Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Информации за остварување на правото за И... 19.4.2014 12:36:32
Lilja Maria
Женски,едно не ми е јасно од документи за ин витро потребни имаме значи се и тоа нови резултати од се,ама од инсеминации досега имам само една,е сега на страната на фондот кај што се објавени потребните документи за инвитро никаде не видов дека се потеребни 4 инсеминации,и неможам да разберам за инвитро задолжително требаа и лапароскопија и хистероскопија или само ХСГ ако е уредно без никакви проблеми?Ве молам за одговор,на гинеколог сум дури во среда па не сум стрплива и затоа ве прашувам.Поздрав имајте убави Велигденски празници
RE: Информации за остварување на правото за И... 19.4.2014 15:38:44
Melanija RR
Lilja Maria може нема да ти бараат ако е уредно ХСГ, но подобро е за тебе да ги направиш.Има доста кои по неуспешно ИФВ правеле, непотребен стрес е тоа. Дајбоже првото да биде успешно, сепак е лична одлука.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Информации за остварување на правото за И... 19.4.2014 22:52:41
kapina
Moj sovet ti e napravi barem uste edna dve inseminacii I potoa spremaj dokumentI za ivf ako ne ti uspeat inseminaciite oti ima I uspesni inseminacii daj boze I kaj tebe da e taka ne brzaj so IVF invitroto e hormonska bomba
RE: Информации за остварување на правото за И... 20.4.2014 16:21:42
Lilja Maria
Фала ти Капина за одговорот,ама незнам што да кажам ич не ми е лесно,сакам уште една инсеминација незнам во што да верувам веќе,покрај се во ред,сите испитувања и мои и на сопругот едноставно некогаш и немам волја и незнам како ќе биде,знам дека е тешка оваа борба трае веќе 4 години ама тоа е мора да се продолжи,ќе пробам уште една инсеминација па ако не биде сакам ИВФ знам дека е хормонска борба ама едноставно сакам бебе повеќе од се на светот Поздрав
RE: Информации за остварување на правото за И... 20.4.2014 17:09:08
kapina
Znaj ako te odbijat od komisijata ke nemas pravo pak da gi podneses dokumentIte osven ako ne se zalis zatoa ako nema nikakov problem sekako ke ti baraat uste tri inseminacii
RE: Информации за остварување на правото за И... 20.4.2014 19:03:35
Lilja Maria
Па да, што треба тоа и ќе направам,а по кој основ можеш да бидеш одбиен Ако ме одбијат здравје Боже има приватни клиники што е тоа е,што е од Господ речено ќе си врви Јас сум со една бременост до сега која заврши лошо,па се надевам дека ќе даде Господ кај сите па и кај нас
RE: Информации за остварување на правото за И... 20.4.2014 20:09:46
LoveableMe RR
LiljaMarija, од Фондот не одбиваат, само може да ти дадат известување дека мора тоа и тоа да се направи, па потоа да ти дадат ИВФ, така што дури и при поднесување ќе ти кажат ако треба да почекаш. Значи одбивање нема, освен во тешки и и иклучителни случаеви. Јас исто би ти препорачала да се обидеш со инсеминации, а потоа да одиш на ИВФ. Позз, со среќа
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 21.4.2014 0:31:44
Lilja Maria
Искрено незнам зошто беше неуспешна инсеминацијата Испитувањата си покажуваат дека апсолутно се си е во ред,како што и пишав,еднаш бев бремена но плодот немаше срцева акција,инаку испитувањата ги правиме редоследно,а што се испитува после неуспешна инсеминација стварно незнам?Да го прашам гинекологот во среда па ќе ви кажам или ако знаеш напиши Ми остануваат уште 3 инсеминации кои планирам да ги правам во ГАК па после ИнВитро здравје Боже,друго ништо не остана за испитување,гинекологов ми вели дека чим еднаш сум забременила тоа многу дава надеж за повторна бременост.Ќе видиме како ќе биде,инаку се спремам за во Мај на втора инсеминација!Ви посакувам на сите бебчиња
RE: Информации за остварување на правото за И... 24.4.2014 19:19:31
tea 88
denes mi stigna izvestuvanje od fondot vo koe mi bara PAP test da dostavam, se javiv na telefon i im kaazam deka imam prateno pa ajde uste ednas prati go kopijata so pecat i potpis i sega ne mi e jasno pak ke se razgleduva i moze da me odbijat?
RE: Информации за остварување на правото за И... 24.4.2014 19:34:47
LoveableMe RR
Tea, штом имаш копија од ПАП-от, препраи го пак, нема да те одбијат, не с секирај. Каја, обично за 2-3 недели ќе добиеш одговор, сега има гужви заради ИВФ за второ дете, најдоцна за месец дена треба да ти стаса, позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Информации за остварување на правото за И... 25.4.2014 11:00:31
Hopeful RR
Kaya, јави се и прашај. Инаку и мене ми кажаа дека има гужви заради второ дете, но секако можеш да провериш, да не се загубило негде или нешто слично. Со среќа!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Информации за остварување на правото за И... 4.5.2014 17:56:15
mesecina83
Здраво драги рр здравје утре сабајле имам закажано кај матичната да ми потпише докуметите за ивф и потоа правеч во фондот за здравство да ги предадам документите па здравје само со господ напред на 4 јуни почнувам со терапијата за ивф се надевам дека сега овој пат ќе биде успешно