му купи и паста за заби user posted image
И на каса знаат дека обавезно празно сокче ќе платиме user posted image
Се на се напорно ми е со неа и гледам да не ја носам оти не можам да се разберам, многу е упорна и се расправа со мене user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 1.4.2014 22:39:59 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Во продавница со дете !!!
2.4.2014 1:20:47   
Defne90 RR
И ние богами не сме нешто подобри кога одиме во продавница со син ми.И тој секогаш ја зема корпата со намера да ја носи,демек да помогнел и секако првото нешто што секогаш го зема од рафтовите се играчки.Оние што се малите железни количиња,значи дома не знам колку многу имаме,цела колекција.И после ќе почне да зема што ќе стигне и тоа се фаќа за работи што тој воопшто и не ги јаде.Или пак работи што навистина не ни требаат ама не можам никако да се разберам со него,ако не му дозволам да го земе она што го замислил можно е и да легне да земја и да почне да се тркала и да плаче.И затоа во последно време и јас гледам да одам сама во продавница па на тој начин да си заштедам и време и нерви и пари.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Во продавница со дете !!!
3.4.2014 23:40:27   
elenak
Еј па не знам има ли дете што се однесува примерно во продавница? Јас вчера излегов со мајка ми во град, требаше да купам поклон за роденден и се пишманив сто пати што ја земавме Ј, ме збудале скроз. Кај јас неодлучна што да одберам таа низ продавницата ршум прави, мајка ми де по неа оди де мене ми помага во изборот, и неа ја збудалевме.user posted image Сите играчки што и се најдоа на дофат ги проба и на крај едвај ја извлеков надвор.user posted image А и во маркет е исто, влече од рафтови се што ќе и фати око. Единствено спас ни е што во еден маркет има количка за пазарење со количка за неа од напред, онаква пластична со волан, па ако е слободна таа раат сме, ужива внатре и не се омета во пазарење.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Во продавница со дете !!!
4.4.2014 0:07:38   
vezilka RR
Јас Никола дури сега почнав понекогаш да го пуштам така да шета низ продавницз а да не е во количката за пазарење. Ама на пример во Џамбо се уште не сум си дозволила тоа да го пробам оти хихи не сум сигурна дали ќе преживееме. Обично кога одиме во продавница каде ќе треба да оди низ неа, а не е во количка, однапред му кажувам што ни треба и демек тој да памти и да го бара тоа за да биде зафатен, и секогаш му дозволувам да си одбере едно нешто за него. До сега не ни се има случено да вришти по нешто, ама да почне да плаче да. љубопитни затоа сакаат се да фатат во продавница, замислете коѓку предизцикувачки за нив изгледаат тие полни огромни рафтови со се и сешто. Јас не очекувам да биде сосема мирен ама и не би сакала да ме доведе до ситуација кога би ме усрамил. Многу му зборувам за тоа што не е убаво да прави во продацница, со еден збор, не се понаша ко ворасен оти не е, но излегуваме на крај со него, хихи не не довел до хистерија, сеуште user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Во продавница со дете !!!
4.4.2014 9:07:01   
Felly RR
Ваква тема имаме ТУКА, затоа оваа ќе биде заклучена а постовите префрлени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?